ИЗРАБОТКА НА НОВОГОДИШНИ ЧЕСТИТКИ- ЗА ПОСЕТА НА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА

Пријава за учество на конкурс „Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието 

ИЗРАБОТКА НА НОВОГОДИШНИ ЧЕСТИТКИ- ЗА ПОСЕТА НА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА, ООУ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ СКОПЈЕ, ЈАДРАНКА КЛИСАРОВА 

Опис на  активноста:

На одделенските часови се разговараше за престојниот празник Нова година, испраќање на честитки и нивното значење. Учениците искажаа желба и интерес цело одделение заедно да изработат Новогодишни честитки, во соработка со родителите, а потоа дел од истите да подариме на училиштето, на здруженија кои соработуваат со училишта со посебни потреби и најголем дел да ги подариме на една фирма. Со надеж дека ќе пронајдеме фирма која ќе ни обезбеди средства за посета на една Новогодишна претстава во МНТ. Целта е учениците да не бараат средства од своите родители, со нивен труд да изработат околу 150 честитки. 

На самиот час направивме план: 

-прва група имаше задача да направи список што ни е потребно за изработка на честитки; 

-втората група да отиде во најблиска книжарница и според списокот да ги запише цените на потребниот материјал; 

-трета група  со помош на родителите да пронајдат фирма која ќе сака да ги земе нашите новогодишни честитки; 

-четврта група со помош на наставникот да пронајдат линкови каде што ќе можат ги прошират своите идеи. 

Активноста траеше една седмица. На следниот одделенски час секоја група даде извештај за спроведеното истражување. Се договоривме активноста да се изведе на часот по ликовно образование на ден   4 .12.208година. 

На часот по ликовно образование се учениците се групираа по групи. Најтешкиот дел го имаа присутните  родители, тие имаа активност  да ги исечат и свиткаат хамерите во боја. Учениците претходно ги разгледаа понудените линкови и започнаа индивидуална работа на изработка на честитките. Во секоја група вредно се работеше, учениците разговараа меѓу себе, со цел да си помогнат со идеја или со практична работа. Родителите ги следеа своите деца како создаваат нешто корисно  за себе и за пошироката заедница и локална средина. Посебно се залагаа во групата да му помогнат на детето со посебни потреби. Емпатијата на сите ученици беше на завидно ниво. Вредно се работеше околу три училишни часа. Секој ученик во просек требаше да изработи по пет новогодишни честитки. Во текот на целата активност наставникот ги координираше активностите, ги поттикнуваше со идеи или практично им помагаше. На крајот од активноста сите изработени честитки беа поставени на една заедничка клупа. Веќе не се разговараше за моја, твоја честитка, туку сите беа наши. Еден дел од изработените  честитки одвоивме за раководството во нашето училиште. Друг дел од честитките беа наменети за деца со посебни потреби и ќе бидат однесени на самиот хуманитарен настан, каде нашите ученици  учествуваат со ритмичка точка „Од децата за децата“ кој  се реализира на 16.12.2018 год во Музејот на Револуционерната борба на Македонија. Третиот дел од новогодишните честитки беше наменет за една фирма од пошироката заедница.  

Учениците беа среќни и горди на својата работа и готовите дела.  

Рефлексија од примена на активноста во пракса:

Група ученици ги предадоа изработените новогодишни честитки на управата во нашето училиште. Друга група која учествуваше на хуманитарниот  настан „Од децата за децата“, донеасоа училишен прибор и новогодишни честитки, кои беа наменети за деца со посебни потреби. Децата покажаа хуманост и емпатија и кон другарчињата со посебни потреби. Бидејки сите тие се деца, различни, но сепак исти. 

Трета група со помош на неколку родители ги однесоа честитките во избраната фирма. Избраната фирма им вети и исполни дека ќе им плати превоз и влезница за театарска претстава.  На 27.12.2018 год  сите ученици ја следеа новогодишната претстава во МНТ.  Учениците беа горди на својот труд, затоа што сами си обезбедија средства за превоз и за претставата.  

Радоста да биде уште поголема учениците на 28.12.2018година имаа уште едно големо изненадување. Од избраната фирма се појавија двајца вработени со полна вреќа подароци. Кратко разговараа со учениците им се заблагодарија за вложениот труд и ги наградија со по уште едно новогодишно пакетче. Оваа наша активност беше нешто најубаво за моите ученици. Верувам дека ќе продолжиме со исти такви активности и во наредниот период. 

