Реализирани активности во рамките на проектот ПРОСОЦИЈАЛНИ ВРЕДНОСТИ

Учениците од II3 одделение, од нашето училиште, реализираа активности во рамките на проектот ПРОСОЦИЈАЛНИ ВРЕДНОСТИ. По покана на  родител(претприемач) и  во соработка со локалната средина, учениците, наставничките и група родители заедно,  остварија посета на Маркетот „Тинекс“ во рамките на ТЦ„Зебра“ . Учениците имаа за цел преку заедничка дружба, соработка и непосредна комуникација да се запознаат со здравата храна, потекло и начин на одржување, запознавање со нови видови овошје и зеленчук кои се одгледуваат и растат во различни поднебја од нашето, да развиваат одговорен однос кон храната, да се поттикнува претприемачки дух и промовирање на етичко однесување на јавни места.

http://oukimcentar.edu.mk/index.php/galerija/foto-galerija/category/63-2018-11-12-22-43-00

Во вториот дел од активноста се реализира ликовно изразување-сликање со основна боја, мотив „Црвени јаболка“.

Преку театарска игра до емпатија (методот на “театар на угнетените“)

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

Преку театарска игра до емпатија (методот на “театар на угнетените“) 

Јазичен Центар “Step by Step” Скопје 

Сандра Грујевска 

Работилниците се инспирирани од практиките на “театарот на угнетените“ на Аугусто боал, тетарска методологија која ги подготвува и оспособува луѓето, односно учениците да го трансформираат општество, односно однесувањето во училницата преку теАтарска игра. на тој начин им се дава алатка на педагозите да ги надминат непријатните и несакани случувања во училиштето. Оваа методологија претставува театарска игра во која проблемот е прикажан во една нерешена форма, гледачите постануваат “глед-актери“ и се поканети самите да сугерираат и донесат решенија. Проблемот е најчесто угнетување и генерално вклучува видлив угнетувач и протагонист кој е угнетуван. играта е форма на натпревар помеѓу глед- актерите кои се обидуваат да и дадат поинаков крај на драмата. Глед-актерите се учесници во создавањето на драмата- тоа е нивниот конфликт, нивните светови и животни искуства кои сакаме да ги решат. работилницата започнува со приказ на приказна во која се случува одреден немил училишен настан помеѓу ученик, негов соученик и наставник. истата таа приказна ученици-доброволци се обидуваат да ја драматизираат на нивен начин, секој со своја улога. откога ќе ја одглумат приказната, учителот ги замолува да ја одиграат уште еднаш, меѓутоа овој пат  ги поканува и учениците од публиката (глед-актерите) да се приклучат со тоа што ќе извикаат СТОП! веднаш штом почуствуваат дека можат да променат некоја улога, односно да дадат поинакво однесување и тек на приказната. тогаш тие ги менуваат местата и стануваат актери само со нивна верзија на случката и како тие би постапиле во дадената ситуација и како би ја спречиле неправдата.    

 

Секој ученик има можност да се стави и во двете или трите страни на приказната односно немилиот настан и да го почуствува однесувањето на секој карактер. секој ученик кој е дел од оваа драма си го поставува прашањето како јас би постапил во оваа ситуација? како би ја спречил оваа неправда? зошто секој актер во приказната постапил онака како што постапил?  

рефлексијата и искуството од оваа активност кај секој еден ученик побудува многу прашања, степен на самокритичност и себеспознавање.  

Со давање на учениците моќ во креирање и трансформирање на драмата, тие се подготвуваат да учествуваат во театарот на животот. Користејќи ја оваа методологија, учениците ги откриваат основните причини за проблемите и кои внатрешни и надворешни фактори ги блокираат од ефективна и разумна акција. тие можат да го “гледаат“ нивниот проблем, “анализираат“ и “дејствуваат“ за да ја промеНАТ СИТУАЦИЈАТА ВО НИВНАТА УЧИЛНИЦА

 

 

MACEDONIA mayo 2019

For five days we had the opportunity to be part of the program “Values Prosocia” in Macedonia. During those days I remember special moments like, the visit to the schools, where we were able to experience the values of this country who was welcoming us.

I would like to highlight one of the most exciting moments for me from the Conference for teachers. It was undoubtedly during the radio workshop that was carried out by students of the CEIP “Miguel de Cervantes” of Valladolid, Spain.

I remember it as follows:

The student presenting the Radio Program starts with a round of questions in English to the Macedonian students, inside the public we had an unexpected volunteer, Tamara. A student with an intellectual disability willing to participate in the program as a protagonist. And nothing special and at the same time, everything happens at that moment: The Spanish student asks her name in English, she does not understand the question very well and answers something else, when a Macedonian classmate notices, reacts immediately as an interpreter and translates to Macedonian the questions that she asks they are doing.

This is the magic goal that this inclusive education tries to reach: Facilitate spaces, resources, tools and give prominence to the protagonists, the rest comes by itself.

Струјно коло, ДАНИЕЛА ПЕЛТЕКОВСКА, МАРИНА ВАСИЛЕВСКА-СТОЈАНОВСКА, ООУ ,,СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”-МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Струјно коло, ДАНИЕЛА ПЕЛТЕКОВСКА, МАРИНА ВАСИЛЕВСКА-СТОЈАНОВСКА, ООУ ,,СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”-МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 

Опис на активноста:

Оваа тема ги запознава учениците со концептот на електрична енергија и како таа се користи во секојдневните животи.  

Таа исто така ги запознава со опасностите поврзани со користењето на електричната енергија и како таа да се користи безбедно.  

Научното истражување се фокусира на:  

  • размислување за тоа што се очекува да се случи и дали резултатите го поддржуваат предвидувањето; 
  • истражување и тестирање на електрични кола; 
  • правење набљудувања и објаснување што е откриено. 

Активност: 

Набљудува и ги запишува набљудувањата.  

 Планира истражувачка работа  

 Предвидува што ќе се случи пред да одлучи нешто да направи 

Истражуваат предмети и апарати кои работат на батерии, на пример, џебни светилки.  

Ги местат батериите правилно да функционираат предметите. 

Покажуваат  различни компоненти на струјно коло – батерии, држачи за батерии, жици, конектори, држачи за светилки. 

Во групи учениците работат со опремата.  

Се Обидуваат да стават  светилка во држачот за светилка , батерија во држачот за батерија итн. 

секоја група  манипулира со 1 батерија, 1 држач за батерија , 1 светилка, 1 држач за светилка и само 2 жици. 

Учениците прават две различни кола – едно каде што сијалицата свети и други каде што не свети.  

Презентација на изработките – струјни кола  

Attachments

Активно слушање, Билјана Георгиеска, ООУ„Гоце Делчев“ – Прилеп 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Активно слушање, Билјана Георгиеска, ООУ„Гоце Делчев“ – Прилеп 

Опис на активности:

Цели 

– да ги  знае правилата на активно слушање 

– да умее да се воздржува од користење на невербалните знации вербалните изрази кои имаат негативно влијание врз односите со другите 

Воведна активност 

– Сите ученици беа поделени во парови и застанаа еден спроти друг. Едниот од парот замислува дека стои пред огледало во кое се гледа и се движи на сите можни начини- некогаш побрзо, некогаш побавно. Другиот ученик го претставува неговиот одраз во огледалото и се движи имитирајќи ги неговите движења. По 2-3 минути улогите во паровите се менуваа.Тој што се движи, додека го посматра својот одраз гледаше дека се движи бавно.Активноста заврши по 2-3 минути. Наставникот објасни  дека невербалниот говор како во овој случај може да помогне во комуникација со луѓе кои ги запознаваме и затоа треба да се внимава како се употребува. 

Главна активност 

Наставникот го кажа текот на часот и ги запозна учениците со целите. Учениците кои беа поделени во парови се свртени еден кон друг. Им подели ливче со тајна инструкција од работен лист Како активно слушам и не требаше да ја покажат на другиот. Се означија со А и Б. Почнува А опиша настан кога не му било убаво. По 1 минута ги сменија улогите. Партнерот Б ја следи инструкцијата од картичката. По 1 минута се менуваат. Б кажува нешто убаво што му се случило,  А го слушаше следејќи ги инструкциите. 

Следеше дискусија по поставени прашања 

  1. Како се чувствувавте додека зборувавте? Зошто? Како влијаеше однесувањето на слушателот? 
  1. Што ни помага подобро да се ислушаме? 
  1. А што пречи за да се ислушаме подобро? 
  1. Зошто е важно прво да го ислушаме соговорникот, а потоа да реагираме? 

Завршна активност 

Наставникот ги зеде картичките од работниот лист Активно, неактивно слушањеим ги покажа на учениците и притоа побара мислење за секоја картичка дали го поддржува активното или неактивното слушање со нивно образложение. Картичките се лепеа во колона активно слушање и колона неактивно слушање 

Рефлексија:

Учениците во целост ги постигнаа поставените цели на часот. 

Сите беа ангажирани, секој според сопствените способности и мотивирани да работат на зададената задача. 

Инструкциите за работа им беа јасни и целосни па учениците успешно ја завршуваа секоја зададена задача, па со тоа и успешно се заврши активноста предвидена за часот. Комуницираа мегу себе, се договараа, соработуваа, се радуваа на успшешно сработеното. 

Задоволна сум од дискусијата на крајот од часотУчениците беа целосно ангажирани и мотивирани за работа преку целиот час. Активно учествуваа во наведувањето идеи за активно и неактивно слушање. 

,,СВЕТОТ ОКОЛУ НАС,,СЕ ДРУЖИМЕ ,СИ ПОМАГАМЕ И УЧИМЕ, РАДИЦА МИЦЕВСКА, МАРИЈА ПАВЛОВА, ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР СМАРТ ЕНД ХЕПИ КИДС – ШТИП 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

,,СВЕТОТ ОКОЛУ НАС,,СЕ ДРУЖИМЕ ,СИ ПОМАГАМЕ И УЧИМЕ, РАДИЦА МИЦЕВСКА, МАРИЈА ПАВЛОВА, ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР СМАРТ ЕНД ХЕПИ КИДС – ШТИП 

Опис на активноста:  

ЛЕТОТО Е ОМИЛЕН ПЕРИОД ЗА ДЕЦАТА  И ЗЕМАЈЌИ ГИ ВО ПРЕДВИД НИВНИТЕ ПОТРЕБИ ЗА ПРЕСТОЈ ВО ПРИРОДА , ОРГАНИЗИРАМЕ НАСТАВА ВО ПРИРОДА (ЕКСКУРЗИИ) КОИ ПРЕТСТАВУВААТ ОБЛИК НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНА ВОННАСТАВНА АКТИВНОСТ И ПРУЖААТ МОЖНОСТИ ЗА ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНО ПОВРЗУВАЊЕ НА СОДРЖИНИТЕ ОД РАЗЛИЧНИ НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ.АКТИВНОСТИТЕ ВО ПРИРОДА СЕ ВАЖНИ ЗА ЦЕЛОКУПНИОТ РАЗВОЈ НА ЛИЧНОСТА НА ДЕЦАТА ЗАТОА ШТО ОПФАЌААТ ЗДРАВСТВЕН, ПЕДАГОШКИ И СОЦИЈАЛЕН АСПЕКТ. СО ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА ФИЗИЧКИ АКТИВНОСТИ, ВО ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ОВАА АКТИВНОСТ ПРИДОНЕСУВА КОН ЗАЧУВУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ЦЕЛОКУПНОТО ЗДРАВЈЕ НА УЧЕНИЦИТЕ, НО ВОЕДНО И МЕЃУСЕБНО ПОМАГАЊЕ БИДЕЈКИ УЧЕНИЦИТЕ СЕ ОД РАЗЛИЧНА ВОЗРАСТ , ГРУПАТА Е ХЕТЕРОГЕНА И ДОЃААТ ДО ИЗРАЗ ПОЗИТИВНИТЕ , АФИРМАТИВНИ КАРАКТЕРНИ ОСОБИНИ . 

ОБРАЗОВНО-ЕДУКАТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА НАСТАВАТА ВО ПРИРОДАТА Е ДЕКА СО ДИРЕКТНО НАБЉУДУВАЊЕ .ЕКСКУРЗ.ИЈАТА СЕ ИЗВЕДУВА СО НАС КАКО МОДЕРАТОРИ КОИ ПОСТОЈАНО ИМ ГИ ОБЈАСНУВАМЕ ГЕОГРАФСКИТЕ ПРЕДЕЛИ И ПОЈАВИТЕ КОИ ГИ СРЕЌАВАМЕ ,А ПРИ ТОА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ОВАА,,ПОДВИЖНА РАБОТИЛНИЦА,, ГИ УНАПРЕДУВААТ СВОИТЕ СПОСОБНОСТИ  ЗА АКТИВНО СЛУШАЊЕ,ПОСТАВУВАЊЕ ПРАШАЊА,ПРЕПОЗНАВАЊЕ И УВАЖУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИТЕ ЧУВСТВА И ПОТРЕБИ ,СПРАВУВАЊЕ СО  ИЗЛИВИ НА ЛУТИНА ПРИ ЕВЕНТУАЛНИ КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ (КОЈ ДА СЕДИ НА ОДРЕДЕНО СЕДИШТЕ , КОЈ ДА ИЗЛЕЗЕ ПРВ И СЛ. И СЕКОГАШ КОГА СЕ ДЕЦА ВО ПРАШАЊЕ СЕ МОЖНИ РИЗИЦИ НА НЕДОРАЗБИРАЊА ). 

