ЗАПОЗНАВАЊЕ И ПОЧИТУВАЊЕ НА КУЛТУРНИТЕ РАЗЛИКИ

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието.

ЗАПОЗНАВАЊЕ И ПОЧИТУВАЊЕ НА КУЛТУРНИТЕ РАЗЛИКИО.О.У.„ ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ“ – ПРИЛЕПМАРИНА КАЛЕВСКА

ОДРЖУВАЊЕ НА РАБОТИЛНИЦА СО ГОРЕНАВЕДЕНАТА СОДРЖИНА. УЧЕСНИЦИ НА РАБОТИЛНИЦАТА СЕ: УЧЕНИЦИ, РОДИТЕЛИ (РОДНИНИ) И НАСТАВНИЦИ. ОПФАТЕНИ ТЕМИ ЗА ДИСКУСИЈА БЕА: ОБИЧАИТЕ НА РОМИТЕ И МАКЕДОНЦИТЕ ПРИ СКЛОПУВАЊЕ НА БРАК; НАЧИН НА ОБЛЕКУВАЊЕ НА ЛУЃЕТО; СЕМЕЈНИОТ ЖИВОТ; РЕЛИГИОЗНАТА ОПРЕДЕЛЕНОСТ И ДР. 

САМИТЕ УЧЕНИЦИ ПРЕЗЕНТИРААТ МАКЕДОНСКИ И РОМСКИ НАРОДНИ НОСИИ; РОДИТЕЛИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ УЧЕСТВУВАА ВО ДИСКУСИЈА ЗА ТРАДИЦИЈАТА И ОБИЧАИТЕ, СЕ СЛУШАА НАРОДНИ ПЕСНИ, СЕ ИГРАА НАРОДНИ ОРА, СЕКОЈ ИМАШЕ МОЖНОСТ ДА ПРОБА РОМСКА ТРАДИЦИОНАЛНА БАКЛАВА И АРАВАНИЈА. КАКО И МАКЕДОНСКИ СЛАТКИ И КОЛАЧИ ИЗРАБОТЕНИ ОД МАЈКИТЕ И БАБИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ. 

ЗАПОЗНАВАЊЕ И ПОЧИТУВАЊЕ НА КУЛТУРНИТЕ РАЗЛИКИ.  МЕЃУСЕБНА РАЗМЕНА НА ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ОД СТРАНА НА СИТЕ УЧЕСНИЦИ. 

УЧЕНИЦИТЕ ГИ СОГЛЕДУВААТ И ПОЧИТУВААТ КУЛТУРНИТЕ РАЗЛИКИ И СЛИЧНОСТИ МЕЃУ ЛУЃЕТО. 

СПОЗНАВААТ ДЕКА СОЖИВОТОТ СО ЛУЃЕТО ТРЕБА ДА СЕ ГРАДИ И ОДРЖУВА СО ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ.

 

Prosocial behaviour and schooling

On this short article, it is talked about how developing prosocial behaviours has related positively not only with the emotional well-being but also to intellectual outcomes at school. You can also find recent research results on the topic, research gaps, conclusions and implications related to the contribution that prosociality has either on social and academic success at school.

prosocial-behaviour-and-schooling

Attachments

Прифатливо и неприфатливо однесување

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Прифатливо и неприфатливо однесување, ООУ БЛАЖЕ КОНЕСКИ”-ВЕЛЕС, Маја Пасковска

-НА ПОЧЕТОКОТ СЕ ВРШИ ПОВТОРУВАЊЕ ПРЕКУ ПРАШАЊА ЗА БОН ТОН 

1.ШТО Е БОН ТОН? 

2.ОД  УЧЕНИЦИТЕ БАРАМ ДА НАБРОЈАТ НЕКОЛКУ ОСНОВНИ БОН ТОН ПРАВИЛА.  

3.ПОВЕДУВАМ РАЗГОВОР КОИ ОД ТИЕ ПРАВИЛА МОЖАТ ДА СЕ КОРИСТАТ ВО УЧИЛИШНИОТ БОН ТОН. 

– ГИ ЗАПОЗНАВАМ УЧЕНИЦИТЕ СО АКТИВНОСТА И ЦЕЛТА НА ЧАСОТ 

– СПРОВЕДУВАМ ТЕХНИКА БУРА НА ИДЕИ 

– ДАВАМ НАСОКИ ЗА САМОСТОЈНА РАБОТА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ТЕТРАТКИТЕ ДА СОСТАВАТ УЧИЛИШЕН БОН ТОН.  

-ЈА СЛЕДАМ РАБОТАТА НА УЧЕНИЦИТЕ, ПОМАГАМ И НАСОЧУВАМ. 

-НИВНИТЕ БОН ТОН ПРАВИЛА ГИ ШТАМПАМЕ НА ХАРТИЈА ВО БОЈА И ГИ ЛЕПИМЕ НА ХАМЕР КОЈ КЕ БИДЕ ИСТАКНАТ НА ВИДНО МЕСТО ВО УЧИЛНИЦАТА. 

-ПОЧИТУВАЈ ГИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО 

-ОБЛЕКУВАЈ СЕ ПРИСТОЈНО ЗА ВО УЧИЛИШТЕ 

-КОГА ВЛЕГУВАШ ВО УЧИЛИШТЕ СИМНИ ЈА КАПАТА 

-ВО ДРУГАРСТВОТО НЕМА ЈАС ТУКУ НИЕ 

-НЕ УПОТРЕБУВАЈ НЕПРИСТОЈНИ ЗБОРОВИКОН ДРУГАРИТЕ 

-НЕ ЗАБОРАВАЈ ДА ГИ ВРАТИШ ПОЗАЈМЕНИТЕ РАБОТИ 

-ОДНЕСУВАЈ СЕ ПРИСТОЈНО ВО УЧИЛИШНАТА КУЈНА, ЈАДЕЊЕ ИМА 

 ЗА СИТЕ ….

-ЗНАЕ ШТО СЕ СМЕТА ЗА ДОБРО, А ШТО ЗА ЛОШО(ПРИФАТЛИВО И НЕПРИФАТЛИВО) ОДНЕСУВАЊЕ. 

-УМЕЕ ДА ОДБИРА МЕЃУ ПРАВИЛНО И НЕПРАВИЛНО ОДНЕСУВАЊЕ 

-ЗНАЕ НЕКОИ СОЦИЈАЛНИ НОРМИ И ТРАДИЦИИ 

 

Млади библиотекари

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието.

МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИОУ  ГРИГОР  ПРЛИЧЕВ  ОХРИДБИЉАНА  ИВАНОСКА

 

ПРОЕКТОТ ГО НАПРАВИВМЕ СО ЦЕЛ ПРЕКУ ФОРМИРАЊЕТО НА ОДДЕЛЕНСКАТА БИБЛИОТЕКА УЧЕНИЦИТЕ ДА ЈА НАУЧАТ И ОСОЗНААТ ВРЕДНОСТА НА КНИГТА, ДА СТЕКНАТ НАВИКА ЗА ЧИТАЊЕ КНИГИ СО ШТО ЌЕ ГО ЗБОГАТАТ ФОНДОТ НА ЗБОРОВИ, ДА ЗНААТ КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН КНИГИТЕ, И ДА ГИ ЧУВААТ И ДА ИМААТ ОБВРСКА ДА СЕ ГРИЖАТ ЗА НИВ. 

