ИЗРАБОТКА НА НОВОГОДИШНИ ЧЕСТИТКИ- ЗА ПОСЕТА НА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА

Пријава за учество на конкурс „Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието 

ИЗРАБОТКА НА НОВОГОДИШНИ ЧЕСТИТКИ- ЗА ПОСЕТА НА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА, ООУ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ СКОПЈЕ, ЈАДРАНКА КЛИСАРОВА 

Опис на  активноста:

На одделенските часови се разговараше за престојниот празник Нова година, испраќање на честитки и нивното значење. Учениците искажаа желба и интерес цело одделение заедно да изработат Новогодишни честитки, во соработка со родителите, а потоа дел од истите да подариме на училиштето, на здруженија кои соработуваат со училишта со посебни потреби и најголем дел да ги подариме на една фирма. Со надеж дека ќе пронајдеме фирма која ќе ни обезбеди средства за посета на една Новогодишна претстава во МНТ. Целта е учениците да не бараат средства од своите родители, со нивен труд да изработат околу 150 честитки. 

На самиот час направивме план: 

-прва група имаше задача да направи список што ни е потребно за изработка на честитки; 

-втората група да отиде во најблиска книжарница и според списокот да ги запише цените на потребниот материјал; 

-трета група  со помош на родителите да пронајдат фирма која ќе сака да ги земе нашите новогодишни честитки; 

-четврта група со помош на наставникот да пронајдат линкови каде што ќе можат ги прошират своите идеи. 

Активноста траеше една седмица. На следниот одделенски час секоја група даде извештај за спроведеното истражување. Се договоривме активноста да се изведе на часот по ликовно образование на ден   4 .12.208година. 

На часот по ликовно образование се учениците се групираа по групи. Најтешкиот дел го имаа присутните  родители, тие имаа активност  да ги исечат и свиткаат хамерите во боја. Учениците претходно ги разгледаа понудените линкови и започнаа индивидуална работа на изработка на честитките. Во секоја група вредно се работеше, учениците разговараа меѓу себе, со цел да си помогнат со идеја или со практична работа. Родителите ги следеа своите деца како создаваат нешто корисно  за себе и за пошироката заедница и локална средина. Посебно се залагаа во групата да му помогнат на детето со посебни потреби. Емпатијата на сите ученици беше на завидно ниво. Вредно се работеше околу три училишни часа. Секој ученик во просек требаше да изработи по пет новогодишни честитки. Во текот на целата активност наставникот ги координираше активностите, ги поттикнуваше со идеи или практично им помагаше. На крајот од активноста сите изработени честитки беа поставени на една заедничка клупа. Веќе не се разговараше за моја, твоја честитка, туку сите беа наши. Еден дел од изработените  честитки одвоивме за раководството во нашето училиште. Друг дел од честитките беа наменети за деца со посебни потреби и ќе бидат однесени на самиот хуманитарен настан, каде нашите ученици  учествуваат со ритмичка точка „Од децата за децата“ кој  се реализира на 16.12.2018 год во Музејот на Револуционерната борба на Македонија. Третиот дел од новогодишните честитки беше наменет за една фирма од пошироката заедница.  

Учениците беа среќни и горди на својата работа и готовите дела.  

Рефлексија од примена на активноста во пракса:

Група ученици ги предадоа изработените новогодишни честитки на управата во нашето училиште. Друга група која учествуваше на хуманитарниот  настан „Од децата за децата“, донеасоа училишен прибор и новогодишни честитки, кои беа наменети за деца со посебни потреби. Децата покажаа хуманост и емпатија и кон другарчињата со посебни потреби. Бидејки сите тие се деца, различни, но сепак исти. 

Трета група со помош на неколку родители ги однесоа честитките во избраната фирма. Избраната фирма им вети и исполни дека ќе им плати превоз и влезница за театарска претстава.  На 27.12.2018 год  сите ученици ја следеа новогодишната претстава во МНТ.  Учениците беа горди на својот труд, затоа што сами си обезбедија средства за превоз и за претставата.  

Радоста да биде уште поголема учениците на 28.12.2018година имаа уште едно големо изненадување. Од избраната фирма се појавија двајца вработени со полна вреќа подароци. Кратко разговараа со учениците им се заблагодарија за вложениот труд и ги наградија со по уште едно новогодишно пакетче. Оваа наша активност беше нешто најубаво за моите ученици. Верувам дека ќе продолжиме со исти такви активности и во наредниот период. 