МОДЕРАТОРИТЕ ПРЕКУ МЕТОД НА ДИЈАЛОГ ОВОЗМОЖУВААТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ И СТЕКНУВАЊЕ НА ПОЦЕЛОСНИ, ПОДЛАБОКИ И ПОТРАЈНИ ЗНАЕЊА. ДИРЕКTНИОТ КОНТАКТ И ИНТЕРАКЦИЈАТА СО ПРИРОДНАТА СРЕДИНА ПРИДОНЕСУВА ЗА ПОДОБРО РАЗБИРАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ КОИ СЕ ПРИМЕНУВААТ ВО ПРИРОДАТА А СЕКАКО И ОСТВАРУВАЊЕ НА КОМУНИКАЦИЈА ПРЕКУ СОРАБОТКА ,НАМЕСТО ПРЕКУ КОМПЕТЕНЦИЈА , ИНТЕРАКТИВНОСТА Е ПРИСУТНА. ПРЕСТОЈОТ НА ДЕЦАТА ВО ПРИРОДАТА ИСТО ТАКА ПРИДОНЕСУВА ЗА НИВНА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА, БИДЕЈЌИ СО ЗАЕДНИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ ТИЕ СЕ ЗАПОЗНАВААТ ПОДОБРО, КОМУНИЦИРААТ, СИ ПОМАГААТ, СОРАБОТУВААТ И СЕ ЗБЛИЖУВААТ. ДОАЃА ДО УВАЖУВАЊЕ НА СВОЈАТА ЛИЧНОСТ И ЛИЧНОСТА СО КОЈА СЕ СОРАБОТУВА,,ПРЕВЗЕМАЊЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА СВОЕТО ОДНЕСУВАЊЕ,ИЗНАОЃАЊЕ РЕШЕНИЈА ЗА ПОЗИТИВЕН ИСХОД ДОКОЛКУ НАСТАНАТ СПОНТАНИ ИНЦИДЕНТНИ СИТУАЦИИ. 

ЕКСКУРЗИЈАТА КОЈА ЈА РЕАЛИЗИРАВМЕ БЕШЕ ПОСЕТАТА НА КОЛЕШИНСКИТЕ ВОДОПАДИ КОИ СЕ НАОЃААТ  ВО СТРУМИЧКО, ВО ПАДИНИТЕ НА ПЛАНИНА БЕЛАСИЦА. ПАТОТ ДО ТАМУ  Е НЕДОСТАПЕН ЗА ВОЗИЛА,ПА ЗАТОА ГРУПНО СЕ УПАТИВМЕ СО ПЕШАЧЕЊЕ ДО ТАМУ. ПО ПАТОТ ЈА НАБЉУДУВАВМЕ ПРИРОДАТА И РАЗГОВАРАВМЕ ЗА СЕ ОКОЛУ НАС. ДЕЦАТА ВИДОА БРЗА ПЛАНИНСКА РЕКА, ВИДОА НАЈРАЗЛИЧНИ ВИДОВИ НА РАСТЕНИЈА, РАЗЛИЧНИ ИНСЕКТИ И ВИСОКИ ДРВЈА.СО ПРИСТИГНУВАЊЕТО ДО ВОДОПАДОТ ТИЕ БЕА ВИСТИНСКИ ВООДУШЕВЕНИ ЗАТОА ШТО ПОГОЛЕМИОТ БРОЈ ОД НИВ ЗА ПРВ ПАТ СЕ СРЕТНАА СО ТАКОВ ВИД НА ПРИРОДНА ПОЈАВА. ТИЕ НАУЧИЈА ДЕКА КОЛЕШИНСКИОТ ВОДОПАД Е ЕДЕН ОД НАЈВИСОКИТЕ ВОДОПАДИ ВО МАКЕДОНИЈА И ДЕКА НЕГОВИОТ ПАД ИЗНЕСУВА 15 МЕТРИ. ДЕЦАТА ОВДЕ ИМАА ВРЕМЕ ДА ОДМОРАТ, ДА НАБЉУДУВААТ И ДА СЕ ДРУЖАТ ПОМЕЃУ СЕБЕ. ПО ПАТОТ ЗА НАЗАД ПОСЕТИВМЕ ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА КАДЕ ШТО ДЕЦАТА ИМАА МОЖНОСТ ДА ВИДАТ МАЛО ВЕШТАЧКО ЕЗЕРО, ДА СЕ РЕКРЕИРААТ И ДА ПОМИНАТ ВРЕМЕ ВО ДРУЖЕЊЕ СО ТОА ШТО ГИ РАЗВИВААТ СОЦИЈАЛНИТЕ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ. ЗА КРАЈ ГО ПОСЕТИВМЕ ПРАВОСЛАВНИОТ ХРАМ “СВ. ТРОИЦА” ВО РАДОВИШ, КАДЕ ШТО ДЕЦАТА ИМАА МОЖНОСТ ДА ВЛЕЗАТ И ДА  РАЗГЛЕДААТ ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ И НАЈБОГАТИТЕ ХРАМОВИ. АКТИВНОСТИТЕ НА ОТВОРЕНО ДОПРИНЕСУВААТ ДА СЕ РАЗВИЈАТ ПОЗИТИВНИ МЕЃУЧОВЕЧКИ ОДНОСИ И ДА СЕ НАУЧАТ ПРОСОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ КОИ ДОПРИНЕСУВААТ ДА СЕ РАЗВИЕ СПОСОБНОСТ ДА СЕ ПРЕПОЗНААТ ЧУВСТВАТА И ЕМОЦИИТЕ НА ОСТАНАТИТЕ ВО ГРУПАТА, ДА СЕ РАЗВИЕ ДОВЕРБАТА, А СО ТОА ДЕЦАТА ДА СЕ НАУЧАТ ДА ЈА ЦЕНАТ ТИМСКАТА РАБОТА И ДА ЈА ПРЕПОЗНААТ ВРЕДНОСТА ОД РАЗБИРАЊЕТО НА ПОТРЕБИТЕ НА ОСТАНАТИТЕ ЛУЃЕ. ДЕЦАТА СЕ УЧАТ ДА КОМУНИЦИРААТ, ДА СОРАБОТУВААТ СО ОСТАНАТИТЕ ВО ГРУПАТА, ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ДРУГИТЕ, ДА СИ ПОМАГААТ, ДА НАОЃААТ ЗАЕДНИЧКИ РЕШЕНИЈА И СО СЕТО ОВА ДА СЕ ПРОМЕНАТ СЕБЕ СИ КОН ПОДОБРО. ПРЕКУ ПРАКТИЧНА РАБОТА ДЕЦАТА ЌЕ ГИ НАУЧАТ ПРОСОЦИЈАЛНИТЕ ВЕШТИНИ ПОЧИТ, СОЛИДАРНОСТ И ОДГОВОРНОСТ КОИ СЕ ВАЖНИ ВО ПОНАТАМОШНИОТ РАЗВОЈ НА ДЕТСКАТА ЛИЧНОСТ. 

Рефлексија:

КОМУНИКАЦИЈА, ТИМСКА РАБОТА, СОРАБОТКА, ОДГОВОРНОСТ,ЕМПАТИЈА, ПРОСТОРНА ОРИЕНТАЦИЈА, ИЗРАЗУВАЊЕ, СОЛИДАРНОСТ, ПОЧИТ И ДОВЕРБА. 

 

„УЧИ ЗА ДРУГИТЕ ВО СВЕТОТ, СОРАБОТУВАЈ, КУЛИРАЈ, ВО БИБЛИОТЕКА КНИГИ ДОНИРАЈ“

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

АНА БОШКОСКА

ООУ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ“-ПРИЛЕП

      OПИС НА АКТИВНОСТА

*ПРЕТХОДНИ МУЛТИКУЛТУРИ АКТИВНОСТИ:

-ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ СО ЗНАМЕ, ХРАНА , МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ ОД МЕКСИКО;

-ИСТРАЖУВАЊЕ И ИЗРАБОТКА НА ПЛАКАТИ ОД СТРАНА НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА СПЕЦИФИКИ НА АРГЕНТИНА, ФИЛИПИНИ, САД, АВСТРАЛИЈА И СРБИЈА;

-ИЗРАБОТКА НА КНИГА НА ВОЛШЕБНИ ЗБОРОВИ (ТЕ МОЛАМ, БЛАГДАРАМ, ИЗВИНИ, ДОБАР ДЕН, ТЕ САКАМ, ДОВИДУВАЊЕ) НА МАКЕДОНСКИ , СРПСКИ И АНГЛИСКИ ЈАЗИК;

-СТАПУВАЊЕ ВО КОМУНИКАЦИЈА СО УЧЕНИЦИ  ОД ДРУГО ГОВОРНО ПОДРАЧЈЕ;

-ИЗРАБОТКА НА СВЕТСКА МАПА – ЖИВОТНИ ОД СИТЕ КОНТИНЕНТИ.

*„ТВОЕТО МАЛКУ ЗА НЕКОГО Е МНОГУ“ ПРЕТСТАВУВА АКТИВНОСТ ВО КОЈА СЕ ВКЛУЧИЈА УЧЕНИЦИТЕ, НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ И ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА СО ЦЕЛ ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА И ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА КАЈ СИТЕ ЗА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ, ВАЖНОСТ НА ОБРАЗОВАНИЕ И ЧИТАЊЕ, СОРАБОТКА И ПОМАГАЊЕ.

СО УЧЕНИЦИТЕ ПОБАРАВМЕ ОД РОДИТЕЛИТЕ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЕРНИЦИ КОИ ЌЕ БИДАТ УКРАСЕНИ СО ИЛУСТРАЦИИ ОД ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ. РОДИТЕЛИТЕ СО ГОЛЕМ ИНТЕРЕС СОРАБОТУВАА.

УЧЕНИЦИТЕ ИСТРАЖУВАА НА ИНТЕРНЕТ ФОТОГРАФИИ СО СИМБОЛИ И ЗНАМИЊА НА ЗЕМЈИ ОД СИТЕ КОНТИНЕНТИ И ОД ТИЕ ФОТОГРАФИИ РОДИТЕЛИТЕ ИЗРАБОТИЈА ЛЕПЕНКИ КОИ ГИ СТАВИВМЕ НА ПЕРНИЦИТЕ.

СЛЕДНА АКТИВНОСТ БЕШЕ ПРОДАВАЊЕ НА ПЕРНИЦИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА СРЕДИНА СО ЦЕЛ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ ФИНАНСИСКИ СРЕДСВА КОИ ЌЕ СЕ УПОТРЕБАТ ЗА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ПО НАША ЖЕЛБА. ПОТТИКНАТИ ОД ПОГОВОРКАТА „ДАЈ МИ РИБА  ЌЕ БИДАМ СИТ ЕДЕН ДЕН, НАУЧИ МЕ ДА ЛОВАМ РИБА  ЌЕ ТИ БИДАМ БЛГОДАРЕН ЦЕЛ ЖИВОТ! ОДЛУЧИВМЕ ПАРИТЕ ДА ГИ УПОТРЕБИМЕ ЗА КУПУВАЊЕ НА КНИГИ И СЛИКОВНИЦИ КОИ ГИ ДОНИРАВМЕ ВО НАШАТА УЧИЛИШНА БИБЛИОТЕКА.

ЗА РОДИТЕЛИТЕ ИЗРАБОТИВМЕ БЛАГОДАРНИЦИ , А ЗА НАШАТА ХУМАНА АКТИВНОСТ  БЕВМЕ ПРИМЕНИ ОД РАКОВОДСТВОТО НА УЧИЛИШТЕТО И СИТЕ ДОБИВМЕ БЛАГОДАРНИЦИ ЗА АКТИВНОСТА.

                                                                                   Рефлексија од примена на активноста во пракса 

*ВКЛУЧЕНИ УЧЕНИЦИ, РОДИТЕЛИ И ЛОКАЛНА СРЕДИНА ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ХУМАНИТАРНА АКТИВНОСТ.

*ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА ВАЖНОСТА НА ПОМАГАЊЕТО И ДАРУВАЊЕТО.

*ВКЛУЧЕНОСТ ВО МУЛТИКУЛТУРНИ АКТИВНОСТИ, ЗАПОЗНАВАЊЕ И ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ.

*ПОДОБРЕНА КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ, РОДИТЕЛИТЕ И ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА.

*ЗБОГАТЕНА УЧИЛИШНА БИБЛИОТЕКА И ИЗГРАДЕН ОДНОС ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КНИГИТЕ И ВАЖНОСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ЖИВОТОТ.

*ОГРОМНО ЗАДОВОЛСТВО КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА АКТИВНОСТИТЕ. 

 

Учење насочено кон подобрување на комуникацијата

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Евдокија Петрушевска

ООУ Ј.Х. ПЕСТАЛОЦИ – СКОПЈЕ 

 

 

ОПИС на АКТИВНОСТА

Развивање говор и комуникација со останатите преку куклениот театар во училницата 

 

Играњето со кукли го поттикнува детето на говор. Познато ни е дека интровертните и децата кај кои постои некаков страв многу лесно се ослободуваат и се впуштаат во активен говор со куклите. Заради тоа куклата е идеално средство за развој на говорот како во редовната настава, така и во воннаставните активности. 

Уште во првите денови на престојот на малите првачиња во паралелката, куклата ја користам како средство за: 

  1. дијагностицирање на говорната способност (на почетокот од учебната година и адаптација на новата средина)
  2. формирање на реченици и богатење на речникот
  3. раскажување и прераскажување 
  4. драматизации, 
  5. сценска изведба 
  6. развивање способност закомуницирањеra 
  7. социјално развивање (да се научат да се слушаат и почитуваат другите), 
  8. развивање на морални и духовни вредности, 
  9. запознавање на самиот себе, 
  10. усвојување нови знаења и вештини

 

Играјќи со куклите децата си играат со зборовите, ги повторуваат, ги менуваат и создаваат нови реченици при што и самите се соговорници и говорници. Се користат со дијалошки и монолошки метод. Се обидуваат да го репродуцираат  текстот (гласот ) кој го слушнале (од наставникот, соученикот, родителот,артистот…) и така имитираат (менување на интензитетот на гласот,интонацијата, висината на тонот) со што самостојно работат на говорните вредности на својот јазик. 