АКТИВНОСТА НА ПРОЕКТОТ ТРАЕШЕ ДВЕ НЕДЕЛИ 

ПРВО РАЗГОВАРАВМЕ И ПОБАРАВМЕ ПОМОШ ОД НАШИОТ БИБЛИОТЕКАР КОЈ НИ  ДАДЕ НАСОКИ КАКО СЕ ВОДИ БИБЛИОТЕКА. ИЗНАЈДОВМЕ ФОРМА И НАЧИН КАКО ДА СЕ ПРЕТСТАВТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИСТРАЖИВАЊЕТО ПРЕКУ ПИШАН ИЗВЕШТАЈ, А ПОТОА И ПРАКТИЧНО 

ПОТПА ПРЕМИНАВМЕ НА ПОДЕЛБА НА РАБОТАТА И ПОМОШ ОД УЧИЛИШНИОТ БИБЛИОТЕКАР ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА ДОНЕСЕНИТЕ КНИГИ ОД УЧЕНИЦИТЕ. 

УЧЕНИЦИТЕ ГИ СРЕДУВАА КАРТОТЕКИТЕ, ГИ ЗАВЕДУВАА И ЗАПИШУВАА КНИГИТЕ  

СЛЕДНО БЕШЕ ДА ГО СПРЕМИМЕ ПРОСТОРТОТ КАДЕ ЌЕ ЈА ЧУВАМЕ БИБЛИОТЕКАТА И МЕСТЕШЕ НА КНИГИТЕ КОИ ГИ ИМАМЕ 

 

ОД КОГА ЗАВРШИВМЕ СО ПРЕДВИДЕНИТЕ АКТИВНОСТИ ОД ПРОЕКТОТ СУБЛИМИОРАВНЕ ДЕКА 

    • СИТЕ КНИГИ ОД ОДДЕЛЕНСКАТА БИБЛИОТЕКА СЕ ТОЧНО ПОДРЕДЕНИ И СРЕДЕНИ 
    • КАРТОТЕКАТА Е ТОЧНО ПОПОЛНЕТА 
    • СЕ ВООЧУВА КРЕАТИВНОСТ И ОРИГИНАЛНО ОСМИСКУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА 
  • ЈАСНО СЕ ПРЕТСТАВЕНИ СИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА КНИГАТА 

“Farmony”

Video

“Farmony”  is a short animation that enlights the beauty of difference. The farmer, takes out a musical note that was “defective” and little by little he will realize the potential of all his beautiful garden notes.

It only last a bit more of 2 minutes and it is perfect for educative purposes.

Directed by Jiyoon Park (2015)

Математичко новогодишна магија

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието.

Математичко новогодишна магија, ООУ Страшо Пинџур – с.Мало Коњари,Прилеп. Неда Јовески, Каролина Најдоска

Им се објаснува на учениците дека денешната наставна содржина ќе се усвои преку активност која ќе ја работат во група и ќе ја споделат со нивните сооученици од другото одделение. 

Им се опишува како ќе се спроведе активноста. 

 На почетокот учениците прибираат податоци и ги сместуваат во табела за тоа колку материјали приближно ќе се употребат за добивање на готов производ. 

Учениците работаат во група ,заеднички ,групата го добива потребниот материјал.Учениците ги изработуваат замислените подароци,кај нив на забавен начин се развива креативноста и меѓусебното разбирање .Во меѓувреме ,додека трае работилницата се разговара како се чуствуваат учениците ,се поттикнуваат да размислуваат како ќе ги изберат учениците на кои ќе им подаруваат подароци,се дискутира начинот на избор на учениците на кои ќе им се подарува  подарок изработен со љубов и добро расположение ,за тоа дали им е тешко да го направат изборот ,што им преставува проблем при изборот ,истовремено и да го надминат тоа што им преставува проблем .Учениците во работилницата се оспособуваат за осознавање можности за позитивна промена кај нив. 

Се спроведува глевниот дел во оваа активност ,подароците стигнуваат до учениците од другото одделение,внимавајќи на тоа да нема ученик/чка кој/а ќе остане без подарок . 

Се дискутира со учениците од двете одделенија како се чуствувале кога подарувале ,кога добивале подарок…..што заклучиле ,се дискутира за климата која преовладувала во училницата . 

На крај се дискутира за заклучоците . 

Целите предвидени за време на работилницата беа совледани .Учениците за време на изработка на подароците беа видно позитивно расположени развивајќи ја желбата за разбирање ,соработка и емпатија .Во училницата се чуствуваше позитивна клима и желба за соработка и за време на дискусиите .Учениците ги надминаа  предрасудите според кој беше направен изборот на ученици на кои ќе им се подарува .Се почитуваа различностите кај поединци.Новогодишната магија на часовите по математика беше успешна . 

 

„Современите средства за комуникација“

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието. 

„Современите средства за комуникација“ОУ „СТИВ НАУМОВ“-БИТОЛААНА ДИНКОВСКА-БОЖИНОВСКА

ЦЕЛИ: 

– СТЕКНУВАЊЕ НА НОВИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ЗА ПОДГОТОВКА И УЧЕСТВО ВО ДЕБАТА; 

– РАЗВОЈ НА КРИТИЧКО И ДИВЕРГЕНТНО МИСЛЕЊЕ; 

– РАЗВОЈ НА КОМУНИКАЦИСКИ И СОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ; 

– РАЗВОЈ НА ГОВОРНИЧКИ (ОРАТОРСКИ) ВЕШТИНИ; 

– РАЗВОЈ НА САМОПОЧИТ; 

– РАЗВОЈ НА ДЕМОКРАТСКО ОДНЕСУВАЊЕ, КУЛТУРА НА ДИЈАЛОГ, ПОЧИТ КОН СОГОВОРНИКОТ, ТИМСКИ ДУХ; 

– ПОТТИКНУВАЊЕ ЗА ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА И ЕВАЛУАЦИЈА НА ИЗВОРОТ НА ИНФОРМАЦИИ; 

– ВРЕДНУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИТЕ; 

– ПОТТИКНУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ВЕШТИНИ. 

СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ: 

– СТЕКНУВАЊЕ НОВИ ЗНАЕЊА И РАЗМЕНУВАЊЕ НА МИСЛЕЊА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И НЕГАТИВНИТЕ АСПЕКТИ НА СОВРЕМЕНИТЕ СРЕДСТВА ЗА КОМУНИКАЦИЈА КАКО ТЕМА КОЈА Е ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА СИТЕ ВОЗРАСНИ ГРУПИ НА УЧЕНИЦИ БЕЗ РАЗЛИКА НА ПОЛ, ЕТНИЧКА И ВЕРСКА ПРИПАДНОСТ; 

– ФОРМИРАЊЕ НА СОПСТВЕН СТАВ И КРИТИЧКО РАЗМИСЛУВАЊЕ НА ОВАА ТЕМА; 

– ПРОШИРУВАЊЕ НА ВОКАБУЛАРОТ СО НОВИ ЗБОРОВИ И ТЕРМИНИ; 

– ПОДОБРУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИТЕ СТАВОВИ И МИСЛЕЊА; 

– ИЗРАЗУВАЊЕ НА КРЕАТИВНОСТА И ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРАТОРСКИТЕ И ПРЕЗЕНТЕРСКИТЕ ВЕШТИНИ; 

– ИНТЕГРАЦИЈА НА НАСТАВНИТЕ СОДРЖИНИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК СО ДРУГИ ПРЕДМЕТИ И ДИСЦИПЛИНИ: АНГЛИСКИ ЈАЗИК, ИНФОРМАТИКА, ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ, ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ, ИСТОРИЈА, КУЛТУРА, ТВОРЕШТВО; 

– ОСПОСОБУВАЊЕ ЗА НАСТАП ПРЕД ПУБЛИКА. 

