Во рамките на планираните активности на Европскиот проект Просоцијални вредности за реализација на презентации и работилници на наставници во ООУ ,,Климент Охридски,, во Прилеп на 20,10,2018 беше реализирана првата работилница, на која присуствуваа наставници од оддeленска и предметна настава како и стручни соработници од 5 основни училишта во општина Прилеп. На работилницита пред присутните наставници беа презентирани и тековните активности во врска со имплентацијата на проектот Pro Social Values (Просоцијално учење или учење со емпатија) е проект поддржан и финансиран од Erazmus+ KA2 програмата на Европска Унија. На средбата се реализира и практична работилница како пример за развивање и стекнување на просоцијални вештини кај учениците. Исто така пред присутните беше промовиран прирачник со база на просоцијални дигитални игри како и насоки за вклучување на наставници во активности на проектот со учество на јавниот повик „Конкурс за просоцијални работилници“.

Leave a Reply