                               

 НАТПРЕВАР ВО ОРАТОРСТВО 

Нешто што се покажа навистина интересно, а кое го практикувам веке трета генерација е натпреварот во ораторство кој го организирам  со учениците од четвртите одделенија пред крајот на учебната година, како пример и поттик за практикување на добра комуникација во понатамошниот живот. 

Чести се појавите кога учениците се мачат да најдат соодветен израз во конкретна ситуација. Тогаш велат дека тоа што сакаат да го кажат – го знаат, но не се во состојба да го изразат, затоа што познавањето на фактите е само еден дел од знаењата, а другиот, можеби и најважниот, е способноста на учениците мисловно и логички, поврзано усно да ги  изложат.На ученикот треба да му се даде можност да говори.Учениците имаат безбројни силно емотивно изразени доживувања, што се акумулираат во нивната психа и од тоа психичко оптоварување настојуваат да се ослободат преку соопштување. 

Ваквите настани ќе доведат до тоа учениците да се навикнат на говорно изразување и да се развие критика во врска со изведбата и говорот на учениците. 

                 МЕДИУМСКА КУЛТУРА (РАДИО И ТЕЛЕВИЗИЈА) 

Медиумската култура како подрачје во наставните содржини по македонски јазик е голем предизвик за учениците. Радио и телевизиските емисии имаат значајна улога во осовремување на наставата во основното училиште, а посебно за наставата по македонски јазик. Тие значително придонесуваат за негување на усното изразување кај учениците. Преку радио и телевизиските емисии тие го следат говорот на некоја личност и ако тој говор е течен и издржан, и сами ќе посакаат да се служат со таков говор 

УЧЕСТВО НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ВО ПРОЕКТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА КОМУНИКАЦИЈА И ТОЛЕРАНЦИЈА “ САКАМЕ ШАРЕН, А НЕ БЕЗБОЕН СВЕТ Бев координатор за сите седум училишта на општина центар) 

Децата  не се доволно запознаени со културата, традицијата и обичаите на другите етнички заедници кои живеат во средината која ги опкружува. Со тоа се случува да нема и доволна комуникација со припадниците од другите етнички зедници. Проблемот настанува секогаш од неиформираност и недоволна едукација на учениците од најмала возраст. Во семејствата многу ретко се разговара на оваа тема (стереотипите се сеуште многу застапени) па така многу ретко или воопшто не се случуваат ниту семејни дружења.
Цел на проектот беше подобрување на соживотот на учениците од различните етнички заедници , меѓучовечка комуникацијаи градење на општество со различни култури, традиции и обичаи 

                                   ИНТЕРНЕТ КОМУНИКАЦИЈА 

Во поново време учениците се редовни корисници на интернет услугите и комуникацијата со виртуелниот свет станува неизбежна. Како треба да го користат интернетот- презентација во паралелката за Комуникација по  

Интернет. Учениците поделени во групи истражуваа за доброто и лошо влијание од интернетот, кои се корисни а кои штетни работи, како да се заштитат од штетното влијане врз нивната личност и како да се чувствуваат безбедно и сигурно додека го користат. 

 

                                                                              Рефлексија од примена на активноста во пракса 

Општ впечаток е дека во училиштата постои незадоволство во поглед на квалитетот на комуницирањето и постои потреба за негово подобрување.Грешките што притоа се прават, во прв ред се последица на недоразбирањето во комуникацијата и неможноста да се согледа дека комуникацијата е двострано разменување на информации, а не само давање наредба. 

Продолжувам со мојата мисија како наставник кој најмногу од се ке практикува  комуникација со своите ученици, ќе разговара за нивните чувства, нивните потреби и желби, ќе продолжи да ги учи да мислат, чувствуваат, доживуваат, стекнуваат искуства, фантазираат, очекуваат и се надеваат. 

Впрочем и содржините и активностите кои ги реализирам се показател дека треба да се продолжи во таа насока.

„МАЈКА ТЕРЕЗА-ПРИМЕР ЗА ХУМАНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ“, СВЕТЛАНА ЈОСИФОСКА, ОДДЕЛЕНСКИ НАСТАВНИК ВО ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

„МАЈКА ТЕРЕЗА-ПРИМЕР ЗА ХУМАНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ“, СВЕТЛАНА ЈОСИФОСКА, ОДДЕЛЕНСКИ НАСТАВНИК ВО ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ОПШТИНА АЕРОДРОМ

НОСИТЕЛИ НА ПРОЕКТОТ:  

ОУ„ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“, ОПШТИНА АЕРОДРОМ 

ОУ„ПЕТАР ЗДРАВКОВСКИ-ПЕНКО”, ОПШТИНА ЧАИР 

ОУ „7 МАРСИ“, ОПШТИНА ЧАИР 

„СПОМЕН КУЌАТА МАЈКА ТЕРЕЗА“

Опис на активноста:

ПРЕДВИДЕНИ ЗАЕДНИЧКИ АКТИВНОСТИ НА ТРИТЕ УЧИЛИШТА-НОСИТЕЛИ НА ПРОЕКТОТ: „МАЈКА ТЕРЕЗА-ПРИМЕР ЗА ХУМАНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ“ И „СПОМЕН КУЌАТА МАЈКА ТЕРЕЗА“ 

ГЛАВНИ АКТИВНОСТИ: 

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ТРИ НАСТАНИ – ПРИРЕДБИ 

-ЛОКАЦИЈА 1: ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ВО АПРИЛ, 2013 (ТОЧКИ НА НАСТАП ОД СТРАНА НА ТРИТЕ УЧИЛИШТА); 

-ЛОКАЦИЈА 2: ОУ „ ПЕТАР ЗДРАВКОВСКИ-ПЕНКО “, ВО АПРИЛ, 2013 (ТОЧКИ НА НАСТАП ОД СТРАНА НА ТРИТЕ УЧИЛИШТА); 

-ЛОКАЦИЈА 3: ОУ „7 МАРСИ“, ВО МАЈ, 2013 (ТОЧКИ НА НАСТАП ОД СТРАНА НА ТРИТЕ УЧИЛИШТА); 

-ПРОДАЖНА ИЗЛОЖБА НА ТРАДИЦИОНАЛНИ ЈАДЕЊА И БАЛОНИ, ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕЦАТА СО ПОП 

-ДОДЕЛУВАЊЕ НА ХУМАНИТАРЕН ПАКЕТ НА ПОМОШ НА ИНСТИТУТОТ ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦАТА  

-ДОДЕЛУВАЊЕ НА УРАМЕНИ УЧЕНИЧКИ ЛИКОВНИ ТВОРБИ ОД ИНСТИТУИЈАТА СПОМЕН КУЌА НА МАЈКА ТЕРЕЗА-ПОДАРОК ЗА ИНСТИТУТОТ ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊЕ КАЈ ДЕЦАТА 

-ЗАВРШНА ПРИРЕДБА НА ТРИТЕ УЧИЛИШТА ПРЕД СПОМЕН КУЌАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА 

ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ: 

ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ТРИТЕ УЧИЛИШТА И СПОМЕН КУЌАТА МАЈКА ТЕРЕЗА 

ИЗРАБОТКА НА ПЛАН НА АКТИВНОСТИ (ЗАЕДНИЧКО ПЛАНИРАЊЕ НА СИТЕ ТРИ СТРАНИ); 

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД СПОМЕН КУЌАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА 

ПОДГОТОВКА НА ТРАДИЦИОНАЛНИ ЈАДЕЊА ОД СТРАНА НА РОДИТЕЛИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ; 

ИЗРАБОТКА НА АГЕНДА ЗА ДЕНОТ НА НАСТАНОТ 

ИЗРАБОТКА И ДОСТАВА НА ПОКАНА  

ИЗРАБОТКА НА ФЛАЕР ЗА ПРОЕКТНИТЕ АКТИВНОСТИ 

НАБАВКА НА ХУМАНИТАРЕН ПАКЕТ ЗА ИНСТИТУТОТ ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦАТА  

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ: 

ИЗРАБОТКА И ОБЈАВУВАЊЕ НА ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС НА ТЕМА: МАЈКА ТЕРЕЗА-ПРИМЕР НА ХУМАНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ 

ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИТЕ ЛИКОВНИ И ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ НА НАСТАНИТЕ ОРГАНИЗИРАНИ ВО ТРИТЕ УЧИЛИШТА 

 

 

Рефлексија:

  • МЕЃУЕТНИЧКО ДРУЖЕЊЕ И ИНТЕРАКЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ И РАЗВИВАЊЕ НА ПЕРЦЕПЦИЈА НА ХУМАНОСТ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ, НАСТАВНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ 
  • ДОДЕЛУВАЊЕ НА УРАМЕНИ УЧЕНИЧКИ ЛИКОВНИ ТВОРБИ ОД ИНСТИТУЦИЈАТА СПОМЕН КУЌА НА МАЈКА ТЕРЕЗА-ПОДАРОК ЗА ИНСТИТУТОТ ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊЕ КАЈ ДЕЦАТА 
  • ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕЦАТА СО ПОП 
  • ВРЕДНУВАЊЕ И ДОДЕЛУВАЊЕ НА КНИГИ НА НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА КОНКУРСОТ    НА ТЕМА „ МАЈКА ТЕРЕЗА ПРИМЕР ЗА ХУМАНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ  “ 
  • ТИМОТ ОД СОБРАНИТЕ ПАРИ КУПУВА ХУМАНИТАРЕН ПАКЕТ И ГИ ДОНИРА НА ИНСТИТУТОТ ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА  ЗА ДЕЦАТА 

„СТОП НАСИЛСТВО ЗАПОЧНИ ПРИЈАТЕЛСТВО“, ЕЛИЗАБЕТА ИВАНОВИЌ, ООУ„ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“ 

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

СТОП НАСИЛСТВО ЗАПОЧНИ ПРИЈАТЕЛСТВО“, ЕЛИЗАБЕТА ИВАНОВИЌ, ООУ„ЈАН АМОС КОМЕНСКИ 

Опис на активноста:

На 21. 12.2018г.,се реализираше интерактивна работилница со дискусија Стоп насилство започни пријателство, со ученици од 9 одделение.   

Целта на работилницата беше учениците од 9одделение да бидат информирани за соврсничкото насилство-Булинг и начините како да се справуваме со него, како и последиците од соврсничко насилство.  

 

 

Теми на обработка во дискусијата: 

  1. Прифаќање на различностите 
  1. Сведоштва и примери за вербални насилство 
  1. Видови ,,Bullying” 
  1. Сторители на ,,Bullying” 
  1. Последици од ,,Bullying” 

Рефлексија:

– Согледување на состојбата во училиштето  

-Информирани ученици за видови насилство и булинг  

 Осознаени методи и техники за справување со проблемот соврсничко насилство  

нформирање за последиците од соврсничко насилство 

 

 

РАЗЛИКИ И СЛИЧНОСТИ НА КРШТЕВАЊЕ ВО ХРИСТИЈАНСКАТА И НА СУНЕТ ВО МУСЛИМАНСКАТА РЕЛИГИЈА, АЛЕКСАНДРА МИРЧЕСКА, О.О.У.„ ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ“ – ПРИЛЕП

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

РАЗЛИКИ И СЛИЧНОСТИ НА КРШТЕВАЊЕ ВО ХРИСТИЈАНСКАТА И НА СУНЕТ ВО МУСЛИМАНСКАТА РЕЛИГИЈА, АЛЕКСАНДРА МИРЧЕСКА, О.О.У.„ ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ“ – ПРИЛЕП 

Опис на активноста:

УЧЕНИЦИТЕ ПРЕКУ ОВАА РАБОТИЛНИЦА ГИ УЧАТ ДВАТА ВЕРСКИ ОБРЕДИ НА КРШТЕВАЊЕ И НА СУНЕТ.ПРИ ТОА УЧЕНИЦИТЕ СЕ ЗБЛИЖУВААТ МЕЃУ СЕБЕ И ГИ ЗАПОЗНАВААТ ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ И ВЕРСКИТЕ ОБРЕДИ ВО ХРИСТИЈАНСКАТА И МУСИМАНСКАТА РЕЛИГИЈА ПРЕКУ ФОТОГРАФИИ ГЛЕДАЊЕ ЦД ОД СУНЕТ И КРШТЕВКА .  

 

 

Рефлексија:

ПРЕКУ ОВА УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ГИ ЗАПОНЗААТ И ПОЧИТУВААТ КУЛТУРНИТЕ РАЗЛИКИ НА МУСЛИМАНИТЕ И ХРИСТИЈАНИТЕ 

 

 

 

 

 

„ГРБ ДО ГРБ“, НАТАША ЃОРЃИОСКА, ООУ„ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“ СКОПЈЕ 

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

„ГРБ ДО ГРБ“, НАТАША ЃОРЃИОСКА, ООУ„ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“ СКОПЈЕ 

Опис на активноста:

СЕКОЈ ОД УЧЕНИЦИТЕ ДОБИВА ЗАДАЧА ДА НАЦРТА ЕДЕН ПРЕДМЕТ НА ЛИСТ ХАРТИЈА. ПОТОА НАСТАВНИКОТ ГИ СОБИРА ЛИСТОВИТЕ, ГИ МЕША И ПОВТОРНО ГИ ДЕЛИ НА УЧЕНИЦИТЕ СО ШТО СЕКОЈ БИ ДОБИЛ РАЗЛИЧЕН ПРЕДМЕТ ОД ОНОЈ КОЈ ГО НАЦРТАЛ. 

ПОТОА УЧЕНИЦИТЕ СЕ ГРУПИРААТ ПО ДВАЈЦА (ТАНДЕМИ), СЕДНАТИ ЕДЕН ДО ДРУГ СО СВТРЕНИ ГРБОВИ.  

СЕКОЈ УЧЕНИК ДОБИВААТ ЗАДАЧА ДА ГО ОБЈАСНИ/ОПИШЕ СВОЈОТ ЦРТЕЖ НА ДРУГАРЧЕТО, А ТОА ПАК, ТРЕБА ДА ГО НАЦРТА ПРЕДМЕТОТ НАЈБЛИСКУ ДО ТОА ШТО Е НА СЛИКАТА, ПРИТОА ДА НЕ ГО ВИДИ. 

ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА АКТИВНОСТА ДЕЦАТА СИ ГИ СПОРЕДУВААТ ЦРТЕЖИТЕ И ОТКРИВААТ ДАЛИ И КОЛКУ БЛИСКУ ГО НАЦРТАЛЕ СО ДАДЕНАТА СЛИКА. 

НА КРАЈОТ ОД ЧАСОТ СЕ ДИСКУТИРА СО УЧЕНИЦИТЕ ШТО БИЛО ПРЕСУДНО ЗА УСПЕШНОСТА НА ОВАА АКТИВНОСТ И СЕ ДОВЕДУВААТ ДО ЗАКЛУЧОЦИ ДЕКА НАЧИНОТ НА КОМУНИЦИРАЊЕ Е МНОГУ БИТЕН ФАКТОР ЗА ДА МОЖАТ УСПЕШНО ДА ФУНКЦИОНИРААТ ВО ОПКРУЖУВАЊЕТО. 

Рефлексија:

ВО ТЕКОТ НА АКТИВНОСТА ОДРЕДЕНИ УЧЕНИЦИ ДОАЃАА ДО КОНФЛИКТИ НА КОИ НАСТАВНИКОТ НЕ РЕАГИРАШЕ, САМО НАБЉУДУВАШЕ. ТИЕ НЕ МОЖЕА ДА ГО РАЗБЕРАТ ДРУГАРЧЕТО ПРИ НЕГОВИОТ ОПИС ЗА КОЈ ПРЕДМЕТ СТАНУВА ЗБОР. НО СО ТЕКОТ НА ВРЕМЕТО УЧЕНИЦИТЕ СЕ ТРУДЕА И ИЗНАОЃАА РАЗНИ НАЧИНИ ДА ГО ОБЈАСНАТ СВОЈОТ ПРЕДМЕТ ЗА НА КРАЈ АКТИВНОСТА ДА РЕЗУЛТИРА СО УСПЕХ. 

УЧЕНИЦИТЕ УВИДОА ДЕКА ВО КОМУНИКАЦИЈАТА СО ЛУЃЕТО Е ПОТРЕБНА ТОЛЕРАНЦИЈА, ТРПЕЛИВОСТ, УПОРНОСТ И ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИКИТЕ. 

 

 

 

 

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ,, SURVIVAL IN SARAJEVO,, БИЛЈАНА ШОТАРОВСКА , ООУ,, БЛАЖЕ КОНЕСКИ,,  ООУ,, ЃОРЃИЈА ПУЛЕСКИ,,

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ,, SURVIVAL IN SARAJEVO,, 

ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА ,, ИЗГУБЕНИОТ СВЕТ НА СЕФАРДСКИТЕ ЕВРЕИ НА БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА,, И КОМЕМОРАЦИЈА ПО ПОВОД 27 ЈАНУАРИ- ДЕН НА ЖРТВИТЕ НА ХОЛОКАУСТОТ 

БИЛЈАНА ШОТАРОВСКА , ООУ,, БЛАЖЕ КОНЕСКИ,,  ООУ,, ЃОРЃИЈА ПУЛЕСКИ,, 

Опис на активноста:

ПРОЕКТОТ ЗА ФИЛМОТ И ИЗЛОЖБАТА SURVIVAL IN SARAJEVO Е ДЕЛ ОД ТЕМАТА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА, ИЗРАБОТЕНА ВО 4 –ТА НЕДЕЛА ОД МЕСЕЦ МАРТ ПО ПРЕДМЕТОТ ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО 9 ОДДЕЛЕНИЕ.   

ОУ БЛАЖЕ КОНЕСКИ ПАРАЛЕЛКИ: 9 А, Б И В  

ВКУПЕН БРОЈ НА УЧЕНИЦИ КОИ УЧЕСТВУВАА ВО ПРОЕКТОТ : 

54 УЧЕНИЦИ ОД КОИ  28 ДЕВОЈЧИЊА И 26 МОМЧИЊА  

ВРЕМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА, 2 НАСТАВНИ ЧАСА, МАРТ –АПРИЛ 2015 ГОДИНА.  

ЦЕЛИ НА ЧАСОТ:  

-ДА СЕ ИЗГРАДИ ПОЗИТИВЕН СТАВ КОН ХУМАНИТАРНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ. 

-ДА АНАЛИЗИРА КОГА И НА КОГО МУ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ ДА ВООЧУВА И ОЦЕНУВА СИТУАЦИИ НА ОЧЕВИДЕЦ. 

-ДА ОБЈАСНИ КОГА СЕ ЗАГРОЗЕНИ А КОГА СЕ ПОЧИТУВААТ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА. 

-ДА ЗНАЕ ДЕКА ВО УСЛОВИ НА ВОЈНА ПОСТОЈАТ ПРАВИЛА-ЖЕНЕВСКИТЕ КОНВЕНЦИИ И МХП 

Рефлексија:

-УЧЕНИЦИТЕ УСПЕШНО ГИ ДЕТЕКТИРАА ПРОБЛЕМИТЕ И СТРАДАЊАТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ПРИКАЖАНО НА ФОТОГРАФИИТЕ. 

-ПОКАЖАА ЕМПАТИЈА И СЕНЗИБИЛИЗАЦИЈА КОН СОСТОЈБАТА НА ЖРТВИТЕ НА ВОЕН КОНФЛИКТ. 

-УМЕАТ ДА АНАЛИЗИРААТ СИТУАЦИИ КОГА НЕКОМУ МУ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ И МУ Е ЗАГРОЗЕН ЖИВОТОТ. 

ЈА РАЗБИРААТ НЕОПХОДНОСТА ОД ПРУЖАЊЕ ПОМОШ, 

 ЗНААТ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО СЛУЧАЈ НА ВОЕН КОНФЛИКТ ИЛИ ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА. 

-ЗНААТ ДА ГИ ПРИМЕНУВААТ ПРАВИЛАТА НА МХП И ЖЕНЕВСКИТЕ КОНВЕНЦИИ. 

ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ, МИЛИЦА НАХУИС, ООУ „ДИМЧЕ АНГЕЛОВ ГАБЕРОТ“, ДЕМИР КАПИЈА 

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ, МИЛИЦА НАХУИС, ООУ „ДИМЧЕ АНГЕЛОВ ГАБЕРОТ“, ДЕМИР КАПИЈА 

Опис на активноста:

ВО ВОВЕДНИОТ ДЕЛ ОД ЧАСОТ  УЧЕНИЦИТЕ ЈА ИГРАА ПРВАТА ИГРА ОД АКТИВНОСТИТЕ. НАСТАВНИКОТ ИМ ПУШТА МУЗИКА НА УЧЕНИЦТЕ, А УЧЕНИЦТЕ ВО КРУГ СЕ ДВИЖАТ И ЈА СЛЕДАТ МУЗИКАТА. НА ПОДОТ ИМА ЛИВЧИЊА СО ЗБОРОВИ ,УЧЕНИЦТЕ СЕ ВРТАТ КОГА ЌЕ ПРЕСТАНЕ МУЗИКАТА НЕ ТРЕБА ДА ГИ ЗГАЗНАД ЛИВЧИЊАТА. ПОТОА СЛЕДУВА ВО ГЛАВНИОТ ДЕЛ АКТИВНОСТ СО ТИКВИТЕ. УЧЕНИЦТЕ СЕ РЕДАТ ВО ДВЕ РЕДИЦИ. УЧЕНИЦТЕ СИ ЈА ПОДАВААТ ТИКВАТА ГОРЕ ПА ДОЛУ СО ТОА ШТО НЕ ТРЕБА ДА МУ ПАДНЕ И ШТО ПОБРЗО ДА СИ ПОДАВААТ. ВО ЗАДРШНИОТ ДЕЛ УЧЕНИЦТЕ ИМААТ ДА ПОГОДУВААТ ШТО ЌЕ ДОПРАТ ПОД ЛИВЧЕТО И КРПАТА. УЧЕНИЦТЕ ГИ ПОГОДУВААТ ЗБОРОВИТЕ  СО ДОПИРАЊЕ НА ХРАНАТА.  

Рефлексија:

УЧЕНИЦИТЕ  ПРИ ОВААТ АКТИВНОСТ БЕА СОСЕМ ЕНТУЗИЈАЗМИ ЗА СОРАБОТКА,ДРУГАРСТВО И ЗАЕДНИЧКА ИГРА, ШТО ЗНАЧИ ДЕКА СО ТОА СЛЕДАТ И ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ.

 

 

 

  

 

Прифаќање сличности и различности, ДОНКА ПАВЛОВА, ООУ,,БЛАЖЕ КОНЕСКИ“-ВЕЛЕС 

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

Прифаќање сличности и различности, ДОНКА ПАВЛОВА, ООУ,,БЛАЖЕ КОНЕСКИ“-ВЕЛЕС 

Опис на активноста:

Воведни активности: Се даваат насоки за  играта Бинго 

Главна активност: 

Сите деца седат во клупа и добиваат работен лист Бинго. Ги објаснувам полињата  дека треба на наједноставен начин да го напишат одговорот кој се однесува на нив самите во секое поле.Потоа секое од нив бара истородни полиња и се потпишуваат со зелена боичка , Постапката се повторува со црвена боичка со тоа што се потпишува оној што има различно  поле. 

Се води дискусија што им било најлесно во изведување на играта бинго.Се откриваат сличностите и разликите кај луѓето. 

Заклучок: Луѓето припаѓаат на различни гупи заради своите   надворешни  особини  кои  се полесно  видливи : боја на очи, коса, или внатрешно поретко видливи: умеења, емоции, карактристики по кои  се разликуваар: пол, раса, избор- хоби, култура, јазик, религија, возраст, хендикеп… 

Припадноста на одредена група на луѓе им нуди чувство на сигурност. 

Рефлексија:

За време на изведувањена активноста   учениците беа активно ангажирано и научија да донесат самостен заклучок за тоа по што се разликуваа или се слични..Умееја да ја одредат на која груа припаѓаат. 

 

 

 

 

 

 

 

И СЛИЧНИ И РАЗЛИЧНИ, ЛИЛЈАНА ФАНКОСКА, ОУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ – ОХРИД 

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

„И СЛИЧНИ И РАЗЛИЧНИ“, ЛИЛЈАНА ФАНКОСКА, ОУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ – ОХРИД

Опис на активноста:

УЧЕНИЦИТЕ СЕ ДЕЛАТ ВО МАЛИ ГРУПИ ПО ТРОЈЦА. СЕКОЈА ГРУПА ДОБИВА ПО ЕДЕН ПРИМЕРОК ОД РАБОТНИОТ ЛИСТ ЗА УЧЕНИЦИ  

СО ЗАДАЧА ЗАЕДНИЧКИ ДА ГО ПОПОЛНИ НА СЛЕДНИОТ НАЧИН: СЕКОЈ СИ ИЗБИРА ПО ЕДЕН КРУГ ЗА СЕБЕ И НАД НЕГО ГО ЗАПИШУВА СВОЕТО ИМЕ. СЕКОЈ СИ ЗАМИСЛУВА СПИСОК НА РАБОТИ ШТО САКА И/ИЛИ НЕ САКА ДА ГИ ПРАВИ. НИЗ ДИСКУСИЈА СО ДРУГИТЕ ВО ГРУПАТА, СЕКОЈ УЧЕНИК ТРЕБА ДА ОТКРИЕ КОИ ОД ТИЕ РАБОТИ СЕ ОДНЕСУВААТ САМО ЗА НЕГО, КОИ РАБОТИ МУ СЕ ЗАЕДНИЧКИ СО СЕКОГО ОД ДРУГИТЕ ДВАЈЦА УЧЕНИЦИ ВО ГРУПАТА И КОИ РАБОТИ СЕ ЗАЕДНИЧКИ ЗА СИТЕ ТРОЈЦА УЧЕНИЦИ ВО ГРУПАТА. ПО ЗАВРШУВАЊЕ СО РАБОТАТА ВО РАБОТНИТЕ ЛИСТОВИ, УЧЕНИЦИТЕ СЕДНУВААТ ВО КРУГ. НАСТАВНИЧКАТА НА ТАБЛА ГИ ЗАПИШУВА ЗАЕДНИЧКИТЕ НЕШТА (ОСОБЕНО ОНИЕ ЗАЕДНИЧКИ ЗА СИТЕ ТРОЈЦА ВО ГРУПАТА). ПОТОА БАРА И ЗАПИШУВА ДЕЛ ОД НЕШТАТА ШТО СЕ ПОКАЖАЛЕ КАКО ЕДИНСТВЕНО ВАЖЕЧКИ ЗА НЕКОИ ОД УЧЕНИЦИТЕ. ЗАЕДНИЧКИ КОНСТАТИРААТ ДАЛИ ОВИЕ НЕШТА СЕ СÉУШТЕ ЕДИНСТВЕНИ АКО СЕ ВКЛУЧАТ СИТЕ УЧЕНИЦИ ОД ГОЛЕМАТА ГРУПА. 