ДОЛГОРОЧНИ ЦЕЛИ: 

-ПРЕТВОРАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПАСИВНИ СЛУШАТЕЛИ НА НАСТАВНИОТ МАТЕРИЈАЛ ВО АКТИВНИ УЧЕСНИЦИ ВО ПРОЦЕСОТ НА СОЗДАВАЊЕ НА ЗНАЕЊА НИЗ САМОСТОЈНО ИСТРАЖУВАЊЕ, РАСПРАВА, ПОСТАВУВАЊЕ ПРАШАЊА, РАЗГОВОР; 

-ЕДУЦИРАЊЕ ВО НАСОКА НА КРИТИЧКО ПОСМАТРАЊЕ НА СВЕТОТ И ПОКВАЛИТЕТНО УЧЕСТВО ВО ГРАЃАНСКИОТ И ОПШТЕСТВЕНИОТ ЖИВОТ. 

РЕЗУЛТАТИ: 

УЧЕНИЦИТЕ: 

– СЕ ЗАПОЗНАА СО ДЕБАТАТА КАКО ГОВОРНИЧКА ВЕШТИНА И СО НЕЈЗИНАТА ПРИМЕНА ВО ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС, НО И ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ; 

– НАУЧИЈА КАКО ДОБРО ДА ПОГОТВАТ ДЕБАТА, ДА ГИ ПРОНАЈДАТ ВИСТИНСКИТЕ ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ И ДА ЈА ОРГАНИЗИРААТ СВОЈАТА АРГУМЕНТАЦИЈА; 

– ДЕБАТИРАА ЗА ТЕМА КОЈА Е МОШНЕ АКТУЕЛНА ЗА СИТЕ КАТЕГОРИИ НА УЧЕНИЦИ (ОД РАЗЛИЧЕН ПОЛ, НАЦИОНАЛНА И ВЕРСКА ПРИПАДНОСТ, УЧЕНИЦИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ) И СТЕКНАА НОВИ СОЗНАНИЈА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И НЕГАТИВНИТЕ АСПЕКТИ НА СОВРЕМЕНИТЕ СРЕДСТВА ЗА КОМУНИКАЦИЈА; 

– ГО ПОДОБРИЈА ИЗРАЗУВАЊЕТО НА СОПСТВЕНОТО КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ; 

– СОГЛЕДАА ЕДНА ТЕМА ОД ПОВЕЌЕ РАЗЛИЧНИ АСПЕКТИ; 

– СЕ ЗАПОЗНАА СО ДЕБАТНАТА КУЛТУРА НА ГОВОР, НАУЧИЈА ДА ГО ИЗРАЗУВААТ СОПСТВЕНОТО МИСЛЕЊЕ ВО ПРЕДВИДЕНО ВРЕМЕ ЗА ТОА И ИЗВЕЖБАА ВНИМАТЕЛНО СЛУШАЊЕ НА СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ; 

– ЈА ПОДОБРИЈА ДИСЦИПЛИНАТА И САМОДИСЦИПЛИНАТА ПРЕКУ СОРАБОТКА И СЛУШАЊЕ НА  ДРУГИОТ; 

– ГИ ПОДОБРИЈА СОПСТВЕНИТЕ КОМУНИКАЦИСКИ, ОРАТОРСКИ И ПРЕЗЕНТЕРСКИ ВЕШТИНИ; 

– СЕ ОСПОСОБИЈА ЗА ЈАВЕН НАСТАП ПРЕД ПУБЛИКА; 

– СОРАБОТУВАА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ДРУГА ИНСТИТУЦИЈА И СЕ ВКЛУЧИЈА ВО НАСТАН ОД ПОШИРОКО ЗНАЧЕЊЕ. 

Проектнатата активност: Дебата „Современите средства за комуникација“ е реализирана со иновативна примена на методот дебата.  

Дебатата како метод многу малку се користи во редовната настава во основното образование или воопшто не се користи. Дебатата е метод кој бара опсежна и длабока подготовка, истражување, систематизација на знаењата, за што најчесто не е доволен еден наставен час од 40 минути. Затоа, дебатата како метод мошне успешно може да се реализира во текот на воннаставните и слободните ученички активности, а во зависност од возраста, предзнаењата, знаењата и искуството на учениците, може да се применува и во редовната настава. Со примена на дебатата како наставен метод, значајно се влијае на проширувањето и поврзувањето на знаењата за подрачјата за кои се дебатира и со тоа се влијае на квалитетот на работата кај учениците.  

Детален опис на активностите: 

Дебатата „Современите средства за комуникација“ беше реализирана како партнерство помеѓу ОУ „Стив Наумов“-Битола и НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, во рамките на проектот „Октомври-месец на книгата (меѓународен месец на училишните библиотеки)“.  

Иницијативата за дебата на дадената тема произлезе од ученици од 8 одд. кои учествуваа во неа и ја реализираа во целост. Освен тоа, учениците сами го дадоа предлогот за темата на дебатата, со оглед на тоа дека современите средства за комуникација се присутни во животот на учениците уште од најрана, претшколска возраст, а уште повеќе е изразена нивната употреба во училишна возраст. Тие изразија интерес да дискутираат за тоа колку современите средства за комуникација (Интернет, Facebook, Viber, Messenger, мобилните телефони, компјутерите, социјалните мрежи итн.) кои масовно се користат имаат негативно влијание врз животите на сите, но и кое е нивното позитивно влијание и зошто без нив не може да се замисли современиот живот. 

Подготовката за дебатата се одвиваше во текот на две недели во месец октомври 2018 год.  

Учениците беа поделени во две екипи од по 6 ученика, вкупно 12 ученици од 8 одд., односно афирмациска и негациска екипа. 

Целта на афирмациската екипа, во текот на дебатата беше да ја докаже зададената теза низ цврсти аргументи, додека целта на негациската екипа беше да ја побие (оспори) со аргументи тезата на афирмациската екипа. 

 Подготовката на дебатата ги опфати следните фази: 

  1. Учениците, од моја страна беазапознатисо принципите и правилата на дебатата; 
  2. Беше поставена тезата-Современите средства за комуникација (за или против);
  3. Воведување во тезата;
  4. Brainstorming;
  5. Истражување на извори;
  6. Формирање на критериуми и аргументи за афирмација и негација;
  7. Изработка на проекти на два хамери со аргументите на противничките екипи;
  8. Составување на говорите;
  9. Вежбање на говорите на учесниците во дебатата.

 Дебатата се реализира на 22.10.2018 год. во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола.  

