Din păcate acest articol este disponibil doar în Engleză Americană, Italiană, Spaniolă Europeană, Turcă, Lituaniană, Macedoneană și Bulgară.

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието – Струјно коло, Даниела Пелтековска, Марина Василева- Стојановска, ООУ Св. Кирил и Методија – Македонска Каменица 

Опис на активноста: Оваа тема ги запознава учениците со концептот на електрична енергија и како таа се користи во секојдневните животи. Таа исто така ги запознава со опасностите поврзани со користењето на електричната енергија и како таа да се користи безбедно.  Научното истражување се фокусира на:  

  • размислување за тоа што се очекува да се случи и дали резултатите го поддржуваат предвидувањето; 
  • истражување и тестирање на електрични кола; 
  • правење набљудувања и објаснување што е откриено. 

Активност: Набљудува и ги запишува набљудувањата. Планира истражувачка работа. Предвидува што ќе се случи пред да одлучи нешто да направи  Истражуваат предмети и апарати кои работат на батерии, на пример, џебни светилки. Ги местат батериите правилно да функционираат предметите. Покажуваат  различни компоненти на струјно коло – батерии, држачи за батерии, жици, конектори, држачи за светилки. Во групи учениците работат со опремата. Се Обидуваат да стават  светилка во држачот за светилка, батерија во држачот за батерија итн. Секоја група  манипулира со 1 батерија, 1 држач за батерија , 1 светилка, 1 држач за светилка и само 2 жици. Учениците прават две различни кола – едно каде што сијалицата свети и други каде што не свети.  Презентација на изработките – струјни кола  

Attachments