РЕЦИКЛИРАЊЕ, АНИТА КОЦЕВСКА, ООУ„РАЈКО ЖИНЗИФОВ“- ОРИЗАРИ-ВЕЛЕС 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

РЕЦИКЛИРАЊЕ, АНИТА КОЦЕВСКА, ООУ„РАЈКО ЖИНЗИФОВ“- ОРИЗАРИ-ВЕЛЕС 

Опис на активноста:

Оваа активност се состои од два дела: 

1.Собирање на стара хартија и пластични шишиња 

2.Изработка на предмети од рециклиран материјал 

Учениците имаа за задача најпрво да донесат стара хартија и пластични шишиња,од кои изработија предмети кои може да ги користат во секојдневниот живот ( пр.изработија украсни чаши ,украсни кошнички и полици во кои може да го чуваат школскиот прибор). 

Преку оваа активност учениците се поттикнуваат на размислување за: 

 -Намалување на отпадот- со купување на артикли кои навистина ни се потребни или со купување на производи кои не ја содржат непотребната амбалажа. 

-Повторна употреба-повторна употреба на амбалажа,повторно полнење на пластични шишиња и садови,повторно користење на пластични кеси,подарување на стари играчки,книги,облека,бела техника,мебел итн.  наместо да ги фрламе. 

-Рециклирај-разделување на предметот на неговите составни делови и правење на нов предмет. 

Материјал кој се рециклира-пластика,стакло,метал,хартија,текстил 

Рефлексија:

Целта на оваа активност е учениците да разберат дека,ако го намалиме,повторно употребиме и рециклираме нашето ѓубре,ќе фрламе помалку отпад, а со тоа ќе ја заштитиме и чуваме чиста нашата животната средина.