Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

МАЛИТЕ НЕШТА ЗНААТ ДА ПРИРЕДАТ ГОЛЕМИ РАДОСТИ АКО СЕ ОД СРЦЕ И ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ , ООУ” Страшо Пинџур “– с.Мало Коњари,Прилеп , Ленче Петкоска 

Опис на  активноста : 

Наставникот знае дека учениците се радуваат на секое изненадување, посебно ако тоа им го донесе Дедо Мраз пред новата година.За таа цел во договор со родителите се искористени средства што се собрани на последниот велигденски панаѓур.Од нив наставникот набави подароци и тоа:балони,чоколадни јајца,лижалчиња и корнети. 

После ова следеше традиционалнатаа активност со  родителите, новогодишна работилница.Родителите по предлог на наставникот изработија поклони за учениците спакувани на интересен начин.Лижалчињата беа направени во форма на цветови, балоните беа јазичиња на „Смајли“,а во корнетите имаше по едно чоколадно јајце место сладолед.Родителите сето тоа го изработија со меѓусебна соработка, договор  и креативност. 

Следна задача на наставникот беше да избере улога на Дедо Мраз.Тоа беше едно другарче од предметна настава, кој имаше и изглед и боја на глас баш како Дедо Мраз. 

Тој во училницата ги поздрави децата и им ги подели поклоните.Радоста во детските очиња и срце беше преголема, навистина беа изненадени и пресреќни. По заминувањето на Дедо мраз ги отворија подароците. 

Секој сака да добива подароци и се радува на нив, но и секој сака да биде во улога на Дедо Мраз. Така после ова и нашето другарче што ја донесе облеката беше Дедо Мраз и се сликавме и со него. 

Рефлексија од примена на активноста во пракса : 

Целите предвидени за време на работилницата беа совладани Учениците за време на сктивноста беа  позитивно расположени и соработуваа.Така кај нив се развиваа позитивни вредности да ги ценат и малите поклони, кои се дадени од срце.Кај нив се развиваше и емпатија со децата кои можеби во животот немаат кој да им подари нешто, мало, но подарено со голема љубов. Да се поттикнат и тие да даруваат колку можат и секогаш. Секако треба да се нагласи соработката со повозрасните другарчиња и со родителите како претставници на локалната средина. 

 

 

 

Deixe uma resposta