Учење насочено кон подобрување на комуникацијата

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието 

Учење насочено кон подобрување на комуникацијата, ООУ Ј.Х. ПЕСТАЛОЦИ – СКОПЈЕ, ЕВДОКИЈА ПЕТРУШЕВСКА 

Опис на  активноста:

Развивање говор и комуникација со останатите преку куклениот театар во училницата 

 Играњето со кукли го поттикнува детето на говор. Познато ни е дека интровертните и децата кај кои постои некаков страв многу лесно се ослободуваат и се впуштаат во активен говор со куклите. Заради тоа куклата е идеално средство за развој на говорот како во редовната настава, така и во воннаставните активности. 

Уште во првите денови на престојот на малите првачиња во паралелката, куклата ја користам како средство за: 

  1. дијагностицирање на говорната способност (на почетокот од учебната година и адаптација на новата средина)
  2. формирање на реченици и богатење на речникот
  3. раскажување и прераскажување
  4. драматизации,
  5. сценска изведба
  6. развивање способност закомуницирањеra 
  7. социјално развивање (да се научат да се слушаат и почитуваат другите),
  8. развивање на морални и духовни вредности,
  9. запознавање на самиот себе,
  10. усвојување нови знаења и вештини

 Играјќи со куклите децата си играат со зборовите, ги повторуваат, ги менуваат и создаваат нови реченици при што и самите се соговорници и говорници. Се користат со дијалошки и монолошки метод. Се обидуваат да го репродуцираат  текстот (гласот ) кој го слушнале (од наставникот, соученикот, родителот,артистот…) и така имитираат (менување на интензитетот на гласот,интонацијата, висината на тонот) со што самостојно работат на говорните вредности на својот јазик. 

 НАТПРЕВАР ВО ОРАТОРСТВО 

Нешто што се покажа навистина интересно, а кое го практикувам веке трета генерација е натпреварот во ораторство кој го организирам  со учениците од четвртите одделенија пред крајот на учебната година, како пример и поттик за практикување на добра комуникација во понатамошниот живот. 

Чести се појавите кога учениците се мачат да најдат соодветен израз во конкретна ситуација. Тогаш велат дека тоа што сакаат да го кажат – го знаат, но не се во состојба да го изразат, затоа што познавањето на фактите е само еден дел од знаењата, а другиот, можеби и најважниот, е способноста на учениците мисловно и логички, поврзано усно да ги  изложат.На ученикот треба да му се даде можност да говори.Учениците имаат безбројни силно емотивно изразени доживувања, што се акумулираат во нивната психа и од тоа психичко оптоварување настојуваат да се ослободат преку соопштување. 

Ваквите настани ќе доведат до тоа учениците да се навикнат на говорно изразување и да се развие критика во врска со изведбата и говорот на учениците.

МЕДИУМСКА КУЛТУРА (РАДИО И ТЕЛЕВИЗИЈА) 

Медиумската култура како подрачје во наставните содржини по македонски јазик е голем предизвик за учениците. Радио и телевизиските емисии имаат значајна улога во осовремување на наставата во основното училиште, а посебно за наставата по македонски јазик. Тие значително придонесуваат за негување на усното изразување кај учениците. Преку радио и телевизиските емисии тие го следат говорот на некоја личност и ако тој говор е течен и издржан, и сами ќе посакаат да се служат со таков говор.

УЧЕСТВО НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ВО ПРОЕКТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА КОМУНИКАЦИЈА И ТОЛЕРАНЦИЈА “ САКАМЕ ШАРЕН, А НЕ БЕЗБОЕН СВЕТ” ( Бев координатор за сите седум училишта на општина центар) 

Децата  не се доволно запознаени со културата, традицијата и обичаите на другите етнички заедници кои живеат во средината која ги опкружува. Со тоа се случува да нема и доволна комуникација со припадниците од другите етнички зедници. Проблемот настанува секогаш од неиформираност и недоволна едукација на учениците од најмала возраст. Во семејствата многу ретко се разговара на оваа тема (стереотипите се сеуште многу застапени) па така многу ретко или воопшто не се случуваат ниту семејни дружења.
Цел на проектот беше подобрување на соживотот на учениците од различните етнички заедници , меѓучовечка комуникацијаи градење на општество со различни култури, традиции и обичаи 

