Твојата среќа, моја радост

Sorry, this entry is only available in Amerikan İngilizcesi. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

 

„Твојата среќа, моја радост

 

Маја Бунтеска и Весна Мегленска

ООУ „Страшо Пинџур“ с. Мало Коњари -Прилеп 

 

Опис на активноста 

Ги повикуваме учениците во круг. преку разговор ги запознаваме со новиот поим емпатија. Ги повикуваме на игра, секој ученик кога ќе го добие топчето во своите раце треба да раскаже негово сопствено чувство, кога сочувствувал со некој друг, како му предизвикал радост, среќа или некое друго пријатно чувство на некого. Потоа учениците се запознаваат со активноста на работилницата. Секој ученик има задача да замисли свој таен другар (ученик од групата) со кој другарувањето не му е најдобра страна. нивната задача е во текот на два дена да му приредуваат пријатни изненадувања со кој нивниот таен другар ќе се чувствува пријатно, среќно, вредно, исполнето. Изненадувањата се приредуваат без тајниот другар да знае од кого го добил изнанадувањето. на крајот од работилницата секој треба да се откаже од својот најомилен предмет кој го има во домот и да го подари на својот таен другар, во знак другарсвото, сочувството, радоста и среќата на сите околу нас.  учениците со интерес го прифатија предизвикот.  

Во текот на двата дена кај учениците беше присутна многу пријатно расположение, среќа и радост. Моѓусебно си приредуваа најразлични изнандувања, си подаруваа најразлични подароци, цртежи, мотивирачки пораки. Учениците развиваа способност на креативен начин да ги изразат своите чувства и истовремено да се радуваат на малите нешта. Некои беа изненадени од тоа колку се значајни во училницата иако тоа претходно не се забележувало кај нив.   

На крајот од дводневната работилница повторно учениците беа собрани во круг. Ги опишуваа своите чувства, искуства, опишуваа како се чувствувале кога биле изненадени и како кога предизвикале радост кај учениците на кои им подарувале нешто. Потоа дискутиравме за вредноста на подароците па така учениците дојдоа до заклучок дека за да се направи некој човек среќен не се потребни средства, потребна е само желба за тоа. За крај секој ученик претпоставуваше кој му го приредил изненадувањето а потоа беа откриени паровите на тајните другари. со цел да потврдат дека навистина позитивното го надвладеало негативното учениците меѓусебно си ги разменија нивните најомилени предмети. Активноста заврши со насмеани лица, среќни за своте постапоки и задоволни што оваа активност им помогна да ги искажат своите емоции и да се променат во своето однесување.

 

Рефлексија од примена на активноста во пракса 

Целите на оваа работилница беа успешно совладани. Учениците без да бидат свесни предизвикуваа пријатни чувства, емоции и го даваа вистинското значење на секој поединец во училницата. Тие разбраа дека ова може да продолжии во секојдневниот живот и дека сочувствувањето со другиот е најважно за еден среќен човек. Увидоа дека нема лоши другарства и дека секој може да биде наш другар доколку правилно се постапи со него.

 

 

 

 

 

 

 

 

УМЕТНОСТ ВО МАТЕМАТИКАТА

Sorry, this entry is only available in Amerikan İngilizcesi. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

УМЕТНОСТ ВО МАТЕМАТИКАТА, ООУ„БЛАГОЈ КИРКОВ“-ВЕЛЕС, Сениха Брзева

Опис на  активноста:

Воведна активност 

Учениците се делат во групи од по 4 ученика. Наставникот ги  презентира целите  на работилницата како и тоа што значи String Art, или уметност со конец т.е аранжман од обоени конци нанижани помеѓу точки за да формираат апстрактни геометриски форми. 

Конецот се намотува околу решетка од клинци заковани на стиропор или дрвена даска. Групите ги добиваат потребните материјали за оваа работилница.Преку презентацијата учениците се насочуваат како да  изработат String Art, а преку апликацијата Math Illustrations ја увежбуваат постапката за нејзина конструкција. 

 

 

Главна активност 

Целта на работата на групите ученици е преку крива да добијат права по даденото објаснување. На едната страна од означениот агол, започнувајќи од темето, на едниот крак од аголот се нанесуваат еднакви поделци означувајќи ги со броеви од 1 до 10. Истото се повторува на другиот крак од аголот, означувајќи ги со броеви од 10 до 1. Потоа се поврзуваат број еден (1) од едниот крак на аголот со број (1) на другиот крак од аголот, истото се повторува поврзувајќи ги броевите 2 со 2 итн  

На тој начин се добива крива која е нацртана само со прави линии, а можат да се добијат и комплексни форми какви што се прикажани подолу на цртежите. 

Користејќи Math Illustrations (MI) може да се направат убави дизајни базирани на практични принципи – Конструирање на  Криви   

Завршна активност и рефлексија 

Учениците по завршувањето на геометриските шеми, ги претставуваат пред останатите ученици во мини изложба.  

Поставените цели беа исполнети во целост. Во текот на целиот час учениците се максимално ангажирани и успешно ги конструираат дадените фигури кои што требаше да ги изработат. Учениците се чувствуваат задоволно од сопствениот придонес, личен ангажман, креативност и особено од добиениот резултат во оваа креативна работилница. 

Примена на активноста во пракса:

Денес геометриските шеми се користат во повеќе домени, ѕидни плочки, теписи. Линеарните дизајни се всушност развиени од шеми со различни форми и големини. Процесот на создавање на линеарен дизајн е сличен на ситуации од реалниот свет според  начинот на кој ние создаваме дизајни за теписи, плочки, столици, маици, па дури и згради, но листата е бесконечна. Чекорите за создавање на сите дизајни се многу слични, тие само вклучуваат ставање точки на координатната мрежа за да се открие самата фигура 

 

ОБРАБОТКА НА ЛЕКТИРНО ДЕЛО

Sorry, this entry is only available in Amerikan İngilizcesi. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

ОБРАБОТКА НА ЛЕКТИРНО ДЕЛО, ООУ ,,ДРАГА СТОЈАНОВСКА“ СОПИШТЕ, ЕЛЕНА КРСТЕВСКА 

 

Опис на  активноста:  

Реализацијата на целите за обработка на лектирно дело, не секогаш претставуваат голем мотив за учениците.  Употреба на забавни но едукативни  активности,  овозможува: унапредување на кретивноста, вештините за тимска работа, индивидуална посветеност, фер поделба на задолженија при работа во  групи, наоѓање решенија за унапредување на почетни идеи до изработка на конечен продукт кој совршено би промовирал производ, во случајов книга и читачки кутии.  Учениците  на овој начин  имаат прилика да вежбаат изразно и течно читање на глас, усно прераскажување, конструирање на целосни и правилни реченици,  како и целосна обработка на лектирното дело наместо како до сега делумно. 

