#ProSocialWeek ООУ Ж. Брајковски – Скопје

Przepraszamy, ten wpis jest dostępny tylko w języku amerykański angielski.

Во рамките на проектот за Просоцијални вредности #ProSocialValues, #ProSocialWeek учениците од Училиште Живко Брајковски, членови на секцијата „Здрава храна, здрави генерации“ во мешан етнички состав од 6-9 одделение под менторство на наставничките С. Урџанис и Nazmije Bela поддржан и од фондацијата Песталоци во учебната 2019/20 реализираа повеќе работилници на кои од тестенини изработија разновидни украси, лампиони, елки, венци и слично. Беа во посета на фабриката за здрава храна Виталиа, а активностите ги продолжија и од дома за време на пандемијата предизвикана од корона вирусот преку Zoom апликацијата. Учениците изготвија презентации и флаери со пораки за здрава храна.

Учење преку игра- Inno4Edu хакатон

Przepraszamy, ten wpis jest dostępny tylko w języku amerykański angielski, włoski, europejski hiszpański, turecki, litewski, macedoński i bułgarski.

Три дена гејмери, графички дизајнери и уметници работеа со десет ментори од Бирото за развој на образованието, академици и едукатори од предучилишно образование и од основно образование на заедничко создавање електронски игри за поттикнување на учењето преку игра.

Најдобрите онлајн и дигитални игри што ќе се подготват на овој хакатон ќе бидат вклучени во националната веб платформа за образование – онлајн библиотека со едукативни игри и ресурси за родители и наставници кои ќе служат за да се збогатат можностите за учење на децата од предучилишна возраст и во првиот циклус на основно образование (од 1 до 3 одделение).

“Учењето преку игра е еден од најважните начини на кои малите деца стекнуваат суштински знаења и вештини. Тие играат за да го разберат светот околу нив. При изборот да играат со она што им се допаѓа, децата развиваат вештини во сите развојни домени: во интелектуалниот, социјалниот, емоционалниот и физичкиот домен. Подеднакво важно е што тие ги развиваат вештините неопходни за учење како што се способноста за решавање проблеми, анализа, проценка, примена на знаењето и креативност,“ Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

Глобалните истражувања покажуваат дека учењето преку игра ги подобрува академските и развојни резултати на децата. Исто така, тие потврдуваат дека има долгорочни придобивки од програмите за развој во раното детство во кои децата се изложени на учење и решавање проблеми преку самоиницијативни активности и насоки од наставниците. Иако традиционалниот пристап кон учењето во основните училишта е фокусиран на предавања, истражувањата покажуваат дека учењето преку игра е подеднакво ефективно и во програмите во основните училишта.

Практичните алатки кои ќе бидат достапни на веб платформата се дизајнирани за да го поддржат учењето преку игра на сите места каде што детето најчесто престојува – дома, во предучилишните установи и на училиште.

Inno4Edu хакатонот се организира во партнерство со СмартАп – Лабораторија за социјални иновации со поддршка од Владата на Велика Британија преку Британската амбасада во Скопје во партнерство со УНИЦЕФ, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Бирото за развој на образованието како дел од програмата „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на образованието преку ко-креирање и иновации“.

Текстот е превземен и споделен од веб страната на УНИЦЕФ

https://www.unicef.org/northmacedonia/mk/соопштенија/учење-преку-игра-inno4edu-хакатон

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нивните партнери, работат во 190 земји и територии за да ја спроведат таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нивната работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Можете да го следите УНИЦЕФ на TwitterFacebook, Instagram и YouTube.

 

Image may contain: 5 people, people sitting

Image may contain: 6 people, people sitting

Презентација на МултиЗборко на Хакатон „Креирај игри за најмладите”

Przepraszamy, ten wpis jest dostępny tylko w języku macedoński.

