ЕМПАТИЈА МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието.

ЕМПАТИЈА МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ – ООУ,,БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ ВЕЛЕС, ВЕРА ТРЧКОВА

ПРЕКУ ИГРА СО ЛЕПЕЊЕ НА РАЗНОБОЈНИ КРУГОВИ НА ЧЕЛО УЧЕНИЦИТЕ СЕ ГРУПИРААТ ВО ГРУПИ, А ПРИ ТОА  ЗА ДА СИ ЈА ПРОНАЈДАТ ГРУПАТА ТРЕБА ДА КОРИСТАТ НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА. УЧЕНИЦИТЕ СЕ ДОВЕДУВААТ ВО СИТУАЦИЈА ДА БИДАТ ПРИФАТЕНИ ИЛИ ОТФРЛЕНИ ОД ГРУПАТА, ЗАТОА ШТО СПОРЕД БОЈАТА НА КРУГОТ НЕ ПРИПАЃААТ  НА ГРУПАТА. ЦЕЛТА НА ОВАА ИГРА Е ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО ЧУВСТВАТА КОИ ГИ ДОЖИВУВААТ ПРИ ПРИФАЌАЊЕ ИЛИ ОТФРЛАЊЕ ОД ГРУПАТА, ДА ГО СВАТАТ ЗНАЧЕЊЕТО НА ГРУПНАТА ПРИПАДНОСТ, ДА ЈА РАЗВИЈАТ ГРУПНАТА ПОВРЗАНОСТ, СОРАБОТКАТА И МЕЃУСЕБНАТА ДОВЕРБА.  

ЧИТАЊЕ НА ПРИКАЗНАТА ,, ЖОЛТОТО ДЕТЕ“. ЗА ПОЛЕСНО ДА ЈА СВАТАТ ПРИКАЗНАТА, ПО ЧИТАЊЕ НА НЕКОИ ДЕЛОВИ ОД ПРИКАЗНАТА ПОСТАВУВАМ ПРАШАЊА ЗА ПРОЧИТАНОТО. 

ПО ЧИТАЊЕТО НА ТЕКСТОТ УЧЕНИЦИТЕ ОДГОВАРАА НА ПРАШАЊАТА ДЕКА НЕ Е УБАВО ДА СЕ ТЕПААТ И ДЕКА НЕ Е ВАЖЕН ФИЗИЧКИОТ ИЗГЛЕД. ПРЕКУ АНАЛИЗА НА СОДРЖИНАТА НА ТЕКСТОТ  И ПРЕКУ  ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА УЧЕНИЦИТЕ РАЗМИСЛУВААТ  ЗА СОПСТВЕНОТО ОДНЕСУВАЊЕ И ЗА ТУЃИТЕ ЧУВСТВА КОИ ТИЕ ГИ ПРЕДИЗВИКУВААТ. 

НЕКОЛКУ УЧЕНИЦИ НИ РАСКАЖУВААТ СЛИЧНИ СИТУАЦИИ, А ОСТАНАТИТЕ СЕ СЛУШАТЕЛИ.  

ПРЕКУ ИГРАТА ,, ВО ТУЃИ ЧЕВЛИ“ УЧЕНИЦИТЕ БЕА ДОВЕДЕНИ ВО СИТУАЦИЈА ДА ПОЧУСТВУВААТ КАКО Е ДА СЕ БИДЕ ВО ,,ТУЃИ ЧЕВЛИ “ И СЕ ВОДИ ДИСКУСИЈА.

ЗА ВРЕМЕ НА ЧАСОТ УЧЕНИЦИТЕ БЕА АКТИВНО АНГАЖИРАНИ. УМЕАТ ДА ДОНЕСАТ САМОСТОЕН СТАВ, ДА ГИ ИДЕНТИФИКУВААТ СЛИЧНОСТИТЕ И РАЗЛИКИТЕ ЗА  СЕБЕ И ДРУГИТЕ, КАКО И ТОА ДЕКА И ПОКРАЈ НАШИТЕ РАЗЛИЧНОСТИ МОЖЕМЕ ДА СЕ ДРУЖИМЕ, ПОЧИТУВАМЕ, САКАМЕ, ДА ГИ РАЗБЕРЕМЕ ТУЃИТЕ ЧУВСТВА И ДА СОЧУВСТВУВАМЕ СО НИВ, ДА РАЗВИВААТ ЕМПАТИЈА.

Leave a Reply