Најнапред сите ученици добија задолжение да ја прочитаат целата лектира(при што не секој успеа да го направи тоа).На првиот час,  за почеток,  започнавме со разговор во насока -размена на првични вкупни впечатоци од прочитаната  книга. Разговаравме за содржините на расказите, како секоја приказна крие своја тајна и дава своја порака и поука од која може да научат нешто. Веќе следниот час,  ги подготвивме  ресурсите за работа – изработката на ,,живите  кутии,,.  Учениците кои не успеаја да ја прочитаат целата книга веќе почнаа да пројавуваат   заинтересираност за тоа  што се зборува во остатокот од лектирата( за да можат успешно да ги креираат ,,живите кутии,,). Поделени во групи учениците го препрочитуваа расказот ( некои го прераскажуваа во групата) и започнуваа да ги реализираат нивните креации, како го доживуваат расказот, да го ,,оживеат,, преку нивната креативност. Моделираа со тесто, со пластелин, сечеа , лепеа камчиња,школки,  додаваа по некоја играчка во завиосност од тоа што сакаа да претстават од нивното гледиште.Во меѓувреме на листови во боја ги запишуваа пораките и поуките кои ги извлекуваа од расказот, како заедничка порака од групата.  

По успешно завршената активност во сите тимови, сите заеднички ги закачивме на паното во училницата изработените  кутии за да ни ја красат и разубават  училницата и да не потсетуваат дека вредната и напорна работа и вложен труд носи убави плодови.  

Откако ги прикачивме кутиите за учениците имаше едно изненадување како награда за успешно спроведената активност . Им најавив дека ќе имаме посета и средба со авторката на книгата која ја обработувавме,  Јадранка Клисарова. Среќата и возбудата кај учениците беше очигледна во нивните очиња. Бидејќи учениците беа пресреќни за средбата со авторот,  заеднички се договоривме дека и ние ќе изработиме една наша книга за авторката за тоа како ние ги доживеавме приказните од нејзината книга. 

Секој од учениците одбра расказ кој што му оставил поголем впечаток. Требаше доживувањата да ги претстави преку илустрација а потоа да  запише порака што тој би ја дал на другите деца како инспирација од овој расказ. 

Средба со авторот.Учениците на почетокот беа позитивно возбудени и збунети. Се додека не се воспостави првиот контакт со аворот. Потоа заедно почнаа да разговараат за приказните  содржани во расказите. Поставуваа прашања, одговараа на поставените прашања од авторот. Низ училницата завладеа една топла и пријатна атмосфера. Сите се опуштија и слободно влегуваа во дијалози и разговори со неа.  

На крајот како благодарност до авторката за нејзината посета во нашето училиште , учениците  и ја подарија ,,Нашата книга,, Како ние ги доживеавме приказните и ликовите од Вашата книга ,  која тие самите ја изработија. 

Рефлексија од примена на активноста во пракса :   Внесувањето на децата во читачкиот свет значително влијае во унапредување на творечката креативност кај младата читачка публика и градење солидни основи за понатамошно самостојно литературно творештво.

Круг на комплименти

Sorry, this entry is only available in Amerikan İngilizcesi. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

Круг на комплименти, ООУ„ИЛИНДЕН“ КРИВА ПАЛАНКА,  ЖИВКА СТОИЛКОВСКА 

Опис на  активноста: 

АКТИВНОСТА ЗАПОЧНУВА СО БУРА НА ИДЕИ. 

СЕКОЈ УЧЕНИК ДОБИВА СТИКЕР ВО БОЈА, НА КОЈ  ТРЕБА ДА ЈА ДОВРШИ РЕЧЕНИЦАТА „УБАВО МИ Е КОГА…“ 

НА ТАБЛАТА Е ЗАЛЕПЕН ХАМЕР СО СМАЈЛИ НА КОЈ УЧЕНИЦИТЕ ГИ ЛЕПАТ СТИКЕРИТЕ И ГИ ИСКАЖУВААТ СВОИТЕ МИСЛИ 

ПОТОА СИТЕ УЧЕНИЦИ ЗАСТАНУВААТ ВО КРУГ, СВРТЕНИ СО ГРБОТ, ЕДЕН СО ДРУГ.  

АКТИВНОСТА ЈА ЗАПОЧНУВА НАСТАВНИКОТ, КОЈ ГЛАСНО ГО ИЗГОВАРА ИМЕТО НА УЧЕНИКОТ КОЈ ГО ИЗБРАЛ И КОЈ ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖИ АКТИВНОСТА. 

НАСТАВНИКОТ ГЛАСНО ГО ИЗГОВАРА ИМЕТО НА УЧЕНИКОТ, КОЈ СЕ ВРТИ СО ЛИЦЕТО КОН НЕГО И ВО ТОЈ МОМЕНТ МУ  ДАВА КОМПЛИМЕНТ. ОНОЈ КОЈ ЌЕ ГО ПРИМИ КОМПЛИМЕНТОТ, СЕ ВРТИ СО ЛИЦЕТО КОН НЕГО И МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВА. НА ТОЈ НАЧИН СИТЕ ВО КРУГОТ ЌЕ ЗНААТ КОЈ ПРИМИЛ КОМЛИМЕНТИ НА КОГО УШТЕ ТРЕБА ДА МУ СЕ ДАДЕ КОМПЛИМЕНТ. СЕКОЈ УЧЕНИК ЈА ПОВТОРУВА ПОСТАПКАТА  И ТОГАШ ЗАВРШУВА ИГРАТА.  

ЗНАЕЈЌИ ДЕКА НА ДЕЦАТА ИМ ПРЕТСТАВУВА ПОТЕШКОТИЈА ДА ДАВААТ КОМПЛИМЕНТИ КОИ НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО ФИЗИЧКИОТ ИЗГЛЕД ИЛИ ОБЛЕКАТА, ИМ ЗАДАВАМ НЕКОЛКУ ФРАЗИ СО КОИ ЌЕ ГИ ПОТТИКНАМ ДА ИЗРЕКУВААТ КОМПЛИМЕНТИ ПОВРЗАНИ СО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ЛИЧНОСТА НА КОЈА И СЕ НАМЕНЕТИ. 

