ПРОМЕНА НА МАТЕРИЈАЛИТЕ, ЛИДИЈА ДИМИТРИЕВСКА, МИМОЗА ЦРВЕНОВА, ООУ„КРСТЕ  МИСИРКОВ“-СКОПЈЕ 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

ПРОМЕНА НА МАТЕРИЈАЛИТЕ, ЛИДИЈА ДИМИТРИЕВСКА МИМОЗА ЦРВЕНОВА, ООУ„КРСТЕ  МИСИРКОВ“-СКОПЈЕ 

Опис на  активноста: 

Поведувам  разговор  (за вовед во активноста) oд предходните часови за топењето на мразот, кога се топи чоколадото кое е е во цврста агрегатна состојба и да премине во течна состојба. Учениците одговараат на поставените прашања и се поведува дискусија. Се најавува целта на часот. 

Започнувам разговор со учениците за тоа колку долго можат да држат коцка мраз во нивната рака преку техниката „ на чекање“. Потоа учениците се делат во групи  и секоја група добива различен материјал во кој ќе се завитка коцка мраз (хартија, ткаенина, алуминиумска фолија, волна, листови и др…) 

На учениците им давам време од 10 мин да набљудуваат што ќе се случи со коцката мраз 

По истекувањето на времето секоја група ја одвиткува коцката мраз од материјалот и запишува што се случило со истата. Еден ученик од групата води белешки во табела. Следува презентирање на истражувањето. Поведуваме дискусија 

Кој беше најдобар материјал и зошто?  

 Учениците откриваат дека коцката мраз завиткана во волнен материјал воопшто не се стопила.  

 Волната беше најдобар материјал затоа што ја сочува  коцката нерастопена, волната ја одржува температурата, таа е најдобар природен изолатор. 

Учениците преку поврзување со линк ги прошируваат знаењата за колку долго можеш да држиш коцка мраз. 

Учениците во  компјутерите во програм GNU PAINT цртаат коцки мраз и стопена коцка мраз.( како изгледа) Се зачувуваат нивните цртежи  

Учениците разговараа за промена на материјалите, истражуваа за материјалите и нивната можност да ја одржат коцката мраз, добиените резултати ги забележуваа во табела и на крајот од часот коцката мраз  и нејзиното топење го нацраа на лап топ.  

Рефлексија од примена на активноста во пракса: 

Учениците разговараа за промена на материјалите, истражуваа за материјалите и нивната можност да ја одржат коцката мраз, добиените резултати ги забележуваа во табела и на крајот од часот коцката мраз  и нејзиното топење го нацраа на лап топ.  

Како се топи мразот?                                                         

Материјал  Време на топење 
 ткаенина   
 хартија   
волна   
памук   
алуминиумска фолија   

Мразот најбрзо се стопи во________________________________ 

Мразот најдоцна се стопи во _______________________________ 

ПРИФАЌАЊЕ СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Илинка Димовска

ООУ ,,КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ,, – СКОПЈЕ

                                                    Опис на  активноста 

ВО ВОВЕДНАТА АКТИВНОСТ СИТЕ УЧЕНИЦИ СЕДАТ ВО КРУГ И ИМ ЧИТАМ РЕЧЕНИЦИ. СИТЕ ОНИЕ ЗА КОИ ВАЖИ ТОА ШТО СЕ КАЖУВА ВО РЕЧЕНИЦАТА ЌЕ ТРЕБА ДА СТАНАТ, ДА НАПРАВАТ НЕШТО ШТО СЕ БАРА ОД НИВ И ПОТОА ДА СЕДНАТ.

  1. НЕКА СТАНАТ СИТЕ ШТО НОСАТ НЕШТО ЦРВЕНО И ПОГЛЕДНЕТЕ СЕ МЕЃУ СЕБЕ!
  2. АКО НОСИТЕ ПАТИКИ, СТАНЕТЕ И ПЛЕСНЕТЕ ЕДНАШ СО РАЦЕТЕ!……

ВО УЧЕЧКО – ПОУЧУВАЧКИТЕ АКТИВНОСТИ УЧЕНИЦИТЕ ОД КУТИЈА ВЛЕЧАТ ПО ЕДЕН ДЕЛ ОД СЛОЖУВАЛКАТА КОЈА ПРЕТХОДНО ЈА НАЦРТАВ И ИСЕКОВ. ПОТОА СЕКОЕ ДЕТЕ ОД КУТИЈА ИЗВЛЕЧЕ ЕДЕН ДЕЛ, СЕ НАЦРТА СЕБЕСИ. ЦРТЕЖОТ БЕШЕ АНОНИМЕН. КОГА УЧЕНИЦИТЕ  ЈА ЗАВРШИЈА СВОЈАТА ИЛУСТРАЦИЈА, СИТЕ ДЕЛОВИ ГИ СТАВИВМЕ ВО КУТИЈА И СЕКОЈ УЧЕНИК, ИЗВЛЕЧЕ ЕДЕН ДЕЛ, А ПОТОА СЕ ОБИДЕ ДА ПОГОДИ КОЈ Е НА ЦРТЕЖОТ. ОТКАКО ЌЕ ПОГОДИ, КАЖУВА ЕДНА РАБОТА ПО КОЈА САМИОТ ТОЈ И ОНОЈ ШТО Е НА ЦРТЕЖОТ СЕ СЛИЧНИ И ЕДНА РАБОТА ПО КОЈА ТИЕ СЕ РАЗЛИЧНИ ОТКАКО СИТЕ ЌЕ СЕ ИЗРЕДАТ ВО КРУГ, ЕДЕН ПО ЕДЕН УЧЕСТВУВААТ ВО СОСТАВУВАЊЕТО НА СЛОЖУВАЛКАТА СО ЛЕПЕЊЕ НА ДЕЛОВИТЕ КОИШТО ГИ ИЗВЛЕКЛЕ И НА КРАЈ ТАА СЕ ИСТАКНУВА ВО УЧИЛНИЦАТА.

ВО ЗАВРШНИОТ ДЕЛ ОД ЧАСОТ ЈА СЛУШАВМЕ И ПЕЕВМЕ ПЕСНАТА ,,НАЈДОБАР ДРУГАР,, ОД БЕНДОТ 5+ .

                                                           Рефлексија од примена на активноста во пракса 

Нема двајца целосно исти луѓе, ниту пак целосно различни. Разликите меѓу луѓето го прават светот побогат, интересен и нудат можност за учење, меѓусебно надополнување и развој. Сите луѓе со своите карактеристики кои се однесуваат на надворешниот изглед, способностите, мислењето, уверувањата, потребите, интересите, прават една единствена, неповторлива слика које е еден, но значаен дел од една поширока слика – човековата заедница.

 

ИЗРАЗУВАЊЕ ЉУБЕЗНОСТ

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

АЛЕКСАНДРА ПЕТРЕСКА 

ОУ  САНДЕ ШТЕРЈОСКИ  КИЧЕВО

    Oпис на активноста

  • КУС  УСТЕН ОПИС НА ДОБРИ СЛУЧКИ ( ПР:МИ ЗАЗДРАВЕ СКРШЕНАТА  РАКА, ПАРИЧКАТА МИ СЕ ПАДНА ЗА БОЖИК …)
  • ДОПИШЕТЕ ЗА ЛИЧНОСТА (ПР: САКАМ ДА ТЕ ВИДАМ  ЗАТОА ШТО….,  МИ СЕ ДОПАЃА НАЧИНОТ НА КОЈ …)
  • КУТИЈА НА ВРЕДНУВАЊЕ (ПР: МУ БЛАГОДАРАМ НА  ТЕО ЗАТОА ШТО МИ ПОМОГНА СО ДОМАШНАТА ЗАДАЧА.)
  • ПРОВЕРКА НА ЕМОЦИИ – КАКО СЕ ЧУВСТУВАШ ДЕНЕС? ( СЕ КОРИСТИ ЛИСТА НА ТЕРМИНИ ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ЕМОЦИИ.
  • ПОМОШ ОД ДРУГАРЧЕ, А ПОТОА ОД НАСТАВНИК
  • ЗАЕДНИЧКИ КРУГ НА ЕДНАКОВ ПРИСТАП, ЗБЛИЖУВАЊЕ И ПРИПАДНОСТ.

