Учење насочено кон подобрување на комуникацијата

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Евдокија Петрушевска

ООУ Ј.Х. ПЕСТАЛОЦИ – СКОПЈЕ 

 

 

ОПИС на АКТИВНОСТА

Развивање говор и комуникација со останатите преку куклениот театар во училницата 

 

Играњето со кукли го поттикнува детето на говор. Познато ни е дека интровертните и децата кај кои постои некаков страв многу лесно се ослободуваат и се впуштаат во активен говор со куклите. Заради тоа куклата е идеално средство за развој на говорот како во редовната настава, така и во воннаставните активности. 

Уште во првите денови на престојот на малите првачиња во паралелката, куклата ја користам како средство за: 

  1. дијагностицирање на говорната способност (на почетокот од учебната година и адаптација на новата средина)
  2. формирање на реченици и богатење на речникот
  3. раскажување и прераскажување 
  4. драматизации, 
  5. сценска изведба 
  6. развивање способност закомуницирањеra 
  7. социјално развивање (да се научат да се слушаат и почитуваат другите), 
  8. развивање на морални и духовни вредности, 
  9. запознавање на самиот себе, 
  10. усвојување нови знаења и вештини

 

Играјќи со куклите децата си играат со зборовите, ги повторуваат, ги менуваат и создаваат нови реченици при што и самите се соговорници и говорници. Се користат со дијалошки и монолошки метод. Се обидуваат да го репродуцираат  текстот (гласот ) кој го слушнале (од наставникот, соученикот, родителот,артистот…) и така имитираат (менување на интензитетот на гласот,интонацијата, висината на тонот) со што самостојно работат на говорните вредности на својот јазик. 

                               

 НАТПРЕВАР ВО ОРАТОРСТВО 

Нешто што се покажа навистина интересно, а кое го практикувам веке трета генерација е натпреварот во ораторство кој го организирам  со учениците од четвртите одделенија пред крајот на учебната година, како пример и поттик за практикување на добра комуникација во понатамошниот живот. 

Чести се појавите кога учениците се мачат да најдат соодветен израз во конкретна ситуација. Тогаш велат дека тоа што сакаат да го кажат – го знаат, но не се во состојба да го изразат, затоа што познавањето на фактите е само еден дел од знаењата, а другиот, можеби и најважниот, е способноста на учениците мисловно и логички, поврзано усно да ги  изложат.На ученикот треба да му се даде можност да говори.Учениците имаат безбројни силно емотивно изразени доживувања, што се акумулираат во нивната психа и од тоа психичко оптоварување настојуваат да се ослободат преку соопштување. 

Ваквите настани ќе доведат до тоа учениците да се навикнат на говорно изразување и да се развие критика во врска со изведбата и говорот на учениците. 

                 МЕДИУМСКА КУЛТУРА (РАДИО И ТЕЛЕВИЗИЈА) 

Медиумската култура како подрачје во наставните содржини по македонски јазик е голем предизвик за учениците. Радио и телевизиските емисии имаат значајна улога во осовремување на наставата во основното училиште, а посебно за наставата по македонски јазик. Тие значително придонесуваат за негување на усното изразување кај учениците. Преку радио и телевизиските емисии тие го следат говорот на некоја личност и ако тој говор е течен и издржан, и сами ќе посакаат да се служат со таков говор 

УЧЕСТВО НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ВО ПРОЕКТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА КОМУНИКАЦИЈА И ТОЛЕРАНЦИЈА “ САКАМЕ ШАРЕН, А НЕ БЕЗБОЕН СВЕТ Бев координатор за сите седум училишта на општина центар) 

Децата  не се доволно запознаени со културата, традицијата и обичаите на другите етнички заедници кои живеат во средината која ги опкружува. Со тоа се случува да нема и доволна комуникација со припадниците од другите етнички зедници. Проблемот настанува секогаш од неиформираност и недоволна едукација на учениците од најмала возраст. Во семејствата многу ретко се разговара на оваа тема (стереотипите се сеуште многу застапени) па така многу ретко или воопшто не се случуваат ниту семејни дружења.
Цел на проектот беше подобрување на соживотот на учениците од различните етнички заедници , меѓучовечка комуникацијаи градење на општество со различни култури, традиции и обичаи 

                                   ИНТЕРНЕТ КОМУНИКАЦИЈА 

Во поново време учениците се редовни корисници на интернет услугите и комуникацијата со виртуелниот свет станува неизбежна. Како треба да го користат интернетот- презентација во паралелката за Комуникација по  

Интернет. Учениците поделени во групи истражуваа за доброто и лошо влијание од интернетот, кои се корисни а кои штетни работи, како да се заштитат од штетното влијане врз нивната личност и како да се чувствуваат безбедно и сигурно додека го користат. 

 

                                                                              Рефлексија од примена на активноста во пракса 

Општ впечаток е дека во училиштата постои незадоволство во поглед на квалитетот на комуницирањето и постои потреба за негово подобрување.Грешките што притоа се прават, во прв ред се последица на недоразбирањето во комуникацијата и неможноста да се согледа дека комуникацијата е двострано разменување на информации, а не само давање наредба. 

Продолжувам со мојата мисија како наставник кој најмногу од се ке практикува  комуникација со своите ученици, ќе разговара за нивните чувства, нивните потреби и желби, ќе продолжи да ги учи да мислат, чувствуваат, доживуваат, стекнуваат искуства, фантазираат, очекуваат и се надеваат. 

Впрочем и содржините и активностите кои ги реализирам се показател дека треба да се продолжи во таа насока.