ПРИМЕРИ СО ФРАЗИ: 

-МИ СЕ ДОПАЃА КАКО… 

-ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА… 

-МИСЛАМ ДЕКА СИ… 

-БЕШЕ УБАВО ОД ТЕБЕ КОГА… 

-МНОГУ СЕ ТРУДИШ ОКОЛУ… 

-ДОБАР СО ПРИЈАТЕЛ/КА, ЗАТОА ШТО… 

Рефлексија од примена на активноста во пракса :  

ОВАА АКТИВНОСТ ГИ ПОТТИКНА УЧЕНИЦИТЕ И ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ ДА ГО ЗАБЕЛЕЖУВААТ ОНА ШТО Е ДОБРО КАЈ ДРУГИТЕ ЛУЃЕ И ДА СТАНАТ ПОЉУБЕЗНИ И ТОЛЕРАНТНИ. 

УЧЕНИЦИТЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ УБАВО КОГА СЛУШААТ ДОБРИ ЗБОРОВИ ЗА СЕБЕ, А И БЕА СРЕЌНИ ШТО МОЖАТ ДА ГИ ИСКАЖАТ СВОИТЕ ЧУВСТВА И КОН ДРУГИТЕ. 

 

 

 

 

 

 

Соработка со пошироката локална заедница

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилницаза имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Наташа Колеска  

ОУ.Климент Охридски Прилеп 

Соработка со пошироката локална заедница

 

Опис на  активност

Идејата потекна  за соработка со Куд .пензионери  Прилеп  за реализација на заедничка точка  на нашите Училишни Смотри .Се запознавме со членовите на друштвото и на задоволство на сите реализиравме успешна точка заеднички  на песната Во наше село чешма Шарена. Хорот на друштвото и оркестарот ја изведуваше композицијата ,а уцениците  со наставничката ја изведоа кореографијата   и настапот . 

 

 

Рефлексија од примена на активноста во пракса 

 

За ваквата соработка на најмладите со највозрасните и  запознавањето со Куд Пензионери  долго ке се зборува во нашата поширока заедница .Научивме многу од нашите  пријатиле КУД Пензионери 

     

 

 

ТЕ ЗНАМ, НО КОЛКУ ТЕ ПОЗНАВАМ ?

Sorry, this entry is only available in Amerikan İngilizcesi. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности
во образованието 

ТЕ ЗНАМ, НО КОЛКУ ТЕ ПОЗНАВАМ ?

Весела Богдановиќ и  Михајло Костов  

ОУ „Кочо Рацин“ с.Ивањевци, Могила 

 

Опис на активноста

Преку 90 % од нашите ученици користат социјални мрежи и ги опишуваат како „супер места“ за другарување и комуникација. И ние се согласуваме со нив, но сепак, вреди да им покажеме дека живата комуникација има предности, понекогаш од суштинско значење, кои треба да ги разликуваат,  чувствуваат и негуваат затоа што новите генерации често имаат впечаток дека знаат се за секого дури и ако само го имаат на листа пријатели. Честитаат родендени што ги „памети“ Фејзбук со копи-пасте пораки или спремни анимации. Се поретко комуницираат во живо, дури и со најблиските, за убави поводи и за недоразбирања. При обиди за решавање на проблеми преку дигитални пораки, доживуваат заморни дебати кои резултираат со конфликти кои продолжуваат и растат поради низа нови недоразбирања во текот на допишувањето. )…и тнт 

    АКТИВНОСТИ ПРВА ФАЗА ( А и Б) 

А- 1. Мои познати и „непознати“ пријатели.Анализи и дебати поврзани со лични искуства и примери. 

  1. „Можните, реалните и сфатените „вистинизад  објавени фотографии и објави (Гледаме „форма“ и мислиме дека ја знаеме и „содржината“ но..) Симулации и дебати за проценка. Како градиме модерни ставови, судови и предрасуди.  
  2. „Сакав да кажам, но не ме сфатиСподелување на лични примери од искуства и изведување симулации за споредување на MSN/SMS/телефон- со предностите на жива средба за разрешување на проблеми и конфликти. 

Б- 1. „Некогаш и сега– Анализа, претпоставки и проценки на можни социјални и емоционални вредности на сочувани лексикони и споменари од минатото. Споредба, размена на искуства со постарите)  

  1. Изработивме заедничка ориентациона листа на прашања за претпоставки и интервју на личност.
  2. Секој избра член од семејството или близок другар кој смета дека добро го познава: Најпрвин сам претпостави одговори на прашањата за него и ги запиша. Потоа запиша одговори за време на жив разговор со него и изработи креативна страница за нашата „Книга на тајните“. Направи споредба- пред и пoсле разговорот.

 

ФАЗА ДВА: 

Подготвивме стикери за сите ученици од нашето училиште. Сега секој ученик „на среќа“ извлекуваше  партнер и ја започнуваше играта „СОСТАНОК НА СЛЕПО“:  

ПРВА ЗАДАЧА: 1. Истражување и претпоставки за да ги одговори прашањата за него, без комуникација со него.  ВТОРА ЗАДАЧА: 1. Интервју во живо 2. Заедно ги споредуваа претходните претпоставки и разговараа за нив, од каде дошле, зошто мислев дека… 3. Цртаа заедничка „селфи фотографија“ и отпечатоци на дланките за спомен. ТРЕТА ЗАДАЧА: Играчот изработуваше креативна страница за својот партнер, прилог за нашата „Книга на тајните“.  

 

ФАЗА ТРИ

  1. На што повеќе се радувам? (Избор: а/копи-пасте честитка, б/анимирана слика или в/порака напишана или искажана само за мене) Симулации и предизвици. Креиравме лични пораки за честитање на разни прилики (наместо копи-пасте решенија) 
  2. „Подари убав ден“ Предлагавме активности за групни и поединечни роденденски изненадувања во живо и бесплатни подароци.
  3. Истражување- Родендените ги запишавме на посебни ливчиња по одделенија. Потоа ги класифициравме по годишни времиња, месеци и редослед на датуми. Изработивме училишен роденденски календар.

