И СЛИЧНИ И РАЗЛИЧНИ, ЛИЛЈАНА ФАНКОСКА, ОУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ – ОХРИД 

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

„И СЛИЧНИ И РАЗЛИЧНИ“, ЛИЛЈАНА ФАНКОСКА, ОУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ – ОХРИД

Опис на активноста:

УЧЕНИЦИТЕ СЕ ДЕЛАТ ВО МАЛИ ГРУПИ ПО ТРОЈЦА. СЕКОЈА ГРУПА ДОБИВА ПО ЕДЕН ПРИМЕРОК ОД РАБОТНИОТ ЛИСТ ЗА УЧЕНИЦИ  

СО ЗАДАЧА ЗАЕДНИЧКИ ДА ГО ПОПОЛНИ НА СЛЕДНИОТ НАЧИН: СЕКОЈ СИ ИЗБИРА ПО ЕДЕН КРУГ ЗА СЕБЕ И НАД НЕГО ГО ЗАПИШУВА СВОЕТО ИМЕ. СЕКОЈ СИ ЗАМИСЛУВА СПИСОК НА РАБОТИ ШТО САКА И/ИЛИ НЕ САКА ДА ГИ ПРАВИ. НИЗ ДИСКУСИЈА СО ДРУГИТЕ ВО ГРУПАТА, СЕКОЈ УЧЕНИК ТРЕБА ДА ОТКРИЕ КОИ ОД ТИЕ РАБОТИ СЕ ОДНЕСУВААТ САМО ЗА НЕГО, КОИ РАБОТИ МУ СЕ ЗАЕДНИЧКИ СО СЕКОГО ОД ДРУГИТЕ ДВАЈЦА УЧЕНИЦИ ВО ГРУПАТА И КОИ РАБОТИ СЕ ЗАЕДНИЧКИ ЗА СИТЕ ТРОЈЦА УЧЕНИЦИ ВО ГРУПАТА. ПО ЗАВРШУВАЊЕ СО РАБОТАТА ВО РАБОТНИТЕ ЛИСТОВИ, УЧЕНИЦИТЕ СЕДНУВААТ ВО КРУГ. НАСТАВНИЧКАТА НА ТАБЛА ГИ ЗАПИШУВА ЗАЕДНИЧКИТЕ НЕШТА (ОСОБЕНО ОНИЕ ЗАЕДНИЧКИ ЗА СИТЕ ТРОЈЦА ВО ГРУПАТА). ПОТОА БАРА И ЗАПИШУВА ДЕЛ ОД НЕШТАТА ШТО СЕ ПОКАЖАЛЕ КАКО ЕДИНСТВЕНО ВАЖЕЧКИ ЗА НЕКОИ ОД УЧЕНИЦИТЕ. ЗАЕДНИЧКИ КОНСТАТИРААТ ДАЛИ ОВИЕ НЕШТА СЕ СÉУШТЕ ЕДИНСТВЕНИ АКО СЕ ВКЛУЧАТ СИТЕ УЧЕНИЦИ ОД ГОЛЕМАТА ГРУПА. 

Рефлексија:

КОГА Е ГРУПАТА ХОМОГЕНА (СОСТАВЕНА ОД ВРСНИЦИ) МНОГУ ЛЕСНО МОЖАТ ДА СЕ НАЈДАТ ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕСИ. НЕШТАТА ПО КОИ МИСЛИМЕ ДЕКА СЕ РАЗЛИКУВАМЕ ЗАТОА ШТО ОБИЧНО СЕ СПОРЕДУВАМЕ СО ПОМАЛ КРУГ ВРСНИЦИ, СЕ ЈАВУВААТ КАКО СЛИЧНОСТИ СЕКОГАШ КОГА ВО СПОРЕДБАТА ЌЕ СЕ ВКЛУЧАТ ПОВЕЌЕ ЛИЦА. РАЗЛИЧНОСТИТЕ СЕ ОДРАЗ НА ИНДИВИДУАЛНОСТА. ДА СЕ БИДЕ ЛИЧНОСТ СО СВОИ СПЕЦИФИЧНОСТИ Е СЕКОГАШ ПОДОБРО ОТКОЛКУ ДА СЕ БИДЕ КОПИЈА НА ДРУГИТЕ.