Рефлексија:

КОГА Е ГРУПАТА ХОМОГЕНА (СОСТАВЕНА ОД ВРСНИЦИ) МНОГУ ЛЕСНО МОЖАТ ДА СЕ НАЈДАТ ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕСИ. НЕШТАТА ПО КОИ МИСЛИМЕ ДЕКА СЕ РАЗЛИКУВАМЕ ЗАТОА ШТО ОБИЧНО СЕ СПОРЕДУВАМЕ СО ПОМАЛ КРУГ ВРСНИЦИ, СЕ ЈАВУВААТ КАКО СЛИЧНОСТИ СЕКОГАШ КОГА ВО СПОРЕДБАТА ЌЕ СЕ ВКЛУЧАТ ПОВЕЌЕ ЛИЦА. РАЗЛИЧНОСТИТЕ СЕ ОДРАЗ НА ИНДИВИДУАЛНОСТА. ДА СЕ БИДЕ ЛИЧНОСТ СО СВОИ СПЕЦИФИЧНОСТИ Е СЕКОГАШ ПОДОБРО ОТКОЛКУ ДА СЕ БИДЕ КОПИЈА НА ДРУГИТЕ. 

 

ПРОБЛЕМИ НА МЛАДИТЕ, МАЈА ТЕФОВА, СОУ„СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“- НЕГОТИНО 

Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

ПРОБЛЕМИ НА МЛАДИТЕ, МАЈА ТЕФОВА, СОУ„СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“- НЕГОТИНО 

Опис на активноста:

КАКВИ ПРОБЛЕМИ ИМААТ МЛАДИТЕ ДЕНЕС?

РАБОТА ВО ГРУПИ- КРИТИЧКИ МИСЛИ

ЧИТАЊЕ ПОДГОТВЕНИ ТЕКСТОВИ ОД ИНТЕРНЕТ

СЕЛЕКЦИЈА/ИЗБОР НА ПРОБЛЕМИ

ЗАПИШУВАЊЕ НА ТАБЛА ДЕЛ ОД ПРОБЛЕМИТЕ

 

 

 

Рефлексија:

СЕ ПОВТОРУВА НАЈВАЖНОТО НА ЧАСОТ

РАЗМЕНА НА МИСЛЕЊА И ИДЕИ

ЈАСНА ПРЕТСТАВА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕН ПРОБЛЕМ

СЕ СОЗДАДЕ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДУХ МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ

 

 

 

 

 

 

„И ЗБОРОВИТЕ ПОВРЕДУВААТ“, ОЛИМПИЈА ЈОВЧЕСКА, СУЗАНА ЈАКИМОВСКА, ООУ„ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“ 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

„И ЗБОРОВИТЕ ПОВРЕДУВААТ“, ОЛИМПИЈА ЈОВЧЕСКА, СУЗАНА ЈАКИМОВСКА, ООУ„ЈАН АМОС КОМЕНСКИ 

Опис на активноста:

На 17. 12.2018г.,се реализираше интерактивна работилница со дискусија И зборовите повредуват, со ученици од 8а одделение.   

 

Целта на работилницата беше учениците од 8а одделение да бидат информирани за соврсничкото насилство-Булинг и начините како да се справуваме со него, како и последиците од соврсничко насилство.  

Теми на обработка во дискусијата: 

  1. Прифаќање на различностите 
  2. Сведоштва и примери за вербални насилство 
  3. Видови ,,Bullying” 
  4. Сторители на ,,Bullying” 
  5. Последици од ,,Bullying” 

Рефлексија:

– Запознаени ученици со проблемот на соврсничко насилство 

– Изнаоѓање  на методи и техники за справување со проблемот соврсничко насилство  

-Информирање за последиците од соврсничко насилство 

 

 

РЕЦИКЛИРАЊЕ, АНИТА КОЦЕВСКА, ООУ„РАЈКО ЖИНЗИФОВ“- ОРИЗАРИ-ВЕЛЕС 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

РЕЦИКЛИРАЊЕ, АНИТА КОЦЕВСКА, ООУ„РАЈКО ЖИНЗИФОВ“- ОРИЗАРИ-ВЕЛЕС 

Опис на активноста:

Оваа активност се состои од два дела: 

1.Собирање на стара хартија и пластични шишиња 

2.Изработка на предмети од рециклиран материјал 

Учениците имаа за задача најпрво да донесат стара хартија и пластични шишиња,од кои изработија предмети кои може да ги користат во секојдневниот живот ( пр.изработија украсни чаши ,украсни кошнички и полици во кои може да го чуваат школскиот прибор). 

Преку оваа активност учениците се поттикнуваат на размислување за: 

 -Намалување на отпадот- со купување на артикли кои навистина ни се потребни или со купување на производи кои не ја содржат непотребната амбалажа. 

-Повторна употреба-повторна употреба на амбалажа,повторно полнење на пластични шишиња и садови,повторно користење на пластични кеси,подарување на стари играчки,книги,облека,бела техника,мебел итн.  наместо да ги фрламе. 

-Рециклирај-разделување на предметот на неговите составни делови и правење на нов предмет. 

Материјал кој се рециклира-пластика,стакло,метал,хартија,текстил 

Рефлексија:

Целта на оваа активност е учениците да разберат дека,ако го намалиме,повторно употребиме и рециклираме нашето ѓубре,ќе фрламе помалку отпад, а со тоа ќе ја заштитиме и чуваме чиста нашата животната средина.  

 

 

 

 

 

„Хуманоста е надеж, среќа и љубов за оној на кому е најпотребна  “ , Марија Стојановска, ОУ„Рајко Жинзифов“Оризари Велес 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

Хуманоста е надеж, среќа и љубов за оној на кому е најпотребна  “ , Марија Стојановска, ОУ„Рајко Жинзифов“Оризари Велес 

Опис на активноста:

Активноста најпрво започна преку комуникација, електронска комуникација на социјалните мрежи  со училиштата во кои е застапена мултиетничката интеграција во нашиот град и преку повеќе кратни средби на кои го изработивме концептот за  организација и реализација на  хуманитарната акција наменета за лицата со оштетен вид. Активноста продолжи со запознавање на родителите со содржината на хуманитарната акција која се состоеше од подготовка на традиционална храна на  различните етникуми, пакување и декорирање. 

Главната активност од оваа работилница се состоеше од подготовка и  продажба на традиционалната храна на штандовите и  собирање на парични средстава наменети за донација. Акцијата беше успешно спроведена и реализирана, нашиот штанд имаше изобилство од традиционална храна која се продаваше по примамлива цена имаше  значителна посетеност од страна на родители од различни етникуми. Учениците и родителите без разлика на етничката припадност се дружеа едни со други ги споделуваа своите сознанија за традицијата и културата на заеднците и ги вкусуваа продуктите од различните традиционални јадења. 

Активноста беше успешно спроведена и реализирана според очекуваното. Од продажните штандови со традиционална храна се доби солидна сума од парични средства кои на крајот од активноста ги дониравме на лицата со оштетен вид која всушност беше и целта на реализирањето на оваа хуманитарна активност. Наставниците, учениците и родителите од различна етничка /јазична писменост беа рамноправни во секој поглед, сите учесници се доживеаа подеднакво вредни и продуктивни. Кај сите нас се побуди чувство на задоволство, чувство на хуманост затоа што со еден мал гест насмеавме  прекрасни  лица. 

Рефлексија:

Се што беше планирано за хуманитарната акција се беше и реализирано. Активноста доста беше успешна. Тоа можеше да се види од лицата на самите учесници-учениците, наставниците и родителите. Традиционалната храна беше добро направена и целосно се продаде. А сите приходи беа донирани на лицата со оштетен вид. Всушност со самата реализација на оваа заедничка активност од страна на училиштата се донесе зклучок дека кога ќе се здружиме сите заедно без разлика на полот, верата и етничката припадност можеме да допринесеме многу како на пример на оваа хуманитарна акција која ја реализиравме, не беше голем настан но значеше многу за оние за кои е наменета. Хуманитарната акција беше само предизвик  за понатамошно организирање на активности од овој тип на кои ќе се добиваат само позитивни резултати, активности на кои  ќе се  зголеми другарувањето, пријателството. 

ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДЕТСТВО БЕЗ МАНА , ДИЈАНА СМУГРЕСКА, ООУ. ,,БЛАЖЕ КОНЕСКИ,, 

ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДЕТСТВО БЕЗ МАНА , ДИЈАНА СМУГРЕСКА, ООУ. ,,БЛАЖЕ КОНЕСКИ,, 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

Опис на активноста: 

ПО ПОВОД ТРАДИЦИОНАЛНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ,,ДЕНОТ НА ЈАБОЛКОТО,, ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ, СЕ ОДРЖАА НЕКОЛКУ РАБОТИЛНИЦИ, ВО КОИ УЧЕСТВУВАА УЧЕНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ОД ПРВО 2 ОДД.

СЕ ИЗРАБОТИЈА НАЈРАЗЛИЧНИ ИЗРАБОТКИ, ПОЧНУВАЈЌИ ОД ПИТИ, СЛАТКИ, ТОРТИ, ПА СЕ ДО КРУНИ, АПЛИКАЦИИ, КОРПИЊА ЗА ЈАБОЛКА, ПРЕСТИЛКИ, РАЗНОВИДНИ ФИГУРИ ОД ЈАБОЛКО И МНОГУ ДРУГИ.

НА ДЕНОТ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО БЕШЕ ПОСТАВЕН ИЗЛОЖБЕН ШТАНД СО СИТЕ ИЗРАБОТКИ, КОИ СЕ ПРОДАВАА ПО СИМБОЛИЧНА ЦЕНА.

СОБРАНИТЕ СРЕДСТВА БЕА НАМЕНЕТИ ЗА ЕДНО НАШЕ БОЛНО ДРУГАРЧЕ.

УЧЕНИЦИТЕ САМИ ПРОДАВАА И ТАКА ВЕЖБАА МАТЕМАТИКА, НО  РАДУВАШЕ ФАКТОТ ШТО ТИЕ ЗНАЕЈА ДЕКА ТРЕБА ДА ПОМОГНАТ И ТОА ГО НАПРАВИЈА СО МНОГУ ГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО.

 

 

 

Рефлексија:

СЕ РАЗВИВА СВЕСТА КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ЗА ВАЖНОСТА ОД ЗДРАВА ХРАНА, СО ЦЕЛ ДА ИМААТ ДЕТСТВО БЕЗ МАНА.

СЕ РАЗВИВА СОРАБОТКАТА СО РОДИТЕЛИТЕ, КАКО И КОМУНИКАЦИЈАТА НАСТАВНИК- УЧЕНИК- РОДИТЕЛ.

А НАЈВАЖНО ОД СЕ ВО ОВАА АКТИВНОСТ, БЕШЕ ХУМАНИОТ МОМЕНТ КОН ДРУГИТЕ. ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ КОН НАШЕТО ДРУГАРЧЕ.

НЕСЕБИЧНОСТА И ЕМПАТИЈАТА ИЗЛЕГОА НА ПОВРШИНА.

ТАНГРАМ ПРЕДИЗВИК, Силвана Ристевска, ОУ„СТИВ НАУМОВ“-БИТОЛА 

ТАНГРАМ ПРЕДИЗВИК, Силвана Ристевска, ОУ„СТИВ НАУМОВ“-БИТОЛА 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

Опис на активноста:

„Образованието е пасош за иднината која им припаѓа на оние кои се подготвуваат во сегашноста“

Целта на оваа активност е да се истакнат позитивните ефекти  кои ги нуди европската програма Еразмус+ врз учениците кои директно учествуваат во проектните активности во рамките на своето училиште како и во мобилностите за учење во други европски држави. 

Предизвикот Танграм е дизајниран со цел да се покаже додадената вредност на ваквите стекнати меѓународни искуства со користење на едноставна аналогија.Односно,во овој случај станува збор за пренесување на лични емоции и искуства на ученици од нашето училиште кои се дел од Еразмус + проектот „Зелени училишта 2.0 за одржлива иднина“.Проектот е започнат од 2017 година и ќе трае до крајот на 2019 година и се работи во соработка со училишта од Италија,Португалија,Романија,Полска и Грција. 

Оваа работилница има 3 дела и 6 тимови(идеално од три или четири ученици). 

Прв дел: Дискусија  

Учениците дискутираат околу следните искуства со кои се стекнале преку овој проект: 

 за постигнувањата кои можат да се доживеат со  тимска работа; 

– за  стекнатите вештини  и умешноста како да се споделуваат информациите и искуствата; 

 – за позитивната афирмација на самите себе и пред   своите врсници; 

  – за прифаќање на соработка и поддршка како дел од релациите помеѓу своите врсници; 

 – за запознавањето на нови култури и елементи на различни држави; 

  – за  манифестирање на радост,емпатија,љубов  и други позитивни емоции кон новите пријателства; 

Своите идеи и заклучоци од дискусијата ги запишуваат како клучни зборови во табела на табла или на компјутер и истите ги бараат во превод на сите мајчини јазици (италијански,португалски,романски,полски,грчки)на своите другарчиња од проектот.Целта на оваа активност е потоа тие зборови да се вметнат во танграмите наменети за секоја држава одделно. 

