„ГРБ ДО ГРБ“, НАТАША ЃОРЃИОСКА, ООУ„ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“ СКОПЈЕ 

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

„ГРБ ДО ГРБ“, НАТАША ЃОРЃИОСКА, ООУ„ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“ СКОПЈЕ 

Опис на активноста:

СЕКОЈ ОД УЧЕНИЦИТЕ ДОБИВА ЗАДАЧА ДА НАЦРТА ЕДЕН ПРЕДМЕТ НА ЛИСТ ХАРТИЈА. ПОТОА НАСТАВНИКОТ ГИ СОБИРА ЛИСТОВИТЕ, ГИ МЕША И ПОВТОРНО ГИ ДЕЛИ НА УЧЕНИЦИТЕ СО ШТО СЕКОЈ БИ ДОБИЛ РАЗЛИЧЕН ПРЕДМЕТ ОД ОНОЈ КОЈ ГО НАЦРТАЛ. 

ПОТОА УЧЕНИЦИТЕ СЕ ГРУПИРААТ ПО ДВАЈЦА (ТАНДЕМИ), СЕДНАТИ ЕДЕН ДО ДРУГ СО СВТРЕНИ ГРБОВИ.  

СЕКОЈ УЧЕНИК ДОБИВААТ ЗАДАЧА ДА ГО ОБЈАСНИ/ОПИШЕ СВОЈОТ ЦРТЕЖ НА ДРУГАРЧЕТО, А ТОА ПАК, ТРЕБА ДА ГО НАЦРТА ПРЕДМЕТОТ НАЈБЛИСКУ ДО ТОА ШТО Е НА СЛИКАТА, ПРИТОА ДА НЕ ГО ВИДИ. 

ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА АКТИВНОСТА ДЕЦАТА СИ ГИ СПОРЕДУВААТ ЦРТЕЖИТЕ И ОТКРИВААТ ДАЛИ И КОЛКУ БЛИСКУ ГО НАЦРТАЛЕ СО ДАДЕНАТА СЛИКА. 

НА КРАЈОТ ОД ЧАСОТ СЕ ДИСКУТИРА СО УЧЕНИЦИТЕ ШТО БИЛО ПРЕСУДНО ЗА УСПЕШНОСТА НА ОВАА АКТИВНОСТ И СЕ ДОВЕДУВААТ ДО ЗАКЛУЧОЦИ ДЕКА НАЧИНОТ НА КОМУНИЦИРАЊЕ Е МНОГУ БИТЕН ФАКТОР ЗА ДА МОЖАТ УСПЕШНО ДА ФУНКЦИОНИРААТ ВО ОПКРУЖУВАЊЕТО. 

Рефлексија:

ВО ТЕКОТ НА АКТИВНОСТА ОДРЕДЕНИ УЧЕНИЦИ ДОАЃАА ДО КОНФЛИКТИ НА КОИ НАСТАВНИКОТ НЕ РЕАГИРАШЕ, САМО НАБЉУДУВАШЕ. ТИЕ НЕ МОЖЕА ДА ГО РАЗБЕРАТ ДРУГАРЧЕТО ПРИ НЕГОВИОТ ОПИС ЗА КОЈ ПРЕДМЕТ СТАНУВА ЗБОР. НО СО ТЕКОТ НА ВРЕМЕТО УЧЕНИЦИТЕ СЕ ТРУДЕА И ИЗНАОЃАА РАЗНИ НАЧИНИ ДА ГО ОБЈАСНАТ СВОЈОТ ПРЕДМЕТ ЗА НА КРАЈ АКТИВНОСТА ДА РЕЗУЛТИРА СО УСПЕХ. 

УЧЕНИЦИТЕ УВИДОА ДЕКА ВО КОМУНИКАЦИЈАТА СО ЛУЃЕТО Е ПОТРЕБНА ТОЛЕРАНЦИЈА, ТРПЕЛИВОСТ, УПОРНОСТ И ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИКИТЕ.