Din păcate acest articol este disponibil doar în engleză americană, italiană, spaniolă europeană, turcă, lituaniană, macedoneană și bulgară.

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

Активно слушање, Билјана Георгиеска, ООУ„Гоце Делчев“ – Прилеп

Опис на активности:

Цели

– да ги  знае правилата на активно слушање

– да умее да се воздржува од користење на невербалните знации вербалните изрази кои имаат негативно влијание врз односите со другите

Воведна активност

– Сите ученици беа поделени во парови и застанаа еден спроти друг. Едниот од парот замислува дека стои пред огледало во кое се гледа и се движи на сите можни начини- некогаш побрзо, некогаш побавно. Другиот ученик го претставува неговиот одраз во огледалото и се движи имитирајќи ги неговите движења. По 2-3 минути улогите во паровите се менуваа.Тој што се движи, додека го посматра својот одраз гледаше дека се движи бавно.Активноста заврши по 2-3 минути. Наставникот објасни  дека невербалниот говор како во овој случај може да помогне во комуникација со луѓе кои ги запознаваме и затоа треба да се внимава како се употребува.

Главна активност

Наставникот го кажа текот на часот и ги запозна учениците со целите. Учениците кои беа поделени во парови се свртени еден кон друг. Им подели ливче со тајна инструкција од работен лист “Како активно слушам” и не требаше да ја покажат на другиот. Се означија со “А” и “Б”. Почнува “А”- опиша настан кога не му било убаво. По 1 минута ги сменија улогите. Партнерот “Б” ја следи инструкцијата од картичката. По 1 минута се менуваат. ”Б” кажува нешто убаво што му се случило, ” А” го слушаше следејќи ги инструкциите.

Следеше дискусија по поставени прашања

  1. Како се чувствувавте додека зборувавте? Зошто? Како влијаеше однесувањето на слушателот?
  2. Што ни помага подобро да се ислушаме?
  3. А што пречи за да се ислушаме подобро?
  4. Зошто е важно прво да го ислушаме соговорникот, а потоа да реагираме?

Завршна активност

Наставникот ги зеде картичките од работниот лист “Активно, неактивно слушање”, им ги покажа на учениците и притоа побара мислење за секоја картичка дали го поддржува активното или неактивното слушање со нивно образложение. Картичките се лепеа во колона активно слушање и колона неактивно слушање

Рефлексија:

Учениците во целост ги постигнаа поставените цели на часот.

Сите беа ангажирани, секој според сопствените способности и мотивирани да работат на зададената задача. Инструкциите за работа им беа јасни и целосни па учениците успешно ја завршуваа секоја зададена задача, па со тоа и успешно се заврши активноста предвидена за часот. Комуницираа мегу себе, се договараа, соработуваа, се радуваа на успшешно сработеното. Задоволна сум од дискусијата на крајот од часот. Учениците беа целосно ангажирани и мотивирани за работа преку целиот час. Активно учествуваа во наведувањето идеи за активно и неактивно слушање.