Зборови со кои учениците ги изразија своите искуства и емоции: разбирање,идеи,љубов,почит,самодоверба,вештини,радост, 

личен развој,слобода,комуникација,игра,учење,поддршка… 

Втор дел: Составување на шест танграми

Учениците работат во шест групи и секоја група има за цел да состави танграм во иста боја која ќе симболизира една држава –партнер од проектот. 

Зелен танграм – Италија

Портокалев танграм – Португалија

Црвен танграм – Полска

Темносин танграм – Романија

Жолт танграм – Македонија

Светло син танграм – Грција

Наставникот им објаснува за загатката Танграм и им  помага и ги насочува  учениците во составувањето на секој танграм.Потоа на секој танграм, учениците го цртаат знамето на земјата и запишуваат по неколку зборови на различни јазици од табелата во првиот дел од работилницата. 

 

Трет дел: Составување на голема слика Танграм со логото на проектот 

Сите шест групи работат заедно со цел да состават еден голем танграм.

На тој танграм ќе го има логото на проектот„ Зелени училишта 2.0 за одржлива иднина“ 

 

 

Рефлексија:

– Што работевме денес? 

– Како се чувствувавте додека работевте? 

– Дали научивме нешто ново? 

– Дали ќе го искористиме наученото за подобрување на самите себе си и околината во која живееме? Како? 

 

ВИЗУЕЛНИ КОМУНИКАЦИИ И ДИЗАЈН, МАЈА АТАНАСОВСКА;  ИСКРА АЛЕКСИЕВСКА, ООУ„КРСТЕ МИСИРКОВ“-СКОПЈЕ 

ВИЗУЕЛНИ КОМУНИКАЦИИ И ДИЗАЈН, МАЈА АТАНАСОВСКА;  ИСКРА АЛЕКСИЕВСКА, ООУ„КРСТЕ МИСИРКОВ“-СКОПЈЕ 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

Опис на  активноста: 

ТРАДИЦИОНАЛНО КАКО И СЕКОЈА ГОДИНА И ОВАА ГОДИНА ПО ПОВОД НОВОГОДИШНИОТ ПРАЗНИК СО УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ИЗРАБОТУВАМЕ НОВОГОДИШНИ МОДЕЛИ ЗА УРЕДУВАЊЕ И УКРАСУВАЊЕ НА УЧИЛНИЦАТА.

АКТИВНОСТА ЈА ЗАПОЧНУВАМЕ СО РАЗГОВОР И ПОКАЖУВАЊЕ НА СЛИКИ ОД ELF ( НАДПРИРОДНО СУШТЕСТВО ВО НАРОДНИТЕ ПРИКАЗНИ) .

УЧЕНИЦИТЕ  ГО ПРЕПОЗНАВААТ И ИМЕНУВААТ. ПОТОА ПРЕМИНУВАМЕ НА ОПИШУВАЊЕ НА ИЗГЛЕДОТ И НЕГОВИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ. (МАЛА ФИГУРА ВО ЧОВЕЧКА ФОРМА СО ИСТАКНАТИ УШИ, МАГИЧНА СИЛА И КАПРИЦИОЗНА ПРИРОДА). СЕ СМЕТАЛО ДЕКА БЕЛЕЗИТЕ ОД РАЃАЊЕ СЕ ЛУЗНИ НАПРАВЕНИ ОД ЕЛФОВИТЕ.

ПО ОПИШУВАЊЕТО НА ЕЛФОВИТЕ ПРЕМИНУВАМЕ КОН ОБЈАСНУВАЊЕ НА НАЧИНОТ НА ИЗРАБОТКА НА ОВОЈ НОВОГОДИШЕН МОДЕЛ. ПО ДАДЕНИТЕ НАПАТСТВИЈА ЗА РАБОТА, УЧЕНИЦИТЕ  ГО ПОДГОТВУВААТ ПОТРЕБНИОТ МАТЕРИЈАЛ И САМОСТОЈНО ЗАПОЧНУВААТ СО СЕЧЕЊЕ, СОСТАВУВАЊЕ И ЛЕПЕЊЕ НА СИТЕ СОСТАВНИ ДЕЛОВИ ЗА ДА СЕ ДОБИЕ ОВАА ПРЕКРАСНА ИЗРАБОТКА.

ПОТРЕБНИОТ МАТЕРИЈАЛ СЕ СОСТОИ ОД ФОТОГРАФИЈА ОД ЛИКОТ  НА СЕКОЈ УЧЕНИК ОД ОДДЕЛЕНИЕТО, КОЈА Е ИЗРАБОТЕНА ПО ДАДЕНИ ДИМЕНЗИИ И ЛИСТ СО ОБЛЕКАТА КОЈА Е РАЗЛИЧНА ЗА МОМЧИЊАТА И ДЕВОЈЧИЊАТА КАКО И КАПИ СВОЈСТВЕНИ  ЗА ОВОЈ МОДЕЛ.

УЧЕНИЦИТЕ  ВО ОПУШТЕНА И ПРИЈАТНА АТМОСФЕРА , ДЕЛ ПО ДЕЛ  ГИ ИЗВРШУВААТ  ДАДЕНИТЕ ЗАДАЧИ ОД НАСТАВНИКОТ. НАСТАВНИКОТ ЈА СЛЕДИ НИВНАТА РАБОТА И ПО ПОТРЕБА ПОМАГА, ПОТТИКНУВА И МОТИВИРА.

НА КРАЈОТ СЕКОЈ ОД УЧЕНИЦИТЕ ЈА ПРЕЗЕНТИРА СВОЈАТА ИЗРАБОТКА  И  СЕ ПРОИЗНЕСУВА ЗА  ВПЕЧАТОЦИТЕ ВО ВРСКА СО ИСТАТА.

ПРЕКУ ТЕХНИКАТА „ПРОШЕТКА НИЗ ГАЛЕРИЈА“ ИМ СЕ ОСТАВА ПРОСТОР  НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ПРОШЕТААТ И МЕЃУСЕБНО ДА СЕ РАЗГЛЕДААТ  ЗА  ДА ГО ВООЧАТ ЛИКОТ НА ДРУГАЧЕТО ВО УЛОГА НА ЕЛФОВИ.

НАСТАВНИКОТ ГИ ЗАКАЧУВА ЕЛФОВИТЕ НА РИБАРСКИ КОНЕЦ И ГИ ПОСТАВУВА НА ВИДНО МЕСТО ВО УЧИЛНИЦАТА.

Рефлексија:

УЧЕНИЦИТЕ РАЗГЛЕДУВААТ, НАБЉУДУВААТ, ДИСКУТИРААТ,ИЗРАБОТУВААТ, СОСТАВУВААТ И ЛЕПАТ СОСТАВНИ ДЕЛОВИ ЗА ДА ДОБИЈАТ ИЗРАБОТКА ПО ПОВОД НОВОГОДИШНИОТ ПРАЗНИК. ЗНААТ И ИМААТ  СТЕКНАТО НАВИКА ДЕКА ТРЕБА ДА ГО УРЕДУВААТ И УКРАСУВААТ КАКО УЧИЛИШНИОТ ПРОСТОР ТАКА И ПРОСТОРИИТЕ ВО КОИ ЖИВЕАТ, ЗА ДА МОЖАТ ДА ЈА ДОЖИВЕАТ ПРАЗНИЧНАТА МАГИЈА. 

 

 

Организирање на библиотеката да претставува центар за учење и размена на информации во училиштето, Оливера Котева , ООУ ,, Петар Поп Арсов ,, -Скопје  

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

Организирање на библиотеката да претставува центар за учење и размена на информации во училиштето, Оливера Котева , ООУ ,, Петар Поп Арсов ,, -Скопје  

Согледување на фактичката ситуација во просторното и функционално уредување на библиотеката 

Барање донации со кои ќе се подобри функционалноста на библиотеката 

Организирање на членовите на библиотекарската секција за реорганизирање на библиотечниот фонд  

Организирање работилници , панел дискусии каде ќе се слушаме и ќе даваме идеи како подобро да ја организираме библиотеката за да претставува центар за учење и размена на информации во училиштето 

Анализа на постигнатите резултати 

Презентација на постигнатите резултати 

Рефлексија од примена на активноста во пракса:

Евидентирање на потребите за просторно и функционално уредување на библиотеката 

Успешно одобрено барање за донација со која се подобрува функционалноста на библиотеката 

Задоволство во работата и взаемната интеракција ученици-библиотекар  

Нови идеи кои функционираат низ создавање позитивна клима за работа во библиотеката како центар за учење и размена на информации во училиштето 

Реализирање на работилници со наставниците и учениците за популаризирање и промовирање на библиотеката како место за учење и читање и место каде ќе ја добијат комплетната подршка од страна на библиотекарот 

Повратна информација од ученицитеУспешно спроведени и реализирани активности 

 

,, НИЕ СМЕ ВИНОЖИТО” СУЗАНА СПИРКОВСКА, ООУ ,, КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ” Скопје

,, НИЕ СМЕ ВИНОЖИТО”, СУЗАНА СПИРКОВСКА, ООУ ,, КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ” Скопје

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

Опис на активноста:

Воведни активности: 

Игровна активност  – Сите деца стојат во круг и со броенка се избира едно дете кое ќе стои во средина. Тоа треба да зазмисли една националност во РМ и ја кажува првата буква.Другите треба да го погодат поимот.Игровните активности се повторуваат неколку пати 

Тек на часот:

Секој ученик добива по еден примерок од работниот лист ,,Исти разлики,, со задача самостојно да го пополни наведувајќи по три сличности и по три разлики меѓу себе и другите категории луѓе.Откако сите ќе го пополнат работниот лист ,се формираат мали групи со 4-5 ученика.Учениците добиваат задача да ги споредат одговорите во рамките на малите групи. 

Дискусија:  

1.Дали беше возможно за сите категории да се смислат сличности и разлики? 

2.Што ви беше полесно да смислите,сличностите или разликите?Зошто? 

3.Дали за различни категории за различни работи ви беше потешко да смислите? Зошто? 

4.Кои сличности се поспецифични –тие со другарите или тие со луѓе од друга националност? А разлики? 

Ученикот

Работи во групата во која е определен, ги согледува  сличностите/разликите и ги одбира тие кои се соодветни за нивната група(донесува заклучоци).Смислува содржина за презентирањето. Врши презентирање на изработката на групата.  

Активно учествува во дискусијата по дадените прашања и дава соодветни одговори. 

Со броенка се одредува едно дете да биде ,,сокол,, и едно дете да биде ,,кокошка,,.Останатите деца беа ,,пилиња,,.Малите пилиња се редат едно зад друго во линија зад кокошката и треба да се држат со рацете за рамената како за ,,вовче,, Кокошката ги предводи пилињата и трча низ училницата,а пилињата не смеат да се отпуштат едно од друго.Соколот кружи околу нив и ако види дека некое пиле се отпуштило ,веднаш  застанува меѓу него и претходното пиле и со тоа се претвора во пиле,а детето што се отпуштило сега станува сокол. 

Рефлексија: 

*Постигањата: 

Учениците изработија книга за полесно да ги сфатат сличностите и разликите со своите другари и  со деца од друга националност. 

* Потешкотиите: 

Изговарање на зборови на нивниот јазик, разбирање на песните и религијата. 

* Импликации за во иднина:Почесто да се обрнува внимание на сличности и разлики со други националности (музика, носии, јазик, религија…). 

 

Attachments

,,Волкот и седумте јариња‘‘, Виолета Ристеска, ООУ,, Климент Охридски ‘‘ – Прилеп 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

 ,,Волкот и седумте јариња‘‘- Виолета Ристеска, ООУ,, Климент Охридски ‘‘ – Прилеп 

Опис на  активноста: 

АКТИВНОСТА СЕ СОСТОИ ОД  ПОВЕЌЕ СЕГМЕНТИ И СЕ ОБРАБОТУВА НЕКОЛКУ ЦАСОВИ ЗА ДА СЕ ОПФАТАТ СИТЕ ФАЗИ. НАЈПРВО СЕ ЧИТА ИЗРАЗНО ПРИКАЗНАТА, СЕ ДОЛОВУВААТ СИТЕ МОМЕНТИ СО ИЗМЕНУВАЊЕ НА ГЛАСОТ , А ПОТОА СЕ ПРЕРАСКАЖУВА ПРИКАЗНАТА ПРЕКУ ПОВЕЌЕ ТЕХНИКИ НА ЈАЗИЧНА ПИСМЕНОСТ. ( ПРЕДВИДУВАЧКИ ПРАШАЊА, МРЕЖА НА ТЕМАТА, КОЦКА, ЅВЕЗДА НА ПРИКАЗНАТА, БОЕНКА, ЛЕНТА НА ПРИКАЗНАТА  )…

СИТЕ АКТИВНОСТИ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ПРЕКУ ИНТЕРАКТИВЕН НАЧИН СО УЧЕНИЦИТЕ И СИТЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО НЕКОЈА АКТИВНОСТ, СЕКОЈ УЧЕНИК ДАВА ПРИДОНЕС ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АКТИВНОСТА, СО ПИШУВАЊЕ, ЧИТАЊЕ, ПРЕЗЕНТАЦИЈА, ГЛУМЕЊЕ.

поучувачки активности :

–  разговор за чувствата;

–  повикување за да се  изведе  една активност каде се покажуваат  чувствата; 

– презентирање конфликтни ситуации од приказната и други конфликтни ситуации. Повикување на учениците да симулираат соодветен начин на однесување на понудените содржини; 

Пеење песни од приказните и глумење на ликовите сега сите позитивни 

Последна активност. Секој ученик подготви подарок за друг ученик. На крајот од часот, секој ученик добива подарок од свое другарче и порака преку која се пренесува љубов, емпатија, … 

 Рефлексија од примена на активноста во пракса :

Поставените цели се успешно реализирани. 