Во воведната рунда, по двајца претставници од секоја екипа имаа воведни обраќања во траење од по 3 минути на секој претставник. 

 Во суштинската рунда, наизменично се менуваа дебатерите од секоја екипа. Секој дебатер имаше време од 2 минути за да ги изнесе своите аргументи и да го искаже својот став во однос на темата. 

 Аргументи „за“ современите средства за комуникација: 

-Овозможуваат лесна и брза комуникација; 

-Преку нив достапни ни се многу нови и корисни информации; 

-Ни помагаат во завршувањето на училишните обврски; 

-Можеме да комуникацираме со роднини и пријатели низ целиот свет; 

-Полесно учиме странски јазици; 

-Стекнуваме нови пријателства од целиот свет; 

-Во секое време можеме да добиеме или побараме помош. 

  

Аргументи „против“ современите средства за комуникација: 

-Истиснување на „живиот“ говор; 

-Социјална изолација; 

-Штетност врз здравјето; 

-Зависност од социјалните мрежи и компјутерските игри; 

-Осиромашување на речникот; 

-Ширење на лажни и неточни информации; 

-Злоупотреба преку креирање на лажни идентитети. 

 

Во завршната рунда, свои говори имаа водачите на групите, во траење од по 3 минути. 

 

Дебатирањето беше поздравено со бурен аплауз од страна на публиката. 

 

Дебатата  ја следеа ученици од основните училишта „Стив Наумов“, „Елпида Караманди“ и „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола, родители, наставници и претставници на библиотеката.

Дебатата кај учениците го поттикна критичкото и аналитичкото размислување низ обликување на аргументирани ставови, активно учење и истражување на темата за дебата, како и подобрување на комуникативните способности за говорење и слушање низ активно изложување на ставовите и слушање на соговорникот. 

Во текот на подготовката на дебатата, учениците дејствуваа како тим, а во текот на самата дебата, заземајќи и бранејќи ги сопствените ставови, аргументирано негирајќи ги ставовите на противничката екипа, стекнаа искуство за мирно решавање на проблемите, по пат на аргументирана расправа наместо судир, како нешто што е многу важно за нивната социјална кохезија. Преку дебатата, учениците ги развија и своите социјални вештини како што се: комуникативност, реципрочност, емпатија, приспособување и соработка без разлика на пол, етничка и верска припадност. 

Дебатата, како говорнички (ораторски) вид е многу интересна во натпреварувачка форма, има ефективен формат и е многу корисна во секојдневниот живот. Но, освен тоа, таа е битен фактор во процесот на образование. Како наставно средство, им помага на учениците да истражуваат додатна литература за да ги поткрепат своите тврдења, да го оформат своето мислење, да состават говор и да презентираат организиран материјал. Како натпреварувачка форма, кај учениците поттикнува позитивен натпреварувачки дух, но и почит кон соговорникот, односно противникот. Сите сегменти на дебатата, почнувајќи од подготовката, па потоа изведбата на говорот и оценувањето имаат важна улога во образованието и воспитанието на учениците и донесуваат придобивки кои еден ден ќе бидат лесно видливи во понатамошното школување и на работа. Тие кај учениците развиваат желба за знаење, натпревар и комуникација и така формираат културни, образовани, рационални и демократски ориентирани граѓани.

СОЗДАВАЊЕ НА ИНКЛУЗИВНА СРЕДИНА -НАМАЛУВАЊЕ И ЗНАЧИТЕЛНО УБЛАЖУВАЊЕ НА НЕСООДВЕТНО ОДНЕСУВАЊЕ КАЈ ДЕЦА СО ПОП – СОЗДАВАЊЕ АДАПТИВНО ОДНЕСУВАЊЕ И СРЕДИНА НА ПРИФАЌАЊЕ

Пријава за учество на конкурс  ,,ProSocial Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието 

СОЗДАВАЊЕ НА ИНКЛУЗИВНА СРЕДИНА-НАМАЛУВАЊЕ И ЗНАЧИТЕЛНО УБЛАЖУВАЊЕ НА НЕСООДВЕТНО ОДНЕСУВАЊЕ КАЈ ДЕЦА СО ПОП – СОЗДАВАЊЕ  АДАПТИВНО ОДНЕСУВАЊЕ И СРЕДИНА НА ПРИФАЌАЊЕООУ ,,ДИМИТАР ВЛАХОВ,, ШТИП, ТАТЈАНА ЉАПОВА, ЈОРДАНЧО ЗДРАВЕВ

ЦЕЛНА ГРУПА:УЧЕНИЦИ ОД ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ 

ЦЕЛИ НА РАБОТИЛНИЦАТА: 

РАЗВИВАЊЕ НА КРЕАТИВНОСТА НА ЗАБАВЕН НАЧИН,ПОМАГАЊЕ НА СВОЕТО ДРУГАРЧЕ ДА РАЗВИЕ ВЕШТИНА ЗА РАЗЛИКУВАЊЕ НА ЛАГА ОД ВИСТИНА ,РАЗБИРАЊЕ,ЕМПАТИЈА,НОВИ СПОСОБНОСТИ И ВЕШТИНИ НАСОЧЕНИ КОН ПОЧИТУВАЊЕ НА СОПСТВЕНАТА ,НО И ТУЃАТА ИНДИВИДУАЛНОСТ КАКО ТЕМЕЛ ЗА ГРАДЕЊЕ НА ИНКЛУЗИВНО ОПШЕСТВО ,ВО КОЕ И ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ЌЕ ИМААТ СТИМУЛАТИВНА СРЕДИНА . 

1.ВОВЕДНА АКТИВНОСТ: 10 МИНУТИ:ТЕСТ ,,РЕЧНИК,,-УСВОЈУВАЊЕ НА ЗБОРОВИ-СЕМАНТИКА ,СООДВЕТНИ ЗА НИВНА ВОЗРАСТ- 

СРЕЌА,СТРАВ,ЗАДОВОЛСТВО,БОЛКА,ОПАСНОСТ,ЗАДОВОЛСТВО,ЉУБОВ,ВИСТИНА,ВИНА,ПОЧИТ,ЛУТИНА,СОЧУВСТВО,ОСАМЕНОСТ,САМОУВЕРЕНОСТ,ЗБУНЕТОСТ,ГОРДОСТ,ИЗНЕНАДЕНОСТ Модераторот 1 им објаснува дека ќе слушнат зборови кои треба да објаснат што е нивното значење.Пр.среќа – пријатно чувство кога ти се случило нешто убаво и имаш во себе движечка сила ;страв –непријатно чувство кое те ограничува да превземеш некоја акција ;задоволство –пријатно чувство ако завршиш добро некоја работа , нацрташ убав цртеж,добиеш подарок..Модераторот објаснува дека чувствата или емоциите  имаат големо значење во развојот на детето.Тие се пропратни доживувања на состојби и процеси, но и мотивација  и двигател на однесувањето на личноста..Ако се чести и интензивни негативните емоции можат да се појават сериозни нарушувања во психофизичкиот развој на детето.Емоција е реакција на некое случување.Како што се рефлексите за телото,тоа се емоциите за психата.Детските емоции се краткотрајни (пролазни ) од смеење –плачење и обратно . 