HALLOWEEN 2018

Пријава за учество на конкурс „Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

HALLOWEEN 2018, ООУ „ДИМЧЕ А. ГАБЕРОТ“ – ДЕМИР КАПИЈА, РИСТЕ КАЗИЕВ 

Опис на  активноста:

ДЕЛ 1 – ДЕМИР КАПИЈА 

НАСТАВНИКОТ ГИ ВОВЕДУВА УЧЕНИЦИТЕ ВО ЧАСОТ. УЧЕНИЦИТЕ ЈА СЛЕДАТ POWERPOINT ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, А ПОТОА ГО СПОРЕДУВААТ ОВОЈ ПРАЗНИК СО НЕКОИ МАКЕДОНСКИ ПРАЗНИЦИ. ПРИТОА, УЧЕНИЦИТЕ ПОКАЖУВААТ ЕМПАТИЈА КОН ДРУГИТЕ НАРОДИ И НИВНИТЕ ПРАЗНИЦИ. НА КРАЈ, УЧЕНИЦИТЕ ДОБИВААТ НАСТАВЕН ЛИСТ НА КОЈ ИЗРАБОТУВААТ МАСКИ. 

ДЕЛ 2 – С. КОРЕШНИЦА И ДЕЛ 3 – С. ПРЖДЕВО 

УЧЕНИЦИТЕ ИЗРАБОТУВАА МАСКИ, ИМАА БОЕЊЕ НА ТИКВИ, ИЗРАБОТУВАА ФЕНЕРИ, ИЗБИРАА НАЈСТРАШНА МАСКА. ПОТОА, ИМАШЕ ПРОШЕТКА НИЗ НАСЕЛЕНОТО МЕСТО КАДЕ УЧЕНИЦИТЕ ИМАА МОЖНОСТ ДА ЈА ПОКАЖАТ СВОЈАТА КРЕАТИВНОСТ. 

УЧЕНИЦИТЕ, ИСТО ТАКА, РАЗГОВАРАА ЗА ПРАЗНИКОТ ПО КОЈ НАУЧИЈА ДЕКА ИМА РАЗЛИЧНО ПРАЗНИЦИ ОД НИВНИТЕ (МАКЕДОНСКИТЕ, ТУРСКИТЕ И РОМСКИТЕ) И ПОКАЖАА ДЕКА СЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ЕМПАТИЈА И ДЕКА ПОЧИТУВААТ ТУЃИ ПРАЗНИЦИ И КУЛТУРИ. 

Рефлексија од примена на активноста во пракса:

УЧЕНИЦИТЕ ГИ НАУЧИЈА ЗБОРОВИТЕ ЗА ОВОЈ ПРАЗНИК И СЕ ЗАБАВУВАА, НО, ПРЕД СЕ, СТАНАА СВЕСНИ ЗА ВАЖНОСТА НА РАЗЛИЧНИТЕ НЕШТА ОКОЛУ НАС – РАЗЛИЧНИТЕ ЈАЗИЦИ, КУЛТУРИ, ТРАДИЦИИ, ПРАЗНИЦИ… ПОКАЖАА ДЕКА ЗНААТ ДА РАБОТАТ ТИМСКИ И ВО ГРУПИ И СОРАБОТУВАА СО СТРУЧНАТА СЛУЖБА, КАКО И СО ОПШТИНАТА ДЕМИР КАПИЈА. 

 

ЗАЕДНИЧКА ГРИЖА ЗА ПРАВИЛНО НАСОЧУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

ЗАЕДНИЧКА ГРИЖА ЗА ПРАВИЛНО НАСОЧУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ, ООУ БЛАЖЕ КОНЕСКИ”-ВЕЛЕС, СЛАВИЦА ПЕТРОВА  

Опис на  активноста:

РАБОТИЛНИЦА НА КОЈА ПРИСУСТВУВААТ РОДИТЕЛИТЕ НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ,САМИТЕ УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИТЕ

НА ПОЧЕТОКОТ СЕ РАЗГОВАРА КАКО САКАМЕ ДА ИЗГЛЕДА НАШАТА УЧИЛИЛНИЦА  ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРАЗНИЦИ. ДОГОВОР И РАСПОРЕДУВАЊЕ НА  АКТИВНОСТИТЕ ВО ГРУПИ

ПРВА ГРУПА  ИЗРАБОТКА НА УКРАСИ И УРЕДУВАЊЕ НА ПРОЗОРЦИТЕ

ВТОРА ГРУПА-УКРАСУВАЊЕ НА НОВОГОДИШНА ЕЛКА

ТРЕТА ГРУПА –ИЗРАБОТКА НА УКРАСИ И УРЕДУВАЊЕ НА ЅИДОВИТЕ И ВЛЕЗНАТА ВРАТА

СЕКОЈА ГРУПА ИЗРАБОТУВА УКРАСИ ОД МАТЕРИЈАЛИ КОИ МОЖАТ ДА СЕ РЕУПОТРЕБАТ СО ЦЕЛ ДА НЕ СЕ СОЗДАВААТ ТРОШОЦИ НА ТОВАР НА ДОМАШНИОТ БУЏЕТ. НАСТАВНИКОТ КООРДИНИРА НАСОЧУВА И ПОТТИКНУВА.

РОДИТЕЛИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ СЕ КРЕАТОРИ НА УРЕДУВАЊЕТО НА УЧИЛНИЦАТА ВО НОВОГОДИШНО РУВО.

РАБОТИЛНИЦАТА СЕ ОДВИВА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ЗАЕДНИЧКА ГРИЖА ЗА ПРАВИЛНО НАСОЧУВАЊЕ И ВОСПИТУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ “ .

Рефлексија од примена на активноста во пракса: 

ПРАКТИЧАНТА РАБОТИЛНИЦА РЕЗУЛТИРАШЕ СО УБАВО УРЕДЕНА УЧИЛНИЦА. РОДИТЕЛИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ БЕА ПРЕЗАДОВОЛНИ И СРЕКНИ ШТО ИМАА ПРИЛИКА ЗАЕДНО ДА РАБОТАТ И ПРИДОНЕСАТ ЗА УБАВО УРЕДЕНА УЧИЛНИЦА.

 

МАЛИТЕ НЕШТА ЗНААТ ДА ПРИРЕДАТ ГОЛЕМИ РАДОСТИ АКО СЕ ОД СРЦЕ И ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

МАЛИТЕ НЕШТА ЗНААТ ДА ПРИРЕДАТ ГОЛЕМИ РАДОСТИ АКО СЕ ОД СРЦЕ И ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ , ООУ” Страшо Пинџур “– с.Мало Коњари,Прилеп , Ленче Петкоска 

Опис на  активноста : 

Наставникот знае дека учениците се радуваат на секое изненадување, посебно ако тоа им го донесе Дедо Мраз пред новата година.За таа цел во договор со родителите се искористени средства што се собрани на последниот велигденски панаѓур.Од нив наставникот набави подароци и тоа:балони,чоколадни јајца,лижалчиња и корнети. 

После ова следеше традиционалнатаа активност со  родителите, новогодишна работилница.Родителите по предлог на наставникот изработија поклони за учениците спакувани на интересен начин.Лижалчињата беа направени во форма на цветови, балоните беа јазичиња на „Смајли“,а во корнетите имаше по едно чоколадно јајце место сладолед.Родителите сето тоа го изработија со меѓусебна соработка, договор  и креативност. 

Следна задача на наставникот беше да избере улога на Дедо Мраз.Тоа беше едно другарче од предметна настава, кој имаше и изглед и боја на глас баш како Дедо Мраз. 

Тој во училницата ги поздрави децата и им ги подели поклоните.Радоста во детските очиња и срце беше преголема, навистина беа изненадени и пресреќни. По заминувањето на Дедо мраз ги отворија подароците. 

Секој сака да добива подароци и се радува на нив, но и секој сака да биде во улога на Дедо Мраз. Така после ова и нашето другарче што ја донесе облеката беше Дедо Мраз и се сликавме и со него. 

Рефлексија од примена на активноста во пракса : 

Целите предвидени за време на работилницата беа совладани Учениците за време на сктивноста беа  позитивно расположени и соработуваа.Така кај нив се развиваа позитивни вредности да ги ценат и малите поклони, кои се дадени од срце.Кај нив се развиваше и емпатија со децата кои можеби во животот немаат кој да им подари нешто, мало, но подарено со голема љубов. Да се поттикнат и тие да даруваат колку можат и секогаш. Секако треба да се нагласи соработката со повозрасните другарчиња и со родителите како претставници на локалната средина. 

 

 

 

Прославуваме

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,   за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието 

Прославуваме, ООУ„Гоце Делчев“ ПрилепСнежана Дуковска 

 

Опис на активноста: 

Цели на активноста:  

– Да се запознае со семејните празници и прослави. Нивно  одбележување , да ги почитуваат семејните празници на децата од своето опкружување ( од различни етнички заедници ). 

Учениците преку игра откриваа дека сите прославуваат празник – роденден. Накратко преку прашања го разработивме текстот „Роденденот на Орхан“ и ја работеа задачата – цртеж за Орхан – како подарок и заедно успешно ја направија книгата на паралелката.    

Организација и активности на часот 

Активности на наставникот 

Игра ,, Асоцијација’’  

| варијанта 

-зелена  – висока – шарена = ЕЛКА 

-бело – шарено – варено = ЈАЈЦЕ 

-слатка – шарена – свеќа = ТОРТА 

-ПРАЗНИЦИ- 

|| варијанта 

-зелена – висока – накитена = ЕЛКА 

-тепсија –кори – ореви – благо =БАКЛАВА 

-слатка –шарена – свеќи = ТОРТА 

-Наставникот води разговор со учениците во врска со празниците.  

-Што е празник? Какво е расположението во тој ден ? 

– Именува повеќе празници во целиот свет, а учениците стануваат од местото кога ќе се каже за празник кој се слави во семејството. 