( НАВЕДЕНИТЕ ТОЧКИ СЕ АКТИВНОСТИ  КОИ  ПОСЕБНО ОДЗЕМААТ ПО ПРИБЛИЖНО 5 ДО 6 МИН. ВРЕМЕ ОД ЧАСОТ.)

                                                          

                                                                Рефлексија од примена на активноста во пракса 

МОЖНОСТ ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ НА ДОЖИВУВАЊА, ДА СЕ ПОЧИТУВААТ  ЕДЕН СО ДРУГ И ПОМАГААТ, ОХРАБРУВАЊЕ ЗА ЈАВНО СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЧУВСТВА, ЗБЛИЖУВАЊЕ. ПРИКАЖУВАЊЕ ЧУВСТВА КОИ СЕ МЕНУВААТ ПОСТОЈАНО. ЛОЦИРАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ, ПОМАГАЊЕ, СОЧУВСТВУВАЊЕ И ПРИПАДНОСТ НА ЗАЕДНИЦА. 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Играме и учиме

Весна Обрадовиќ

ООУ„ Кочо Рацин “ Прилеп

                                                                    Опис на  активноста 

Јазични цели и клучен вокабулар – Слушање со разбирање на приказна, следење упатства, правилно користење на културни изрази , вокабулар ( седни, стани, зборувај, оди, поздрави се) 

Дидактички цели – Развивање на вештините сечење, виткање и лепење 

Воведна активност 

Учениците се редат во круг. Пеат и играат на претхдно учена песничка. 

Главна активност 

Ученците седат во групи од 4-6. Во секоја група сите деца изработуваат робот.Наставникот ја седи работата на учениците и ги поттикнува на соработка и меѓусебно помагање. Се воведува играта ,,Јас сум робот во која учениците со помош на своите роботи глумат претставување, поздравување, станување, седнување, одење следејќи инструкции на англиски јазик. Глумат улога на робот низ разговор и игра користејќи претходно усвоени јазични конструкции. 

Завршна активност 

Учениците заедно со своите роботи пеат песна за различни положби и движења на телото  

Рефлексија од примена на активноста во пракса 

Целите  на часот беа остварени. Учениците со радост ги изработуваа и играа со своите роботи. Разговараа и си помагаа меѓусебно во групите. Со задоволство ги употребуваа изучените зборови. Работната атмосфера беше релаксирана и тоа делуваше стимулативно за ангажирање на сите ученици.

 

Селектираме и рециклираме

 Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Емилија Николоска, Билјана Попоска Филипова, Богослав Бардакоски

ООУ„ГоцеДелчев“ – Прилеп 

Цели 

Ученикот/ ученичката:   

 

  • Да гради  вредности за активен однос и грижа за животната средина 
  • Да умее да селектира отпад и да знае кој отпад може да се рециклира 
  • Да  може да користи различни видови на информации 
  • Да умее да користи знаења од Тема – ,,Работа со податоци,, за креирање на различни дијаграми 
  • Да гради односи со останатите ученици од различни возрасти 
  • Да развива вештини за комуникација и презентирање 

 

Активности кои и предходат на работилницата: 

 

Група од 22 ученици во која беа вклучени ученици од 6-то до 9-то одделение добија задача да направат анкета за да одредат колку учениците од училиштето на таа возраст знаат што е селектирање и рециклирање на отпад. Тие врз основа на примерок од 59 испитаници ја изработија истата со помош на Google forms, а добиените резултати ги прикажаа на соодветни дијаграми прикажани во документ во прилог.  

Учениците дополнително истражуваа на интернет и материјалите кои ги издвоија, а кои се однесуваат на селектирање и рециклирањена отпад се употребија на работилницата. 

 

Воведна активност 

 

Активности на наставникот:  

–  ги насочува учениците да разговараат  за она што предходно го истражиле и го добиле како сознание  од спроведената анкета 

–  ја открива  целта на часот – да се запознаеме со начините на селектирање и рециклирање на отпад и да им помогнеме на другите да го направат истото 

 

Активности на учениците:  

– учениците разговараат за тоа што го знаат во врска со темата, како и за добиените сознанија од спроведеното истражување 

 

Главна активност 

 

Активности на наставникот :  

-ги дели учениците во две хетерогени групи и има дава насоки како да се изработат хамерите за презентација 

– ја поттикнува дискусијата и меѓусебната соработка на учениците во секоја од групите 

– го поттикнува помагањето на повозрасните ученици кон помалите, поттикнува чувство на тимска работа 

 

Активности на учениците; 

  • дискутираат во групата и споделуваат идеи како да се реализира задачата, се организираат и меѓусебно  ги делат активностите 
  • меѓусебно си помагаат, дискутираат  и се организираат за презентација пред соучениците 

 

Завршна и евалуативна активност 

 

Активности на учениците :  

  • Дискутираат  за добиенто искуство од оваа работилница, за тоа што научиле и со какви вештини се здобиле 
  • Учениците од двете групи вршат кратка презентација пред соученици од училиштето  пред кои не само што ја презентираат својата работа, туку посебен акцент ставаат на поттикнување на општествената одговорност на секој од нас кон животната средина, начините како се селектира отпад.

                                                                    РЕФЛЕКСИЈА

Оваа работилница позитивно влијаеше на учениците од различна возраст. Тие не само што се стекнаа со нови знаења во врска со селектирањето и рециклирањето на отпадот, со тенденциите на современите европски земји околу оваа тема, како и за она што се превзема во нашата држава, уште повеќе развиваа општествена одговорност, меѓусебна соработка и помагање, како и вештини за комуникација и презентација, со оглед на фактот што учествуваа ученици од различна возраст, кои иако учат во исто училиште, многу од нив и не се познаваат меѓусебно.  

Од  дискусиите кои ги водеа учениците на оваа работилница произлезе идеја  за спроведување на една поголема акција на ниво на училиште за собирање на селектиран отпад (хартија, пластика и сл.), а средствата собрани од таквата акција да се искористат за хуманитарни цели или за набавување на нагледни средства или збогатување на литератутниот фонд.

 

РАБОТИЛНИЦА: ПРИЈАТЕЛСКО И НЕПРИЈАТЕЛСКО ОДНЕСУВАЊЕ

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Весна Јанковска

ООУ,,Рајко Жинзифов,,-Оризари,Велес

   OПИС НА АКТИВНОСТА

ВОВЕДНА АКТИВНОСТ-УЧЕНИЦИТЕ СЕ ДЕЛАТ НА ПАРОВИ И СЕКОЈ ПАР ЗАПОЧНУВА СО МЕЃУСЕБНА ,,КОМУНИКАЦИЈА,,КОЈА ТРАЕ ОКОЛУ ЕДНА МИНУТА.ПРИ ТОА ЕДЕН ПАР УЧЕНИЦИ ДОБИВА ЗА ЗАДАЧА ДА ,,ЗБОРУВААТ,,-ТИВКО РАЗГОВОРЛИВО, ДУГИОТ ПАР УЧЕНИЦИ МАЛКУ СЕ ,,ПОТКАРУВААТ,,А ТРЕТИОТ ПАР ДОБИВА ЗА ЗАДАЧА ДА ИЗВЕДЕ КОМУНИКАЦИЈА ВО КОЈА ДВАТА УЧЕНИКА СЕ ,,КАРААТ,,ИГРИТЕ СЕ ОДГЛУМУВААТ ВО КООРДИНАЦИЈА СО НАСТАВНИКОТ.