2.ВОВЕДНА АКТИВНОСТ- 10 МИНУТИ :МОДЕРАТОР 2 ИМ ОБЈАСНУВА НА УЧЕНИЦИТЕ  ПРЕПОЗНААТ РАЗЛИЧНИТЕ ЕМОЦИИ КАЈ ЛУЃЕТО ВО ОДРЕДЕНИ СИТУАЦИИ,ДИСКУТИРААТ КАКО ИСТИТЕ МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ И ДА СЕ ПОМЕШААТ- ПРЕКУ ДВА МЕТОДИ: 

– ДЕМОНСТРАЦИЈА –ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ЕМОЦИИ-УСНО КАЖУВАЊЕ НА МОЖНИ ПРИМЕРИ-ПРЕКУ ТЕКСТ И СЛИКИ-РАБОТЕН ЛИСТ 

-ГЛАВНА АКТИВНОСТ:15 МИНУТИ :ИГАЊЕ УЛОГИ- КРАТКИ АНЕГДОТИ-     вежба: -ЛАГА-ВИСТИНА-учениците демонстрираат ситуации со цел нивниот соученик кој има потешкотии во сознајни функции да му помогнат да разбере одредени конкретни ситуации во секојдневниот живот.  Има 25вежби од овој вид . 

(текст за вежбата)  

….Митко и Сашо си играат дома.Ја завртеле масата во кујната,седнале на неа ,и со весници во раце веслаат.Кога мајката ги виде,се засмеа и ги праша:,,Што правите ? 

-Оваа маса е пиратски кораб-одговори Митко. 

-Па добро качи се и ти пред да потонеш,зошто си во вода………  

Вистина ли е тоа што го кажа Митко ? Одговара детето со посебни потреби.  

Модератор 1. Води ДИСКУСИЈА:Дали разликувате детска фантазија од намерно кажана лага ? 

 ВЕЖБА БР 2 

Еден ден додека си играле дома,Ани без да сака ја бутнала и ја скршила најомилената вазна на мајка и.Леле што ќе биде кога мајка и се врати,ќе се изнервира многу.Затоа кога мајка и на Ана се вратила,ја видела скршената вазна и прашала што се случило.Ани се снашла и одговорила:,,Кучето ја бутна ,јас ништо не направив,,!  

Модератор 2 води ДИСКУСИЈА: Вистина ли е тоа што и кажала Ани на мајка и ? 

Зошто Ани одговорила на тој начин ?  

Вежба бр 2   Конфликтна ситуација 

На часот по физичко образование сите ученици беа во малата сала .Ја играа играта додавање со топка .Филип ја фрли топката и ненамерно ја удри Сања на која и паднаа наочарите. Таа почна да плаче и беше видно вознемирена и започна да плаче. Сите ученици почнаа да го обвинуваат Филип за направената грешка ,а случката доби таква димензија што дел од учениците дури побараа да се казни. 

Модератор 2 води ДИСКУСИЈА: 

Дали се појавил проблем/конфликт помеѓу ? 

Дали е потребна комуникација да се надмине ? 

Изнесете предлози како би се надминале настанати проблеми ? 

Модераторот ја истакнува главната поента на активноста ,објаснува дека оваа активност служи за учење на многу значајна вештина која ние потребна за креативно и продуктивно справување со конфликти. 

Истакнуваме :Конфликтите се дел од секојдневните животни ситуации.Тоа е способност да се ставиме во положбата на другата страна  на конфликтот,односно да го согледаме проблемот од аспект на другиот учесник во тој конфликт.  

МОДЕРАТОРОТ 2 ОБЈАСНУВА ДЕКА УЧЕНИЦИТЕ МОЖАТ ДА ПРИСВОЈАТ ИСТА ЕМОЦИЈА  ВО НЕКОЛКУ РАЗЛИЧНИ СИТУАЦИИ,ПР. ПРИ ЛАГА ВО ИГРА – ДЕТСКА ФАНТАЗИЈА НА НИВНОТО ДРУГАРЧЕ МУ Е ТЕШКО ДА ЈА СВАТИ СЛИЧНИ КОНКРЕТНИ СИТУАЦИИ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ И НЕГОВИТЕ СОУЧЕНИЦИ МУ ПОМАГААТ. 

-ИМА СИТУАЦИИ КОГА ДЕТЕТО ЈА ЛАЖЕ МАЈКАТА …ПР… 

КАКО СЕ ЧУВСТВУВА МАЈКАТА КОГА ДЕТЕТО ЛАЖЕ ? 

ПО КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ЗАДАЧАТА ТИЕ ДИСКУТИРААТ ЗОШТО ЈА ПРИСВОИЛЕ ЕДНА ИЛИ ДРУГА ЕМОЦИЈА ,ГИ СПОДЕЛУВААТ ИСТИТЕ ЕМОЦИИ КОИ МОЖЕ ДА БИДАТ ОД ПОМОШ ИЛИ ДА ПОПРЕЧАТ,ГИ СПОДЕЛУВААТ СВОИТЕ РАЗМИСЛУВАЊА ЗА ТОА КАКО ДА СЕ СПРАВУВААТ СО ЕМОЦИИТЕ.СЕКОЈА ЕМОЦИЈА МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНА ВО ДАДЕНА СИТУАЦИЈА ,САМО ЕДНА Е ПОПРИЈАТНА ,А ДРУГА ПОМАЛКУ ПРИЈАТНА . 

СЕ СТАВА АКЦЕНТ НА ИЗРАЗОТ НА ЛИЦЕТО И НЕВЕРБАЛНИ ГЕСТОВИ:ПОТЕНЦИРАМЕ : ,,НИ ЕДНО ЧУВСТВО НЕ Е ПОГРЕШНО,И СИТЕ ЧУВСТВА ШТО ГИ ИМАМЕ СЕ ВАЛИДНИ/ЗНАЧАЈНИ. 

-КАКО СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ПОСЛЕ РОДИТЕЛСКА СРЕДБА ? 

УПЛАШЕНО,НЕРВОЗНО,ВОЗБУДЕНО САМОТНО ,ЛОШО,СРЕЌНО 

-ШТО МИСЛИТЕ ЗОШТО СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ТАКА ? 

-ШТО Е ТОА ШТО ВЕ ЗАГРИЖУВАЛО ? 

(СТРАВ ОД РЕАКЦИЈА НА РОДИТЕЛИ) 

-ШТО МИСЛИШ КАКО СЕ ЧУВСТВУВААТ ТВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ ? 

КАКО МОЖЕ ДА ПРЕПОЗНАЕШ КАКО ТВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СЕ ЧУВСТВУВААТ ? 

(ОД ИЗРАЗОТ НА НИВНИТЕ ЛИЦА,СПОРЕД ТОА ШТО ГО КАЖАЛЕ,СПОРЕД НАЧИН НА ДВИЖЕЊЕ,СПОРЕД ТОА ШТО ГО ПРАВЕЛЕ ДАЛИ СЕ ВКЛУЧУВАЛЕ ИЛИ НЕ ВО АКТИВНОСТ) 

-ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА Е ЗНАЧАЈНО ДА СЕ ЗАБЕЛЕЖАТ ЧУВСТВАТА НА СОУЧЕНИЦИТЕ ? 