 

Рефлексија од примена на активноста во пракса 

Ги унапредивме  вештините и интересите за успешна „жива“ комуникација дури и помеѓу деца од различна возраст.  Сега имаме заедничка училишна „Книга на тајните“ и „Роденденски календар“ на целото училиште, подготвени преку тимска работа и соработка на сите ученици, незaвисно од возраста.  Видовме дека набљудувањето и „рекла-казала“ од страна често овозможува  претпоставки и предрасуди, а разговорот во живо отвара фер прилики за вистинско запознавање. Сфативме дека проблемите побрзо и посигурно се решаваат при разговор во очи, а родендените на блиските не се честитаат со спремна копи-пасте анимација…  Активноста продолжува со IV фаза во второ полугодие, во насока на изведување активности и симулации за вешта комуникација во различни реални животни ситуации („Избери што ќе кажеш следно за време на различни случки во ресторан, на шалтер, во автобус…) 

  1.   

 

Заедно сме посилни

Sorry, this entry is only available in Amerikan İngilizcesi. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

Заедно сме посилни, ООУ „Свирил и Методиј“ Велес, Снежана Бошевска  

Опис на  активноста:

Воведна активност-игра-учениците застанати во круг а еден е во средина со затворени очи пробува да препознае другарче со допирање на неговото лице , и преку препознавање на неговиот глас  кој што може да ги измени  

По завршувањето се прашуваат учениците- дали беше лесно да се препознае другарче?-, зошто се позаваат?, по што го препозна другарчето?, дали ако ја играш играта со друго одделение ќе ги препознаеш децата? -се заклучува дека во една група децата помеќу себе се познаваат каки физички така и апстракно бидејќи поминуваат одредено време заедно- 

Главни активности-натпревар помеѓу две групи 

1-игра-асоцијации-учениците се поделени во две групи 

Играме три асоцијации чии што правила за бодување ги утврдуваме заедно пред почетокот на играта  

-разговор по завршувањето-дали си помагавте ?дали се каравте?дали соработувавте помеѓу сее?дали беше полесно да се реши асоцијацијата со помош на сите со групта/…. 

Заклучок-со тимска  игра, соработка , другарство , толеранција , почитување,  секој проблем се решава полесно побрзо и поточно.-како што го објаснуваме значењето на групата  на таба изработуваме техника бура на идеи со употребените поими  

Завршна активност-игра-,,во нашата куќа,,-учениците фатени во круг не дозволуваат дете да влезе внатре 

Разговор-што е важно за групата за да не влезе детето?, како се чувствувавте кога успеавте да ја сочувате вашата куќа , како се чувствува детето што не може да влезе?::: 

Заклучок-заедно сите можеме да ја сочуваме куќата , со здружени сили никој не може да не поеди , оној кој е сам  и не е дел од група е тажен и осамен.

Рефлексија од примена на активноста во пракса: 

-мислам дека за децата активностите беа мошне интересни и забавни и учениците лесно можат сами да дојдат до целта за она што треба да се научи  

-овие научени вредности засекогаш ќе останат дел од нивниот карактер и ќе продолжат како добро социјализирани личности 

 

 

 

 

 

 

 

ДЕНЕС ЈАС ЌЕ БИДАМ ПРИЧИНА ЗА ТВОЈАТА СРЕЌА

Sorry, this entry is only available in Amerikan İngilizcesi. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  

за имплементација на позитивни општествени норми и вредности
во образованието 

 

ДЕНЕС ЈАС ЌЕ БИДАМ ПРИЧИНА ЗА ТВОЈАТА СРЕЌА    

ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп 

Елена Ташкоска 

Опис на  активноста

На сите ученици им поделив по едно палома марамче и им дадов инструкции за активноста. Марамчињата требаше да ги стават некаде на видно место на нив (пр. во преден, заден џеб, …), а потоа им кажав на учениците дека тоа марамче им е СЕ што им е потребно во животот (вода, храна, пријатели, љубов и тн.) и апсолутно ништо друго не им треба во животот. Ако го изгубат шамивчето, губат СЕ во животот, односно самиот живот. Ако го изгубат животот излегуваат од игра. И потоа им реков ИГРАТА МОЖЕ ДА ЗАПОЧНЕ. Учениците збунети, почнаа меѓу себе да си ги земаат шамивчињата. Кога останаа само неколку ученици со шамивчиња, ја прекинав играта. После тоа се разви дискусија зошто си ги земаа шамивчињата меѓусебно кога нивното марамче им е се што им треба, односно е доволно за живот. Оваа активност ги поттикна учениците да размислат за сето она што го имаат и дали е потребно да му нанесуваме на некого штета за ние да добиеме нешто?! Со оваа активност се развива емпатија меѓу учениците  и се закључува дека треба да бидеме задоволни со тоа што го имаме и во никој случај не смееме да им наштетуваме на другите за да добиеме ние нешто.  

 

Главна активност

На учениците им дадов задача да нацртаат нешто што го знаат најдобро и во исто време ќе се чувствуваат среќни што направиле добра изработка. Исто така им реков дека можат да побараат помош ако не се сигурни во цртањето на некои детали, или од мене или од соученик. Откако ги завршија цртежите им дадов задача своите ремек дела да ги ПОКЛОНАТ на некој на кој сакаат да се извинат за нешто, или едноставно некој да направат среќен. Некои од учениците си ги разменија меѓу себе а некои ги однесоја дома, да ги подарат на родител, брат , сестра, баба, дедо и тн. 

 

 

 

                                            Рефлексија од примена на активноста во пракса 

 

Оваа активност им помогна на учениците да станат свесни за вредноста на нештата во нивниот живот. Станаа свесни дека за да добијат нешто не треба да повредат некој друг или да му земат на некој друг нешто за тие да бидат среќни.  

А со активноста со цртежите учениците сфатија дека не треба којзнае колку за да направиме некого среќен. Доволно е само малку од нашето време и желба и некој цел ден ќе живее со таа среќа што ние сме ја поттикнале.  