-Води разговор за семејниот празник – роденден , го чита текстот роденденот на Орхан. 

-Води разговор по содржината на текстот. 

-Ги мотивира за изработка на книга и дели материјал за работа. 

-Им помага за составување на книгата  

-Домашна работа – изработка на подарок за роденден до непознато другарче 

Активности на учениците 

-Играат игра Асоцијација  

-откриваат дека се работи за празници кои се празнуваат во различни етнички заедници  

-Откриваат дека некои празници ги слават сите етнички заедници 

-Учениците даваат одговори. 

-Играат игра за празниците кои се слават во семејството. 

-Лепат на хамер сликчиња од различни празници. 

-Внимателно го слушаат тесктот за Орхан. 

-Изработуваат книга – подарок за роденден. 

-Ги составуваат изработените книги, ги разгледуваат

Рефлексија од примена на активноста во пракса : 

Учениците во целост ги постигнаа поставените цели на часот. 

Сите беа ангажирани, секој според сопствените способности и мотивирани да работат на зададената задача. 

Проверката ја направив тековно на часот каде преку поставените прашања учениците одговараа точно за празниците во семејството. 

Задоволна сум од она што го согледав на крајот од часот. Учениците беа заинтересирани и активни во текот на целиот час. 

Можеби активноста ќе беше поинтересна доколку имавме можност да слушнеме лично од ученици од друга националност како и кои празници, особено родендените, се празнуваат во семејствата од друга националност.

 

НОСИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието.

НОСИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ООУ „ДИМЧЕ АНГЕЛОВ ГАБЕРОТ„
ДЕМИР КАПИЈА, ТИНКА ПАЛИНИЌ
 

 

Опис на  активноста :

ВОВЕДЕН ДЕЛ : НАСТАВНИКОТ ГИ НОСИ УЧЕНИЦИТЕ ВО ПОСЕТА НА ЕТНО-КАТЧЕТО ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ. 

ГЛАВЕН ДЕЛ: НАСТАВНИКОТ ИМ ЈА ПОКАЖУВА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА КОЈА ИМА ПРЕТСТАВЕНО НАРОДНИ НОСИИ. 

ПОТОА УЧЕНИЦИТЕ ДОБИВААТ НАСТАВЕН ЛИСТ НА КОЈА ТРЕБА ДА ЈА НАЦРТАТ МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА НОСИЈА, И ИЗРАБОТУВААТ КУКЛИ ОД ХАРТИЈА НА КОЈА Е ПРЕТСТАВЕНА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА НОСИЈА.  

ЗАВРШЕН ДЕЛ: УЧЕНИЦИТЕ ГО ИГРААТ ПРАВОТО ОРО СО  ПЕСНАТА „МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ „ОБЛЕЧЕНИ ВО НАРОДНА НОСИЈА И ПРЕКУ ОВАА АКТИВНОСТ СЕ ЗАПОЗНААВААТ СО МАКЕДОНСКАТА НОСИЈА, ФОЛКЛОР И ТРАДИЦИЈА.

Рефлексија од примена на активноста во пракса :

УЧЕНИЦИТЕ ВО РАБОТИЛНИЦАТА СЕ ЗАПОЗНАА СО КУЛТУРНАТА РАЗЛИЧНОСТ ВО МЕСТОТО ВО КОЕ ЖИВЕАТ.  

РАЗВИЈА ЧУВСТВО ЗА ПРИПАДНОСТ И ЉУБОВ КОН СВОЈАТА ТАТКОВИНА. 

Линкови кон помошни материјали  (веб страни, видеа и сл.):

Даруваме, споделуваме, традиционални вредности градиме

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието.

Даруваме, споделуваме, традиционални вредности градиме, ООУ „ Кочо Рацин “ Прилеп, ООУ „ Климент Охридски “ Прилеп, дефектолог Светлана Миоковик Томеска, наставник Моника Дервеновска. 

 

Опис на активноста:

Цел на програмата: Создавање на услови за спроведување на инклузивни практики и имплементација на инклузивниот процес, вклученоста  и прифаќањето на лицата со посебни потреби во животот на заедницата, стварање услови за заеднички активности со свои врсници и пријатели и  надминување на стигмите и предрасудите. 

Начин на реализација: Изведување на заеднички активности на ученици од  редовните училишта со корисниците на Дневниот центари, едукативни тематски работилници и заеднички работни активности. При оваа активност учесници се ученици од ООУ „ Кочо Рацин“ и ученици од ООУ „ Климент Охридски“  наставникот по Етика во религиите Моника Дервеновска  и дефектолог Светлана М. Томеска. Спроведување на донаторска акција во вид на подароци и едукативна интерактивна активност по повод одбележување на предстоечкиот празник Св,. Никола патрон на град Прилеп и наговестување на Божичните празници.  