ЗА ДА МОЖЕ ДА ПРЕВЗЕМЕМЕ ПОСТАПКИ ЗА ДА БИДЕМЕ СИГУРНИ ДЕКА СЕКОЈ ЕДЕН СЕ ЧУВСТВУВА БЕЗБЕДНО И СРЕЌНО. 

ИСТАКНУВАМЕ :МОДЕРАТОР 2. 

ПОСТОЈАТ МНОГУ НАЧИНИ ДА ЗНАЕМЕ КАКО ЛУЃЕТО СЕ ЧУВСТВУВААТ.ВАЖНО Е ДА ЗАБЕЛЕЖИМЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВААТ И ДА ПРЕВЗЕМЕМЕ АКЦИЈА ДОКОЛКУ СЕ ЧУВСТВУВААТ ТАЖНО. 

3.ЗАВРШНА АКТИВНОСТ- МОДЕРАТОР 1.КВИЛИНГ ВЕЖБА –МАНИПУЛАТИВНА СПОСОБНОСТ , НАМАЛУВАЊЕ НА АКУМУЛИРАН СТРЕС,ПОЗИТИВЕН ФИДБЕГ ОД ДОЖИВЕАН УСПЕХ ОД ИЗВЕДБЕНА АКТИВНОСТ И СТЕКНУВАЊЕ ВЕШТИНА,КООРДИНАЦИЈА ОКО-РАКА-МОДЕРАТОР 1.ПУШТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ,,КВИЛИНГ,,А ПОТОА ДЕМОНСТРИРА НАЧИН НА КОЈ СЕ ИЗВЕДУВА САМАТА ТЕХНИКА НА ПРАВЕЊЕ УКРАСНИ ЧЕСТИТКИ ОД ЛЕНТИЧКИ ОД ХАРТИЈА ПРЕДХОДНО ОБЛИКУВАНИ ВО НАЈРАЗЛИЧНИ ФОРМИ.

НАМАЛЕНА АГРЕСИВНОСТ И АВТОАГРЕСИВНОСТ НА ДЕТЕ СО ПОТЕШКОТИИ ВО АДАПТИВНО ОДНЕСУВАЊЕ -СОЗДАВАЊЕ ИНКЛУЗИВНА СРЕДИНА  

–ПОДГОТВЕНИ УЧЕНИЦИ ДА ГИ СВАТАТ РАЗЛИЧНОСТИТЕ ДЕКА СИТЕ РАЗЛИЧНО НАПРЕДУВАМЕ  ВО ОДРЕДЕНИ СФЕРИ ,НО КАЈ СИТЕ ДЕЦА Е ЗАСТАПЕН ПРИНЦИП НА КОНСТАНТНОСТ ВО РАЗВОЈОТ –БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ Е УСПОРЕН (КОГНИТИВНИОТ ) СЕПАК СЕ РАЗВИВА ПО ИСТИОТ РЕДОСЛЕД НА ПОЈАВУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ ФУНКЦИИ. 

-ПОДОБРЕНА МЕЃУСЕБНА КОМУНИКАЦИЈА 

-МЕЃУСЕБНО ПОЧИТУВАЊЕ 

-ОСОЗНАВАЊЕ И ПОКАЖУВАЊЕ НА ЧУВСТВА И ЕМОЦИИ 

  1. Развивање компетенции и стекнување комуникациски вештини: Учениците во работилницата да ги унапредат своите способности за активно слушање, поставување прашања, препознавање, изразување и уважување на сопствените чувставa и потреби, справување со лутината;  
  1. Учесниците во работилницата да се оспособат за остварување комуникација преку соработка наместо преку компетенција, конструктивно и ненасилно однесување,  
  1. Уважување на својата личност и и личноста со која се соработува, преземање одговорност за сопственото однесување, изнаоѓање решенија со позитивен исход за сите во заедницата (групата/ одделението/училиштето/семејството/пошироката заедница);     

ОСМИ МАРТ

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието.

ОСМИ МАРТ, ООУ „KЛИМЕНТ OХРИДСКИ“ – ПРИЛЕПЈУЛИЈАНА TАЛЕСКА

Ученици, членови на драмската секција се воведуваат во активноста преку техниката аквариумНа средината од просторијата се поставуваат четири столици кои формираат замислен аквариум. Се повикува доброволец кој сака да дискутира на одредена тема. Темата е претходно зададена, отпечатена и поставени на видливо место. Претходно јасно дефинирана. Доброволецот ја зема темата на која сака ќе дискутира и ја поставува на средина на аквариумот на под. Тој може да повика некого со кого сака да дискутира на темата, а останатите слободно се приклучуваат на останатите слободни столчиња во „аквариумот“. Во текот на вежбата можат да говорат само оние кои во тој момент седат во „аквариумот“. Кога некој посака да зборува, се приближува до столиците и го допира по рамото оној/онаа на чие што место сака да влезе во „аквариумот“.  Ученикот/чката може да ја заврши реченицата, а потоа мора да му/ ѝ отстапи место.   

*Аквариум е многу добар за поттикнување на отворени дискусии во текот на кои се судираат различни гледишта за одредени проблеми. Ако наставникот процени дека во групата има доста спротивставени ставови кои недоволно јасно се артикулираат, аквариумот може да биде корисен за артикулација на различните позиции кои се присутни во групата. Можат да се слушнат различни погледи и искуства на учениците.  

Учениците дискутираа што значи празникот Осми март. Како се празнува. Кои размислувања ги чуле за него. Дали соодветно се прославувува, која е симболиката, како го празнуваат во светот и сл…  

Од дискусиите произлегуваат многу работи кои во помали групи ги обликуваат во драмски ликови. Секоја група има задача да изгради лик на определени жени кои би претставувале едно од мислењата како гледаат на празникот. 

Од ликовите се создава театарска претстава и таа се вежба. На празникот учениците ја играат во чест на наставничките. 

ЛИНК: HTTPS://WWW.YOUTUBE.COM/WATCH?V=ZJKZXQKOY30 

По завршувањето на настапот, се гледа видеото и се отвора дискусија во која учнениците ги анализираат размислувањата на ликовите низ нивна гледна точка. 

Така, го разбираат вистинското значење на празникот и бодри се за идна борба за своите права. 

Сензибилизацијата на учениците радијациски ќе влијае и на нивното опкружување, на домот… ќе го разберат вистинското значење на празникот и ќе бидат спремни за идни работилници за род.

ЕМПАТИЈА МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието.

ЕМПАТИЈА МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ – ООУ,,БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ ВЕЛЕС, ВЕРА ТРЧКОВА

ПРЕКУ ИГРА СО ЛЕПЕЊЕ НА РАЗНОБОЈНИ КРУГОВИ НА ЧЕЛО УЧЕНИЦИТЕ СЕ ГРУПИРААТ ВО ГРУПИ, А ПРИ ТОА  ЗА ДА СИ ЈА ПРОНАЈДАТ ГРУПАТА ТРЕБА ДА КОРИСТАТ НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА. УЧЕНИЦИТЕ СЕ ДОВЕДУВААТ ВО СИТУАЦИЈА ДА БИДАТ ПРИФАТЕНИ ИЛИ ОТФРЛЕНИ ОД ГРУПАТА, ЗАТОА ШТО СПОРЕД БОЈАТА НА КРУГОТ НЕ ПРИПАЃААТ  НА ГРУПАТА. ЦЕЛТА НА ОВАА ИГРА Е ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО ЧУВСТВАТА КОИ ГИ ДОЖИВУВААТ ПРИ ПРИФАЌАЊЕ ИЛИ ОТФРЛАЊЕ ОД ГРУПАТА, ДА ГО СВАТАТ ЗНАЧЕЊЕТО НА ГРУПНАТА ПРИПАДНОСТ, ДА ЈА РАЗВИЈАТ ГРУПНАТА ПОВРЗАНОСТ, СОРАБОТКАТА И МЕЃУСЕБНАТА ДОВЕРБА.  

