Одд.наставник-Ленче Илиевска 

ООУ,,д-р Трифун Пановски ‘-Битола, пу с.Трново

 

ОПИС НА  АКТИВНОСТА

Учениците во село трново припаѓаат на различни етникуми (македонци и албанци) и за  реализација на активностите претходно беше остварена средба со претставници од локалната средина и беше договорено времето за посета во црквата и џамијата во селото. 

цели: 

-да ја запознаат со  верската различност во местото на живеење 

-да стекнат основни познавања  за верските објекти во местото во кое живеат 

-да се запознаат со празниците поврзани со верската традиција 

-да се воспитуваат да ги почитува своите верски празници и празниците на другите етнички заедници 

-да стекнат знаења дека во неговото место живеат луѓе со различни верски обичаи 

-да стекнат познавања за културно однесување во верските објекти 

-да ја откријат сличноста  со различните од себе 

-да стекнат вештини за соработка , почитување, прифаќање на разликите 

-да развиваат емпатичност кон различните од себе 

-да прифатат еднаков однос кон другите ,без разлика на сличностите и разликите 

-да ја прифатат различноста како позитивност 

Опис на активностите: 

воведни активности: 

на учениците им е соопштено дека ќе одат во посета на црквата и џамијата во нивното село. но претходно  учениците од второ и трето одд. (еден ученик е трето и еден ученик е второ) добиваат  наставен лист со техника -,,знам ,сакам да знам и учам”. имаат за задача да напишат се што знаат за црквата и џамијата и што сакаат да научат. за тоа време учениците  од прво(четири ученици) добиваат апликации од црква и џамија и имаат задача да ги исечат и заедно да ги класифицираат . 

учечко-поучувачки активности: се оди во посета на црквата и џамијата кои се наоѓаат на блиска локација од нашето училиште.при самата посета  учениците од претставници на локалната заедница и од  наставникот , добија  основни  елементарни информации  за различните етнички објекти, за верата,за обичаите, верувањата, празниците, симболите  на различните етнички заедници. Како наставник ги поттикнував да прашуваат за се што ги интересира , а истовремено им укажував на што да посветат најмногу внимание. 

по извршената посета учениците се враќаат во училиште и ја ираат играта ,,вртелешка”.за таа цел се делат на 2 хомогени групи од по 3 ученици(албанци и македонци ) .на вртелешката 

се наоѓаат прашања во две бои за христијаните и за муслиманите  и жетони со истите бои кои се наоѓаат во мала кутија .секој ученик од групата со мижење  треба да одбери жетон,да ја заврти вртелешката и според бојата на жетонот го одбира прашањето со истата боја што се наоѓа пред него.во групата учениците се договараат што треба да одговорт .Групите  ротираат се додека не се одговорат 12-те  прашањата. 

дел од прашањата (1.Во кој верски објект одат христијаните ,а во кој муслиманите? 2.за кои најголеми празници христијаните одат во црква ,а за кои муслиманите?3.во кого веруваат христијаните ,а во кого муслиманите ?4.Која е света книга кај христијаните ,а која кај муслиманите?5.како треба да се однесуваме кога влегуваме во црква,а како во џамија? 

……………………………………………………………………………………….. 

по играта ги поттикнувам учениците да откријат дека сме многу различни ,а имаме иста желба. Која е таа желба ?што си посакуваат христијаните кога одат во црква , а што си посакуваат  муслиманите кога одат во џамија? 

евалуативни активности: 

учениците од второ и трето ја пополнуваат третата колона од наставниот лист ЗСУ,односно пишуваат што научиле. додека учениците од прво заедно со наставникот  го изработуваат плататот ,,различни , а со исти желби”.Kога учениците  од второ и трето се готови ,ги читаат одговорите и се приклучуваат во креацијата на плакатот .Кога се готови уште еднаш ја кажуваат заедничката  желба на христијаните и муслиманите;,,да има мир,да има здравје,да има љубов,да има слога и почит со најблиските,да се помага на болните ,на слабите и сиромашните,да не се нанесува болка на луѓето околу нас

 

                                                                                     Рефлексија од примена на активноста во пракса 

 

Целите се остварени  ,а очекуваните исходи се следни: 

-учениците развиваат нови способности и вештини насочени кон почитување на својата и на туѓата индивидуалност ,како темел за градење на мултикултурни заедници 

-разбивање на постојните етнички стереотипи , осудување на дискриминацијата  и потенцирање на еднаквоста на етничка и религиска  основа 

-развивање на желбата за разбирање и емпатичност кон различните од себе  

-почитување ,толеранција ,прифаќање на разликите  

-стекнување   вештини за соработка  и мегусебно помагање  

-обезбедување потребен баланс за порамноправни односи 

Lasă un răspuns