                                   ИНТЕРНЕТ КОМУНИКАЦИЈА 

Во поново време учениците се редовни корисници на интернет услугите и комуникацијата со виртуелниот свет станува неизбежна. Како треба да го користат интернетот- презентација во паралелката за Комуникација по Интернет. Учениците поделени во групи истражуваа за доброто и лошо влијание од интернетот, кои се корисни а кои штетни работи, како да се заштитат од штетното влијане врз нивната личност и како да се чувствуваат безбедно и сигурно додека го користат.

 

Преку театарска игра до емпатија (методот на “театар на угнетените“)

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

Преку театарска игра до емпатија (методот на “театар на угнетените“) 

Јазичен Центар “Step by Step” Скопје 

Сандра Грујевска 

Работилниците се инспирирани од практиките на “театарот на угнетените“ на Аугусто боал, тетарска методологија која ги подготвува и оспособува луѓето, односно учениците да го трансформираат општество, односно однесувањето во училницата преку теАтарска игра. на тој начин им се дава алатка на педагозите да ги надминат непријатните и несакани случувања во училиштето. Оваа методологија претставува театарска игра во која проблемот е прикажан во една нерешена форма, гледачите постануваат “глед-актери“ и се поканети самите да сугерираат и донесат решенија. Проблемот е најчесто угнетување и генерално вклучува видлив угнетувач и протагонист кој е угнетуван. играта е форма на натпревар помеѓу глед- актерите кои се обидуваат да и дадат поинаков крај на драмата. Глед-актерите се учесници во создавањето на драмата- тоа е нивниот конфликт, нивните светови и животни искуства кои сакаме да ги решат. работилницата започнува со приказ на приказна во која се случува одреден немил училишен настан помеѓу ученик, негов соученик и наставник. истата таа приказна ученици-доброволци се обидуваат да ја драматизираат на нивен начин, секој со своја улога. откога ќе ја одглумат приказната, учителот ги замолува да ја одиграат уште еднаш, меѓутоа овој пат  ги поканува и учениците од публиката (глед-актерите) да се приклучат со тоа што ќе извикаат СТОП! веднаш штом почуствуваат дека можат да променат некоја улога, односно да дадат поинакво однесување и тек на приказната. тогаш тие ги менуваат местата и стануваат актери само со нивна верзија на случката и како тие би постапиле во дадената ситуација и како би ја спречиле неправдата.    

 

Секој ученик има можност да се стави и во двете или трите страни на приказната односно немилиот настан и да го почуствува однесувањето на секој карактер. секој ученик кој е дел од оваа драма си го поставува прашањето како јас би постапил во оваа ситуација? како би ја спречил оваа неправда? зошто секој актер во приказната постапил онака како што постапил?  

рефлексијата и искуството од оваа активност кај секој еден ученик побудува многу прашања, степен на самокритичност и себеспознавање.  

Со давање на учениците моќ во креирање и трансформирање на драмата, тие се подготвуваат да учествуваат во театарот на животот. Користејќи ја оваа методологија, учениците ги откриваат основните причини за проблемите и кои внатрешни и надворешни фактори ги блокираат од ефективна и разумна акција. тие можат да го “гледаат“ нивниот проблем, “анализираат“ и “дејствуваат“ за да ја промеНАТ СИТУАЦИЈАТА ВО НИВНАТА УЧИЛНИЦА

 

 

Струјно коло, ДАНИЕЛА ПЕЛТЕКОВСКА, МАРИНА ВАСИЛЕВСКА-СТОЈАНОВСКА, ООУ ,,СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”-МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Струјно коло, ДАНИЕЛА ПЕЛТЕКОВСКА, МАРИНА ВАСИЛЕВСКА-СТОЈАНОВСКА, ООУ ,,СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”-МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 

Опис на активноста:

Оваа тема ги запознава учениците со концептот на електрична енергија и како таа се користи во секојдневните животи.  

