Повелба на Просоцијални вредности – училишта

Повелба на Просоцијални вредности за училишта

Земајќи во предвид дека целта на образованието не е само пренесување на концепти туку и личен развој со кој индивидуата преку прифаќање на вредности се изградува во личност која ја носи позитивната промена во општеството, ова училиште активно се обврзува на почитувње, пренесување и промоција на следниве просоцијални вредности меѓу учениците

МИР е цел кон која се стремат сите, прифатена како состојба на умот и како активно барање на решенија за конфликти.

Солидарност е посветеност и решеност да се помогне на сите на кои им треба помош без дискриминација базирана на потекло, способност, род, социјелен статус и години.

Толеранција е препознавање на вредноста на другиот, гледање на различноста како избор на богатство

Еднаквост е форма на праведност која го препознава пристапот до еднакви права и можности за сите

Соработка е способност да се комуницира и работи заедно, да се препознае и цени придонесот на сите

Меѓусебна помош е спремност да се дава и зема, и да се има разбирање за грешките како незаменлив чекор кон раст и развој

Благодарност како способност да се цени и да се даде значење на придонесот на другите и да се знае како да се возврати

Емпатија како разбирање на другите и на себе си преку другите, како преминување на бариерите на вербална комуникација и отвореност кон другиот

Емоција како капацитет да се прифати сопствената емоција и емоциите на другите, да се препознае состојбата на умот без да не совлада и порази

Позитивни релации (врски) како желбата да сествори поврзаност со другите базирано на почит и позитивна комуникација

Слобода како основа за лични и други права, слобода на говор, мисла и постоење

Граѓанство како препознавање на придонесот кон создавање и одржување на поправедно општество за сите

Образование како алатка за разбирање на светот и за реализација на потенцијал и талент

Мултикултурализам и комуникација како сретство за приоѓање и отварање кон нoви култури и разбирање на различните аспекти и богатсвото што го нудат

Грижа за околината како акција која го препознава човекот како еден дел од екосистемот во кој тој мора да делува како заштита, а не како закана

 

[Место, датум] _________________, _________________

[Имиња, потписи и поштенски марки] За училиштето:                                                                                       [Имиња, потписи и поштенски марки]   За институционалниот амбасадор: