Јаболко за секого

                             

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“   за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Гордана Џокоска

ООУ Блаже Конески-Прилеп 

ОПИС НА АКТИВНОСТА

Посета на дом за стари лица во прилеп по повод ден на јаболкото –кој го организира основното училиште, од страна на ученици од 2 одделение од ооу „Блаже конески“. 

Донирање на украсени јаболка со пораки,заедничка приредба. 

Учениците од вторите одделенија по повод денот на јаболкото го посетија домот за стари во прилеп.притоа на жителите во домот им поделија јаболка со позитивни пораки поврзани со јаболкото и им прикажаа пригодна приредба за да им внесат светлост во нивните животи.

 

                                                                                           Рефлексија од примена на активноста во пракса 

-да дадеш за да ти се врати, дел од животните правила 

-љубов и почит кон постарите затоа што секој ги поминува сите фази од човековиот живот од раѓање до старост 

-силни интерактивни врски и соработка со други институции од локалната средина 

– Подигање на свеста на учениците за помагањето и дарувањето како вежен сегмент од нивниот живот. 

 

 

РАБОТИЛНИЦА ; ЗАГУБЕНОТО ДРУГАРСТВО

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

РАБОТИЛНИЦА – ЗАГУБЕНОТО ДРУГАРСТВО, ЗЛАТИЦА АПОСТОЛОВ, ООУ ЈАН АМОС КОМЕНСКИ-СКОПЈЕ 

Опис на  активноста: 

ВОВЕДНА АКТИВНОСТ: 

  • ИГРА-ЕМОЦИИ 

(Наставникот има претходно подготвени апликации на кои се прикажани емоции.Учениците имаат за задача да извлечат една апликација, истата да ја опишат и да дадат пример доколку се чувствувале така како што е прикажано на сликичката, да дадат опис на случката и да објаснат зошто се чувствувале луто, среќно,тажно…) 

 

  • ПРЕЗЕНТАЦИЈА- (КОНФЛИКТНА СИТУАЦИЈА ПОМЕЃУ ДРУГАРЧИЊА) 
  • (Наставникот има претходно подготвена презентација со слики  на кои се прикажани две деца, момче и девојче ,кои на првиот слајд разговараат љубезно, на вториот слајд се во конфликтна ситуација, а на третиот слајд се разделуваат без да си подадат рака, го губат другарството.) 

 

РАЗГОВОР ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

  • (Наставникот им поставува на учениците прашања во врска со проследената презентација; Што забележале? Каков е изразот на лицата на децата? Како се разделија на крајот? Дали на некого од вас му се случила слична случка?Објаснете)

ГЛАВНА АКТИВНОСТ: 

  • ЧИТАЊЕ НА ПРИКАЗНА”ЗАГУБЕНОТО ДРУГАРСТВО”  
  • (Наставникот ја читаприказната:”Загубено другарство” 

Сашка и Сашко биле најдобри другари. Тие учеле во исто одделение. Еден ден наставничката им дала домашна задача.Но, бидејќи времето било сончево, Сашко решил да игра фудбал, надвор пред неговата зграда, со своите другари.Приквечер кога се вратил дома, го обземала возбудата од фудбалот кој го играл со другарчињата, и заборавил да ја напише домашната задача. Следниот ден кога дошол во училиште се сетил дека има домашна задача, а дека тој не ја напишал. За тоа и се доверил на Сашка. Кога наставничката влегла во училница и прашала дали сите имаат напишано домашна задача, Сашко молчел, а Сашка без да размисли веднаш го издала Сашко на наставничката дека тој денес нема домашна задача. Наставничката го опоменала Сашко за неговата неодговорност пред целото одделение. Сашко се засрамил и бил многу тажен и гневен, особено што не очекувал дека ќе го издаде неговата најдобра другарка. Кога завршиле часовите, Сашко и Сашка многу се искарале и двајцата тажни си отишле дома.  