Таа исто така ги запознава со опасностите поврзани со користењето на електричната енергија и како таа да се користи безбедно.  

Научното истражување се фокусира на:  

  • размислување за тоа што се очекува да се случи и дали резултатите го поддржуваат предвидувањето; 
  • истражување и тестирање на електрични кола; 
  • правење набљудувања и објаснување што е откриено. 

Активност: 

Набљудува и ги запишува набљудувањата.  

 Планира истражувачка работа  

 Предвидува што ќе се случи пред да одлучи нешто да направи 

Истражуваат предмети и апарати кои работат на батерии, на пример, џебни светилки.  

Ги местат батериите правилно да функционираат предметите. 

Покажуваат  различни компоненти на струјно коло – батерии, држачи за батерии, жици, конектори, држачи за светилки. 

Во групи учениците работат со опремата.  

Се Обидуваат да стават  светилка во држачот за светилка , батерија во држачот за батерија итн. 

секоја група  манипулира со 1 батерија, 1 држач за батерија , 1 светилка, 1 држач за светилка и само 2 жици. 

Учениците прават две различни кола – едно каде што сијалицата свети и други каде што не свети.  

Презентација на изработките – струјни кола  

Attachments

Активно слушање, Билјана Георгиеска, ООУ„Гоце Делчев“ – Прилеп 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Активно слушање, Билјана Георгиеска, ООУ„Гоце Делчев“ – Прилеп 

Опис на активности:

Цели 

– да ги  знае правилата на активно слушање 

– да умее да се воздржува од користење на невербалните знации вербалните изрази кои имаат негативно влијание врз односите со другите 

Воведна активност 

– Сите ученици беа поделени во парови и застанаа еден спроти друг. Едниот од парот замислува дека стои пред огледало во кое се гледа и се движи на сите можни начини- некогаш побрзо, некогаш побавно. Другиот ученик го претставува неговиот одраз во огледалото и се движи имитирајќи ги неговите движења. По 2-3 минути улогите во паровите се менуваа.Тој што се движи, додека го посматра својот одраз гледаше дека се движи бавно.Активноста заврши по 2-3 минути. Наставникот објасни  дека невербалниот говор како во овој случај може да помогне во комуникација со луѓе кои ги запознаваме и затоа треба да се внимава како се употребува. 

Главна активност 

Наставникот го кажа текот на часот и ги запозна учениците со целите. Учениците кои беа поделени во парови се свртени еден кон друг. Им подели ливче со тајна инструкција од работен лист Како активно слушам и не требаше да ја покажат на другиот. Се означија со А и Б. Почнува А опиша настан кога не му било убаво. По 1 минута ги сменија улогите. Партнерот Б ја следи инструкцијата од картичката. По 1 минута се менуваат. Б кажува нешто убаво што му се случило,  А го слушаше следејќи ги инструкциите. 

Следеше дискусија по поставени прашања 

  1. Како се чувствувавте додека зборувавте? Зошто? Како влијаеше однесувањето на слушателот? 
  1. Што ни помага подобро да се ислушаме? 
  1. А што пречи за да се ислушаме подобро? 
  1. Зошто е важно прво да го ислушаме соговорникот, а потоа да реагираме? 

Завршна активност 

Наставникот ги зеде картичките од работниот лист Активно, неактивно слушањеим ги покажа на учениците и притоа побара мислење за секоја картичка дали го поддржува активното или неактивното слушање со нивно образложение. Картичките се лепеа во колона активно слушање и колона неактивно слушање 

Рефлексија:

Учениците во целост ги постигнаа поставените цели на часот. 

Сите беа ангажирани, секој според сопствените способности и мотивирани да работат на зададената задача. 