Активност: 

  • Изработка на чизмички од пластични шишиња, моделирање и естетско обликување  
  •  Создавање на тематски боенки – за Волшебната чизмичка и дарувањето на Св. Никола 
  • Донаторска акција – симболични подароци по повод празникот, честитки и колачи 
  • Интерактивна тематска работилница заедно со корисниците на дневните центри на тема: „Значењето на Св. Никола“ 
  • Заеднички ликовни ативности 

Време и место на реализација: месец декември – неколку работилници за изработка на подароците и чизмичките – училиште, активности на час 

Посета на Дневниот центар од страна на учениците и одговорните наставници на  ден 19.12.2018г. Прослава на Св. Никола патрон на градот Прилеп, во период од 10 – 14h на Дневниот Центар за лица со посебни потреби и заеднички активности, пригодна програма и делење на подароци.

Очекувани ефекти: Остварување на соработка и подобрување на комуникацијата помеѓу учесниците. Стекнување на нови искуства и познанства, меѓусебно запознавање, поттикнување на развој и инклузивноста. 

Спознавање на вредностите на дарување и споделување. Стекнување знаења за Патронот на градот Св, Никола, значењето на хуманоста, споделувањето и спознавање на традицијата.

 

 

НАЈДОБРИТЕ НЕШТА ВО ЖИВОТОТ СЕ БЕСПЛАТНИ

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието.
Најдобрите нешта во животот се бесплатни, ООУ  Климент Охридски, Прилеп, Фросина Ацевска
Опис на  активноста

Воведни активности:
Наставникот поттикнува дискусија за празникот Божиќ – зошто го славиме, кои се нашите традиции за овој празник, што е разликата во прославите кај нас и во Англија/Америка, што прават луѓето вообичаено итн.

Главен дел:
Наставникот ги дели учениците во групи и им дели листови со текст од приказната „Како Гринч го украде Божиќ“. секоја група го чита својот дел, и треба да го прераскаже на другите групи.

Завршен дел:
Наставникот поставува прашања за книгата – Зошто Гринч не го сакал Божиќ? Дали Божиќ сепак пристигна и без подароци, без премногу храна, без елки, лампиони и ламбички? Дали можеби ние сите се оддалечуваме од вистинската поента на празникот, со купување на прескапи подароци и посветување на повеќе внимание на украсување на домовите одколку квалитетно поминати мигови со нашето семејство?

Рефлексија од примена на активноста во пракса

Учениците уживаа во активностите и истите ги поттикнаа на поинакви размислувања за важноста на нештата, дека некои нешта не може да се купат во продавница, туку треба да ги негуваме во нашите срца.

Учениците изработија украси за на вратата од училницата (раката на Гринч кој го зема лампионот, но во него напишана пораката на приказната).

СЕ ДРУЖИМЕ,ЗАПОЗНАВАМЕ И ПОМАГАМЕ НА НАШИТЕ ДЕЦА

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието.
Музиката не зближува, ООУ„Гоце Делчев“ – Прилеп, Даниела Котеска

Цели 

Ученикот/ ученичката:  

  • Да гради  вредности за меѓуетничка интегрираност во мултикултурното општество. 
  • Да слуша и препознава класична, народна и музика за деца 
  • Да го препознава карактерот на музиката 
  • Да разговара за слушаната музика 
  • Да препознава народни песни и ора 

Да препознава звуци од одредени инструменти 

Воведна активност 

 

Активности на наставникот : 

–  ги насочува учениците да разговараат  за народно оро кое го знаат и откривање на  поим за народно оро 

–  јаоткрива  целта на часот – да се запознаеме со ората на луѓето кои живеат во Р.Македонија 

 

Активности на учениците : 

– учениците разговараат за ората кои ги знаат 

– откриваат поим за оро и видови ора 

 -се запознаваат со целта на часот 

 

Главна активност 

Активности на наставникот : 

Прикажува презентација и води низ неа, ги запознава со задачите кои треба да се сработат 

– ги дели  учениците на 4 групи 

– следи работа на групите, поттикнува и дава ннасоки за подобро сработена задача 

– ги насочува на слушање на музиката и споредба на музика, носии и игра на луге со различна етничка припадност во Р.Македонија 

 – ги насочува на разговор за за тоа дали им се допаднала песната 

 – ги насочува на дискусија за слушаното музичко дело и водење на забелешки од дискусија 

 

Активности на учениците : 

 -следат презентација и одговараат на прашања, ако има нешто нејасно во поставените задачи бараат дополнително об јаснување од наставникот 

– се делат на 4 групи и вршат поделба на активности 

– пребаруваат на интернет и следат понудени ора преку линкови од презентација 

– дискутираат и запишуваат сличности и разлики на музика, носии и игра на луге со различна етничка припадност во Р.Македонија  

– ги насочува на слушање на музиката и споредување  

– пребаруваат и преземаат слики и информации 

– средуваат податоци за презентирсње пред соученици 

 

