Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

КОНСТРУКТИВНО ТВОРЕШТВО Мултикултурна работилница, МАРЕ МИЛЕНКОВСКА, ПООУ  ДРАГА СТОЈАНОВСКА С.ДОЛНО СОЊЕ 

Опис на  активноста:

Со цел да ги мотивират и   создадат релаксирачка атмосфера   постепено ги воведуваат учениците во игровната активност која се состои запознавање со клопче волница на македонски и на албански јазик. Се објаснува играта: 

Секој учесник треба да си го каже името и што очекува од оваа активност   

Играта ја започнува еден од реализаторите: пример Се викам Маре, понатка продолжува со колегата и учеиnците 

Учениците ја играat играта со клопче го кажуваат името и кажуваат што очекуваат од активноста, на тој начин  што  сите ученици стојат  во круг и го фрлат клопчето волница еден на друг, за да се направи мрежа од волницата 

Потоа следи поделба на учениците по групи, по критериум – омилена боја. 

 Учениците се поделени во 4 мешани групи. 

Наставниците им ја поделуваат задачата на групите, 

Игра ,,Сложувалка,, (учениците од сложувалката прават брод, со цел  да се воведат во главната активност и да ја постигнат главната цел на часот). 

Откако ќе го сколопат бродот секоја група го лепи на флипчарт хартија 

Наставниците ги запознаваат учениците и им даваат инструкци дека главната активност ќе биде конструирање изработка и цртање  на бродови 

 Учениците ги слушаат инструкциите на наставниците за работа во групите и работат  

Прва група работи со: пластелин изработува брод 

Втора група работи со: со колаж и изработува со оригами брод 

Трета со: брод од кутии и сламки,  

Четвртата група со: кибритчиња прави брод 

Избираат презентер и секоја група го презентира готовиот продукт 

Учениците се поредени  во една редица и  ја играат играта: „ Немирно море “. 

(наставниците на средина на училницта стојат со оптегнат син најлон со којшто имитираат морски бранови.Задача  на учениците е да го прескокнат или пак да се протнат под најлонот без да го допрат. Треба да се поддржи навивање ,охрабрување  на секој ученик којшто ќе се обиде да го прескокне бранот, скокајќи високо над него 

Рефлексија од примена на активноста во пракса

Се води дискусија на двата јазика преку прашањата: 

-Што правевме денес? 

-Какви се вашите впечатоци од работата, односно како се чувствувавте? 

-Што научивме? 

– Што ви беше најинтересно,  

– Како може новите пријателства што ги формиравте работејќи на ова заедничка активност да продолжат?

 

Deja un comentario