Презентација на европскиот проект Просоцијални вредности во с. Богомила

Наставниците од ООУ Петре Поп Арсов во с.Богомила се запознаа со европскиот проект ProSocial Values чии активности се во насока на развивање на емпатија, подобрување на комуникацијата кај децата и младите, зголемување на соработката, меѓусебното помагање, што крајно води до намалување на насилството помеѓу врсниците и интеграција на различни групи во општественото живеење. Сите дополнителни информации за дополнителни активности ќе ги добиваат преку официјалната страна на проектот http://psv.europole.org/mk/ и фб страната https://www.facebook.com/prosocialvalues/.

Leave a Reply