Активности на наставникот : 

Прикажува презентација и води низ неа, ги запознава со задачите кои треба да се сработат 

– ги дели  учениците на 4 групи 

– следи работа на групите, поттикнува и дава ннасоки за подобро сработена задача 

– ги насочува на слушање на музиката и споредба на музика, носии и игра на луге со различна етничка припадност во Р.Македонија 

 – ги насочува на разговор за за тоа дали им се допаднала песната 

 – ги насочува на дискусија за слушаното музичко дело и водење на забелешки од дискусија 

 

Завршна и евалуативна активност 

 

Активности на учениците : 

 -следат презентација и одговараат на прашања, ако има нешто нејасно во поставените задачи бараат дополнително об јаснување од наставникот 

– се делат на 4 групи и вршат поделба на активности 

– пребаруваат на интернет и следат понудени ора преку линкови од презентација 

– дискутираат и запишуваат сличности и разлики на музика, носии и игра на луге со различна етничка припадност во Р.Македонија  

– ги насочува на слушање на музиката и споредување  

– пребаруваат и преземаат слики и информации 

– средуваат податоци за презентирсње пред соученици 

Реализацијата на оваа наставна содржина позитивно влијаеше на учениците и нивната желба за стекнување на нови знаења, при што целта на самиот час беше остварена,учениците беа ангажирани и имаа зголемен интерес за откривање на нови знаења. Работата во групи им овозможи да развиваат вштини за меѓусебна комуникација. Преку презентацијата добија прецизни насоки што треба да се работи и кои се очекувањата на наставникот, како треба да изгледа готовиот продукт на скоја група. Посебно интересни беа дискусиите за сличности и разлики во орото, носиите и музиката. Ако оваа активност се реализира во поголем временски период секако дека ќе има и подобри резултати, бидејќи секој ученик ќе има време да се запознае со карактеристиките на секое оро посебно. Во овој случај мораат да се потпрат на она што ќе им биде пренесено од другарчето од другата група. Научија дека секоја музика е убава и пренесува некекви чувства, секоја националност има различна носија, мелос и игра, но сето тоа ја прави нашата татковина уште поубава. Исто така убаво би било истата да се реализира помеѓу две националности како презентирање на сопствената култура пред ученици од друга национална припадност преку комуникација на Skype, при што како завршен продукт ќе треба да се направи споредба на сличности и разлики во Венов дијаграм за оваа возраст каде учениците се помали.

Покажи ја различноста, Покажи дека се грижиш

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието.

Покажи ја различноста, Покажи дека се грижишОУ ГРИГОР ПРЛИЧЕВ– OХРИД, Николина Спасеска

ОВОЈ ПРОЕКТ ТРАЕШЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ И СЕ РЕАЛИЗИРАШЕ НИЗ ПОВЕЌЕ НАСТАВНИ ЧАСОВИ И СОДРЖИНИ. УЧЕНИЦИТЕ ПРЕКУ ТЕКСТОВИ ИГРИ И РАЗГОВОР УЧЕА КАКО ТРЕБА ДА МУ СЕ ПОМАГА НА ДРУГАРЧЕТО КОГА МУ ТРЕБА ПОМОШ, КОГА Е ПОРАЗЛИЧНО ОД НИВ. ГЛАВНИ АКТИВНОСТИ БЕА: БОЕЊЕТО НА РАЧИЊАТА И ИЗРАБОТКА НА ПОСТЕРИ И БОЕЊЕ НА ЛИЦАТА И РИТМИЧКИ НАСТАП СО ПЕСНАТА ОБОИ МЕ ОД КАЛИОПИ ( УЧЕНИЦИТЕ ОСВЕН ШТО ИГРАА И ПЕЕА ЗА ТАА ЦЕЛ ЗБОРОВИТЕ ОД РЕФРЕНОТ ГИ ПРЕТСТАВИЈА СО ЗНАКОВНИОТ ЈАЗИК ) СВОЈОТ НАСТАП ИМ ГО ПОСВЕТИЈА НА СВОИТЕ ДРУГАРЧИЊА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ. СВОИТЕ ЛИЦА ГИ НАСЛИКАА СО БОИТЕ НА РЕТКИ БОЛЕСТИ И СО ТОА И ОФИЦИЈАЛНО СЕ ВКЛУЧИЈА ВО КАМПАЊАТА 

 #ShowYouRare#ShowYouCare#RareDiseaseDay

УЧЕЊЕ НА ПОЗИТИВНИ ВРЕДНОСТИ – ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ,  СОЧУВСТВИТЕЛНОСТ,  ЕМПАТИЧНОСТ

УЧЕНИК ВО УЛОГА НА НАСТАВНИК

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието. 