НАСТАВНИКОТ ГИ ПРАШУВА УЧЕНИЦИТЕ КАКОВ Е ИЗРАЗОТ НА ЛИЦЕТО КАЈ СЕКОЈА ОД ОВИЕ ГРУПИ УЧЕНИЦИ, СООДВЕТНО СПОРЕД ОНА ШТО ГО ПРИКАЖУВАЛЕ ВО ИГРАТА

-ПАРОТ КОЈ МИРНО И ТИВКО РАЗГОВАРАЛ ,ИМА СЛИКА ОД НАСМЕАНИ ЛИЦА –ПАРОТ КОЈ МАЛКУ СЕ ПОТКАРУВА  ИМА СЛИКА СО СЕРИОЗНИ ЛИЦА              –ПАРОТ КОЈ СЕ КАРА ИМА СЛИКА НА УПЛАКАНИ ДЕЦА И СЕРИОЗНИ ЛИЦА

ГЛАВНА АКТИВНОСТ-НАСТАВНИКОТ ЗАПОЧНУВА ДИСКУСИЈА ПО ОДНОС НА ПРАВТА АКТИВНОСТ И ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕ ДО ЦЕЛОТО ОДДЕЛЕНИЕ

-КАКО СЕ ЧУСТВУВАВТЕ КОГА ГИ НАБЉУДУВАВТЕ СИТЕ ОВИЕ КОМУНИКАЦИИ И РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ СЕКОЈА ГРУПА НА УЧЕНИЦИ ? ДАЛИ ПРИЈАТНО СЕ ЧУСТВУВАТЕ ВО ДРУШТВО НА УЧЕНИЦИ КОИ ПРИЈАТЕЛСКИ РАЗГОВАРААТ? КАКО СЕ ЧУСТВУВАТЕ ВО ДРУШТВО НА УЧЕНИЦИ КОИ СЕ КАРААТ ? ЗОШТО ? ДОАЃАМЕ ДО ЗАКЛУЧОК

КОГА СЕ ОДНЕСУВАМЕ НЕПРИЈАТЕЛСКИ,СЕ НАВРЕДУВАМЕ,ПОВРЕДУВАМЕ МЕЃУСЕБЕ И ПРИ ТОА ЛОШО СЕ ЧУСТВУВАМЕ.КОГА СЕ ОДНЕСУВАМЕ ПРИЈАТЕЛСКИ (КОНФЛИКТОТ) КЕ СЕ РЕШИ БЕЗ КАРАНИЦА И ТЕПАЧКА И СЕКОЈА ГРУПА КЕ СЕ ЧУСТВУВА ПРИЈАТНО.

ВО ЗАВРШНАТА АКТИВНОСТ-СЕКОЈ ПАР УЧЕНИЦИ ПОТРЕБНО Е НА БЕЛ ЛИСТ ДА ЗАМИСЛИ СИТУАЦИЈА И ИСТАТА ДА ЈА НАСЛИКА,НАЦРТА,ПРЕТСТАВИ.НАЈНАПРЕД УЧЕНИКОТ ПРЕТСТВУВА ..НЕПРИЈАТЕЛСКО ОДНЕСУВАЊЕ,,-СО ИНСТРУКЦИИ ДА НАПИШАТ КАКО СЕ ЧУСТВУВААТ ВО ТАКВИТЕ СИТУАЦИИ И КАКОВ Е ОДРАЗОТ НА ЛИЦАТА ПРИ ТОА. ОД ДРУГАТА СТРАНА НА ЛИСТОТ ПОТРЕБНО Е ДА НАСЛИКААТ ,,ПРИЈАТЕЛСКО ОДНЕСУВАЊЕ,,ПОВТОРНО СО ПИШУВАЊЕ КАКО ОВОЈ ПАТ СЕ ЧУСТВУВААТ,КОГА ПРИЈАТЕЛСКИ СЕ ОДНЕСУВААТ И КАКОВ Е ОДРАЗОТ НА НИВНИТЕ ЛИЦА.

ВО ЗАВРШНИОТ ДЕЛ ОД РАБОТИЛНИЦАТА СЕДНАТИ ВО ПОЛУКРУГ СЕКОЈ УЧЕНИК ОБРАЗЛОЖУВА ОНА ШТО НАЛСИКАЛ,НАЦРТАЛ А НАСТАВНИКОТ СТИМУЛИРА СО ОТВОРАЊЕ НА ДИСКУСИЈА И ОДГОВОР НА ПРАШАЊАТА:ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА СЕ ОДНЕСУВАМЕ НЕПРИЈАТЕЛСКИ /   А ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА ПРИЈАТЕЛСКИ СЕ ОДНЕСУВАМЕ ?

 

                                                         Рефлексија од примена на активноста во пракса

ШТО ПРАВЕВМЕ ДЕНЕС ? КОЈ ПРОСОЦИЈАЛНИ  ВРЕДНОСТИ И ВЕШТИНИ  ГИ ПРОМОВИРАВМЕ  НА ОВОЈ ЧАС?

( КОМУНИКАЦИЈА СО ДРУГИ, ПОЧИТУВАЊЕ НА ДРУГИТЕ,ПРИДРУЖУВАЊЕ ВО ГРУПАТА СО  ПРИЈАТЕЛСКО  ОДНЕСУВАЊЕ,РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ БЕЗ КОНФЛИКТИ И НЕПРИЈАТЕЛСКО ОДНЕСУВАЊЕ.

КАКО МОЖЕМЕ НАУЧЕНОТО ДА ГО ПРИМЕНИМЕ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ ?

 

ПРЕЗЕМАЊЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОСТАПКИТЕ, СОЊА ЈАНКУЛОВСКА, Даме Груев -Битола

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

ПРЕЗЕМАЊЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОСТАПКИТЕ, СОЊА ЈАНКУЛОВСКА, Даме Груев -Битола

Опис на  активноста:  

ГЛАВНА АКТИВНОСТ 1 НАСТАВНИКОТ ЈА ЧИТА ПЕСНАТА ОД ТОШЕ ПРОЕСКИ, СНИМЕНА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА УНИЦЕФ, „ЗА ОВОЈ СВЕТ“, И СЕКОЈ УЧЕНИК ДОБИВА ПО ЕДЕН ПРИМЕРОК ОД ПЕСНАТА „ЗА ОВОЈ СВЕТ“. 

ДИСКУСИЈА 1 

  1. ДАЛИ СТЕ ЈА СЛУШНАЛЕ ОВАА ПЕСНА?
  2. ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃА? ЗОШТО?
  3. КАКО СЕ ЧУВСТВУВАВТЕ ДОДЕКА ЈА СЛУШАВТЕ?
  4. КОЈ Е ТОЈ ШТО ТРЕБА ДА СЕ БОРИ ЗА ОВОЈ СВЕТ?
  5. ШТО ПРАВЕЛ ТОШЕ ПРОЕСКИ ЗА ОВОЈ СВЕТ ДА БИДЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ НА ДЕЦАТА?
  6. ДАЛИ И ВИЕ МОЖЕТЕ НА НЕКАКОВ НАЧИН ДА ПРИДОНЕСЕТЕ ОВОЈ СВЕТ ДА СТАНЕ МЕСТО ВО КОЕ

 

ДЕЦАТА ЌЕ ЖИВЕАТ БЕЗ СТРАВ, БЕЗ ГЛАД И БЕЗ ГРИЖИ? 

СЕКОЈ УЧЕНИК ДОБИВА ПО ЕДЕН ПРИМЕРОК ОД РАБОТНИОТ ЛИСТ ЗА УЧЕНИЦИ „СО ШТО МОЖАМ ДА ПРИДОНЕСАМ ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ НА ДЕЦАТА?“ И ТРЕБА ДА НАПИШЕ НАЈМАЛКУ ПО ДВЕ КОНКРЕТНИ ПОСТАПКИ ШТО МОЖЕ ДА ГИ ПРЕЗЕМЕ, НЕЗАВИСНО ОД ДРУГИТЕ, ВО СЕМЕЈСТВОТО, УЧИЛИШТЕТО, СОСЕДСТВОТО, ВО ЗЕМЈАТА И ВО СВЕТОТ. 