 

ЕКО АКЦИЈА

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

ЕКО АКЦИЈА , ООУЈОАКИМ КРЧОВСКИ КРИВА ПАЛАНКА,   ПООУ СЕЛО НЕРАВ, ДАНИЕЛА ЃОРЃИОВСКА 

Опис на  активноста:   

Оваа еко акција беше реализирана во соработка со општина Крива Паланка,акцијата се одвиваше во неколку фази и траеше две недели. I Фаза:Најпрвин беше спроведено предавање(едукација) на учениците, нивните родители и месното население  за последиците од несовесното фрлање на отпадниот материјал и  презентација за начинот на рециклирање на отпадниот материјал.Потоа учениците заедно со наставниците  ги исчистија училишните простории од непотребни материјалии, а  месното население  ја исчистија депонијата  која се наоѓаше во близина училиштето.Во текот на акцијата отпадниот материјал беше селектиран.Иста ваква акција потоа уцениците спроведоа и во своите домови. 

II ФАЗА:СОБРАНИОТ НЕПОТРЕБЕН МАТЕРИЈАЛИ ОД УЧИЛИШНИТЕ ПРОСТОРИИ И ОД ДОМОВИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ, КОЈ  ТРЕБАШЕ ДА ЗАВРШИ ВО ЃУБРЕ ГО ИСКОРИСТИВМЕ КАКО РЕСУРСИ ЗА ИЗРАБОТКА НА МОДНИ КРЕАЦИИ  

III ФАЗА:ОРГАНИЗИРАВМЕ МОДНА РЕВИЈА(TRASH FASHION)ЗА РОДИТЕЛИТЕ И МЕСНОТО НАСЕЛЕНИЕ НА КОЈА УЦЕНИЦИТЕ ГИ ПОКАЖАА СВОИТЕ  МОДНИ КРЕАЦИИ.

Рефлексија од примена на активноста во пракса:  

На почетокот населението беше скептично како може  отпадоци да се искористат повторно за добивање нов производ  ,меѓутоа на крајот сите беа пријатно изненадени од тоа што се доби како краен производ. 

Со оваа акција се подигна свеста кај учениците и населението за здрава средина и дека отпадниот материјал е вреден за нешто и може да се искористи и тоа ќе го применат дома  за да направат некој украс а со тоа ќе си ја исчистат околната средина и ке се намали загадувањето. 

 

 

Преку театарска игра до емпатија (методот на “театар на угнетените“)

Sorry, this entry is only available in Amerikan İngilizcesi. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница “ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието 

Преку театарска игра до емпатија (методот на “театар на угнетените“) 

Јазичен Центар “Step by Step” Скопје 

Сандра Грујевска 

 

Опис на  активноста 

Работилниците се инспирирани од практиките на “театарот на угнетените“ на Аугусто боал, тетарска методологија која ги подготвува и оспособува луѓето, односно учениците да го трансформираат општество, односно однесувањето во училницата преку теАтарска игра. на тој начин им се дава алатка на педагозите да ги надминат непријатните и несакани случувања во училиштето. Оваа методологија претставува театарска игра во која проблемот е прикажан во една нерешена форма, гледачите постануваат “глед-актери“ и се поканети самите да сугерираат и донесат решенија.

 

Проблемот е најчесто угнетување и генерално вклучува видлив угнетувач и протагонист кој е угнетуван. играта е форма на натпревар помеѓу глед- актерите кои се обидуваат да и дадат поинаков крај на драмата. Глед-актерите се учесници во создавањето на драмата- тоа е нивниот конфликт, нивните светови и животни искуства кои сакаме да ги решат. работилницата започнува со приказ на приказна во која се случува одреден немил училишен настан помеѓу ученик, негов соученик и наставник. истата таа приказна ученици-доброволци се обидуваат да ја драматизираат на нивен начин, секој со своја улога. откога ќе ја одглумат приказната, учителот ги замолува да ја одиграат уште еднаш, меѓутоа овој пат  ги поканува и учениците од публиката (глед-актерите) да се приклучат со тоа што ќе извикаат СТОП! веднаш штом почуствуваат дека можат да променат некоја улога, односно да дадат поинакво однесување и тек на приказната. тогаш тие ги менуваат местата и стануваат актери само со нивна верзија на случката и како тие би постапиле во дадената ситуација и како би ја спречиле неправдата.  

 

Рефлексија од примена на активноста во пракса 

Секој ученик има можност да се стави и во двете или трите страни на приказната односно немилиот настан и да го почуствува однесувањето на секој карактер. секој ученик кој е дел од оваа драма си го поставува прашањето како јас би постапил во оваа ситуација? како би ја спречил оваа неправда? зошто секој актер во приказната постапил онака како што постапил?

рефлексијата и искуството од оваа активност кај секој еден ученик побудува многу прашања, степен на самокритичност и себеспознавање.

Со давање на учениците моќ во креирање и трансформирање на драмата, тие се подготвуваат да учествуваат во театарот на животот. Користејќи ја оваа методологија, учениците ги откриваат основните причини за проблемите и кои внатрешни и надворешни фактори ги блокираат од ефективна и разумна акција. тие можат да го “гледаат“ нивниот проблем, “анализираат“ и “дејствуваат“ за да ја променат ситуацијата во нивната училница.

ЛИКОВНАТА (АРТ) ТЕРАПИЈА КАКО ДЕЛ ОД УЧЕЊЕ ЗА ЕМПАТИЈА И КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ

Пријава за учество на конкурс „Pro Social Values работилница“за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

ЛИКОВНАТА (АРТ) ТЕРАПИЈА КАКО ДЕЛ ОД УЧЕЊЕ ЗА ЕМПАТИЈА И КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ, ЈАЗИЧЕН ЦЕНТАР “ ЧЕКОР ПО ЧЕКОР” –СКОПЈЕ, ЈАСМИНА ЛУКАНОВСКА 

Опис на активност:  

ВО ГРУПАТА КАДЕ СЕ ОДВИВА АРТ ТЕРАПИЈАТА ИМА ДЕЦА ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ. ОВАА СОДРЖИНА ЌЕ НИ ПОМОГНЕ ДЕЦАТА ДА НАУЧАТ НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА СВОИТЕ ДРУГАРЧИЊА, А СО ТОА ДА РАЗВИЈАТ ЕМПАТИЈА , И КАКО КРАЕН ПРОДУКТ ДА УМЕАТ ДА КОМУНИЦИРААТ МЕЃУ СЕБЕ, ВИСТИНСКИ, ИСКРЕНО, БЕЗ ОМАЛОВАЖУВАЊЕ КОН ДРУГАРОТ ДО СЕБЕ. 