УЧЕНИК ВО УЛОГА НА НАСТАВНИКООУ,,СТРАШО ПИНЏУР,,-НЕГОТИНОЦАНКА КОСТОВА

ЦЕЛТА НА ОВАА АКТИВНОСТ Е УЧЕНИЦИТЕ ПРЕКУ ЛИКОТ НА ,,НАСТАВНИК ,, ДА СЕ МОТИВИРААТ ЗА ИЗРАЗНО ГОВОРЕЊЕ ПРЕД ПУБЛИКА И ЈАКНЕЊЕ НА СВОЈАТА ИНДИВИДУАЛНА СПОСОБНОСТ И САМОДОВЕРБА . 

-ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЕМПАТИЧНО ДОЖИВУВАЊЕ НА ПРОФЕСИЈАТА НАСТАВНИК. 

-ДА СЕ ВОВЕДУВААТ ВО СВЕТОТ НА ЛИТЕРАТУРАТА,ДА СЕ ОСПОСОБУВА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЈАЗИКОТ ВО ИСКАЖУВАЊЕТО ЕМОЦИИ,ДОЖИВУВАЊА И МИСЛИ. 

-УСВОЈУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА НОВИ ЗБОРОВИ ЗА КУЛТУРНО ИЗРАЗУВАЊЕ  

-УСВОЈУВАЊЕ НА СОВРЕМЕНИ ТЕХНИКИ ПРЕКУ ИГРА. 

НА ПОЧЕТОКОТ НА АКТИВНОСТА УЧЕНИКОТ –НАСТАВНИК ГИ ОХРАБРУВА УЧЕНИЦИТЕ И ГИ ЗАПОЗНАВА СО ПРИКАЗНАТА .ПРИКАЗНАТА ИМ ЈА ПРЕРАСКАЖУВА СО ИНТЕРАКЦИЈА И БАРА ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД УЧЕНИЦИТЕ.НА КРАЈОТ СО ТЕХНИКАТА –КАМЕНОТ ШТО ЗБОРУВА- ПРЕКУ ПРАШАЊА СЕ ПОВТОРУВА СОДРЖИНАТА НА ПРИКАЗНАТА.

УЧЕНИЦИТЕ УМЕАТ ДА ГИ ДОЖИВЕАТ И ИМИТИРААТ ЛИКОВИТЕ ОД ПРИКАЗНАТА. 

 УЧЕНИЦИТЕ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД ТРЕМА И УСПЕШНО СЕ ПРИПРЕМААТ ЗА ЈАВЕН НАСТАП.

„ПРОГРАМА ЗА ПРАВНА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА‘‘- ПРАВЕН КЛУБ

 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието. 

„ПРОГРАМА ЗА ПРАВНА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА‘‘– ПРАВЕН КЛУБ, ООУ Мирче Ацев – Скопје – Ѓорче Петров, Маја Арсова 

Правниот клуб(воннаставана активност), оваа активност во нашето училиште се реализира повеќе од пет години. Учениците членуваат доброволно со цел слободно изразување на своите вештени како и стекнување на нови. Имплементацијата на проектната активност од „Програма за правна социјализација‘‘ во кои се опфатени теми за запознавање на учениците со видовите на насилничко однесување, конфликти и нивни последици, интеркултурализам како и други теми кои се актуелни во моментот е неопходно и другите ученици на поинаков начин да се запознаат со оваа проблематика. Ова се реализира преку презентации, дебати и интерактивни работилници.  

Учениците извесно време размислуват и меѓусебно разговараат за темата – „Конфликт и начини за нивно разрешување‘‘. Потоа следи подготовка за дебатата каде учениците заземаат страна и со аргументи и факти ги бранат своите ставови за дадената тема. Тимовите имаат 1 недела за подготовка. Ги запишаат своите аргументи ги учат за да можат успешно да ги одбранат од нападот на противничкиот тим и на овој начин учат способност за организација како и истражување за дадената тема. 

За време на дебатата ученици брзо и досетливо размислуваат, импровизираат и реагираат во вистински момент, даваат заклучоци.Ако е неопходно тие најчесто комуницираат со писменца за време на дебатата им посочуваат на членовите од сопствениот тим информации или податоци со коишто можат да го побијат противничкиот аргумент. Меѓусебната соработка е неопходна. 

Дискусијата може да се води со поставување конкретни прашања за развивање решенија и идеи за решавање на конфликтот или за почитување на правото на сите. Исто така, учениците може меѓусебно да се охрабрат и да ги изложат своите решенија.  

Нивната дискусија се одвива пред други ученици кој се во улога на посматрачи, но оваа активност може да ја поддржат со давање предлог за решенија на поставената тема за дебата. 