ОТКАКО ЌЕ ГО ПОПОЛНАТ, УЧЕНИЦИТЕ СЕ ДЕЛАТ ВО ГРУПИ ПО ЧЕТВОРИЦА И ВО СЕКОЈА ГРУПА ЌЕ ТРЕБА ДА ГИ ПРОДИСКУТИРААТ ПРЕДЛОЗИТЕ И ДА ПРОВЕРАТ КОЛКУ СЕ НАВИСТИНА КОНКРЕТНИ И ДОКОЛКУ НЕ СЕ, ДА ОДБЕРАТ ЕДЕН ИЛИ ДВА И ДА СЕ ОБИДАТ ДА ГИ КОНКРЕТИЗИРААТ И ДА ГИ РАСПРЕДЕЛАТ КОНКРЕТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ МЕЃУ СЕБЕ. ВО КОНКРЕТИЗИРАЊЕТО МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ И НАСТАВНИКОТ.  

ПО ЗАВРШУВАЊЕТО, ПО ЕДЕН ПРЕТСТАВНИК ОД СЕКОЈА ГРУПА ГИ ПРЕЗЕНТИРА УСВОЕНИТЕ ПРЕДЛОЗИ ПРЕД ОСТАНАТИТЕ. 

 ДИСКУСИЈА 2

  1. КОЛКУ ПРЕДЛОЗИТЕ ШТО ГИ СЛУШНАВТЕ ВИ ИЗГЛЕДААТ ПРИФАТЛИВИ И ОСТВАРЛИВИ?
  2. ОД КОГО ЗАВИСИ НИВНАТА ОСТВАРЛИВОСТ?

 

 

Рефлексија од примена на активноста во пракса:

ЗАКЛУЧОК

ПЕЈАЧОТ ТОШЕ ПРОЕСКИ ОРГАНИЗИРАЛ МНОГУ КОНЦЕРТИ И ПАРИТЕ ОД СОБРАНИТЕ ВЛЕЗНИЦИ ГИПОДАРУВАЛ НА РАЗНИ УСТАНОВИ ЗА ДЕЦА ЗА ДА СЕ ПОДОБРАТ УСЛОВИТЕ ЗА ПРЕСТОЈ И ТРЕТМАН НА ДЕЦАТА. ТОЈ, ИСТО ТАКА, ПОСТОЈАНО ИМ ПОКАЖУВАЛ НА ДЕЦАТА КОЛКУ ГИ САКА И КОЛКУ УБАВО СЕ ЧУВСТВУВА ВО НИВНО ПРИСУСТВО. 

И ПОКАЖУВАЊЕТО НА ЉУБОВ ПРИДОНЕСУВА ЛУЃЕТО ДА СЕ ЧУВСТВУВААТ УБАВО, ВЕДРО И БЕЗГРИЖНО. 

СЕКОЈ ОД НАС Е ОДГОВОРЕН И МОЖЕ ДА СЕ БОРИ И ДА ПРИДОНЕСЕ СВЕТОТ ДА СТАНЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ НА ДЕЦАТА. 

 

 

 

Питагорова спирала

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

ОЛИВЕРА ТАНЕКА 
ООУ„БЛАГОЈ КИРКОВ“-ВЕЛЕС 

ОПИС на активноста

Воведна активност

Учениците најпрво беа поделени во четири групи (во секоја група имаше по еден ученик од Бошњачка, Турска и по два ученика од Македонската нација-по две момчиња и две девојчиња). На учениците им беа презентирани целите на работилнициата. Ја повторија Питагоровата теорема и по еден ученик од трите националности ја запиша Питагоровата теорема на табла на својот мајчин јазик. Беа поделени потребните материјали за оваа работилница. Преку презентацијата учениците ги насочивме како да ја изработат Питагоровата спирала и преку апликацијата Geogebra беше објаснета постапката за нејзина конструкција. Главна активност Откако учениците ги добија работните материјали и добија насоки за работа почнаа со изработката на Питагоровата спирала во време траење од еден наставен час, а потоа на вториот час Питагоровата спирала ја искористија во креирање на разни цртежи, кои ги обоија со дрвени боици или со фломасетери. Завршна активност и рефлексија Учениците по завршувањето на изработените цртежи ги претставија пред останатите ученици во мини изложба. Нашите очекувања беа исполнети во целост. Учениците беа максимално ангажирано и успешно ја конструираа не едниот час Питагоровата спирала (до ), а на вториот ја искористија во разни краетивни цртежи на кои и самите се горди и задоволни од нивната изработка. Учениците беа задоволни од нивниот допринос во оваа работилница и побараа да бидат повторно ангажирани за следна ваква активност.

РЕФЛЕКСИЈА

 

Нашите очекувања беа исполнети во целост. Учениците беа максимално ангажирано и успешно ја конструираа не едниот час Питагоровата спирала (до ), а на вториот ја искористија во разни краетивни цртежи на кои и самите се горди и задоволни од нивната изработка. Учениците беа задоволни од нивниот допринос во оваа работилница и побараа да бидат повторно ангажирани за следна ваква работилница

 

 

ПРОЕКТ„И ЗБОРОВИТЕ ПОВРЕДУВААТ“

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

ЕЛИЗАБЕТА ТЕОДОСИЕВСКА 
ООУ„ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“ 

ОПИС НА АКТИВНОСТА

Од 17 – 24. 12.2018г. се реализираа интерактивни работилница со дискусија  И зборовите повредуват, подготвена од ученици од IX-тите одделенија, со драмски дел, Power Point-презентација и анимиран филм, со цел учениците од IV-IX одделение да бидат информирани за соврсничкото насилство-булинг и начините како да се справуваме со него,но, и за последиците од соврсничко насилство. 

Теми на обработка во дискусијата: 

  1. Прифаќање на различностите 
  1. Сведоштва и примери за вербални насилство 
  1. Видови ,,Bullying” 
  1. Сторители на ,,Bullying” 
  1. Последици од ,,Bullying

 

РЕФЛЕКСИЈА

– Запознаени ученици со проблемот на соврсничко насилство 

 Изнаоѓање  на методи и техники за справување со проблемот соврсничко насилство  

нформирање за последиците од соврсничко насилство

 

ЈАЗИКОТ НЕ Е ПРЕЧКА ЗА ДРУГАРУВАЊЕ

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

                                                ЈАЗИКОТ НЕ Е ПРЕЧКА ЗА ДРУГАРУВАЊЕ

ВИКТОРИЈА СМИЛЕВСКА (ДЕФЕКТОЛОГ ВО НАСТАВА)

ВЕРА АНГЕЛОВСКИ (НАСТАВНИК ПО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ) 

OПИС НА АКТИВНОСТА

УЧЕСНИЦИ: УЧЕНИЦИ СО ОШТЕТЕН СЛУХ ОД ПОСЕБНИТЕ ПАРАЛЕЛКИ И УЧЕНИЦИ СО УРЕДЕЕН СЛУХ

ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД УЧЕНИЦИТЕ КОИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО АКТИВНОСТА СЕ ЧЛЕНОВИ НА УЧИЛИШНИОТ ХОР.  ТИЕ ВО ПРЕТХОДНИТЕ ЧАСОВИ ПО ХОР СЕ ЗАПОЗНАЕНИ ПРЕКУ РАЗГОВОР СО НАСТАВНИЧКАТА ЗА АКТИВНОСТА КОЈА СЛЕДИ И ПО СОПСТВЕН ИЗБОР СЕ ИЗДВОЈУВААТ ДЕЛ ОД НИВ КОИ ЌЕ БИДАТ ВО ПРВАТА ФАЗА И ЗАПОЗНАВАЊЕТО СО УЧЕНИЦИТЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ. УЧЕНИЦИТЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ ПОСЕТУВААТ НАСТАВА ВО ПОСЕБНИ КОМБИНИРАН ПАРАЛЕЛКИ КОИ СЕ ВО СКЛОП НА РЕДОВНОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ООУ КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ – ПИТУ, КИСЕЛА ВОДА, СКОПЈЕ, НО ВО ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ СО ШТО НИВНИТЕ СРЕДБИ ДО СЕГА НЕ СЕ ТОЛКУ ЧЕСТИ.

