Водич на зедницата за просоцијални вредности

Никому помалку- вмрежување

Водич на зедницата за просоцијални вредности

Интернационалната заедница за просоцијални вредности е мрежа на училишта и образовни институции кои веруваат во важноста на вредности како емпатија, почит, солидарност, соработка, мир како основа на цивилното општество и се спремни да ја претстават на национално и интернационално ниво ваквата нивна посветеност и придржување кон наведените норми.

Заедницата вклучува училишта и други заинтересирани странки ширум Европа и е центрирана околу наставници кои сакаат да ја практикуваат просоцијалноста во наставната пракса, но и во секојденвиот живот. Оваа зедница се среми да предизвика вистинкса промена во начинот на кој децата учат да живеат заедно на еден подобар начин. Ширењето на просоцијални вредности и вештни меѓу учениците, ќе помогне во намалувањето на врсничкото насилство и социјална изолација и ќе има удел во општеството со тоа што ќе го трасира го патот кон мирољубиво и инклузивно општество.

Во заедницата ги има различниве улоги:

  • Лице референт

Ја претсавува институцијата како член на советот на заедницата;

  • Национални институции за координација

Националните координатори на училиштат и наставниците амбасадори, кои на почетокот се организациите- партнери во проектот, ја претставуваат образовната институција (јавно тело или организација која има национално влијание). Тие се дел од транснационалниот совет на просоцијалната заедница во која претставниците, по еден од земја, ќе бидат назначени како член на советот.

Нивната улога е да

  • Бидат контакт точки за членовите на заедницата на национално ниво

  • Да лобират и убедуваат нови училишта да се вклучат во заедницата

  • Планиираат годишни настани (најмалку една конфернција или работилница годишно) и да ја координираат локалната „Просоцијална недела“

  • Да прикачуваат eдукативни материјали, видеа, часови со што се збогатуваат ресурсите користени за десеминација

  • Одбира и создава содветен канал на комуникација со училиштата со кои е вмрежен за ширење на вести, објави, билтени, лични средби..

  • Училишта амбасадори Училиштата кои се дел од

.

Училиштата кои се дел од заедницата на просоцијални вредности се места каде ваквите вредности се поддучуваат и се промовираат во секојдневната образовна рутина која ја вклучува и локалната заедница. Директорите на училиштата амбасадори потпишуваат манифест за прифаќање на просоцијални вредности и бараат истите да бидат прифатени од наставниците и сите други вработени.

Нивната улога е:

  • Учество во просоцијалната недела

  • Организација на просоцијални активности кои ги вклучуваат учениците и локалната заедница

  • Го усвојуваат манифестот

  • Ги промовираат просоцијалните вредности во локалната заедница

  • Учествуваат на годишниот настан организиран од националната инстутуција- координатор

  • Споделуваат искуства со други

Наставници амбасадори

  • Амбасадорите се мотивирани , динамични наставници кои се истакнуваат во заедницата и локалниот контектс. Кога ќе пристапат на заедницата наставниците ќе имаат можност слободно да ги користат матаријалите поврзани со просоцијалност (планови за часови, практични активности, статии и онлајн ресурси, да споделувааат примери од добра пракса, прашања, идеи, мисли и делат инспирација со колеги ширум Европа, да предлагаат теми за дискусија; дополнително тие може да советуваат како да се дизајнираат активности кои промовираат вештини како пријателство, соработка, фер игра, грижа за околината, дарежливост и доверба.

  • Наставник може да биде амбасадор и во случај неговото училиште да не е дел од заедницата

Нивната улога е да:

  • Создават образовни матерјали за просоцијалност, (во и надвор од училиштето), ги прикачуваат онјалн за да придонесат во собирање на материјали за добра пракса

  • Вклучуваат и други наставници и да ги собираат и нивните активности

  • Вклучуваат ученици, колеги, членови на локална заедница ( националните координатори и партнерите ќе овозможат начини и сретства да им ја олеснат работат при имплементацијата на просоцијалните активности)

Избор на амбсадори:

Национални координатори од институционалните амбасадори:

Во моментов, тоа се претсавници од партнерските организации на проектот, но ова улога може да биде отворна и да вклучи и други заинтересирани странки од државни или приватни организации или мрежи кои вклучуваат повеќе од 20 училишта.

Институционалните амбасадори треба да регруиираат членови во просоцијалната заедница, да им пружат поддршка, да ги прмовираат и спонзорираат локалните настани и работилници за просоцијалност

Училиштата амбасадори:

Училиштат кои сакаат да станат амбасадори треба да имаат претсавник -директор кој е мотивиран да биде домаќин на барем една просоцијална активност која го вклучува училиштето и локалната заедница и барем еден наставник кој ќе организира едукативни активности за просоцијални вресности, придонесувајќи со тоа кон зборатување на ресурсите.

Амбасадори наставници:

Наставник или друг заинтересиран/а кој са да стане амбасадор може да аплицира кај институционалните амбасадори. Не мора да бидат наставници или вработени во училиште –амбасадор.

Наставникот треба да:

  • Биде мотивиран и заинтерсиран за учење и споделување на искуства и добра пракса

  • Знае (основен) англиски за да може да воспстави комуникација со други амбасадори и да учествува во европски и интренационални настани на оваа тема

  • Да креира барем една просоцијална активност

  • Да биде активен/а во онјалн заедницата

Comments are closed.