( Автор на приказната: Проф. по одд. настава : Златица Апостолов)  

  • РАЗГОВОР ЗА ПРИКАЗНАТА (НАСАВНИКОТ ПОСТАВУВА ПРАШАЊА :ЗА ШТО СЕ ЗБОРУВА ВО ПРКАЗНАТА? ЗОШТО СЕ СКАРАЛЕ ДРУГАРЧИЊАТА?ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ РЕШИ КОНФЛИКТОТ?КАКО МОЖЕ ДА ГО РЕШАТ КОНФЛКТОТ? 
  • Наставникот ги спроведува и објаснува следниве активности: 
  • АКТИВНОСТ1: РАБОТА ВО ГРУПИ  

Размислете и запишете во работниот лист како би било најдобро да се реши конфликтот ? Зошто сметате дека тој е најдобриот начин за негово решавање? 

 

  • ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАВРШЕНАТА АКТИВНОСТ НА ГРУПИТЕ 
  • (Секоја група ги презентира своите одговори,мислења и ставови) 
  • АКТИВНОСТ2: РАБОТА ВО ПАРОВИ 

Напишете текст по улоги во кој ќе наведете почит, помагање, взаемно почитување,меѓусебна соработка, емпатија на тема:” Другарството е нешто свето” . 

  • ИГРАЊЕ ПО УЛОГИ НА НАПИШАНИОТ ДИЈАЛОГ 
  • (Секој пар игра по улоги- драматизира  ,такашто го презентира својот напишан дијалог) 
  • АКТИВНОСТ3: РАБОТА ВО ПАРОВИ 

Напишете 5 поими кои ќе ги подредите такашто на она што му давате најголем приоритет ќе го запишете на врвот на  пирамидата на другарство. 

  • ЗАКАЧУВАЊЕ НА ПИРАМИДИТЕ НА ДРУГАРСТВО НА ПАНО ВО УЧИЛНИЦАТА. 
  • (Секој пар објаснува кој поим стои во пирамидата и на кое место,објаснува и зошто конкретниот поим што е на врвот на пирамидата е ставен токму таму на најзначајното место) 
  • АКТИВНОСТ4: ИНДИВИДУАЛНА РАБОТА 

Напишете неколку цитати за другарство! 

ЧИТАЊЕ НА НАПИШАНИТЕ ЦИТАТИ. 

( Учениците напишаните цитати ги читаат пред целото одделение ) 

ЗАВРШНА АКТИВНОСТ: 

  • СЛУШАЊЕ НА ПЕНАТА “ДРУГАРСТВО”. 

( Наставникот им пушта песна на учениците,а тие ја слушаат  ) 

  • РЕФЛЕКСИЈА 

Рефлексија од примена на активноста во пракса: 

Поставените цели беа реализирани  и  разбрани  од страна на учениците.  Очекуваните исходи беа постигнати во целост . Со големо  задоволство учениците ги работеа активностите .Во текот на работилницата имаше позитивна клима за работа.  

Во работата во групи учениците беа многу јасни и конкретни со многу идејни решенија како на позитивен начин да се реши конфликтната ситуација.Во втората активност креативноста дојде до израз при пишување на тесктот по улоги и драматизацијата. 

Третата активност изнуди насмевка на детските лица , бидејќи се двоумеа кој поим да го запишат на врвот на пирамидата, дојдоа до закчучок дека сите поими се подеднакво важни за другарството. 

Во четвртата активност запишаа интересни мисли за другарството , секој ученик на свој начин , според свои мислења,ставови и согледувања.Презентираа со големо задоволство.Соработуваа меѓе себе. Интеракцијата ученик-ученик беше застапена во голем дел од текот на работилницата. 

Играта со емоциите ја играа со натпреварувачки дух, секој да каже за некоја негова случка кога имал некоја емоција во себе.  

На крајот со задоволство ја слушаа песната и направивме заедно рефлексија за часот. Кажаа дека сакаат вакви интересни работлници, дека одлично се чувствувале и дадоа заклучок од целокупната работилница.  

МОЈОТ ДРУГАР МИ ПОМАГА, МЕ ПОДДРЖУВА, МЕ САКА, СЕ ГРИЖИ ЗА МЕНЕ….

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

МОЈОТ ДРУГАР МИ ПОМАГА, МЕ ПОДДРЖУВА, МЕ САКА, СЕ ГРИЖИ ЗА МЕНЕ…., ТАТЈАНА ПЕТРЕСКА, ООУ „МАНЧУ МАТАК“ С. КРИВОГАШТАНИПРИЛЕП 

Опис на  активноста: 

НА УЧЕНИЦИТЕ ИМ БЕШЕ ЗАДАДЕНА ЗАДАЧА ДА ГО ОПИШАТ СВОЈОТ НАЈДОБАР ДРУГАР ОПИШУВАЈЌИ ГИ НЕГОВИТЕ ФИЗИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ И КАРАКТЕРНИ ОСОБИНИ. УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВО, ВТОРО И ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ ТОА ГО ИЗРАЗИЈА ПРЕКУ ЦРТЕЖ, А ЧЕТВРТО И ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ ПРЕКУ ПИСМЕНА ФОРМА.  

НАСТАВНИКОТ ГИ ЧИТАШЕ ОПИСИТЕ ЕДЕН ПО ЕДЕН, ИЛИ ПАК ГО ПОКАЖУВАШЕ ЦРТЕЖОТ, А УЧЕНИЦИТЕ ТРЕБАШЕ ДА ПОГОДАТ ЗА КОГО СТАНУВА ЗБОР. ЦЕЛТА НА ОВАА АКТИВНОСТ БЕШЕ УЧЕНИЦИТЕ ДА СЕ ЗАПОЗНААТ ПОДОБРО МЕЃУСЕБЕ ПРЕКУ ПОЗИТИВНИ ОСОБИНИ И НА ТОЈ НАЧИН ДА СТАНАТ СВЕСНИ ЗА МИСЛЕЊЕТО НА ДРУГИТЕ ЗА НИВ И ВЕРБАТА ВО НИВНИТЕ ПОЗИТИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ. ОВИЕ КАРАКТЕРИСТИКИ СЕКОЈДНЕВНО ТРЕБА ДА СЕ НЕГУВААТ И ПОДОБРУВААТ СЕ СО ЦЕЛ ДА СТАНАТ ЛИЧНОСТИ КОИ ЌЕ ПРУЖАТ ПОДДРШКА, РАЗБИРАЊЕ, ПОЧИТ, ЉУБОВ …. 

ПОТОА НАСТАВНИКОТ ИМ ПОДЕЛИ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ЧЕТВРТО И ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ НАСТАВЕН ЛИСТ СО ТЕКСТ ОД ПЕСНАТА IMAGINE ОД ЏОН ЛЕНОН, НО СЕГА ПРЕПЕАНА ОД ДЕТСКАТА ГРУПА UNITED KIDS, ШТО Е ПОДДРЖАНА ОД UNICEF. ВО ТЕКСТОТ НЕДОСТАСУВАА ЗБОРОВИ ШТО ОЗНАЧУВААТ ЉУБОВ, ДРУГАРСТВО, МИР, ЕМПАТИЈА…  

НАСТАВНИКОТ ИМ ЈА ПУШТИ ПЕСНАТА  ДА ЈА СЛУШНАТ НЕКОЛКУ ПАТИ А НИВНАТА ЗАДАЧА БЕШЕ ДА ГИ ДОПОЛНАТ ИСПУШТЕНИТЕ ЗБОРОВИ. НА ТОЈ НАЧИН СЕ ЗАПОЗНАА СО ВОКАБУЛАР НА ОВАА ТЕМА И НАУЧИЈА НОВИ ЗБОРОВИ. УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВО ВТОРО И ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ ГИ НАЦРТАА ЗБОРОВИТЕ КАКО ЉУБОВ, МИР И ДРУГАРСТВО, ОНАКА КАКО ШТО ТИЕ ГИ ДОЖИВУВААТ.

Рефлексија од примена на активноста во пракса:  

АКТИВНОСТ ОД ВАКОВ ТИП ИМАШЕ ПОЗИТИВНО ВЛИЈАНИЕ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ЗАТОА ШТО БЕА ЗАДОВОЛНИ И СРЕЌНИ СО ОНА ШТО ГО НАПИШАА НИВНИТЕ ДРУГАРЧИЊА ЗА НИВ. БЕА РАДОСНИ БИДЕЈЌИ БЕА ОПИШАНИ СО ЗБОРОВИТЕ: МОЈОТ ДРУГАР МИ ПОМАГА, МЕ ПОДДРЖУВА, МЕ САКА, СЕ ГРИЖИ ЗА МЕНЕ….  

 

 

 

 

Занимлива и поучна работилница,едукација-Без вербална комуникација

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Bерче Петрова 

ОУ „Живко Брајковски“ 

 

Занимлива и поучна работилница,едукација-Без вербална комуникација

Опис на активноста

вовед: – На почеток на часот ги воведов во темата – битноста на невербална комуникација. преку интеракција дојдовме до заклучок дека комуникацијата е процес на размена на информации на вербален и невербален начин.  

главен дел:во еден сад беа ставени 20 ливчиња во 10 различни бои. од секоја боја имаше по две ливчиња,секој ученик влечеше ливче мижејќи,а потоа според бојата на ливчето се распореди ја во парови. 

– на секоја клупа имаше по еден лист и по едно пенкало. секој ученик имаше задача да ја илустрира својата тема запишана на  ливчето на заедничкиот  лист,користејќи едно исто пенкало без вербална комуникација.ПР: еден ученик да претстави есен, другиот зима.  

– следеа различни реакции од учениците,смеење, недоверба, како и тегнење со пенкалото, делење на листот на пола,прво едниот да црта, па другиот и сосема очекувано некои парови не ја зврши ја својата задача 

завршен дел: по завршената задача иницирав дискусија која се однесуваше на:  – како се чувствувавте при извршување на зададената задача?   – ја сфативте ли важноста  на невербалната комуникација?  – како комунициравте и дали комунициравте? – може ли да се работи во парови без да се комуницира?- дали дојдовте до заклучок што се спаѓа во невербална комуникација

 

 

 

                                               

Рефлексија од примена на активноста во пракса 

 

  • битноста на комуникацијата, вербална или  невербална, како во нашиот случај 
  • ја сваќаат важноста на невербална комуникација и што всушност е таа,стануваат свесни за невербалната комуникација 
  • целта, зададената задача – може да се оствари со помош на успешна комуникација 
  • научија невербално да комуницираат 
  • за добра комуникација, покрај вербална важна е и невербална комуникација 

пријателство – споредба на пријатството помеѓу момчиња и девојчиња- заеднички карактеристики за одржување на пријателството

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Пријателство споредба на пријатството помеѓу  момчиња и девојчиња- заеднички карактеристики за одржување на пријателството

Златка Кочоска

ООУ “Кире Гаврилоски– Јане – Прилеп

                                                                                                           Опис на  активноста  

На секој ученик им беше поделен по еден лист хартија на кој треба да напишат кое им е најверното другарче и која е карактерната особина која ја сакаат кај него, на пр.: добар, смешен, ми помага и сл. Кога беа готови секој ученик  си го претстави најдоброто другарче. 

Наставникот зададе задача да се одредат особините и карактеристиките на еден другар кај машките и кај женските. со наизменично излегување на табла ги напишавме најважните особини којшто еден другар треба да ги посетува. 

Учениците на крај на активноста сами заклучија дека лојалноста, помагањето и меѓусебното дружење е најважно да се задржи и негува пријателството. 

Потоа учениците ги покажуваа начините на отпоздравување, групна активност на игра со топка и игра на асоцијација во која активно учествуваше целото одделение и со тоа покажаа дека е убаво кога сите се сложни и го совладуват новиот вокабулар преку игра. 

На крајот на часот им беше презентиран краток анимиран филм за којшто потоа одговорија на прашањата: кои се глaвни личности? која е пораката што ни ја пренесува овој анимиран филм?       

 

                                                                               Рефлексија од примена на активноста во пракса 

Учениците беа пресреќни што имаа можност да научат нешто повеќе за пријателството и како треба да го негуваат истото, односно дека треба да си помагаат, поддржуваат и почитуваат.  

истотака беа мошне заинтересирани за активностите и со голем ентузијазам ги изведоа бидејќи наидоа на совладување на наставните содржини на интересен начин.