Учење преку игра- #Inno4Edu хакатон

Три дена гејмери, графички дизајнери и уметници работеа со десет ментори од Бирото за развој на образованието, академици и едукатори од предучилишно образование и од основно образование на заедничко создавање електронски игри за поттикнување на учењето преку игра.

Најдобрите онлајн и дигитални игри што ќе се подготват на овој хакатон ќе бидат вклучени во националната веб платформа за образование – онлајн библиотека со едукативни игри и ресурси за родители и наставници кои ќе служат за да се збогатат можностите за учење на децата од предучилишна возраст и во првиот циклус на основно образование (од 1 до 3 одделение).

“Учењето преку игра е еден од најважните начини на кои малите деца стекнуваат суштински знаења и вештини. Тие играат за да го разберат светот околу нив. При изборот да играат со она што им се допаѓа, децата развиваат вештини во сите развојни домени: во интелектуалниот, социјалниот, емоционалниот и физичкиот домен. Подеднакво важно е што тие ги развиваат вештините неопходни за учење како што се способноста за решавање проблеми, анализа, проценка, примена на знаењето и креативност,“ Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

Глобалните истражувања покажуваат дека учењето преку игра ги подобрува академските и развојни резултати на децата. Исто така, тие потврдуваат дека има долгорочни придобивки од програмите за развој во раното детство во кои децата се изложени на учење и решавање проблеми преку самоиницијативни активности и насоки од наставниците. Иако традиционалниот пристап кон учењето во основните училишта е фокусиран на предавања, истражувањата покажуваат дека учењето преку игра е подеднакво ефективно и во програмите во основните училишта.

Практичните алатки кои ќе бидат достапни на веб платформата се дизајнирани за да го поддржат учењето преку игра на сите места каде што детето најчесто престојува – дома, во предучилишните установи и на училиште.

Inno4Edu хакатонот се организира во партнерство со СмартАп – Лабораторија за социјални иновации со поддршка од Владата на Велика Британија преку Британската амбасада во Скопје во партнерство со УНИЦЕФ, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Бирото за развој на образованието како дел од програмата „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на образованието преку ко-креирање и иновации“.

Текстот е превземен и споделен од веб страната на УНИЦЕФ

https://www.unicef.org/northmacedonia/mk/соопштенија/учење-преку-игра-inno4edu-хакатон

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нивните партнери, работат во 190 земји и територии за да ја спроведат таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нивната работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Можете да го следите УНИЦЕФ на TwitterFacebook, Instagram и YouTube.

 

Image may contain: 5 people, people sitting

Image may contain: 6 people, people sitting