АКТИВНОСТА СЕ ОДВИВА ВО ДВЕ ФАЗИ:

ВО ПРВТА ФАЗА ПРИЈАВЕНИТЕ УЧЕНИЦИ ЗАЕДНО СО СВОТЕ ДРУГАРИ СО ОШТЕТЕН СЛУХ ОД ПОСЕБИТЕ ПАРАЛЕЛКИ И ПОД ВОДСТВО НА ДЕФЕКТОЛОГОТ КОЈ ЈА ВОДИ НАСТАВАТА, ЈА УСВОЈУВААТ ХИМНАТА НА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК.

КАКО ВОВЕДНА АКТИВНОСТ СЕКОЈ ОД УЧЕНИЦИТЕ ИМАШЕ ЗА ЗАДАЧА ДА ГО ЗАПИШЕ СВОЕТО ИМЕ  НА ПАНОТО И ДА ДЕМОНСТРИРА НЕКОЕ ЖИВОТНО ПРЕКУ ПАНТОМИМА, ДОДЕКА ДРУГИТЕ ТРЕБА ДА ЈА ПОГОДАТ АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ЖИВОТНО. НАПОРЕДНО СО ПАНТОМИМАТА УЧЕНИКОТ КОЈ ИМИТИРА КОРИСТИ И ЦРТЕЖ – СКИЦА КАКО БИ ГО ПРЕТСТВИЛ ЖИВОТНОТО, СО НАПОМЕНА ДЕКА НЕСМЕЕ ДА КОРИСТИ БУКВИ И ЗБОРОВИ. ЦЕЛТА НА АКТИВНОСТА Е МЕЃУСЕБНО ЗАПОЗНАВАЊЕ И НАДМИНУВАЊЕ НА БАРИЕРАТА ЗА ПОЧЕТНА КОМУНИКАЦИЈА ВО СИТУАЦИЈА ВО КОЈА НЕМОЖАТ ДА КОРИСТАТ ГОВОР (УСТЕН, А НИТУ ПИШАН). ПО ВОВЕДНАТА АКТИВНОСТ СЛЕДЕШЕ АЗГОВОР ОКОЛУ ТОА КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛЕ ДОДЕКА ОБЈАСНУВАЛЕ И КОЛКУ ЗА НИВ ПРЕТСТВУВАШЕ ТЕШКОТИЈА ИСТОТО. РАЗГОВОРОТ ВО ЦЕЛОСТ Е ПРЕВЕДУВАН НА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК ПОДРЖАН СО УСТЕН ГОВОР.

ПО ВОВЕДНАТА АКТИВНОСТ УЧЕНИЦИТЕ (БЕЗ ОШТЕТУВАЊА И ТИЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ) СЛЕДАТ ВИДЕА КАКО ПРИМЕРИ НА КОИ СЕ ПРИКАЖАНИ ПРЕВОДИ НА ПЕСНИ НА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК. ПРЕКУ ПРИМЕРИТЕ ТИЕ МОЖАТ ДА ЈА ВООЧАТ ФАЦИЈАЛНАТА ЕКСПРЕСИЈА И ВООПШТО ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО, КОЈА ВО ОВОЈ НАЧИН НА ИЗРАЗУВАЊЕ – ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА ПЕСНА, И ВООПШТО СЦЕНСКО ИЗРАЗУВАЊЕ Е МНОГУ ВАЖНА. ПОНАТАМУ УЧЕНИЦИТЕ ЗАЕДНИЧКИ СОРАБОТУВАА И ЈА  УСВОЈУВААТ  СОДРЖИНАТА НА ПЕСНАТА. НАСТАВНИКОТ – ДЕФЕКТОЛОГ ГО ВОДИ ПРОЦЕСОТ НА УСВОЈУВАЊЕ, ПРЕКУ ДЕМОНСТРАЦИЈА НА СООДВЕТНОТ ЗНАК ЗА СОДРЖИНАТА. СРЕДБИТЕ ПОКРАЈ УСВОЈУВАЊЕ НА ПЕСНАТА СОЧИНУВААТ И МЕЃУСЕБНИ РАЗГОВОИ (НА НАЧИНИ КОИ САМИТЕ ГИ ИЗНАОЃААТ ГЕСТОВИ, ПИШАН ГОВОР, ОТЧИТУВАЊЕ ОД УСТА, ИЛУСТРАЦИИ И СЛ, НА ШТО ДАДОВМЕ ГОЛЕМ АКЦЕНТ КАКО НАЧИН НА СОРАБОТКА И МЕЃУСЕБНО ПОЧИТУВАЊЕ), МЕЃУСЕБНО СЕ ПОДУЧУВААТ НА ФРАЗИ И ОСНОВНИ ПОЗДРАВИ КОИ СЕ КОРИСТАТ НА МАКЕДОНСКИ ЗНАКОВЕН ЈАЗИК. НАСТАВНИКОТ ДЕФЕКТОЛОГ Е ПОСТОЈАНО ПРИСУТЕН ЗА ДА ЈА ПОТТИКНЕ И ОЛЕСНИ ОВАА КОМУНИКАЦИЈА.

ПО УСВОЈУВАЊЕТО НА СОДРЖИНАТА НА ПЕСНАТА НА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК ЗАПОЧНУВА ВТОРАТА ФАЗА. ВО ВТОРАТА ФАЗА СИТЕ ЗАЕДНО УЧЕНИЦИТЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ И ЦЕЛИОТ ХОР ВОДЕНИ ОД НАСТАВНИКОТ ПО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ И ДЕФЕКТОЛОГОТ ЈА УСВОЈУВААТ СОДРЖИНАТА НА ПЕСНАТА. И ПОНАТАМУ ПРОДОЛЖУВААТ СРЕДБИТЕ НА ДЕЦАТА СО И БЕЗ ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ, НО ВО ПОГОЛЕМА ГРУПА, СО ПОГОЛЕМА ВЕЌЕ СО ПОГОЛЕМА САМОДОВЕРБА. КАКО КРАЕН ПРОДУКТ ОД АКТИВНСТА ДОБИВМЕ УЧИЛИШЕН ХОР ВО КОЈ УЧЕСТВУВААТ И УЧЕНИЦИ СО ОШТЕТЕН СЛУХ И КОИ ЗАЕДНИЧКИ ГЛАСОВНО И ЗНАКОВНО  ја  ЈА ИНТЕРПРЕТИРААТ ПЕСНАТА „ЗА ОВОЈ СВЕТ“.

Рефлексија од примена на активноста во пракса 

Непознавањето на знаковниот јазик од страна на децата со уреден слух и недоволната самодовербва на глувите деца во училишната возраст, предизвикува бариера која не дозволува блиска комуникација и дружење на овие две групи на деца и покрај тоа што делат ист физички простор (училиштето).  

Одвивањето на првата фаза со помала група на деца со зачуван слух се покажа за успешна од причина што децата со оштетување добија поголема самодоверба и полесно пристапија кон комуникација. Изборот на деца кои беа во првата фаза беше ито така позитивен затоа што децата веќе ја имаа желбата и иницијативата (впрочем и затоа оставивме да биде нивна иницијативата, определбата) за знаковна комуникација што покажа позитивен резултат и успех во понатамошното другарување.  

Понатаму, и во втората фаза, останатите децата од хорот, како побројна група, многу лесно покажаа дека се подготвени меѓусебно да се дружат.  