 Резултатите од оваа активност се видливи, со упорноста на членовите на клубот се решени многу дилеми околу одредена тема за која неможат на друго место да се информираат. Имаат стекнато вештини, развиваат критичко мислење не се само пасивни конзуматори на информации туку имаат и водечки пристап кон информациите. Сметав дека е неопходно децата и родителите како и локалната заедница да биде запознаена со активностите на овој проект, тоа го реализиравме со изработка на флаери и постери-цртежи. Со програмата, членовите се вклучуваат и во многу хуманитарни активности каде на креативен начин помагаат на оние на кој им е неопходно тоа.На тој начин развиваат хуманост, поттикната е меѓусебната соработка без разлика на етничкото, социоекономското, јазичното и културното потекло.

Во текот на една спроведена дебата учениците(паралелка –посматрачи) доаѓаат до фаза кога стануваат свесни за целта на активноста и тоа тогаш кога самите можат да си го објаснат и да се стават во некоја нова функција. Тоа се воочува при самооценувањето кога учениците даваат аргументи што е она што тие со оваа дебата го научија и да дадат можно решение за актуелната тема за дебата.                  

Дали дадениот предлог за решение за проблемот кој се дебатирал можат да го применат во секојдневниот живот. Спроведувањето на оваа активност-дебата, овозможува надминување на конфликтините ситуации преку активно слушање на сооучениците и преку ненасилна комуникација. Размената на искуства и мислења за темата која се дебатира со цел надминување на сопствените убедувања и предрасудите, подигнување на свеста за неопходноста од прифаќање на другите од различно културно потекло како и инклузија на ученици со различни можности 

На овој начин учениците го освестуваат сопствениот начин на учење и доаѓање до решенија, а наставникот добива можност, врз основа на активностите на учениците, да даде уште една димензија на рефлексијата.

“In their shoes: a space of active empathy”

The video you will watch is a performance played in a school placed in Madrid, they take advantage of the “theatre of awareness” that consist on using drama to visually display the emotions. Spectators witness the characters inner transformation. It contributes to improve positive conflict resolution, empathy, compassion, forgiveness… During the video,  teachers, pupils and parents also explain how this use of drama contributed to strengthen social and emotional learning.

The video is in Spanish with subtitles in English.

ЗАПОЗНАВАЊЕ И ПОЧИТУВАЊЕ НА КУЛТУРНИТЕ РАЗЛИКИ

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието.

ЗАПОЗНАВАЊЕ И ПОЧИТУВАЊЕ НА КУЛТУРНИТЕ РАЗЛИКИО.О.У.„ ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ“ – ПРИЛЕПМАРИНА КАЛЕВСКА

ОДРЖУВАЊЕ НА РАБОТИЛНИЦА СО ГОРЕНАВЕДЕНАТА СОДРЖИНА. УЧЕСНИЦИ НА РАБОТИЛНИЦАТА СЕ: УЧЕНИЦИ, РОДИТЕЛИ (РОДНИНИ) И НАСТАВНИЦИ. ОПФАТЕНИ ТЕМИ ЗА ДИСКУСИЈА БЕА: ОБИЧАИТЕ НА РОМИТЕ И МАКЕДОНЦИТЕ ПРИ СКЛОПУВАЊЕ НА БРАК; НАЧИН НА ОБЛЕКУВАЊЕ НА ЛУЃЕТО; СЕМЕЈНИОТ ЖИВОТ; РЕЛИГИОЗНАТА ОПРЕДЕЛЕНОСТ И ДР. 

САМИТЕ УЧЕНИЦИ ПРЕЗЕНТИРААТ МАКЕДОНСКИ И РОМСКИ НАРОДНИ НОСИИ; РОДИТЕЛИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ УЧЕСТВУВАА ВО ДИСКУСИЈА ЗА ТРАДИЦИЈАТА И ОБИЧАИТЕ, СЕ СЛУШАА НАРОДНИ ПЕСНИ, СЕ ИГРАА НАРОДНИ ОРА, СЕКОЈ ИМАШЕ МОЖНОСТ ДА ПРОБА РОМСКА ТРАДИЦИОНАЛНА БАКЛАВА И АРАВАНИЈА. КАКО И МАКЕДОНСКИ СЛАТКИ И КОЛАЧИ ИЗРАБОТЕНИ ОД МАЈКИТЕ И БАБИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ. 

ЗАПОЗНАВАЊЕ И ПОЧИТУВАЊЕ НА КУЛТУРНИТЕ РАЗЛИКИ.  МЕЃУСЕБНА РАЗМЕНА НА ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ОД СТРАНА НА СИТЕ УЧЕСНИЦИ. 

УЧЕНИЦИТЕ ГИ СОГЛЕДУВААТ И ПОЧИТУВААТ КУЛТУРНИТЕ РАЗЛИКИ И СЛИЧНОСТИ МЕЃУ ЛУЃЕТО. 

СПОЗНАВААТ ДЕКА СОЖИВОТОТ СО ЛУЃЕТО ТРЕБА ДА СЕ ГРАДИ И ОДРЖУВА СО ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ.