Пријава за учество на конкурс  ,,ProSocialValues работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието. Игровни активности – ОУ „Кочо Рацин“ Охрид – Виолета Петковска 

 

Во училишниот двор  се пребројуваме и при тоа секој ученик си има број во раката,ги броиме дрвцата и ставаме броеви. Се враќаме во училница,играме и броиме со балони,ја броиме и ужинката што ја носат. Учениците ги делам во групи,решаваат задачи со собирање и одземање користат коцки,машина Збирко и Разлико,си помагаат меѓусебе и ги извлекуваат точните решенија. Завршна активност,цело одделение ја игра играта”Не лути се човече’

Учениците постепено се воведуваа во активностите,зголемувајќи ја мотивацијата,интерес и желба за учење,дружење,меѓусебно помагање,емпатија кон другарчето во игрите, почитување фер плеј.

 

 

Leave a Reply