Учениците преку приказната свесни дека нема целосно негативни и целосно позитивни ликови што во иднина ќе им помогне штом ќе се појави некоја конфликтна ситуација.  

– учениците умеат да  направат разлика меѓу соодветно и несоодветно однесување; 

– учениците  сфатија  дека несоодветното однесување може да предизвика конфликт ; 

–  учениците умеат соодветно да се однесуваат во конкретни ситуации ; 

 

 

 

 

 

ПРОМЕНА НА МАТЕРИЈАЛИТЕ, ЛИДИЈА ДИМИТРИЕВСКА, МИМОЗА ЦРВЕНОВА, ООУ„КРСТЕ  МИСИРКОВ“-СКОПЈЕ 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

ПРОМЕНА НА МАТЕРИЈАЛИТЕ, ЛИДИЈА ДИМИТРИЕВСКА МИМОЗА ЦРВЕНОВА, ООУ„КРСТЕ  МИСИРКОВ“-СКОПЈЕ 

Опис на  активноста: 

Поведувам  разговор  (за вовед во активноста) oд предходните часови за топењето на мразот, кога се топи чоколадото кое е е во цврста агрегатна состојба и да премине во течна состојба. Учениците одговараат на поставените прашања и се поведува дискусија. Се најавува целта на часот. 

Започнувам разговор со учениците за тоа колку долго можат да држат коцка мраз во нивната рака преку техниката „ на чекање“. Потоа учениците се делат во групи  и секоја група добива различен материјал во кој ќе се завитка коцка мраз (хартија, ткаенина, алуминиумска фолија, волна, листови и др…) 

На учениците им давам време од 10 мин да набљудуваат што ќе се случи со коцката мраз 

По истекувањето на времето секоја група ја одвиткува коцката мраз од материјалот и запишува што се случило со истата. Еден ученик од групата води белешки во табела. Следува презентирање на истражувањето. Поведуваме дискусија 

Кој беше најдобар материјал и зошто?  

 Учениците откриваат дека коцката мраз завиткана во волнен материјал воопшто не се стопила.  

 Волната беше најдобар материјал затоа што ја сочува  коцката нерастопена, волната ја одржува температурата, таа е најдобар природен изолатор. 

Учениците преку поврзување со линк ги прошируваат знаењата за колку долго можеш да држиш коцка мраз. 

Учениците во  компјутерите во програм GNU PAINT цртаат коцки мраз и стопена коцка мраз.( како изгледа) Се зачувуваат нивните цртежи  

Учениците разговараа за промена на материјалите, истражуваа за материјалите и нивната можност да ја одржат коцката мраз, добиените резултати ги забележуваа во табела и на крајот од часот коцката мраз  и нејзиното топење го нацраа на лап топ.  

Рефлексија од примена на активноста во пракса: 

Учениците разговараа за промена на материјалите, истражуваа за материјалите и нивната можност да ја одржат коцката мраз, добиените резултати ги забележуваа во табела и на крајот од часот коцката мраз  и нејзиното топење го нацраа на лап топ.  

Како се топи мразот?                                                         

Материјал  Време на топење 
 ткаенина   
 хартија   
волна   
памук   
алуминиумска фолија   

Мразот најбрзо се стопи во________________________________ 

Мразот најдоцна се стопи во _______________________________ 

ПРИФАЌАЊЕ СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Илинка Димовска

ООУ ,,КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ,, – СКОПЈЕ

                                                    Опис на  активноста 

ВО ВОВЕДНАТА АКТИВНОСТ СИТЕ УЧЕНИЦИ СЕДАТ ВО КРУГ И ИМ ЧИТАМ РЕЧЕНИЦИ. СИТЕ ОНИЕ ЗА КОИ ВАЖИ ТОА ШТО СЕ КАЖУВА ВО РЕЧЕНИЦАТА ЌЕ ТРЕБА ДА СТАНАТ, ДА НАПРАВАТ НЕШТО ШТО СЕ БАРА ОД НИВ И ПОТОА ДА СЕДНАТ.

  1. НЕКА СТАНАТ СИТЕ ШТО НОСАТ НЕШТО ЦРВЕНО И ПОГЛЕДНЕТЕ СЕ МЕЃУ СЕБЕ!
  2. АКО НОСИТЕ ПАТИКИ, СТАНЕТЕ И ПЛЕСНЕТЕ ЕДНАШ СО РАЦЕТЕ!……

ВО УЧЕЧКО – ПОУЧУВАЧКИТЕ АКТИВНОСТИ УЧЕНИЦИТЕ ОД КУТИЈА ВЛЕЧАТ ПО ЕДЕН ДЕЛ ОД СЛОЖУВАЛКАТА КОЈА ПРЕТХОДНО ЈА НАЦРТАВ И ИСЕКОВ. ПОТОА СЕКОЕ ДЕТЕ ОД КУТИЈА ИЗВЛЕЧЕ ЕДЕН ДЕЛ, СЕ НАЦРТА СЕБЕСИ. ЦРТЕЖОТ БЕШЕ АНОНИМЕН. КОГА УЧЕНИЦИТЕ  ЈА ЗАВРШИЈА СВОЈАТА ИЛУСТРАЦИЈА, СИТЕ ДЕЛОВИ ГИ СТАВИВМЕ ВО КУТИЈА И СЕКОЈ УЧЕНИК, ИЗВЛЕЧЕ ЕДЕН ДЕЛ, А ПОТОА СЕ ОБИДЕ ДА ПОГОДИ КОЈ Е НА ЦРТЕЖОТ. ОТКАКО ЌЕ ПОГОДИ, КАЖУВА ЕДНА РАБОТА ПО КОЈА САМИОТ ТОЈ И ОНОЈ ШТО Е НА ЦРТЕЖОТ СЕ СЛИЧНИ И ЕДНА РАБОТА ПО КОЈА ТИЕ СЕ РАЗЛИЧНИ ОТКАКО СИТЕ ЌЕ СЕ ИЗРЕДАТ ВО КРУГ, ЕДЕН ПО ЕДЕН УЧЕСТВУВААТ ВО СОСТАВУВАЊЕТО НА СЛОЖУВАЛКАТА СО ЛЕПЕЊЕ НА ДЕЛОВИТЕ КОИШТО ГИ ИЗВЛЕКЛЕ И НА КРАЈ ТАА СЕ ИСТАКНУВА ВО УЧИЛНИЦАТА.

ВО ЗАВРШНИОТ ДЕЛ ОД ЧАСОТ ЈА СЛУШАВМЕ И ПЕЕВМЕ ПЕСНАТА ,,НАЈДОБАР ДРУГАР,, ОД БЕНДОТ 5+ .

                                                           Рефлексија од примена на активноста во пракса 

Нема двајца целосно исти луѓе, ниту пак целосно различни. Разликите меѓу луѓето го прават светот побогат, интересен и нудат можност за учење, меѓусебно надополнување и развој. Сите луѓе со своите карактеристики кои се однесуваат на надворешниот изглед, способностите, мислењето, уверувањата, потребите, интересите, прават една единствена, неповторлива слика које е еден, но значаен дел од една поширока слика – човековата заедница.

 

ИЗРАЗУВАЊЕ ЉУБЕЗНОСТ

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

АЛЕКСАНДРА ПЕТРЕСКА 

ОУ  САНДЕ ШТЕРЈОСКИ  КИЧЕВО

    Oпис на активноста

  • КУС  УСТЕН ОПИС НА ДОБРИ СЛУЧКИ ( ПР:МИ ЗАЗДРАВЕ СКРШЕНАТА  РАКА, ПАРИЧКАТА МИ СЕ ПАДНА ЗА БОЖИК …)
  • ДОПИШЕТЕ ЗА ЛИЧНОСТА (ПР: САКАМ ДА ТЕ ВИДАМ  ЗАТОА ШТО….,  МИ СЕ ДОПАЃА НАЧИНОТ НА КОЈ …)
  • КУТИЈА НА ВРЕДНУВАЊЕ (ПР: МУ БЛАГОДАРАМ НА  ТЕО ЗАТОА ШТО МИ ПОМОГНА СО ДОМАШНАТА ЗАДАЧА.)
  • ПРОВЕРКА НА ЕМОЦИИ – КАКО СЕ ЧУВСТУВАШ ДЕНЕС? ( СЕ КОРИСТИ ЛИСТА НА ТЕРМИНИ ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ЕМОЦИИ.
  • ПОМОШ ОД ДРУГАРЧЕ, А ПОТОА ОД НАСТАВНИК
  • ЗАЕДНИЧКИ КРУГ НА ЕДНАКОВ ПРИСТАП, ЗБЛИЖУВАЊЕ И ПРИПАДНОСТ.

( НАВЕДЕНИТЕ ТОЧКИ СЕ АКТИВНОСТИ  КОИ  ПОСЕБНО ОДЗЕМААТ ПО ПРИБЛИЖНО 5 ДО 6 МИН. ВРЕМЕ ОД ЧАСОТ.)

                                                          

                                                                Рефлексија од примена на активноста во пракса 

МОЖНОСТ ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ НА ДОЖИВУВАЊА, ДА СЕ ПОЧИТУВААТ  ЕДЕН СО ДРУГ И ПОМАГААТ, ОХРАБРУВАЊЕ ЗА ЈАВНО СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЧУВСТВА, ЗБЛИЖУВАЊЕ. ПРИКАЖУВАЊЕ ЧУВСТВА КОИ СЕ МЕНУВААТ ПОСТОЈАНО. ЛОЦИРАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ, ПОМАГАЊЕ, СОЧУВСТВУВАЊЕ И ПРИПАДНОСТ НА ЗАЕДНИЦА. 

Пријава за учество на конкур

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Играме и учиме

Весна Обрадовиќ

ООУ„ Кочо Рацин “ Прилеп

Опис на  активноста 

Јазични цели и клучен вокабулар – Слушање со разбирање на приказна, следење упатства, правилно користење на културни изрази , вокабулар ( седни, стани, зборувај, оди, поздрави се) 

Дидактички цели – Развивање на вештините сечење, виткање и лепење 

Воведна активност 

Учениците се редат во круг. Пеат и играат на претхдно учена песничка. 

Главна активност 

Ученците седат во групи од 4-6. Во секоја група сите деца изработуваат робот.Наставникот ја седи работата на учениците и ги поттикнува на соработка и меѓусебно помагање. Се воведува играта ,,Јас сум робот во која учениците со помош на своите роботи глумат претставување, поздравување, станување, седнување, одење следејќи инструкции на англиски јазик. Глумат улога на робот низ разговор и игра користејќи претходно усвоени јазични конструкции. 

Завршна активност 

Учениците заедно со своите роботи пеат песна за различни положби и движења на телото  

Рефлексија од примена на активноста во пракса 

Целите  на часот беа остварени. Учениците со радост ги изработуваа и играа со своите роботи. Разговараа и си помагаа меѓусебно во групите. Со задоволство ги употребуваа изучените зборови. Работната атмосфера беше релаксирана и тоа делуваше стимулативно за ангажирање на сите ученици.

 

Селектираме и рециклираме

 Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Емилија Николоска, Билјана Попоска Филипова, Богослав Бардакоски

ООУ„ГоцеДелчев“ – Прилеп 

Цели 

Ученикот/ ученичката:   

 

  • Да гради  вредности за активен однос и грижа за животната средина 
  • Да умее да селектира отпад и да знае кој отпад може да се рециклира 
  • Да  може да користи различни видови на информации 
  • Да умее да користи знаења од Тема – ,,Работа со податоци,, за креирање на различни дијаграми 
  • Да гради односи со останатите ученици од различни возрасти 
  • Да развива вештини за комуникација и презентирање 

 

Активности кои и предходат на работилницата: 

 

Група од 22 ученици во која беа вклучени ученици од 6-то до 9-то одделение добија задача да направат анкета за да одредат колку учениците од училиштето на таа возраст знаат што е селектирање и рециклирање на отпад. Тие врз основа на примерок од 59 испитаници ја изработија истата со помош на Google forms, а добиените резултати ги прикажаа на соодветни дијаграми прикажани во документ во прилог.  

Учениците дополнително истражуваа на интернет и материјалите кои ги издвоија, а кои се однесуваат на селектирање и рециклирањена отпад се употребија на работилницата. 

 

Воведна активност 

 

Активности на наставникот:  

–  ги насочува учениците да разговараат  за она што предходно го истражиле и го добиле како сознание  од спроведената анкета 

–  ја открива  целта на часот – да се запознаеме со начините на селектирање и рециклирање на отпад и да им помогнеме на другите да го направат истото 

 

Активности на учениците:  

– учениците разговараат за тоа што го знаат во врска со темата, како и за добиените сознанија од спроведеното истражување 

 

Главна активност 

 

Активности на наставникот :  

-ги дели учениците во две хетерогени групи и има дава насоки како да се изработат хамерите за презентација 

– ја поттикнува дискусијата и меѓусебната соработка на учениците во секоја од групите 

– го поттикнува помагањето на повозрасните ученици кон помалите, поттикнува чувство на тимска работа 

 

Активности на учениците; 

  • дискутираат во групата и споделуваат идеи како да се реализира задачата, се организираат и меѓусебно  ги делат активностите 
  • меѓусебно си помагаат, дискутираат  и се организираат за презентација пред соучениците 

 

Завршна и евалуативна активност 

 

Активности на учениците :  

  • Дискутираат  за добиенто искуство од оваа работилница, за тоа што научиле и со какви вештини се здобиле 
  • Учениците од двете групи вршат кратка презентација пред соученици од училиштето  пред кои не само што ја презентираат својата работа, туку посебен акцент ставаат на поттикнување на општествената одговорност на секој од нас кон животната средина, начините како се селектира отпад.