Откако се воспостави основна комуникација преку воведната активносткако и што очекувавме се појавија обиди меѓу децата да развијат свој начин на комуникација (преку употреба на научениот гест, потоа неформални гестови, пантомима, слика, текст и сл). Ова дополнително овозможи проширување на комуникацијата и нивно меѓусебно дружење.  

Со завшување на работилниците со гордост можеме да истакнеме дека многу јасно се забележа остварувањето на основните цели  

  • Унапредување на своите способности за активно  

Слушање, комуницирање, изразувањеуважувајки ги   

Сопствените и туѓите чувстава и потреби; 

  • остварување  комуникација преку  соработка  наместо  преку  компетенција,  конструктивно  и  ненасилно  

однесување, 

  • Уважување  на  својата  личност  и  и  личноста  со  која  се  соработува, преземање  одговорност  за  сопственото  однесување, изнаоѓање решенија  со  позитивен  исход  за  сите  во  заедницата  (групата/ одделението/училиштето/семејството/пошироката заедница); 

  

Успехот на оваа акттивност даде поттик за понатамошно меѓусебно дружење на децата и подготовка на гласовна и знаковна интерпретација голем број на музички композиции со кои се претствуваме како училиште на повеќе различни манифестации. 

 

Соработуваме, создаваме музика

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени вредности

Ане Ангелеска 

Цветанчо Волчески 

ООУ „Климент Охридски“ , Прилеп

ОПИС на активноста

НАСАВНИКОТ ИМ ПРЕЗЕНТИРА НА УЧЕНИЦИТЕ YOUTUBE TUTORIAL ЗА РИТМИЧКАТА ВЕЖБА. СЕКОЈ УЧЕНИК ТРЕБА ДА ГО НАУЧИ ДВИЖЕЊЕТО СО ЧАШИТЕ ЗА ДА МОЖЕ ДА СЕ СОЗДРАДЕ РИТАМ ЗА ПЕСНАТА. ОТКАКО СИТЕ УЧЕНИЦИ ГИ НАУЧИЈА ТОЧНИТЕ ЧЕКОРИ ОД РИТАМОТ СЛЕДУВАШЕ ВИСТИНСКАТА ПОТРЕБА ОД СОРАБОТКА. ВО ТЕКОТ НА ПРОЦЕСТО НА УСОГЛАСУВАЊЕ СЛЕДЕА ПОВЕЌЕ КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ НА КОИ НАСТАВНИЦИТЕ ИМ УКАЖУВАА И ПОМАГАА ЗА НИВНО РЗРЕШУВАЊЕ. ПОСЛЕ ПРОЦЕСООТ НА УСОГЛАСУВАЊЕ УЧЕНИЦИТЕ НАУЧИЈА ДЕКА КОНФЛИКТНИТЕ СИТУАЦИИ СЕ ПОТРЕБНИ И НЕ СЕ СЕКОГАШ НЕГАТИВНИ ПОЈАВИ, ВО СЛУЧАЈОВ, СО НИВНО РАЗРЕШУВАЊЕ СОЗДАДОЈА  „МУЗИКА“  

                                                                  Рефлексија од примена на активноста во пракса 

Оваа активност всушност им послужи за учење на една многу значајна вештина која ни е потребна за креативно и продуктивно справување со конфликтите и го унапреди нивниот соживот во училницата.

МУЗИКА БЕЗ ГРАНИЦИ

Пријава за учество на конкурс  Pro Social Values работилница за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Павлинка Вељаноска

ооу,, Гоце Делчев,, -Неготино

                                                                           Опис на  активноста 

ВОВЕДЕН ДЕЛ: 

МУЗИКА- СТОП- УЧЕНИЦИТЕ ТАНЦУВААТ НА ОДБРАНИ КОМПОЗИЦИИ ОД РАЗЛИЧНИ ЖАНРИ. НАСТАВИКОТ НЕНАДЕЈНО ЈА СОПИРА МУЗИКАТА ПОВЕЌЕ ПАТИ. ПРИ СОПИРАЊЕТО, УЧЕНИЦИТЕ ТРЕБА ДА ЗАСТАНАТ ВО ЗАТЕКНАТАТА ПОЛОЖБА И СО ТРИ ПРИДАВКИ ДА ОБЈАСНАТ КАКО ЈА ЧУВСТВУВААТ МУЗИКАТА.

ГЛАВЕН ДЕЛ:

НАСТАВНИКОТ ОБЈАСНУВА ДЕКА НЕКОИ КОМПОЗИЦИИ СЕ НАПИШАНИ ВО ДУРКИ А НЕКОИ ВО МОЛСКИ ТОНАЛИТЕТ. ТАКА, ПОСТОЈАТ ДУРСКИ И МОЛСКИ СКАЛИ. БИДЕЈЌИ НА УЧЕНИЦИТЕ ИМ Е ПОЗНАТА ДУРСКАТА СКАЛА, СЕ ПРАВИ ,,ЖИВА СКАЛА,, ОД УЧЕНИЦИТЕ СО НАЗНАЧУВАЊЕ НА ЦЕЛИ И ПОЛУСТЕПЕНИ. ПОТОА, ОД НЕА, ПО ПРАВИЛОТО ЗА ДОБИВАЊЕ НА МОЛСКА СКАЛА СЕ ЗЕМА 6 СТАПАЛО И СЕ ДОБИВА А-МОЛ СКАЛА. СЕ ЗАПИШУВА  ДОБИЕНАТА СКАЛА.  НАСТАВНИКОТ ИМ ЈА СВИРИ СКАЛАТА А УЧЕНИЦИТЕ ДАВААТ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ЗВУЧНОСТА. НАСТАВНИКОТ НАПОМЕНУВА ДЕКА ПОНЕКОГАШ ЗА ДУРСКАТА СКАЛА СЕ ДАВААТ КАРАКТЕРИСТИКИ ДЕКА Е СВЕЧЕНА, ХЕРОЈСКА, МАШКА, (MAJOR) МОЛСКАТА ДЕКА Е ТАЖНА, ПЛАЧЛИВА И ЖЕНСКА.(MINOR). ТУКА ИМА ДИСКУСИЈА МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ НА ТЕМА ,,ДА ГИ РАЗБИЕМЕ СТЕРЕОТИПИТЕ,,. НАСТАВНИКОТ ДАВА ПРИМЕРИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ ПЕСНИ ДЕКА ВО МОЛСКИ СКАЛИ ИМА МНОГУ ПЕСНИ СО СРЕЌНА СОДРЖИНА А ВО ДУРСКИ СКАЛИ, ПЕСНИ СО ТАЖНА СОДРЖИНА. ЗАКЛУЧОК: МУЗИКАТА НЕМА ГРАНИЦИ, МУЗИКАТА НЕ ЗНАЕ ЗА СТЕРЕОТИПИ.

ЗАВРШЕН ДЕЛ:

СЛУШАЊЕ НА КОМПОЗИЦИИ ВО ДУР И МОЛ А УЧЕНИЦИТЕ ИМААТ ЗА ЗАДАЧА, СЕКОЈА КОМПОЗИЦИЈА ДА ЈА ПРЕТСТАВАТ СО ЕДЕН СИМБОЛ. НА КРАЈОТ НА ЧАСОТ СЕ ДОНУСВА ЗАКЛУЧОК ДЕКА МУЗИКАТА СЕКОГАШ ПОЗИТИВНО ВЛИЈАЕ НА НАШЕТО РАСПОЛОЖЕНИЕ И СЕКОГАШ ТРЕБА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ Е ВО ДУРСКИ ИЛИ МОЛСКИ ТОНАЛИТЕТ.

                                                               

Рефлексија од примена на активноста во пракса

УЧЕНИЦИТЕ БЕА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА СИТЕ АКТИВНОСТИ. ИМ БЕШЕ ИНТЕРЕСЕН НАЧИНОТ НА ДОБИВАЊЕ НА А-МОЛ СКАЛА, ПОСЕБНО БЕА АКТИВНИ ВО ДИСКУСИЈАТА,,МУЗИКАТА НЕМА ГРАНИЦИ,, ПЛАНИРАНАТА ВРЕМЕНСКА РАМКА БЕШЕ ДОВОЛНА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПЛАНИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ. 