Инструкциите за работа им беа јасни и целосни па учениците успешно ја завршуваа секоја зададена задача, па со тоа и успешно се заврши активноста предвидена за часот. Комуницираа мегу себе, се договараа, соработуваа, се радуваа на успшешно сработеното. 

Задоволна сум од дискусијата на крајот од часотУчениците беа целосно ангажирани и мотивирани за работа преку целиот час. Активно учествуваа во наведувањето идеи за активно и неактивно слушање. 

,,СВЕТОТ ОКОЛУ НАС,,СЕ ДРУЖИМЕ ,СИ ПОМАГАМЕ И УЧИМЕ, РАДИЦА МИЦЕВСКА, МАРИЈА ПАВЛОВА, ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР СМАРТ ЕНД ХЕПИ КИДС – ШТИП 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

,,СВЕТОТ ОКОЛУ НАС,,СЕ ДРУЖИМЕ ,СИ ПОМАГАМЕ И УЧИМЕ, РАДИЦА МИЦЕВСКА, МАРИЈА ПАВЛОВА, ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР СМАРТ ЕНД ХЕПИ КИДС – ШТИП 

Опис на активноста:  

ЛЕТОТО Е ОМИЛЕН ПЕРИОД ЗА ДЕЦАТА  И ЗЕМАЈЌИ ГИ ВО ПРЕДВИД НИВНИТЕ ПОТРЕБИ ЗА ПРЕСТОЈ ВО ПРИРОДА , ОРГАНИЗИРАМЕ НАСТАВА ВО ПРИРОДА (ЕКСКУРЗИИ) КОИ ПРЕТСТАВУВААТ ОБЛИК НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНА ВОННАСТАВНА АКТИВНОСТ И ПРУЖААТ МОЖНОСТИ ЗА ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНО ПОВРЗУВАЊЕ НА СОДРЖИНИТЕ ОД РАЗЛИЧНИ НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ.АКТИВНОСТИТЕ ВО ПРИРОДА СЕ ВАЖНИ ЗА ЦЕЛОКУПНИОТ РАЗВОЈ НА ЛИЧНОСТА НА ДЕЦАТА ЗАТОА ШТО ОПФАЌААТ ЗДРАВСТВЕН, ПЕДАГОШКИ И СОЦИЈАЛЕН АСПЕКТ. СО ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА ФИЗИЧКИ АКТИВНОСТИ, ВО ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ОВАА АКТИВНОСТ ПРИДОНЕСУВА КОН ЗАЧУВУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ЦЕЛОКУПНОТО ЗДРАВЈЕ НА УЧЕНИЦИТЕ, НО ВОЕДНО И МЕЃУСЕБНО ПОМАГАЊЕ БИДЕЈКИ УЧЕНИЦИТЕ СЕ ОД РАЗЛИЧНА ВОЗРАСТ , ГРУПАТА Е ХЕТЕРОГЕНА И ДОЃААТ ДО ИЗРАЗ ПОЗИТИВНИТЕ , АФИРМАТИВНИ КАРАКТЕРНИ ОСОБИНИ . 

ОБРАЗОВНО-ЕДУКАТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА НАСТАВАТА ВО ПРИРОДАТА Е ДЕКА СО ДИРЕКТНО НАБЉУДУВАЊЕ .ЕКСКУРЗ.ИЈАТА СЕ ИЗВЕДУВА СО НАС КАКО МОДЕРАТОРИ КОИ ПОСТОЈАНО ИМ ГИ ОБЈАСНУВАМЕ ГЕОГРАФСКИТЕ ПРЕДЕЛИ И ПОЈАВИТЕ КОИ ГИ СРЕЌАВАМЕ ,А ПРИ ТОА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ОВАА,,ПОДВИЖНА РАБОТИЛНИЦА,, ГИ УНАПРЕДУВААТ СВОИТЕ СПОСОБНОСТИ  ЗА АКТИВНО СЛУШАЊЕ,ПОСТАВУВАЊЕ ПРАШАЊА,ПРЕПОЗНАВАЊЕ И УВАЖУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИТЕ ЧУВСТВА И ПОТРЕБИ ,СПРАВУВАЊЕ СО  ИЗЛИВИ НА ЛУТИНА ПРИ ЕВЕНТУАЛНИ КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ (КОЈ ДА СЕДИ НА ОДРЕДЕНО СЕДИШТЕ , КОЈ ДА ИЗЛЕЗЕ ПРВ И СЛ. И СЕКОГАШ КОГА СЕ ДЕЦА ВО ПРАШАЊЕ СЕ МОЖНИ РИЗИЦИ НА НЕДОРАЗБИРАЊА ). 