Презентација на „МултиЗборко” на хакатонот „Креирај игри за најмладите”

На хакатонот „Креирај игри за најмладите” кој е наменет за креирање игри за деца од 3 до 10 години, „Пријатели на образованието” учествува во тим со едукативна игра за учење сообраќај. Овој хакатон е во склоп на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ #Inno4Edu кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и УНИЦЕФ, а го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.
#Inno4eduMK

#FriendsOfEducation #HakatonDay2 #Ino4eduMK

Image may contain: 1 person, standing and indoor
No photo description available.

 

,,Shape your educational heart” Vth EduConference – Skopje, Republic of North Macedonia

Przepraszamy, ten wpis jest dostępny tylko w języku amerykański angielski, włoski, europejski hiszpański, turecki, litewski, macedoński i bułgarski.

,,Shape your educational heart” беше мотото на нашата и Ваша #ПеттаЕдуКонференција2019. Не без причина. Драги пријатели, од срце Ви благодариме на љубовта и ентузијазмот кој уште еднаш искрено ги споделивте со нас. Посебна благодарност би сакале да упатиме до господинот Петар Атанасов за неговата безрезервна доверба и поддршка во промоцијата на овој меѓународен едукативен настан, која беше дадена искрено и од срце. Веруваме дека и во иднина заедно ќе имаме можност да покажеме дека токму срцето е нашата најмоќна едукативна алатка.
#FifthEduConference2019
#ProSocialValuesErazmus+

No photo description available.
http://www.friends-of-education.org/инфо-4/

На конференцијата учествуваа претставници на институци и еминентни домашни и странски предавачи представници на партнер-организациите во проектот Pro Social Values од Италија, Турција, Литванија, Шпанија, Бугарија и Македонија:

  • Polo Europeo Della Conoscenza (Италија)
  • Uşak İl Milli Eğitim Müdürlüğü (Турција)
  • Panevezio Rajono Svietimo Centras (Литванија)
  • Consejeria De Education (Шпанија)
  • Trakia University (Бугарија)
  • Friends of Education (Македонија)

Фокусот на Петтата#ЕдуКонференција2019 беше поставен на промовирање и подобрување на комуникацијата, развивање  емпатија, меѓусебно помагање и инклузија во училишната образовна практика, зголемување на соработката меѓу децата и младите, како и меѓу родителите, наставниците и пошироката заедница и локална средина.

Учесниците уште еднаш имаа можност  да следат предавања на експерти од земјата и странство, на теми од интерес за воспитно образовната дејност и професионалниот развој на наставниот кадар, чија крајна цел е насочена кон намалување на насилството помеѓу врсниците и интеграција на различни групи во општественото живеење засновано на позитивни општествени норми и вредности.

 

Реализирани активности во рамките на проектот ПРОСОЦИЈАЛНИ ВРЕДНОСТИ

Galeria

Przepraszamy, ten wpis jest dostępny tylko w języku amerykański angielski, włoski, europejski hiszpański, turecki, litewski, macedoński i bułgarski.

Учениците од II3 одделение, од нашето училиште, реализираа активности во рамките на проектот ПРОСОЦИЈАЛНИ ВРЕДНОСТИ. По покана на  родител(претприемач) и  во соработка со локалната средина, учениците, наставничките и група родители заедно,  остварија посета на Маркетот „Тинекс“ во рамките на ТЦ„Зебра“ . Учениците имаа за цел преку заедничка дружба, соработка и непосредна комуникација да се запознаат со здравата храна, потекло и начин на одржување, запознавање со нови видови овошје и зеленчук кои се одгледуваат и растат во различни поднебја од нашето, да развиваат одговорен однос кон храната, да се поттикнува претприемачки дух и промовирање на етичко однесување на јавни места.

http://oukimcentar.edu.mk/index.php/galerija/foto-galerija/category/63-2018-11-12-22-43-00

Во вториот дел од активноста се реализира ликовно изразување-сликање со основна боја, мотив „Црвени јаболка“.