Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Емилија Николоска, Билјана Попоска Филипова, Богослав Бардакоски

ООУ„ГоцеДелчев“ – Прилеп 

Цели 

Ученикот/ ученичката:   

 

  • Да гради  вредности за активен однос и грижа за животната средина 
  • Да умее да селектира отпад и да знае кој отпад може да се рециклира 
  • Да  може да користи различни видови на информации 
  • Да умее да користи знаења од Тема – ,,Работа со податоци,, за креирање на различни дијаграми 
  • Да гради односи со останатите ученици од различни возрасти 
  • Да развива вештини за комуникација и презентирање 

 

Активности кои и предходат на работилницата: 

 

Група од 22 ученици во која беа вклучени ученици од 6-то до 9-то одделение добија задача да направат анкета за да одредат колку учениците од училиштето на таа возраст знаат што е селектирање и рециклирање на отпад. Тие врз основа на примерок од 59 испитаници ја изработија истата со помош на Google forms, а добиените резултати ги прикажаа на соодветни дијаграми прикажани во документ во прилог.  

Учениците дополнително истражуваа на интернет и материјалите кои ги издвоија, а кои се однесуваат на селектирање и рециклирањена отпад се употребија на работилницата. 

 

Воведна активност 

 

Активности на наставникот:  

–  ги насочува учениците да разговараат  за она што предходно го истражиле и го добиле како сознание  од спроведената анкета 

–  ја открива  целта на часот – да се запознаеме со начините на селектирање и рециклирање на отпад и да им помогнеме на другите да го направат истото 

 

Активности на учениците:  

– учениците разговараат за тоа што го знаат во врска со темата, како и за добиените сознанија од спроведеното истражување 

 

Главна активност 

 

Активности на наставникот :  

-ги дели учениците во две хетерогени групи и има дава насоки како да се изработат хамерите за презентација 

– ја поттикнува дискусијата и меѓусебната соработка на учениците во секоја од групите 

– го поттикнува помагањето на повозрасните ученици кон помалите, поттикнува чувство на тимска работа 

 

Активности на учениците; 

  • дискутираат во групата и споделуваат идеи како да се реализира задачата, се организираат и меѓусебно  ги делат активностите 
  • меѓусебно си помагаат, дискутираат  и се организираат за презентација пред соучениците 

 

Завршна и евалуативна активност 

 

Активности на учениците :  

  • Дискутираат  за добиенто искуство од оваа работилница, за тоа што научиле и со какви вештини се здобиле 
  • Учениците од двете групи вршат кратка презентација пред соученици од училиштето  пред кои не само што ја презентираат својата работа, туку посебен акцент ставаат на поттикнување на општествената одговорност на секој од нас кон животната средина, начините како се селектира отпад.

                                                                    РЕФЛЕКСИЈА

Оваа работилница позитивно влијаеше на учениците од различна возраст. Тие не само што се стекнаа со нови знаења во врска со селектирањето и рециклирањето на отпадот, со тенденциите на современите европски земји околу оваа тема, како и за она што се превзема во нашата држава, уште повеќе развиваа општествена одговорност, меѓусебна соработка и помагање, како и вештини за комуникација и презентација, со оглед на фактот што учествуваа ученици од различна возраст, кои иако учат во исто училиште, многу од нив и не се познаваат меѓусебно.  

Од  дискусиите кои ги водеа учениците на оваа работилница произлезе идеја  за спроведување на една поголема акција на ниво на училиште за собирање на селектиран отпад (хартија, пластика и сл.), а средствата собрани од таквата акција да се искористат за хуманитарни цели или за набавување на нагледни средства или збогатување на литератутниот фонд.

 

Bir Cevap Yazın