Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,,за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието, Креирање на блог – Ирена Наумовска ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп.

Креирање на блог – француски јазик

ВОВЕД Со воведувањето на модерната технологија и дигитализацијата на училиштата се отворија нови можности за современ и креативен начин за реализација на наставата. Нашиот нов предизвик во примената на информатичката технологија е креирање на блог во кој ќе се претстави секој ученик од одделението.

ЗАДАЧИ Блогот е информатичка алатка која дава можност за објавување на текстови и идеи, добивање на коментари во врска со истите, споделување линкови, видеа и слики како и комуникација со други лица. Блогот треба да содржи:

1.Почетна страна(позадина, слика, краток текст за претставување на одделението)

2.Мени со страна за секој ученик посебно. Ученикот може да се претстави со краток текст и слика или преку видео запис.

ПРОЦЕС Секое одделение бира администратор на блогот. Учениците работат во една заедничка група. Разговараат, се договараат, си помагаат,даваат свои идеи за реализација на дадената задача. Секој ученик прикачува слика и пишува текст за себе кој треба да ги содржи следните информации: * Име, презиме, адреса, возраст, одделение * Физички опис и карактерни особини * Омилени активности(хоби), вкусови во врска со училиштето, музиката, спортот. Во период од две седмици од добивање на вебквестот секој ученик треба да му ги испрати на администраторот потребните материјали за креирање на блогот на одделението.

Целите на овој час се остварени, учениците ги имаат извршено своите задолженија во целост и притоа покажуваат голема мотивација и интерес. Користењето на Web quest овозможи полесна реализација на проектната задача. Учениците учествувајќи во вој проект навлегоа во практична примена на знаењата при комуникација на Интернет и со тоа се стекнаа со вештини на користење блогот како нова информатичка алатка. Доколку има можност ,може да се намени уште еден час за

давање на пишана повратна информација од наставникот, дискусија со учениците за добрите и слабите страни на проектот, за размена на информации и искуства кои ќе бидат корисни во понатамошната работа на учениците на други проекти.

Фотографи и на кои е прикажана работилницата

HTTPS://SOFIJAGESOSKA.BLOGSPOT.COM/FBCLID=IWAR1V28BFQRFVBPIZ0810HLFSOQANZZLX3X93H1WZWN-G4UNWIII0VMPGQSI  

Добавить комментарий