ЧИТАЊЕ НА ПРИКАЗНАТА ,, ЖОЛТОТО ДЕТЕ“. ЗА ПОЛЕСНО ДА ЈА СВАТАТ ПРИКАЗНАТА, ПО ЧИТАЊЕ НА НЕКОИ ДЕЛОВИ ОД ПРИКАЗНАТА ПОСТАВУВАМ ПРАШАЊА ЗА ПРОЧИТАНОТО. 

ПО ЧИТАЊЕТО НА ТЕКСТОТ УЧЕНИЦИТЕ ОДГОВАРАА НА ПРАШАЊАТА ДЕКА НЕ Е УБАВО ДА СЕ ТЕПААТ И ДЕКА НЕ Е ВАЖЕН ФИЗИЧКИОТ ИЗГЛЕД. ПРЕКУ АНАЛИЗА НА СОДРЖИНАТА НА ТЕКСТОТ  И ПРЕКУ  ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА УЧЕНИЦИТЕ РАЗМИСЛУВААТ  ЗА СОПСТВЕНОТО ОДНЕСУВАЊЕ И ЗА ТУЃИТЕ ЧУВСТВА КОИ ТИЕ ГИ ПРЕДИЗВИКУВААТ. 

НЕКОЛКУ УЧЕНИЦИ НИ РАСКАЖУВААТ СЛИЧНИ СИТУАЦИИ, А ОСТАНАТИТЕ СЕ СЛУШАТЕЛИ.  

ПРЕКУ ИГРАТА ,, ВО ТУЃИ ЧЕВЛИ“ УЧЕНИЦИТЕ БЕА ДОВЕДЕНИ ВО СИТУАЦИЈА ДА ПОЧУСТВУВААТ КАКО Е ДА СЕ БИДЕ ВО ,,ТУЃИ ЧЕВЛИ “ И СЕ ВОДИ ДИСКУСИЈА.

ЗА ВРЕМЕ НА ЧАСОТ УЧЕНИЦИТЕ БЕА АКТИВНО АНГАЖИРАНИ. УМЕАТ ДА ДОНЕСАТ САМОСТОЕН СТАВ, ДА ГИ ИДЕНТИФИКУВААТ СЛИЧНОСТИТЕ И РАЗЛИКИТЕ ЗА  СЕБЕ И ДРУГИТЕ, КАКО И ТОА ДЕКА И ПОКРАЈ НАШИТЕ РАЗЛИЧНОСТИ МОЖЕМЕ ДА СЕ ДРУЖИМЕ, ПОЧИТУВАМЕ, САКАМЕ, ДА ГИ РАЗБЕРЕМЕ ТУЃИТЕ ЧУВСТВА И ДА СОЧУВСТВУВАМЕ СО НИВ, ДА РАЗВИВААТ ЕМПАТИЈА.

Мудриот раскажувач

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието. 

Мудриот раскажувачО.У ,,КОЧО РАЦИН“ – С.ИВАЊЕВЦИ Д.СРПЦИ, МОГИЛА, Елизабета Дамева

Учениците од нашето училиште потекнуваат од семејства со низок социјален статус и родители од различна националност, најчесто едниот родител ( таткото) од македонска а другиот ( мајката) од албанска националност, од Албанија.Мајките со тек на време го совладуваат македонскиот јазик, но дел од нив ниту читаат ниту пишуваат на македонски јазик. Овој факт негативно се одразува врз училишниот успех на учениците кои, најчесто, во домот не ја добиваа потребната поддршка во учењето. Многу често, и родителите и учениците немаат читачки навики и ретко ја разбираат потребата од читање.По опожарувањето од 2013 год., училиштето остана и без библиотечниот фонд. Со овој проект започнуваме  активност со која сакаме да иницираме низа позитивни промени во однос на читањето и кај учениците и кај пошироката јавност и воедно да го зголемиме библиотечниот фонд кој е прилично сиромашен. Активноста се реализира со учениците од I до V одделение од комбинирани парелелки во подрачното училиште во с. Долно Српци.  

Подготвителни активности- 1.Претставување на идејата пред директорот, стручната служба и наставниците. 2. Пренамена на неупотреблив училишен тоалет во просторија за библиотека. 3. Започнување на активноста „ Мудриот раскажувач“: 

ЧИТАМ ЗА ДА РАСКАЖАМ– Книгите што учениците ги читаат, потоа, еднаш до два пати месечно, им ги раскажуваат на своите соученици  од I до V одд. По презентацијата на прочитаната книга, соучениците имаат можност,на ученикот што презентира, да му постават прашања кои се однесуваат на содржината на книгата, авторот или емоциите кои таа ги предизвикала кај него.На секој учесник во активноста му се доделува диплома за учество.  

ДОНИРАЈ КНИГА ЗА СВОЕТО ДЕТЕ– Промоцијата на активноста на социјалните мржи и повикот за донации на книги вроди плод. Бројот на донирани книги расте од ден во ден. 

УЧАМ ОД ТУЃИТЕ ПОБЕДИ И ГРЕШКИ–  Преку ликовите од прочитаните книги учениците запознаваат добри и лоши примери на човечкото  однесување, ги развиваат вештините за говорење пред публика истовремено развивајќи ја емоционалната интелигенција и усвојувајќи ги  моралните вредности и етичките норми на однесување. 

„ ПЕТКА ЗА ГОЛЕМИ И МАЛИ“ – Признанијата за вложениот труд ја зголемуваат мотивацијата за читање кај учениците а последователно и кај нивните родители кои се повеќе им помагаат при обработката на содржината на книгата и нејзината презентација пред соучениците.Полека но сигурно, се зголемува интересот на родителите за македонската и светската детска литература како и мотивацијата на мајките Албанки да го научат кириличното писмо и во многу поголема мера од досега да им помагаат на сопствените деца во усвојувањето на наставните содржини.

„ Мудриот раскажувач“ трае и понатаму, како успешен модел на активност која овозможува: збогатување на библиотечниот фонддиректно и индиректно поврзување на генерации и луѓе со различно ниво на образование, различни култури и стекнати навикименување на начинот на размислување кај сите вклучени во проектотоспособување на учениците да читаат со разбирање и развивање на вештините за полесно усно и писмено изразување пред публикапоттикнување на срамежливите ученици да излезат од сенка и  храбро да ги бранат своите  ставови и да ги презентираат заклучоците од прочитано делопоголема ангажираност на родителите во наставниот процес. Помагајќи им на учениците тие го менуваат и сопствениот став за наставата, образовниот систем и работата на наставниот кадар во училиштето. Сè повеќе ја вреднуваат работата на училиштето во целост и многу почесто учествуваат во училишните активности не оправдувајќи се со обврските околу нивите и стоката.