HALLOWEEN 2018

Пријава за учество на конкурс „Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

HALLOWEEN 2018, ООУ „ДИМЧЕ А. ГАБЕРОТ“ – ДЕМИР КАПИЈА, РИСТЕ КАЗИЕВ 

Опис на  активноста:

ДЕЛ 1 – ДЕМИР КАПИЈА 

НАСТАВНИКОТ ГИ ВОВЕДУВА УЧЕНИЦИТЕ ВО ЧАСОТ. УЧЕНИЦИТЕ ЈА СЛЕДАТ POWERPOINT ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, А ПОТОА ГО СПОРЕДУВААТ ОВОЈ ПРАЗНИК СО НЕКОИ МАКЕДОНСКИ ПРАЗНИЦИ. ПРИТОА, УЧЕНИЦИТЕ ПОКАЖУВААТ ЕМПАТИЈА КОН ДРУГИТЕ НАРОДИ И НИВНИТЕ ПРАЗНИЦИ. НА КРАЈ, УЧЕНИЦИТЕ ДОБИВААТ НАСТАВЕН ЛИСТ НА КОЈ ИЗРАБОТУВААТ МАСКИ. 

ДЕЛ 2 – С. КОРЕШНИЦА И ДЕЛ 3 – С. ПРЖДЕВО 

УЧЕНИЦИТЕ ИЗРАБОТУВАА МАСКИ, ИМАА БОЕЊЕ НА ТИКВИ, ИЗРАБОТУВАА ФЕНЕРИ, ИЗБИРАА НАЈСТРАШНА МАСКА. ПОТОА, ИМАШЕ ПРОШЕТКА НИЗ НАСЕЛЕНОТО МЕСТО КАДЕ УЧЕНИЦИТЕ ИМАА МОЖНОСТ ДА ЈА ПОКАЖАТ СВОЈАТА КРЕАТИВНОСТ. 

УЧЕНИЦИТЕ, ИСТО ТАКА, РАЗГОВАРАА ЗА ПРАЗНИКОТ ПО КОЈ НАУЧИЈА ДЕКА ИМА РАЗЛИЧНО ПРАЗНИЦИ ОД НИВНИТЕ (МАКЕДОНСКИТЕ, ТУРСКИТЕ И РОМСКИТЕ) И ПОКАЖАА ДЕКА СЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ЕМПАТИЈА И ДЕКА ПОЧИТУВААТ ТУЃИ ПРАЗНИЦИ И КУЛТУРИ. 

Рефлексија од примена на активноста во пракса:

УЧЕНИЦИТЕ ГИ НАУЧИЈА ЗБОРОВИТЕ ЗА ОВОЈ ПРАЗНИК И СЕ ЗАБАВУВАА, НО, ПРЕД СЕ, СТАНАА СВЕСНИ ЗА ВАЖНОСТА НА РАЗЛИЧНИТЕ НЕШТА ОКОЛУ НАС – РАЗЛИЧНИТЕ ЈАЗИЦИ, КУЛТУРИ, ТРАДИЦИИ, ПРАЗНИЦИ… ПОКАЖАА ДЕКА ЗНААТ ДА РАБОТАТ ТИМСКИ И ВО ГРУПИ И СОРАБОТУВАА СО СТРУЧНАТА СЛУЖБА, КАКО И СО ОПШТИНАТА ДЕМИР КАПИЈА. 

 

ЗАЕДНИЧКА ГРИЖА ЗА ПРАВИЛНО НАСОЧУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

ЗАЕДНИЧКА ГРИЖА ЗА ПРАВИЛНО НАСОЧУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ, ООУ БЛАЖЕ КОНЕСКИ”-ВЕЛЕС, СЛАВИЦА ПЕТРОВА  

Опис на  активноста:

РАБОТИЛНИЦА НА КОЈА ПРИСУСТВУВААТ РОДИТЕЛИТЕ НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ,САМИТЕ УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИТЕ

НА ПОЧЕТОКОТ СЕ РАЗГОВАРА КАКО САКАМЕ ДА ИЗГЛЕДА НАШАТА УЧИЛИЛНИЦА  ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРАЗНИЦИ. ДОГОВОР И РАСПОРЕДУВАЊЕ НА  АКТИВНОСТИТЕ ВО ГРУПИ