ЦЕЛАТА АКТИВНОСТ Е ПРОСЛЕДЕНА СО МУЗИКА ОД РАЗЛИЧНИТЕ ЕТНИКУМИ КАДЕ ШТО ДЕЦАТА СЕ СТИМУЛИРААТ ДА ЗАПЕАТ И ДА ЗАИГРААТ НА СВОЈАТА ПОЗНАТА ПЕСНА И ДА ДИСКУТИРААТ ЗА ИСТИТЕ. 

РАЗГОВАРАМЕ ЗА НАКИТОТ ШТО ГО НОСИМЕ ДЕНЕС, РАЗГЛЕДУВАМЕ СЛИКИ ОД ИНТЕРНЕТ.  

 

ПОЛЕКА НАВЛЕГУВАМЕ НА ТЕМАТА КАКОВ НАКИТ НОСЕЛЕ НИВНИТЕ БАБИ ( ПРЕДХОДНО ИМ ДАДОВМЕ АКТИВНОСТ ДА РАЗГОВАРААТ ДОМА СО ПОСТАРИТЕ ЧЛЕНОВИ ОД СЕМЕЈСТВОТО , МОЖЕ ДА ДОНЕСАТ И ПАРЧЕ НАКИТ ИЛИ НЕКОЈА ФОТОГРАФИЈА).СЕКОЕ ДЕТЕ РАСКАЖУВА И ПОКАЖУВА ЗА СВОЈОТ ПРИМЕР, А ОСТАНАТИТЕ ВНИМАВААТ И ПО ПОТРЕБА ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊА. 

ЗАЕДНО ОДЛУЧУВАМЕ СЕКОЈ НА ПАРЧЕ ХАРТИЈА ДА НАПРАВИ ОДРЕДЕНО ПАРЧЕ УКРАС-  ОД ДРУГАРЧЕТО ШТО ГО ПРЕЗЕНТИРАЛО НАКИТОТ, А СО ТОА СЕ ДОБЛИЖУВАМЕ ДО НАШАТА ЦЕЛ – ЗАПОЗНАВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ И РАЗВИВАЊЕ НА ПОЧИТ И ЕМПАТИЈА  КОН ИСТИТЕ . 

СИТЕ ИЗРАБОТКИ СЕ ИСТАКНУВААТ И СЕ ВРЕДНУВААТ.  

 

ЗАЕДНО ПОДЕДНАКВО ДОНЕСУВАМЕ ЗАКЛУЧОЦИ ДЕКА СЕКОЈ ЕТНИКУМ НОСИ СВОИ  СПЕЦИФИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ , НО И МНОГУ СЛИЧНОСТИ ВО КОРИСТЕЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ, НАЧИНОТ НА ИЗРАБОТКАТА И КОРИСТЕЊЕ НА ОДРЕДЕНИ СИМБОЛИ ВО КРЕАЦИЈАТА. 

ДЕЦАТА СЕ НАЈГОЛЕМ ИЗВОР НА КРЕАТИВНОСТ И ФАНТАЗИЈА БДЕЈЌИ СЕ НАЈОСЛОБОДЕНИ ОД РАМКИТЕ КОИ ГИ КРЕИРА ОПШТЕСТВОТО. ОСЛОБОДУВАЊЕТО И ПОТТИКНУВАЊЕТО НА КРЕАТИВНОСТА И ФАНТАЗИЈАТА, РАЗМЕНУВАЊЕТО, СПОДЕЛУВАЊЕТО НА РАЗЛИЧНИ ПЕРЦЕПЦИИ НО И НА ВНАТРЕШНИТЕ ДОЖИВУВАЊАНА НАДВОРЕШНИОТ СВЕТ, Е ВАЖНО ЗА ДЕЦАТА ДА ЈА ГРАДАТ СВОЈАТА САМОДОВЕРБА, НО ИСТОВРЕМЕНО ДА ГО ПРИФАТАТ И ДРУГИОТ, РАЗЛИЧНИОТ, ДА СЕ ОСЛОБОДАТ ОД НАМЕТНАТИТЕ СТЕРЕОТИПИ И ПРЕДРАСУДИ И СЛОБОДНО ДА ЈА РАЗВИВААТ СОПСТВЕНАТА ЛИЧНОСТ. 

ЗАТОА ВАКВИОТ ПРОЦЕС НА РАБОТА- САМИТЕ ДА СМИСЛАТ, ИСКРЕИРААТ ТВОРБА ЗА НЕШТА ЗА КОИ ТИЕ САКААТ ДА ЗБОРУВААТ, ДА ГИ СПОДЕЛАТ СО ДРУГИТЕ, Е ПРОЦЕС НА РАБОТА КОЈ ПРЕД СЕ ТРГНУВА ОД СЕКОЕ ДЕТЕ КАКО ПОСЕБНА И РАЗЛИЧНА ИНДИВИДУА, ПОТТИКНУВА СЛОБОДА ВО ПРОЦЕСОТ НА КРЕИРАЊЕ, ПОЧИТУВАЊЕ НА СЕЧИЕ МИСЛЕЊЕ, ИДЕЈА, КОМПРОМИС И ДОАЃАЊЕ ДО ЗАЕДНИЧКО РЕШЕНИЕ, ПРИКАЗНА И НАЛИН КАКО ТАА ДА СЕ ПРЕЗЕНТИРА. 

СО ТОА  

– СЕ РАЗВИВА ЧУВСТВО НА ЗАДОВОЛСТВО ОД ДОБРО ЗАВРШЕНА РАБОТА КОЈА ЌЕ РЕЗУЛТИРА СО ФОРМИРАЊЕ ПОЗИТИВНА СЛИКА ЗА СЕБЕ 

– СТАНУВААТ СВЕСНИ ЗА СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ, А СО ТОА И ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА ДРУГИТЕ ОКОЛУ СЕБЕ 

-ЗАПОЗНАВАЊЕ СО СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ НА ДРУГАРИТЕ ВО ГРУПАТА ВО КОЈА РАБОТИМЕ ПРЕКУ НАКИТОТ КОЈ ГО НОСЕЛЕ НАШИТЕ ПРЕДЦИ И КОИ СЕГА СЕ НОСИ 

-РАЗВОЈ НА ЧУВСТВО ЗА ВООЧУВАЊЕ НА СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ , И ПРИФАЌАЊЕ НА ИСТИТЕ 

 

 

 

 

Дебата ,, Достигнување на светските трендови во образованието,,

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието 

Дебата „Достигнување на светските трендови во образованието“, ООУ ДИМИТАР ВЛАХОВ, ШТИП, МАРИЈА ПЕТРОВСКА 

Опис на  активноста:  

ЦЕЛНА ГРУПА:УЧЕНИЦИ ОД 11-14ГОДИНИ 

ЦЕЛИ НА РАБОТИЛНИЦАТА: Развивање на критичкото мислење и личноста кај учениците,решавање проблеми. 

МЕТОДОЛОГИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА НА РАБОТИЛНИЦИТЕ:Устен метод (монолошки),Разговорен метод (дијалошки),Пишан метод,Илустративен метод 

ЕМОЦИИ: СРЕЌА,СТРАВ,ЗАДОВОЛСТВО,БОЛКА,ОПАСНОСТ,ЉУБОВ,ВИСТИНА,ВИНА,ПОЧИТ,ЛУТИНА,СОЧУВСТВО,ОСАМЕНОСТ, 

САМОУВЕРЕНОСТ,ЗБУНЕТОСТ,ГОРДОСТ,ИЗНЕНАДЕНОСТ. 

Дебатата е реализирана во воннаставни активности т.с. на состанок на училишната организација , составена од претседатели и заменици на одделенија, координативно тело и претседател на училишната организација. 

На дебатата се поканети претседателите и замениците од шесто до девето одд. и ученици кои доброволно сакаат да учествуваат,имаше голем интерес од учениците. При поканата се внимаваше да има полова,етничка,социјална и инклузивна еднаквост.Поканети беа и децата правобранители,родители,наставници,педагошка служба(психолог,педагог,социјален  работник,дефектолог-логопед),директор и локалниот советник за образование.За подготовките на дебатата учениците се организираа  меѓу себе, со што ги покажаа своите организациони и лидерски способности.Секој ученик од деветто одделение имаше свое задолжение. Освен учениците во двата тима, имаше и други ученици кои учествуваа во организирање на дебатата и нејзино успешно спроведување.

Се формираа тимови на ученици кои имаа посебни задолженија: бирање тема и составување сценарио и дискусија,водител и составување прашања,кореографија,слики,видео,покани и список на поканети ,ливчиња за гласање,украсна хартија со напишан наслов на дебатата и тимовите и нивни пароли и слогани,уредување на училницата. 

Дебатата ја реализирав со ученици од деветто одделение поделени во два тима ( тим А и тим Б) по шест ученици и водител.Планирано беше во публика да има од 25-30 ( ученици,служба…)но поради големиот интерес имаше повеќе присутни. 

Учениците имаа  помош од мене ,но тие сами ја осмислија дебатата и темите,многу вредно работеа и се ангажираа во секој сегмент на припрема и реализација.Беа поттикнати да размислуваат што им е потребно за подобрување на условите во училиштето и како да го решат проблемот.Да бидат во тренд на 21-век. 

1.ВОВЕДНА АКТИВНОСТ: 

ДЕЦАТА ДИСКУТИРАА ДЕКА ОДБРАНИТЕ ТЕМИ СЕ СО ЦЕЛ ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО ЗА УЧЕНИЦИТЕ  И ОБРАЗЛОЖИЈА ДЕКА ОДБРАНИТЕ ТЕМИ ИМАА НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ ОД ПРЕТХОДНО СПРОВЕДЕНАТА АНКЕТА СО УЧЕНИЦИТЕ ОД ШЕСТО ДО ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ. 

  1. ГЛАВНА АКТИВНОСТ:

Тим А дебатираа на тема : Секој ученик- свое катче. Во нашето училиште наставата се реализира во кабинети,поради тоа учениците се во постојано движење од еден во друг кабинет и се појавува недостаток од место каде ќе ги оставаат своите работи .Пример  кога одат на големиот одмор го носат својот ранец кој е претежок , купуваат храна и јадат ,на час по физичко образование не им е потребна ташна туку само опрема…Поради големиот број на часови децата се оптеретени со тешки ранци и имаме голем проблем со појава на неправилности во нивниот физички развој.Тој проблем мислам дека е на ниво на цела држава.Децата предложија да се направат шкафчиња каде ќе можат да ги оставаат своите работи и да се растеретат. 

 Тим Б дебатираат на тема : Здрава исхрана-здрави деца .Учениците сметаат дека јадат премногу брза храна ,која ја набавуваат од локалните сендвичари,која не е добра за нивното здравје и понатамошен развој и бараат изградба на кантина каде ќе можат да јадат еден топол и здрав оброк за времето додека престојуваат во училиште.Го истакна проблемот на зголемена телесна тежина кај учениците. 

 3.ЗАВРШНА АКТИВНОСТ: 

На дебатата присуствуваа ученици од различна возраст, социјална структура,етничка,полова ,но функционираа како едно тело . Внимателно беа ислушани тимовите од ученици и потоа се разви дискусија ,прашања и предлози од сите присутни. 

Публиката се одлучи за Тим А –Катче – за секое дете. 

Рефлексија од примена на активноста во пракса:  

Учениците уште кога го запознаа директорот за нивната идеја за реализирање на дебата и го поканија ,наидоа на многу позитивен прием , подршка и поттик за креирање и на други вакви дебати ,работилници ,трибини.На победничкиот тим, директорот им вети дека во најбрз  можен  рок ќе се потруди да го исполни нивното барање за решавање на потребата од шкафчиња во училиштето .Директорот ги пофали двата тима и истакна дека и потребата од кантина и топол оброк за секој ученик е прекрасна идеја, но финансиски е потешко да се спроведе. 

 

Постигнати резултати за развој и напредување на учениците од спроведената активност:Се надевам дека нивниот труд и работа ке биде виден и чуен и од вас и децата ќе бидат среќни и поттикнати за нови победи .Дека ќе им го трасираме патот за нови успеси понатака и ќе бидат пример и за други ученици и училишта дека нивното мислење е драгоцено и дека секоја работа, труд и волја се исплати.Поголема самодоверба кај учениците,отворање на многу теми за дискусија и решавање проблеми,критичко мислење и решавање на проблеми,можност да биде слушнат ученикот за разлика од класичната настава,дадена можност ученикот да биде на повисоко местото -да поставува проблеми и прашања и за истите да бара решение. 

