Мудриот раскажувач

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието. 

Мудриот раскажувачО.У ,,КОЧО РАЦИН“ – С.ИВАЊЕВЦИ Д.СРПЦИ, МОГИЛА, Елизабета Дамева

Учениците од нашето училиште потекнуваат од семејства со низок социјален статус и родители од различна националност, најчесто едниот родител ( таткото) од македонска а другиот ( мајката) од албанска националност, од Албанија.Мајките со тек на време го совладуваат македонскиот јазик, но дел од нив ниту читаат ниту пишуваат на македонски јазик. Овој факт негативно се одразува врз училишниот успех на учениците кои, најчесто, во домот не ја добиваа потребната поддршка во учењето. Многу често, и родителите и учениците немаат читачки навики и ретко ја разбираат потребата од читање.По опожарувањето од 2013 год., училиштето остана и без библиотечниот фонд. Со овој проект започнуваме  активност со која сакаме да иницираме низа позитивни промени во однос на читањето и кај учениците и кај пошироката јавност и воедно да го зголемиме библиотечниот фонд кој е прилично сиромашен. Активноста се реализира со учениците од I до V одделение од комбинирани парелелки во подрачното училиште во с. Долно Српци.  

Подготвителни активности- 1.Претставување на идејата пред директорот, стручната служба и наставниците. 2. Пренамена на неупотреблив училишен тоалет во просторија за библиотека. 3. Започнување на активноста „ Мудриот раскажувач“: 

ЧИТАМ ЗА ДА РАСКАЖАМ– Книгите што учениците ги читаат, потоа, еднаш до два пати месечно, им ги раскажуваат на своите соученици  од I до V одд. По презентацијата на прочитаната книга, соучениците имаат можност,на ученикот што презентира, да му постават прашања кои се однесуваат на содржината на книгата, авторот или емоциите кои таа ги предизвикала кај него.На секој учесник во активноста му се доделува диплома за учество.  

ДОНИРАЈ КНИГА ЗА СВОЕТО ДЕТЕ– Промоцијата на активноста на социјалните мржи и повикот за донации на книги вроди плод. Бројот на донирани книги расте од ден во ден. 

УЧАМ ОД ТУЃИТЕ ПОБЕДИ И ГРЕШКИ–  Преку ликовите од прочитаните книги учениците запознаваат добри и лоши примери на човечкото  однесување, ги развиваат вештините за говорење пред публика истовремено развивајќи ја емоционалната интелигенција и усвојувајќи ги  моралните вредности и етичките норми на однесување. 

„ ПЕТКА ЗА ГОЛЕМИ И МАЛИ“ – Признанијата за вложениот труд ја зголемуваат мотивацијата за читање кај учениците а последователно и кај нивните родители кои се повеќе им помагаат при обработката на содржината на книгата и нејзината презентација пред соучениците.Полека но сигурно, се зголемува интересот на родителите за македонската и светската детска литература како и мотивацијата на мајките Албанки да го научат кириличното писмо и во многу поголема мера од досега да им помагаат на сопствените деца во усвојувањето на наставните содржини.

„ Мудриот раскажувач“ трае и понатаму, како успешен модел на активност која овозможува: збогатување на библиотечниот фонддиректно и индиректно поврзување на генерации и луѓе со различно ниво на образование, различни култури и стекнати навикименување на начинот на размислување кај сите вклучени во проектотоспособување на учениците да читаат со разбирање и развивање на вештините за полесно усно и писмено изразување пред публикапоттикнување на срамежливите ученици да излезат од сенка и  храбро да ги бранат своите  ставови и да ги презентираат заклучоците од прочитано делопоголема ангажираност на родителите во наставниот процес. Помагајќи им на учениците тие го менуваат и сопствениот став за наставата, образовниот систем и работата на наставниот кадар во училиштето. Сè повеќе ја вреднуваат работата на училиштето во целост и многу почесто учествуваат во училишните активности не оправдувајќи се со обврските околу нивите и стоката.

 

 

Leave a Reply