,, НИЕ СМЕ ВИНОЖИТО”, СУЗАНА СПИРКОВСКА, ООУ ,, КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ” Скопје

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

Опис на активноста:

Воведни активности: 

Игровна активност  – Сите деца стојат во круг и со броенка се избира едно дете кое ќе стои во средина. Тоа треба да зазмисли една националност во РМ и ја кажува првата буква.Другите треба да го погодат поимот.Игровните активности се повторуваат неколку пати 

Тек на часот:

Секој ученик добива по еден примерок од работниот лист ,,Исти разлики,, со задача самостојно да го пополни наведувајќи по три сличности и по три разлики меѓу себе и другите категории луѓе.Откако сите ќе го пополнат работниот лист ,се формираат мали групи со 4-5 ученика.Учениците добиваат задача да ги споредат одговорите во рамките на малите групи. 

Дискусија:  

1.Дали беше возможно за сите категории да се смислат сличности и разлики? 

2.Што ви беше полесно да смислите,сличностите или разликите?Зошто? 

3.Дали за различни категории за различни работи ви беше потешко да смислите? Зошто? 

4.Кои сличности се поспецифични –тие со другарите или тие со луѓе од друга националност? А разлики? 

Ученикот

Работи во групата во која е определен, ги согледува  сличностите/разликите и ги одбира тие кои се соодветни за нивната група(донесува заклучоци).Смислува содржина за презентирањето. Врши презентирање на изработката на групата.  

Активно учествува во дискусијата по дадените прашања и дава соодветни одговори. 

Со броенка се одредува едно дете да биде ,,сокол,, и едно дете да биде ,,кокошка,,.Останатите деца беа ,,пилиња,,.Малите пилиња се редат едно зад друго во линија зад кокошката и треба да се држат со рацете за рамената како за ,,вовче,, Кокошката ги предводи пилињата и трча низ училницата,а пилињата не смеат да се отпуштат едно од друго.Соколот кружи околу нив и ако види дека некое пиле се отпуштило ,веднаш  застанува меѓу него и претходното пиле и со тоа се претвора во пиле,а детето што се отпуштило сега станува сокол. 

Рефлексија: 

*Постигањата: 

Учениците изработија книга за полесно да ги сфатат сличностите и разликите со своите другари и  со деца од друга националност. 

* Потешкотиите: 

Изговарање на зборови на нивниот јазик, разбирање на песните и религијата. 

* Импликации за во иднина:Почесто да се обрнува внимание на сличности и разлики со други националности (музика, носии, јазик, религија…). 

Rispondi