Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието. Креативна работилница со наслов „Што ни донесе есента“- ученици од продолжен престој, Биљана Дукоска, педагог од ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп. 

Цел на активноста: 

-да се оспособат учениците говорно 

-да се изразуваат на одредена тема 

-да се оспособат ликовно да се изразат на одредена тема 

-да се развие математичкото размислување кај учениците од прво одделение, 

-да се развиваат комуникациските вештини кај разни возрасти( прво и трето одд.) 

Реализирање на  креативна работилница со наслов „Што ни донесе есанта“ 

Во работилницата најдоа примена техниките од јазична писменост и математика со размислување (асоцијација , бура на идеи,наставникот чита на глас,менторски текст,описен јазик ,интрактивно пишување, добројување ) 

Учениците од продолжениот престој решаваа задачи,интерактивно пишуваа, опишуваа, ликовно се изразуваа. На тој начин говорно и ликовно се изразуваа за годишното време есен.Активностите за работа  беа  прилагодени спрема возраста,а  формите  за работа беа предходно осмислени.(индивидуална ,групна и заедничка ) 

       Секоја група од ученици беше водена од наставник или претставник на стручната служба. 

Преку примена на играта „Ајде погоди“ учениците требаше да ја погодат асоцијацијата чие крајно решение беше зборот- есен. 

Учениците од прво одделение креативно се изразија користејќи природен материјал и елементи од ликовното изразување.Додека учениците од трето одделение говорно и ликовно се изразија користејќи го описниот јазик(придавки).Беше искористен и менторски текст за да ги инспирира учениците во творењет за есента. Описниот јазик најде примена во интерактивното пишуваат на темата „ Што ни донесе есента“. Учениците поведени од првата реченица кажана од страна на наставникот „Дојде убавата Есен насекаде во природата “, продолжуваа да даваат сви размислувања за дополнување на описот на есента. Така на крајот се доби еден поврзан текс со приме на описниот јазик. 

 Учениците од прво одделение со помош на изработениот нагледен постер   под наслов „Боите на есента“ ја формираа низата од броеви од 1-10 со помош на техниката добројување.„Есенската маска “беше како завршен дел на активностите со која се почувствова есента како дел од училницата во продолжениот престој. 

Одличен интерес кај учениците од I и III одд. во продожениот престој. На овој начин се продлабочува  соработката со одделенските наставници од прво одделение  и наставничката во продолжениот престој.Ваков вид на воннаставни активности делуваат спонтано врз интересот на децата. Тие сакаат креативно да се изразуваат, не чувствуваќи одбивнос во работењето , туку напротив привлечнос и желба за да се види исходот од она што се работи. 

 

 

 

 

Deja un comentario