МОЕТО СЕМЕЈСТВО

Sorry, this entry is only available in Amerikan İngilizcesi. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието 

МОЕТО СЕМЕЈСТВО, ООУ „Блаже Конески“ Велес, РОСКА ПЕТРОВА 

Опис на  активноста: 

Воведна активност  Следење на Power point  презентација –  Семејство и разгледување на семејните лики – албуми.  Секој ученик  го црта своето семејство при цртање комуницираат меѓусебно за членовите од своите семејства (има ученици во одделението со еден родител и ученик  што живее  со  баба и дедо но сепак  постои љубов во семејството,  има блискост,  има топлина и  никогаш не се осамени). Разговор за цртежите: 

  1. Какви семејства се претставени  на цртежите? 
  2. Дали сите имаат ист број на членови или исти членови?
  3. Дали е важно колкаво е семејствотоза да се нарече семејство? 
  4. Дали постојат семејства сопоинаков состав и број на членови? Какви?   

Со поставување на прашања треба да ги доведам учениците да ги констатираат видовите семејства со едно или повеќе деца, семејства со еден родител или двајца родители, семејства составени од родители и деца, деца и други роднини и дом семејства што се грижат за деца без родители.  

Главна активност: Учениците ги делам на парови и треба меѓусебно да комуницираат,  што е тоа што им се допаѓа кај барем еден член од семејството а што е тоа што не им се допаѓа. Потоа барам од учениците дали сака некој пар да  не извести со разговорот кој го воделе меѓусебно.  

ЗАКЛУЧОК: Семејството е заедница на луѓе во која има барем едно дете. Семејствата се разликуваат по бројот на членовите и нивниот состав. Заедничко за сите семејства е тоа што возрасните треба да се грижат за децата. Кај членовите на семејството има работи што ни се допаѓаат, а има некои кои не ни се допаѓаат.  

Завршна активност: Учениците се делат во групи по тројца.Во секоја од тројките двајца треба да застанат  еден спроти друг и да ги испружат рацете пред себе. Третиот треба да застане меѓу нив со лицето завртен кон едниот од нив. Двајцата кои што се од надворешните страни трба да ги потпрат своите дланки на третиот и со благи движења  да го нишаат час кон едниот, час кон другиотОној кој што е во средина треба да стои цврсто, со исправени нозе во колената и слободно да паѓа препуштајќи се на оние кои што го нишаата кои треба да се грижат за неговата сигурност.Важно е кога се формираат тројки од ученици да се води сметка за физичките карактеристики на учениците како и за односите на доверба што учениците ја имаат меѓу себе.  

Рефлексија од примена на активноста во пракса:  

Ученикот при градење слика за себе како член на семејството знае што е семејство и како луѓето живеат во различни семејства и имаат различни улоги и задачи кои ги имаат во своите семејства. Ученикот исто така ја знае вредноста на семејството кое треба да нуди заштита и сигурност на најмалите членови – децата. Учениците преку ркомуникацијата помеѓу себе да разберат дека иако има и семејства со еден родител и деца но сепак  постои љубов помеѓу родителот и децата,  има блискост,  има топлина и  никогаш не се осамени. Семејството е она што те прави среќен. 

 

Bir Cevap Yazın