                                                                    РЕФЛЕКСИЈА

Оваа работилница позитивно влијаеше на учениците од различна возраст. Тие не само што се стекнаа со нови знаења во врска со селектирањето и рециклирањето на отпадот, со тенденциите на современите европски земји околу оваа тема, како и за она што се превзема во нашата држава, уште повеќе развиваа општествена одговорност, меѓусебна соработка и помагање, како и вештини за комуникација и презентација, со оглед на фактот што учествуваа ученици од различна возраст, кои иако учат во исто училиште, многу од нив и не се познаваат меѓусебно.  

Од  дискусиите кои ги водеа учениците на оваа работилница произлезе идеја  за спроведување на една поголема акција на ниво на училиште за собирање на селектиран отпад (хартија, пластика и сл.), а средствата собрани од таквата акција да се искористат за хуманитарни цели или за набавување на нагледни средства или збогатување на литератутниот фонд.

 

РАБОТИЛНИЦА: ПРИЈАТЕЛСКО И НЕПРИЈАТЕЛСКО ОДНЕСУВАЊЕ

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Весна Јанковска

ООУ,,Рајко Жинзифов,,-Оризари,Велес

   OПИС НА АКТИВНОСТА

ВОВЕДНА АКТИВНОСТ-УЧЕНИЦИТЕ СЕ ДЕЛАТ НА ПАРОВИ И СЕКОЈ ПАР ЗАПОЧНУВА СО МЕЃУСЕБНА ,,КОМУНИКАЦИЈА,,КОЈА ТРАЕ ОКОЛУ ЕДНА МИНУТА.ПРИ ТОА ЕДЕН ПАР УЧЕНИЦИ ДОБИВА ЗА ЗАДАЧА ДА ,,ЗБОРУВААТ,,-ТИВКО РАЗГОВОРЛИВО, ДУГИОТ ПАР УЧЕНИЦИ МАЛКУ СЕ ,,ПОТКАРУВААТ,,А ТРЕТИОТ ПАР ДОБИВА ЗА ЗАДАЧА ДА ИЗВЕДЕ КОМУНИКАЦИЈА ВО КОЈА ДВАТА УЧЕНИКА СЕ ,,КАРААТ,,ИГРИТЕ СЕ ОДГЛУМУВААТ ВО КООРДИНАЦИЈА СО НАСТАВНИКОТ.

НАСТАВНИКОТ ГИ ПРАШУВА УЧЕНИЦИТЕ КАКОВ Е ИЗРАЗОТ НА ЛИЦЕТО КАЈ СЕКОЈА ОД ОВИЕ ГРУПИ УЧЕНИЦИ, СООДВЕТНО СПОРЕД ОНА ШТО ГО ПРИКАЖУВАЛЕ ВО ИГРАТА

-ПАРОТ КОЈ МИРНО И ТИВКО РАЗГОВАРАЛ ,ИМА СЛИКА ОД НАСМЕАНИ ЛИЦА –ПАРОТ КОЈ МАЛКУ СЕ ПОТКАРУВА  ИМА СЛИКА СО СЕРИОЗНИ ЛИЦА              –ПАРОТ КОЈ СЕ КАРА ИМА СЛИКА НА УПЛАКАНИ ДЕЦА И СЕРИОЗНИ ЛИЦА

ГЛАВНА АКТИВНОСТ-НАСТАВНИКОТ ЗАПОЧНУВА ДИСКУСИЈА ПО ОДНОС НА ПРАВТА АКТИВНОСТ И ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕ ДО ЦЕЛОТО ОДДЕЛЕНИЕ

-КАКО СЕ ЧУСТВУВАВТЕ КОГА ГИ НАБЉУДУВАВТЕ СИТЕ ОВИЕ КОМУНИКАЦИИ И РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ СЕКОЈА ГРУПА НА УЧЕНИЦИ ? ДАЛИ ПРИЈАТНО СЕ ЧУСТВУВАТЕ ВО ДРУШТВО НА УЧЕНИЦИ КОИ ПРИЈАТЕЛСКИ РАЗГОВАРААТ? КАКО СЕ ЧУСТВУВАТЕ ВО ДРУШТВО НА УЧЕНИЦИ КОИ СЕ КАРААТ ? ЗОШТО ? ДОАЃАМЕ ДО ЗАКЛУЧОК

КОГА СЕ ОДНЕСУВАМЕ НЕПРИЈАТЕЛСКИ,СЕ НАВРЕДУВАМЕ,ПОВРЕДУВАМЕ МЕЃУСЕБЕ И ПРИ ТОА ЛОШО СЕ ЧУСТВУВАМЕ.КОГА СЕ ОДНЕСУВАМЕ ПРИЈАТЕЛСКИ (КОНФЛИКТОТ) КЕ СЕ РЕШИ БЕЗ КАРАНИЦА И ТЕПАЧКА И СЕКОЈА ГРУПА КЕ СЕ ЧУСТВУВА ПРИЈАТНО.

ВО ЗАВРШНАТА АКТИВНОСТ-СЕКОЈ ПАР УЧЕНИЦИ ПОТРЕБНО Е НА БЕЛ ЛИСТ ДА ЗАМИСЛИ СИТУАЦИЈА И ИСТАТА ДА ЈА НАСЛИКА,НАЦРТА,ПРЕТСТАВИ.НАЈНАПРЕД УЧЕНИКОТ ПРЕТСТВУВА ..НЕПРИЈАТЕЛСКО ОДНЕСУВАЊЕ,,-СО ИНСТРУКЦИИ ДА НАПИШАТ КАКО СЕ ЧУСТВУВААТ ВО ТАКВИТЕ СИТУАЦИИ И КАКОВ Е ОДРАЗОТ НА ЛИЦАТА ПРИ ТОА. ОД ДРУГАТА СТРАНА НА ЛИСТОТ ПОТРЕБНО Е ДА НАСЛИКААТ ,,ПРИЈАТЕЛСКО ОДНЕСУВАЊЕ,,ПОВТОРНО СО ПИШУВАЊЕ КАКО ОВОЈ ПАТ СЕ ЧУСТВУВААТ,КОГА ПРИЈАТЕЛСКИ СЕ ОДНЕСУВААТ И КАКОВ Е ОДРАЗОТ НА НИВНИТЕ ЛИЦА.

ВО ЗАВРШНИОТ ДЕЛ ОД РАБОТИЛНИЦАТА СЕДНАТИ ВО ПОЛУКРУГ СЕКОЈ УЧЕНИК ОБРАЗЛОЖУВА ОНА ШТО НАЛСИКАЛ,НАЦРТАЛ А НАСТАВНИКОТ СТИМУЛИРА СО ОТВОРАЊЕ НА ДИСКУСИЈА И ОДГОВОР НА ПРАШАЊАТА:ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА СЕ ОДНЕСУВАМЕ НЕПРИЈАТЕЛСКИ /   А ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА ПРИЈАТЕЛСКИ СЕ ОДНЕСУВАМЕ ?

 

                                                         Рефлексија од примена на активноста во пракса

ШТО ПРАВЕВМЕ ДЕНЕС ? КОЈ ПРОСОЦИЈАЛНИ  ВРЕДНОСТИ И ВЕШТИНИ  ГИ ПРОМОВИРАВМЕ  НА ОВОЈ ЧАС?

( КОМУНИКАЦИЈА СО ДРУГИ, ПОЧИТУВАЊЕ НА ДРУГИТЕ,ПРИДРУЖУВАЊЕ ВО ГРУПАТА СО  ПРИЈАТЕЛСКО  ОДНЕСУВАЊЕ,РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ БЕЗ КОНФЛИКТИ И НЕПРИЈАТЕЛСКО ОДНЕСУВАЊЕ.

КАКО МОЖЕМЕ НАУЧЕНОТО ДА ГО ПРИМЕНИМЕ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ ?

 

ПРЕЗЕМАЊЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОСТАПКИТЕ, СОЊА ЈАНКУЛОВСКА, Даме Груев -Битола

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

ПРЕЗЕМАЊЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОСТАПКИТЕ, СОЊА ЈАНКУЛОВСКА, Даме Груев -Битола

Опис на  активноста:  

ГЛАВНА АКТИВНОСТ 1 НАСТАВНИКОТ ЈА ЧИТА ПЕСНАТА ОД ТОШЕ ПРОЕСКИ, СНИМЕНА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА УНИЦЕФ, „ЗА ОВОЈ СВЕТ“, И СЕКОЈ УЧЕНИК ДОБИВА ПО ЕДЕН ПРИМЕРОК ОД ПЕСНАТА „ЗА ОВОЈ СВЕТ“. 

ДИСКУСИЈА 1 

  1. ДАЛИ СТЕ ЈА СЛУШНАЛЕ ОВАА ПЕСНА?
  2. ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃА? ЗОШТО?
  3. КАКО СЕ ЧУВСТВУВАВТЕ ДОДЕКА ЈА СЛУШАВТЕ?
  4. КОЈ Е ТОЈ ШТО ТРЕБА ДА СЕ БОРИ ЗА ОВОЈ СВЕТ?
  5. ШТО ПРАВЕЛ ТОШЕ ПРОЕСКИ ЗА ОВОЈ СВЕТ ДА БИДЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ НА ДЕЦАТА?
  6. ДАЛИ И ВИЕ МОЖЕТЕ НА НЕКАКОВ НАЧИН ДА ПРИДОНЕСЕТЕ ОВОЈ СВЕТ ДА СТАНЕ МЕСТО ВО КОЕ

 

ДЕЦАТА ЌЕ ЖИВЕАТ БЕЗ СТРАВ, БЕЗ ГЛАД И БЕЗ ГРИЖИ? 

СЕКОЈ УЧЕНИК ДОБИВА ПО ЕДЕН ПРИМЕРОК ОД РАБОТНИОТ ЛИСТ ЗА УЧЕНИЦИ „СО ШТО МОЖАМ ДА ПРИДОНЕСАМ ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ НА ДЕЦАТА?“ И ТРЕБА ДА НАПИШЕ НАЈМАЛКУ ПО ДВЕ КОНКРЕТНИ ПОСТАПКИ ШТО МОЖЕ ДА ГИ ПРЕЗЕМЕ, НЕЗАВИСНО ОД ДРУГИТЕ, ВО СЕМЕЈСТВОТО, УЧИЛИШТЕТО, СОСЕДСТВОТО, ВО ЗЕМЈАТА И ВО СВЕТОТ. 

ОТКАКО ЌЕ ГО ПОПОЛНАТ, УЧЕНИЦИТЕ СЕ ДЕЛАТ ВО ГРУПИ ПО ЧЕТВОРИЦА И ВО СЕКОЈА ГРУПА ЌЕ ТРЕБА ДА ГИ ПРОДИСКУТИРААТ ПРЕДЛОЗИТЕ И ДА ПРОВЕРАТ КОЛКУ СЕ НАВИСТИНА КОНКРЕТНИ И ДОКОЛКУ НЕ СЕ, ДА ОДБЕРАТ ЕДЕН ИЛИ ДВА И ДА СЕ ОБИДАТ ДА ГИ КОНКРЕТИЗИРААТ И ДА ГИ РАСПРЕДЕЛАТ КОНКРЕТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ МЕЃУ СЕБЕ. ВО КОНКРЕТИЗИРАЊЕТО МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ И НАСТАВНИКОТ.  

ПО ЗАВРШУВАЊЕТО, ПО ЕДЕН ПРЕТСТАВНИК ОД СЕКОЈА ГРУПА ГИ ПРЕЗЕНТИРА УСВОЕНИТЕ ПРЕДЛОЗИ ПРЕД ОСТАНАТИТЕ. 

 ДИСКУСИЈА 2

  1. КОЛКУ ПРЕДЛОЗИТЕ ШТО ГИ СЛУШНАВТЕ ВИ ИЗГЛЕДААТ ПРИФАТЛИВИ И ОСТВАРЛИВИ?
  2. ОД КОГО ЗАВИСИ НИВНАТА ОСТВАРЛИВОСТ?

 

 

Рефлексија од примена на активноста во пракса:

ЗАКЛУЧОК

ПЕЈАЧОТ ТОШЕ ПРОЕСКИ ОРГАНИЗИРАЛ МНОГУ КОНЦЕРТИ И ПАРИТЕ ОД СОБРАНИТЕ ВЛЕЗНИЦИ ГИПОДАРУВАЛ НА РАЗНИ УСТАНОВИ ЗА ДЕЦА ЗА ДА СЕ ПОДОБРАТ УСЛОВИТЕ ЗА ПРЕСТОЈ И ТРЕТМАН НА ДЕЦАТА. ТОЈ, ИСТО ТАКА, ПОСТОЈАНО ИМ ПОКАЖУВАЛ НА ДЕЦАТА КОЛКУ ГИ САКА И КОЛКУ УБАВО СЕ ЧУВСТВУВА ВО НИВНО ПРИСУСТВО. 

И ПОКАЖУВАЊЕТО НА ЉУБОВ ПРИДОНЕСУВА ЛУЃЕТО ДА СЕ ЧУВСТВУВААТ УБАВО, ВЕДРО И БЕЗГРИЖНО. 

СЕКОЈ ОД НАС Е ОДГОВОРЕН И МОЖЕ ДА СЕ БОРИ И ДА ПРИДОНЕСЕ СВЕТОТ ДА СТАНЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ НА ДЕЦАТА.