Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието  Струјно коло, Даниела Пелтековска, Марина Василевска-Стојановска, ООУ ,,Св. Кирил и Методиј”-Македонска Каменица

Опис на активноста: Оваа тема ги запознава учениците со концептот на електрична енергија и како таа се користи во секојдневните животи. Таа исто така ги запознава со опасностите поврзани со користењето на електричната енергија и како таа да се користи безбедно. Научното истражување се фокусира на:  

  • размислување за тоа што се очекува да се случи и дали резултатите го поддржуваат предвидувањето; 
  • истражување и тестирање на електрични кола; 
  • правење набљудувања и објаснување што е откриено. 

Активност: 

Набљудува и ги запишува набљудувањата. Планира истражувачка работа  Предвидува што ќе се случи пред да одлучи нешто да направи Истражуваат предмети и апарати кои работат на батерии, на пример, џебни светилки. Ги местат батериите правилно да функционираат предметите. Покажуваат  различни компоненти на струјно коло – батерии, држачи за батерии, жици, конектори, држачи за светилки. Во групи учениците работат со опремата.  Се Обидуваат да стават  светилка во држачот за светилка , батерија во држачот за батерија итн. Секоја група  манипулира со 1 батерија, 1 држач за батерија , 1 светилка, 1 држач за светилка и само 2 жици. Учениците прават две различни кола – едно каде што сијалицата свети и други каде што не свети. Презентација на изработките – струјни кола  

Leave a Reply