 

 

РАЗРЕШУВАЊЕ КОНФЛИКТИ- КОНФЛИКТИТЕ СЕ СКАЛИЛА

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието.

РАЗРЕШУВАЊЕ КОНФЛИКТИ- КОНФЛИКТИТЕ СЕ СКАЛИЛА, 

ОУ„КОЧО РАЦИН“ИВАЊЕВЦИ ПОУ С.ВАШАРЕЈЦАМарина Стојчевска

НА ТАБЛАТА СЕ ЦРТААТ 9 СКАЛИЛА ДОВОЛНО ШИРОКИ ЗА ДА МОЖАТ ДА СЕ ЗАЛЕПАТ ЦРТЕЖИТЕ ОД ПРИКАЗНАТА, НА СЕКОЕ СКАЛИЛО ПО ЕДЕН ЦРТЕЖ. 

СЕ ЧИТА ПРИКАЗНАТА  „КОНФЛИКТИТЕ СЕ СКАЛИЛА“ И УЧЕНИЦИТЕ ГИ БАРААТ СООДВЕТНИТЕ ЦРТЕЖИ И  ГИ РЕДАТ ЛЕПАТ  НА ТАБЛАТА ВО ОДНОС НА ТОА КАКО СЕ РАЗВИВА КОНФЛИКТОТ   МЕЃУ  ДВАТА ЛИКОВИ ОД ПРИКАЗНАТА СЕМИР И ЈАНА. 

ПОТОА  НА УЧЕНИЦИТЕ ИМ СЕ ЗАДАВА ЗАДАЧА ДА ИЗНАЈДАТ НАЧИНИ КАКО ДА СЕ РЕШИ КОНФЛИКТОТ ПРЕД  ДА СТИГНЕ ДО НАЈВИСОКОТО  СКАЛИЛО.УЧЕНИЦИТЕ ГИ ПРЕЗЕНТИРААТ СВОИТЕ РЕШЕНИЈА. 

УЧЕНИЦИТЕ ВО ПАР ГИ ГЛУМAT СИТУАЦИИТЕ ОД ПРИКАЗНАТА И РЕШЕНИЈАТА ЗА КОНФЛИКТОТ. 

 

УЧЕНИЦИТЕ  ВО ОВАА РАБОТИЛНИЦА  СЕ ОСПОСОБИЈА  ДА ГО ИДЕНТИФИКУВААТ ИЗВОРОТ НА КОНФЛИКТОТ, ДА ГИ СОГЛЕДААТ  РЕАКЦИИТЕ ВО КОНФЛИКТНАТА СИТУАЦИЈА И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ТАКВИТЕ РЕАКЦИИ. 

УЧЕНИЦИТЕ УЖИВАА ВО АКТИВНОСТИТЕ И МЕЃУСЕБНО КОМУНИЦИРАА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОНФЛИКТОТ КОЈ Е ЗАКАНА ЗА ДОБРИТЕ ОДНОСИ МЕЖУ ЛУЃЕТО,ДЕЦАТА И  ЗАКАНА ЗА НЕГУВАЊЕ  НА МЕЃУСЕБНИ ПОЗИТИВНИ ЧУВСТВА 

Собата од моите соништа

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

Собата од моите соништа – О.У „Кузман Jосифоски-Питу“ Kичево – КЕТИ НАУМОСКА

ЦЕЛТА НА ПРОЕКТОТ БЕШЕ ДА СЕ ИЗРАБОТИ СОБА КАКВА БИ ПОСАКУВАЛЕ ДА ИМААТ УЧЕНИЦИТЕ КАКО НИВНО СОПСТВЕНО КАТЧЕ ВО ДОМОТ. ВО ИЗРАБОТКАТА НА ПРОЕКТОТ УЧЕСТВУВАА 14 УЧЕНИЦИ ОД 8 ОДД.РАСПОРЕДЕНИ ВО ТИМОВИ: ЗА РАБОТА СО СТИРОПОР, РАБОТА СО ГРАДЕЖЕН МАТЕРИЈАЛ, РАЧНИ ИЗРАБОТКИ И ТИМ ЗА КОМПЈУТЕРСКА ОБРАБОТКА. НА ПРОЕКТОТ СЕ РАБОТЕШЕ 2-3 МЕСЕЦИ.  

ПОДЕТАЛЕН ОПИС НА АКТИВНОСТИТЕ ИМА ВО ВИДЕО МАТЕРИЈАЛОТ.  

ВО ПРОЕКТОТ УЧЕНИЦИТЕ СОРАБОТУВАА МЕЃУ СЕБЕ КАКО ВО ТИМОТ, ТАКА И СО ДРУГИТЕ ТИМОВИ. СЕКОЈ УЧЕНИК СИ ИЗБИРАШЕ ЗАДАЧА СПОРЕД НЕГОВИТЕ МОЖНОСТИ И РАБОТНИ СПОСОБНОСТИ. УЧЕНИЦИТЕ ЗАЕДНО ГО НАБАВУВАА МАТЕРИЈАЛОТ, СЕ ДОГОВАРАА ШТО БИ ОДГОВАРАЛО ЗА ИЗРАБОТКА НА ОДРЕДЕН ДЕЛ НА СОБАТА, СИ ПОМАГАА И КОНСУЛТИРАА КАКО СО НАСТАВНИКОТ ТАКА И СО ХАУС МАЈСТОРОТ ПА И ДРУГИ ЛИЦА ОД ЛОКАЛНАТА СРЕДИНА (ГРАДЕЖНИЦИ, ЕЛЕКТРИЧАРИ И РОДИТЕЛИ). ВО ПРОЕКТОТ БЕА ЦЕЛОСНО АНГАЖИРАНИ И РАБОТАТА ИМ ПРЕТСТАВУВАШЕ ЗАДОВОЛСТВО И РЕКРЕАЦИЈА, А НЕ НАПОР. СО ДАВАЊЕТО НА СВОИ ИДЕИ ЈА ЗАЈАКНАА СВОЈАТА ИНДИВИДУАЛНОСТ И САМОДОВЕРБА. 

ДОЈДЕ ДО ИЗРАЗ КРЕАТИВНОСТА НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА СВОЕ КАТЧЕ ВО ДОМОТ. УЧЕНИЦИТЕ СЕ САМИ СВОИ МАЈСТОРИ И ДИЗАЈНЕРИ, СЕ ОСТВАРИ КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ УЧЕНИЦИ ОД РАЗЛИЧНИ ПАРАЛЕЛКИ. КАЈ УЧЕНИЦИТЕ  СЕ СТВОРИЈА ВЕШТИНИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ, РАКУВАЊЕ СО РАЗНИ ВИДОВИ АПАРАТИ, СЕ СОЗДАДОА РАБОТНИ НАВИКИ, СЕ СТЕКНАА СО ЗНАЕЊА КОИ МОЖАТ ДА ИМ ПОМОГНАТ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ  ЖИВОТ, СО ЕДЕН ЗБОР ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=90OjyIr3SRA&t=43s