МОДЕРАТОРИТЕ ПРЕКУ МЕТОД НА ДИЈАЛОГ ОВОЗМОЖУВААТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ И СТЕКНУВАЊЕ НА ПОЦЕЛОСНИ, ПОДЛАБОКИ И ПОТРАЈНИ ЗНАЕЊА. ДИРЕКTНИОТ КОНТАКТ И ИНТЕРАКЦИЈАТА СО ПРИРОДНАТА СРЕДИНА ПРИДОНЕСУВА ЗА ПОДОБРО РАЗБИРАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ КОИ СЕ ПРИМЕНУВААТ ВО ПРИРОДАТА А СЕКАКО И ОСТВАРУВАЊЕ НА КОМУНИКАЦИЈА ПРЕКУ СОРАБОТКА ,НАМЕСТО ПРЕКУ КОМПЕТЕНЦИЈА , ИНТЕРАКТИВНОСТА Е ПРИСУТНА. ПРЕСТОЈОТ НА ДЕЦАТА ВО ПРИРОДАТА ИСТО ТАКА ПРИДОНЕСУВА ЗА НИВНА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА, БИДЕЈЌИ СО ЗАЕДНИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ ТИЕ СЕ ЗАПОЗНАВААТ ПОДОБРО, КОМУНИЦИРААТ, СИ ПОМАГААТ, СОРАБОТУВААТ И СЕ ЗБЛИЖУВААТ. ДОАЃА ДО УВАЖУВАЊЕ НА СВОЈАТА ЛИЧНОСТ И ЛИЧНОСТА СО КОЈА СЕ СОРАБОТУВА,,ПРЕВЗЕМАЊЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА СВОЕТО ОДНЕСУВАЊЕ,ИЗНАОЃАЊЕ РЕШЕНИЈА ЗА ПОЗИТИВЕН ИСХОД ДОКОЛКУ НАСТАНАТ СПОНТАНИ ИНЦИДЕНТНИ СИТУАЦИИ. 