ПРВА ГРУПА  ИЗРАБОТКА НА УКРАСИ И УРЕДУВАЊЕ НА ПРОЗОРЦИТЕ

ВТОРА ГРУПА-УКРАСУВАЊЕ НА НОВОГОДИШНА ЕЛКА

ТРЕТА ГРУПА –ИЗРАБОТКА НА УКРАСИ И УРЕДУВАЊЕ НА ЅИДОВИТЕ И ВЛЕЗНАТА ВРАТА

СЕКОЈА ГРУПА ИЗРАБОТУВА УКРАСИ ОД МАТЕРИЈАЛИ КОИ МОЖАТ ДА СЕ РЕУПОТРЕБАТ СО ЦЕЛ ДА НЕ СЕ СОЗДАВААТ ТРОШОЦИ НА ТОВАР НА ДОМАШНИОТ БУЏЕТ. НАСТАВНИКОТ КООРДИНИРА НАСОЧУВА И ПОТТИКНУВА.

РОДИТЕЛИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ СЕ КРЕАТОРИ НА УРЕДУВАЊЕТО НА УЧИЛНИЦАТА ВО НОВОГОДИШНО РУВО.

РАБОТИЛНИЦАТА СЕ ОДВИВА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ЗАЕДНИЧКА ГРИЖА ЗА ПРАВИЛНО НАСОЧУВАЊЕ И ВОСПИТУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ “ .

Рефлексија од примена на активноста во пракса: 

ПРАКТИЧАНТА РАБОТИЛНИЦА РЕЗУЛТИРАШЕ СО УБАВО УРЕДЕНА УЧИЛНИЦА. РОДИТЕЛИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ БЕА ПРЕЗАДОВОЛНИ И СРЕКНИ ШТО ИМАА ПРИЛИКА ЗАЕДНО ДА РАБОТАТ И ПРИДОНЕСАТ ЗА УБАВО УРЕДЕНА УЧИЛНИЦА.

 

МАЛИТЕ НЕШТА ЗНААТ ДА ПРИРЕДАТ ГОЛЕМИ РАДОСТИ АКО СЕ ОД СРЦЕ И ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

МАЛИТЕ НЕШТА ЗНААТ ДА ПРИРЕДАТ ГОЛЕМИ РАДОСТИ АКО СЕ ОД СРЦЕ И ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ , ООУ” Страшо Пинџур “– с.Мало Коњари,Прилеп , Ленче Петкоска 

Опис на  активноста : 

Наставникот знае дека учениците се радуваат на секое изненадување, посебно ако тоа им го донесе Дедо Мраз пред новата година.За таа цел во договор со родителите се искористени средства што се собрани на последниот велигденски панаѓур.Од нив наставникот набави подароци и тоа:балони,чоколадни јајца,лижалчиња и корнети. 

После ова следеше традиционалнатаа активност со  родителите, новогодишна работилница.Родителите по предлог на наставникот изработија поклони за учениците спакувани на интересен начин.Лижалчињата беа направени во форма на цветови, балоните беа јазичиња на „Смајли“,а во корнетите имаше по едно чоколадно јајце место сладолед.Родителите сето тоа го изработија со меѓусебна соработка, договор  и креативност. 

Следна задача на наставникот беше да избере улога на Дедо Мраз.Тоа беше едно другарче од предметна настава, кој имаше и изглед и боја на глас баш како Дедо Мраз. 

Тој во училницата ги поздрави децата и им ги подели поклоните.Радоста во детските очиња и срце беше преголема, навистина беа изненадени и пресреќни. По заминувањето на Дедо мраз ги отворија подароците. 

Секој сака да добива подароци и се радува на нив, но и секој сака да биде во улога на Дедо Мраз. Така после ова и нашето другарче што ја донесе облеката беше Дедо Мраз и се сликавме и со него. 

Рефлексија од примена на активноста во пракса : 

Целите предвидени за време на работилницата беа совладани Учениците за време на сктивноста беа  позитивно расположени и соработуваа.Така кај нив се развиваа позитивни вредности да ги ценат и малите поклони, кои се дадени од срце.Кај нив се развиваше и емпатија со децата кои можеби во животот немаат кој да им подари нешто, мало, но подарено со голема љубов. Да се поттикнат и тие да даруваат колку можат и секогаш. Секако треба да се нагласи соработката со повозрасните другарчиња и со родителите како претставници на локалната средина.