НАШИТЕ ИДЕИ,ЗА ДРУГИТЕ ЛУЃЕ,ГРУПИ И ЗЕМЈИ (СТЕРЕОТИПИ И ПРЕДРАСУДИ)

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница “ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието 

НАШИТЕ ИДЕИ,ЗА ДРУГИТЕ ЛУЃЕ,ГРУПИ И ЗЕМЈИ (СТЕРЕОТИПИ И ПРЕДРАСУДИ), ООУ СТРАШО ПИНЏУР С.МАЛО КОЊАРИ-ПРИЛЕП, ИЛЕ МИШЕСКИ 

Опис на  активноста:

Цел на учењето- Учениците сфаќаат како се поврзани стереотипите и предрасудите и како тие можат да водат до поедноставенино исто таканеправедни погледи на поединцитегрупите и цели земји. 

Задачи за учениците- Учениците размислуваат за нивните гледања кон другите и дискутираат за нив во групата. 

ВОВЕДНА АКТИВНОСТ –ИГРАТА „МИ ТРЕБА ПОМОШ“ 

ДОСТА ИНТЕРЕСНА ИГРА КОЈА СО ЗАДОВОЛСТВО ЈА ИГРАА УЧЕНИЦИТЕ И ПРИ РАЗГОВОРОТ ПОСЛЕ ЗАВРШУВАЊЕТО НА ИГРАТА СО РАЗГОВОР СЕ ИЗВЕДУВА ЗАКЛУЧОК ,ДАЛИ МОЖЕМЕ СЕ ДА НАПРАВИМЕ САМИ,ДАЛИ Е ЛЕСНО ИЛИ ТЕШКО ДА ПОБАРАМЕ ПОМОШ. 

ГЛАВНА АКТИВНОСТ- „ПАТУВАЊЕ СО ВОЗ“ 

ВО ОВОАЈ ДЕЛ ОД ЧАСОТ ПОСЛЕ ОБЈАСНУВАЊЕТО И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АКТИВНОСТА СЕ ИЗВЛЕКУВААТЗАКЛУЧОЦИ.КОИ СЕ КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ИЗБОРОТ,ПОЗИТИВНИТЕ И НЕГАТИВНИТЕ СТРАНИ НА ПРЕДРАСУДИТЕ И СТЕРЕОТИПИТЕ ЗА ДА СЕ РАЗБЕРЕ СВЕТОТ ОКОЛУ СЕБЕ. 

ЗАВРШНА АКТИВНОТ ИГРАТА- „МЕСТО ДО МОЈАТА ДЕСНА СТРАНА“- ИНТЕРЕСНА ИГРА КОЈА СО ЗАДОВОЛСТВО УЧЕНИЦИТЕ ЈА ИГРААТ. 

Рефлексија од примена на активноста во пракса: 

Целта на овој час е да ги оспособи учениците да го пренесат нивното сфаќање за тоа како се гледа на другитена индивидуалноопшто нивоза тоа како се суди за поголемите групирелигиозни заеднициетнички групи или земји. учениците да ја сфатат разликата помеѓу стереотипите и предрасудите. процесот на создавањето предрасуди и стереотипи позитивните и негативните страни,односно степенот и видовите предрасуди. 

 

МОЕТО СЕМЕЈСТВО

Sorry, this entry is only available in Amerikan İngilizcesi. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието 

МОЕТО СЕМЕЈСТВО, ООУ „Блаже Конески“ Велес, РОСКА ПЕТРОВА 

Опис на  активноста: 

Воведна активност  Следење на Power point  презентација –  Семејство и разгледување на семејните лики – албуми.  Секој ученик  го црта своето семејство при цртање комуницираат меѓусебно за членовите од своите семејства (има ученици во одделението со еден родител и ученик  што живее  со  баба и дедо но сепак  постои љубов во семејството,  има блискост,  има топлина и  никогаш не се осамени). Разговор за цртежите: 

  1. Какви семејства се претставени  на цртежите? 
  2. Дали сите имаат ист број на членови или исти членови?
  3. Дали е важно колкаво е семејствотоза да се нарече семејство? 
  4. Дали постојат семејства сопоинаков состав и број на членови? Какви?   

Со поставување на прашања треба да ги доведам учениците да ги констатираат видовите семејства со едно или повеќе деца, семејства со еден родител или двајца родители, семејства составени од родители и деца, деца и други роднини и дом семејства што се грижат за деца без родители.  

Главна активност: Учениците ги делам на парови и треба меѓусебно да комуницираат,  што е тоа што им се допаѓа кај барем еден член од семејството а што е тоа што не им се допаѓа. Потоа барам од учениците дали сака некој пар да  не извести со разговорот кој го воделе меѓусебно.  

ЗАКЛУЧОК: Семејството е заедница на луѓе во која има барем едно дете. Семејствата се разликуваат по бројот на членовите и нивниот состав. Заедничко за сите семејства е тоа што возрасните треба да се грижат за децата. Кај членовите на семејството има работи што ни се допаѓаат, а има некои кои не ни се допаѓаат.  

Завршна активност: Учениците се делат во групи по тројца.Во секоја од тројките двајца треба да застанат  еден спроти друг и да ги испружат рацете пред себе. Третиот треба да застане меѓу нив со лицето завртен кон едниот од нив. Двајцата кои што се од надворешните страни трба да ги потпрат своите дланки на третиот и со благи движења  да го нишаат час кон едниот, час кон другиотОној кој што е во средина треба да стои цврсто, со исправени нозе во колената и слободно да паѓа препуштајќи се на оние кои што го нишаата кои треба да се грижат за неговата сигурност.Важно е кога се формираат тројки од ученици да се води сметка за физичките карактеристики на учениците како и за односите на доверба што учениците ја имаат меѓу себе.  

Рефлексија од примена на активноста во пракса:  

Ученикот при градење слика за себе како член на семејството знае што е семејство и како луѓето живеат во различни семејства и имаат различни улоги и задачи кои ги имаат во своите семејства. Ученикот исто така ја знае вредноста на семејството кое треба да нуди заштита и сигурност на најмалите членови – децата. Учениците преку ркомуникацијата помеѓу себе да разберат дека иако има и семејства со еден родител и деца но сепак  постои љубов помеѓу родителот и децата,  има блискост,  има топлина и  никогаш не се осамени. Семејството е она што те прави среќен.