 

Заедно можеме повеќе

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

                                   Заедно можеме повеќе

ВАЛЕНТИНА ТОДОРОВА

ООУ „ДИМЧЕ АНГЕЛОВ ГАБЕРОТ“ 

 

ОПИС на активноста

ВО ПОЧЕТОКОТ УЧЕНИЦИТЕ БЕА ЗАПОЗНАТИ СО РОДИТЕЛОТ КОЈ Е УЧЕСТВУВА ВО АКТИВНОСТА.

ВО ВОВЕДНИОТ ДЕЛ ОД ЧАСОТ СЕКОЈ УЧЕНИК ДОБИ БАЛОН ЗА ДУВАЊЕ. ВО ГЛАВНИОТ ДЕЛ, УЧЕНИЦИТЕ ТРЕБАШЕ ДА ГИ НОСАТ БАЛОНИТЕ НА ГЛАВА И ТОА ОД ЕДНИОТ КРАЈ НА УЧИЛНИЦАТА ДО ДРУГИОТ. ВО АКТИВНОСТА УЧЕСТВУВАА И НАСТАВНИКОТ И РОДИТЕЛОТ, КОИ ИМ ДЕМОНСТРИРАА ПОБРЗО НОСЕЊЕ НА БАЛОНОТ НАЈПРВО САМОСТОЈНО, А ПОТОА И ВО ПАРОВИ. УЧЕНИЦИТЕ ДОЈДОА ДО ЗАКЛУЧОК ДЕКА Е ПОЛЕСНО И ПОБРГУ НОСЕЊЕТО НА БАЛОНИТЕ ВО ПАРОВИ. ВО ЗАВРШНИОТ ДЕЛ ОД АКТИВНОСТА УЧЕНИЦИТЕ СЕ НАТППРЕВАРУВАА ВО НОСЕЊЕ НА БАЛОН. ПОБЕДНИЦИТЕ ДОБИЈА ГОЛЕМ АПЛАУЗ И СКРОМНА НАГРАДА ОД РОДИТЕЛОТ, КОЈ ГИ ПОТТИКНА НА СОРАБОТКА И ЗАЕДНИЧКИ ИЗВРШУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ.

                                                                                  

 

    Рефлексија од примена на активноста во пракса

УЧЕНИЦИТЕ СЕ ОСПОСОБИЈА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ВО ИГРАТА КАКО И ПОЧИТУВАЊЕ НА ДРУГИТЕ. КАЈ НИВ СЕ РАЗВИВА ДРУГАРСТВОТО, СОРАБОТКАТА И НАТПРЕВАРУВАЧКИОТ ДУХ. ВО ЦЕЛОТО ОДДЕЛЕНИЕ СЕ ПОЧУСТВУВАА ПОЗИТИВНИ ЕМОЦИИ.

УЧЕНИЦИТЕ НАУЧИЈА ДЕКА СО ПОМОШ И СОРАБОТКА СЕ ПОСТИГНУВААТ ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ.

ПРИФАЌАМЕ И ПРИЗНАВАМЕ ГРЕШКИ

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

                                                                                                        ПРИФАЌАМЕ И ПРИЗНАВАМЕ ГРЕШКИ

ВЕСНА БРЧКОВА 

ООУ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ 

    ОПИС на актиноста

ИГРАМЕ ИГРА ВО КОЈА УЧЕНИЦИТЕ СТОЈАТ ВО КРУГ И СО ПРЕКРСТЕНИ РАЦЕ ТРЕБА ДА ГО НАПРАВАТ ДОГОВОРЕНОТО ДВИЖЕЊЕ. ЦЕЛТА НА ОВАА ИГРА Е УЧЕНИЦИТЕ ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО ЧУВСТВАТА КОИ ГИ ДОЖИВУВААТ КОГА ТРЕБА ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ИГРАТА. 

-ЧИТАЊЕ ДАДЕНИ СИТУАЦИИ И ПОВЕДУВАЊЕ ДИСКУСИЈА ВО КОЈА ЗАЕДНИЧКИ СЕ КОНСТАТИРА ПРИРОДАТА НА ГРЕШКАТА.ДОАЃАМЕ ДО ЗАКЛУЧОК ДЕКА КОГА ЌЕ ПОГРЕШИМЕ КОН НЕКОГО ТРЕБА ГРЕШКАТА ДА СИ ЈА ПРИЗНАЕМЕ,А НЕ ДА СЕ ПРАВИМЕ ДЕКА НЕ ЗНАЕМЕ. 

-УЧЕНИЦИТЕ ЦРТААТ И ПРЕЗЕНТИРААТ СИТУАЦИЈА КОГА БИЛЕ НЕПРАВЕДНИ КОН ДРУГИ ЛУЃЕ. 

ЗАВРШУВАМЕ СО ИГРА ВО ПАРОВИ КАДЕ ТИЕ НАИЗМЕНИЧНО СЕ ИЗВИНУВААТ ЕДЕН НА ДРУГ ЗА НАПРАВЕНАТА ГРЕШКА. 

 

                                           Р    Рефлексија

УЧЕНИЦИТЕ УЖИВАА ВО АКТИВНОСТИТЕ ПОСЕБНО ВО ПРВАТА ИГРА КОГА ПРЕДИЗВИКОТ БЕШЕ ГОЛЕМ-„КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ ВО ИГРАТА“.ТИЕ ГИ СОГЛЕДАА НЕГАТИВНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ НА ОНОЈ КОМУ  МУ ЗГРЕШИЛЕ И КОГО  ГО ПОВРЕДИЛЕ.НАУЧИЈА ДЕКА, АКО НЕКОГАШ ЛОШО  СЕ ОДНЕСУВАМЕ КОН НЕКОГО, ТОА ГО ПРАВИМЕ НАМЕРНО ИЛИ НЕНАМЕРНО, И ТОГАШ ТРЕБА ДА СЕ ИЗВИНИМЕ. 

 

Игровни активности по математика за I oдд.

Пријава за учество на конкурс  Pro Social Values работилница  за имплементација на позитивни општествени норми и вредностиво образованието 

                                                        Игровни активности по математика за I oдд.

 

Виолета Петковска

ОУ”Кочо Рацин”Охрид 

ОПИC НА АКТИВНОСТА

Во училишниот двор  се пребројуваме и при тоа секој ученик си има број во раката,ги броиме дрвцата и ставаме броеви. 

Се враќаме во училница,играме и броиме со балони,ја броиме и ужинката што ја носат. 

Учениците ги делам во групи,решаваат задачи со собирање и одземање користат коцки,машина Збирко и Разлико,си помагаат меѓусебе и ги извлекуваат точните решенија. 

Завршна активност,цело одделение ја игра играта”Не лути се човече’ 

                                                                                           

                                                                                           Рефлексија од примена на активноста во пракса 

Учениците постепено се воведуваа во активностите,зголемувајќи ја мотивацијата,интерес и желба за учење,дружење,меѓусебно помагање,емпатија кон другарчето во игрите,почитување фер плеј. 

 

. 

БЛУЗАТА НА МАРКО

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

БЛУЗАТА НА МАРКО, Биљана Настовски, ООУ „Благој Кирков“ – Велес, Подрачно училиште с. Караслари 

Опис на  активноста:

Како се чувствувате денеска?  

На таблата лепам слики со лица на коишто се изразени различни емоции и ги поттикнувам да размислат како се чувствуваат лицата. Ги замолувам на нивните лица да го изразат своето расположение и да го препознаат моето расположение (во повеќе верзии). Покажете како ќе се чувствувате ако: ДОБИЕТЕ ПОДАРОК, ЈА ИГРАТЕ ОМИЛЕНАТА ИГРА НА ИГРАЛИШТЕ, ПАДНЕТЕ И ЈА ПОВРЕДИТЕ НОГАТА… 

Следиме видео со краток анимиран филм „Подарокот“. Додека го следиме видеото, правам паузи за да дискутираме за емоциите коишто се појавуваат на лицето на Марко и за неговите постапки. 

             Дискусија на крајот од видеото: Го сменивте ли мислењето за Марко на крајот? Зошто Марко беше гневен? Што го натера Марко да го прифати подарокот (кученцето)?    

Активност „Блузата на Марко“: им ја покажувам на учениците блузата на Марко и давам насоки за активност (секој ученик ќе добие можност да ја облече блузата на Марко, да се обиде да се чувствува како него и да ги искаже емоциите).  

         Како ти би му помогнал на Марко да се чувствува подобро?  

РЕФЛЕКСИЈА: Што научивме денеска? Зошто е потребно да знаеме што чувствуваат другите? Кои чувства треба да преовладуваат во нашето секојдневие и зошто?     

Рефлексија од примена на активноста во пракса: 

 

Учениците го запознаа и го усвоија невербалниот начин на изразување емоции. Го сфатија значењето на поимот емпатија. Ученичка Ева: ,,Емпатијата ми треба за да чувствувам што чувствува Марко. Така добивам желба да му помогнам.“  

 

 

 

,,Мои права-мои одговорности,

                                                                               ,,Мои права-мои одговорности,,

Валентина Терзиева

ООУ,,Св.Климент Охридски,,-с.Драчево

                                                                             ОПИС НА АКТИВНОСТА

На состанокот на Ученичката заедница,кој редовно се одржува и на кој беа присутни претседателите и замениците председатели на одделенските заедници од 6-то до 9-то одделение се реализира работилница ,,Мои права-мои одговорности,,.Учениците првично беа запознати со престојната активнос, а потоа беа поделени во пет (5) групи. Групите беа составни од по 3-4 ученици.Секоја група доби тема за размислување, одговарање и дискусија. Теми-прашања кои им беа дадени за рамислување на групите беа:  

-Имам право на бесплатно здравство 

-Имам право на бесплатно образование 

-Имам право на чиста животна средина 

-Имам право на одмор и рекреација 

-Имам право на заштита од семејно и било какво насилство 

    Учениците, во склоп на своите групи, ги опишуваа своите ставови за одредена тема, своите позитивни искуства, но и негативни сознанија и доживеани искуства. На крај претставник од секоја група ги искажа ставовите и мислењата за одреденото задолжение, а потоа се разви дискусија за цела тема. 

 

РЕФЛЕКСИЈА

Учениците имаат солидни познавања и позитивни ставови за одредените теми, но и замерки и согледувања за отстапки и непочитување во одредени ситуации.  Претставниците на одделенските заедници треба да ги пренесат стекнатите сознанија на своите соученици, да реагираат во одредени критични моменти, да им укажуваат и на учениците и на своите наставници за повреда на одредени права или пречекорување на одредени ингеренции, да помагаат, да организираат и да заштитуваат во одредени моменти. Тие со своите совети и ставови треба да придонесат за премостување на одредени проблеми во одделението. 

,,Различни ,а со исти желби”-работилница

 

Одд.наставник-Ленче Илиевска 

ООУ,,д-р Трифун Пановски ‘-Битола, пу с.Трново

 

ОПИС НА  АКТИВНОСТА

Учениците во село трново припаѓаат на различни етникуми (македонци и албанци) и за  реализација на активностите претходно беше остварена средба со претставници од локалната средина и беше договорено времето за посета во црквата и џамијата во селото. 

цели: 

-да ја запознаат со  верската различност во местото на живеење 

-да стекнат основни познавања  за верските објекти во местото во кое живеат 

-да се запознаат со празниците поврзани со верската традиција 

-да се воспитуваат да ги почитува своите верски празници и празниците на другите етнички заедници 

-да стекнат знаења дека во неговото место живеат луѓе со различни верски обичаи 

-да стекнат познавања за културно однесување во верските објекти 

-да ја откријат сличноста  со различните од себе 

-да стекнат вештини за соработка , почитување, прифаќање на разликите 

-да развиваат емпатичност кон различните од себе 

-да прифатат еднаков однос кон другите ,без разлика на сличностите и разликите 

-да ја прифатат различноста како позитивност 

Опис на активностите: 

воведни активности: 

на учениците им е соопштено дека ќе одат во посета на црквата и џамијата во нивното село. но претходно  учениците од второ и трето одд. (еден ученик е трето и еден ученик е второ) добиваат  наставен лист со техника -,,знам ,сакам да знам и учам”. имаат за задача да напишат се што знаат за црквата и џамијата и што сакаат да научат. за тоа време учениците  од прво(четири ученици) добиваат апликации од црква и џамија и имаат задача да ги исечат и заедно да ги класифицираат . 

учечко-поучувачки активности: се оди во посета на црквата и џамијата кои се наоѓаат на блиска локација од нашето училиште.при самата посета  учениците од претставници на локалната заедница и од  наставникот , добија  основни  елементарни информации  за различните етнички објекти, за верата,за обичаите, верувањата, празниците, симболите  на различните етнички заедници. Како наставник ги поттикнував да прашуваат за се што ги интересира , а истовремено им укажував на што да посветат најмногу внимание. 

по извршената посета учениците се враќаат во училиште и ја ираат играта ,,вртелешка”.за таа цел се делат на 2 хомогени групи од по 3 ученици(албанци и македонци ) .на вртелешката 

се наоѓаат прашања во две бои за христијаните и за муслиманите  и жетони со истите бои кои се наоѓаат во мала кутија .секој ученик од групата со мижење  треба да одбери жетон,да ја заврти вртелешката и според бојата на жетонот го одбира прашањето со истата боја што се наоѓа пред него.во групата учениците се договараат што треба да одговорт .Групите  ротираат се додека не се одговорат 12-те  прашањата. 

дел од прашањата (1.Во кој верски објект одат христијаните ,а во кој муслиманите? 2.за кои најголеми празници христијаните одат во црква ,а за кои муслиманите?3.во кого веруваат христијаните ,а во кого муслиманите ?4.Која е света книга кај христијаните ,а која кај муслиманите?5.како треба да се однесуваме кога влегуваме во црква,а како во џамија? 

……………………………………………………………………………………….. 

по играта ги поттикнувам учениците да откријат дека сме многу различни ,а имаме иста желба. Која е таа желба ?што си посакуваат христијаните кога одат во црква , а што си посакуваат  муслиманите кога одат во џамија? 

евалуативни активности: 

учениците од второ и трето ја пополнуваат третата колона од наставниот лист ЗСУ,односно пишуваат што научиле. додека учениците од прво заедно со наставникот  го изработуваат плататот ,,различни , а со исти желби”.Kога учениците  од второ и трето се готови ,ги читаат одговорите и се приклучуваат во креацијата на плакатот .Кога се готови уште еднаш ја кажуваат заедничката  желба на христијаните и муслиманите;,,да има мир,да има здравје,да има љубов,да има слога и почит со најблиските,да се помага на болните ,на слабите и сиромашните,да не се нанесува болка на луѓето околу нас

 

                                                                                     Рефлексија од примена на активноста во пракса 

 

Целите се остварени  ,а очекуваните исходи се следни: 

-учениците развиваат нови способности и вештини насочени кон почитување на својата и на туѓата индивидуалност ,како темел за градење на мултикултурни заедници 

-разбивање на постојните етнички стереотипи , осудување на дискриминацијата  и потенцирање на еднаквоста на етничка и религиска  основа 

-развивање на желбата за разбирање и емпатичност кон различните од себе  

-почитување ,толеранција ,прифаќање на разликите  

-стекнување   вештини за соработка  и мегусебно помагање  

-обезбедување потребен баланс за порамноправни односи