ЕКСКУРЗИЈАТА КОЈА ЈА РЕАЛИЗИРАВМЕ БЕШЕ ПОСЕТАТА НА КОЛЕШИНСКИТЕ ВОДОПАДИ КОИ СЕ НАОЃААТ  ВО СТРУМИЧКО, ВО ПАДИНИТЕ НА ПЛАНИНА БЕЛАСИЦА. ПАТОТ ДО ТАМУ  Е НЕДОСТАПЕН ЗА ВОЗИЛА,ПА ЗАТОА ГРУПНО СЕ УПАТИВМЕ СО ПЕШАЧЕЊЕ ДО ТАМУ. ПО ПАТОТ ЈА НАБЉУДУВАВМЕ ПРИРОДАТА И РАЗГОВАРАВМЕ ЗА СЕ ОКОЛУ НАС. ДЕЦАТА ВИДОА БРЗА ПЛАНИНСКА РЕКА, ВИДОА НАЈРАЗЛИЧНИ ВИДОВИ НА РАСТЕНИЈА, РАЗЛИЧНИ ИНСЕКТИ И ВИСОКИ ДРВЈА.СО ПРИСТИГНУВАЊЕТО ДО ВОДОПАДОТ ТИЕ БЕА ВИСТИНСКИ ВООДУШЕВЕНИ ЗАТОА ШТО ПОГОЛЕМИОТ БРОЈ ОД НИВ ЗА ПРВ ПАТ СЕ СРЕТНАА СО ТАКОВ ВИД НА ПРИРОДНА ПОЈАВА. ТИЕ НАУЧИЈА ДЕКА КОЛЕШИНСКИОТ ВОДОПАД Е ЕДЕН ОД НАЈВИСОКИТЕ ВОДОПАДИ ВО МАКЕДОНИЈА И ДЕКА НЕГОВИОТ ПАД ИЗНЕСУВА 15 МЕТРИ. ДЕЦАТА ОВДЕ ИМАА ВРЕМЕ ДА ОДМОРАТ, ДА НАБЉУДУВААТ И ДА СЕ ДРУЖАТ ПОМЕЃУ СЕБЕ. ПО ПАТОТ ЗА НАЗАД ПОСЕТИВМЕ ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА КАДЕ ШТО ДЕЦАТА ИМАА МОЖНОСТ ДА ВИДАТ МАЛО ВЕШТАЧКО ЕЗЕРО, ДА СЕ РЕКРЕИРААТ И ДА ПОМИНАТ ВРЕМЕ ВО ДРУЖЕЊЕ СО ТОА ШТО ГИ РАЗВИВААТ СОЦИЈАЛНИТЕ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ. ЗА КРАЈ ГО ПОСЕТИВМЕ ПРАВОСЛАВНИОТ ХРАМ “СВ. ТРОИЦА” ВО РАДОВИШ, КАДЕ ШТО ДЕЦАТА ИМАА МОЖНОСТ ДА ВЛЕЗАТ И ДА  РАЗГЛЕДААТ ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ И НАЈБОГАТИТЕ ХРАМОВИ. АКТИВНОСТИТЕ НА ОТВОРЕНО ДОПРИНЕСУВААТ ДА СЕ РАЗВИЈАТ ПОЗИТИВНИ МЕЃУЧОВЕЧКИ ОДНОСИ И ДА СЕ НАУЧАТ ПРОСОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ КОИ ДОПРИНЕСУВААТ ДА СЕ РАЗВИЕ СПОСОБНОСТ ДА СЕ ПРЕПОЗНААТ ЧУВСТВАТА И ЕМОЦИИТЕ НА ОСТАНАТИТЕ ВО ГРУПАТА, ДА СЕ РАЗВИЕ ДОВЕРБАТА, А СО ТОА ДЕЦАТА ДА СЕ НАУЧАТ ДА ЈА ЦЕНАТ ТИМСКАТА РАБОТА И ДА ЈА ПРЕПОЗНААТ ВРЕДНОСТА ОД РАЗБИРАЊЕТО НА ПОТРЕБИТЕ НА ОСТАНАТИТЕ ЛУЃЕ. ДЕЦАТА СЕ УЧАТ ДА КОМУНИЦИРААТ, ДА СОРАБОТУВААТ СО ОСТАНАТИТЕ ВО ГРУПАТА, ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ДРУГИТЕ, ДА СИ ПОМАГААТ, ДА НАОЃААТ ЗАЕДНИЧКИ РЕШЕНИЈА И СО СЕТО ОВА ДА СЕ ПРОМЕНАТ СЕБЕ СИ КОН ПОДОБРО. ПРЕКУ ПРАКТИЧНА РАБОТА ДЕЦАТА ЌЕ ГИ НАУЧАТ ПРОСОЦИЈАЛНИТЕ ВЕШТИНИ ПОЧИТ, СОЛИДАРНОСТ И ОДГОВОРНОСТ КОИ СЕ ВАЖНИ ВО ПОНАТАМОШНИОТ РАЗВОЈ НА ДЕТСКАТА ЛИЧНОСТ. 

Рефлексија:

КОМУНИКАЦИЈА, ТИМСКА РАБОТА, СОРАБОТКА, ОДГОВОРНОСТ,ЕМПАТИЈА, ПРОСТОРНА ОРИЕНТАЦИЈА, ИЗРАЗУВАЊЕ, СОЛИДАРНОСТ, ПОЧИТ И ДОВЕРБА.