Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Проект „Од Дневникот на Ана Франк“, Анита Мирчева, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес 

Опис на  активноста: 

Во процесот на образование, воспитување и социјализација на младите, и добивање трајни знаења, голема улога игра активното вклучување на учениците во наставата.  Водени од таа мисла изработивме проект за наставната содржина „Од Дневникот на Ана Франк“, вистинита приказна во која се покажува прогонувањето на луѓето  од нивната родна грутка,  истребувањето на оние кои се различни,  омразени и неприфатени од другите.  Учениците за изработката на проектот беа поделени во групи и секоја група имаше своја задача, а проектот се работеше во две фази и тоа: Истражување и едукација; и Изработка на презентации, музички – поетско перформанс, предлог за изработка на видео игра на тема „Од дневникот на Ана Франк“, пишување пораки „За сите деца…“ и изработка на стрип. Во совладувањето на наставната содржина се вклучуваа и разни мисловни игри, квиз натпревар, како и хуманитарна акција за училиштен прибор што беше дониран на деца без родители сместени во згрижувачки семејства. Преку изработката на проектот се согледуваат катастрофалните ефекти од војната врз децата и последиците, но се развива и сочуствителноста, вербата во себе и давањето помош. Континуирано имаше корелација со наставниот предмет Историја.   

Цели: Директна – *Разбирање на сериозни теми како што се војна и страдање (особено кај децата)
–  Индиректна: *Разбирање на бегалците и зголемување на свеста за нивно прифаќање 

– Интер меѓудисциплинарни:  *Мирни методи за справување со конфликти и разбирање на геополитичките услови; 

*Зголемување на соработката на учениците, наставниците и родителите; * Ширење на мрежата на пријателство преку запознавање и почитување на културата, традициите, разликите; *Подобрување на комуникацијата и меѓусебно помагање; 

– Психолошки, социолошки, просоцијални: *Емпатија, великодушност, прифаќање. 

Рефлексија од примена на активноста во пракса:  

-Стекнување на нови и трајни знаења кај учениците;  

-Реализација на дел од наставата преку практична настава надвор од училница;  

-Директен контакт на учениците со надворешниот свет;       

-Зголемување на интересот кај учениците за истражување и набљудување како дел од наставниот процес; 

– Учење преку согледување и истражување;  

– Добивање на поголеми и поинтересни факти, податоци и знаења, кои ќе се помнат многу подолго кај учениците;  

– Социо – културни аспекти и придобивки од реализацијата на овој проект: 

Дружење и социјализација на учениците, развивање на чувство за припадност и ширење и зацврстување на пријателството; 

– Креативност, амбициозност;

  

Leave a Reply