ПРЕЗЕМАЊЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОСТАПКИТЕ, СОЊА ЈАНКУЛОВСКА, Даме Груев -Битола

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

ПРЕЗЕМАЊЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОСТАПКИТЕ, СОЊА ЈАНКУЛОВСКА, Даме Груев -Битола

Опис на  активноста:  

ГЛАВНА АКТИВНОСТ 1 НАСТАВНИКОТ ЈА ЧИТА ПЕСНАТА ОД ТОШЕ ПРОЕСКИ, СНИМЕНА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА УНИЦЕФ, „ЗА ОВОЈ СВЕТ“, И СЕКОЈ УЧЕНИК ДОБИВА ПО ЕДЕН ПРИМЕРОК ОД ПЕСНАТА „ЗА ОВОЈ СВЕТ“. 

ДИСКУСИЈА 1 

  1. ДАЛИ СТЕ ЈА СЛУШНАЛЕ ОВАА ПЕСНА?
  2. ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃА? ЗОШТО?
  3. КАКО СЕ ЧУВСТВУВАВТЕ ДОДЕКА ЈА СЛУШАВТЕ?
  4. КОЈ Е ТОЈ ШТО ТРЕБА ДА СЕ БОРИ ЗА ОВОЈ СВЕТ?
  5. ШТО ПРАВЕЛ ТОШЕ ПРОЕСКИ ЗА ОВОЈ СВЕТ ДА БИДЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ НА ДЕЦАТА?
  6. ДАЛИ И ВИЕ МОЖЕТЕ НА НЕКАКОВ НАЧИН ДА ПРИДОНЕСЕТЕ ОВОЈ СВЕТ ДА СТАНЕ МЕСТО ВО КОЕ

 

ДЕЦАТА ЌЕ ЖИВЕАТ БЕЗ СТРАВ, БЕЗ ГЛАД И БЕЗ ГРИЖИ? 

СЕКОЈ УЧЕНИК ДОБИВА ПО ЕДЕН ПРИМЕРОК ОД РАБОТНИОТ ЛИСТ ЗА УЧЕНИЦИ „СО ШТО МОЖАМ ДА ПРИДОНЕСАМ ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ НА ДЕЦАТА?“ И ТРЕБА ДА НАПИШЕ НАЈМАЛКУ ПО ДВЕ КОНКРЕТНИ ПОСТАПКИ ШТО МОЖЕ ДА ГИ ПРЕЗЕМЕ, НЕЗАВИСНО ОД ДРУГИТЕ, ВО СЕМЕЈСТВОТО, УЧИЛИШТЕТО, СОСЕДСТВОТО, ВО ЗЕМЈАТА И ВО СВЕТОТ. 

ОТКАКО ЌЕ ГО ПОПОЛНАТ, УЧЕНИЦИТЕ СЕ ДЕЛАТ ВО ГРУПИ ПО ЧЕТВОРИЦА И ВО СЕКОЈА ГРУПА ЌЕ ТРЕБА ДА ГИ ПРОДИСКУТИРААТ ПРЕДЛОЗИТЕ И ДА ПРОВЕРАТ КОЛКУ СЕ НАВИСТИНА КОНКРЕТНИ И ДОКОЛКУ НЕ СЕ, ДА ОДБЕРАТ ЕДЕН ИЛИ ДВА И ДА СЕ ОБИДАТ ДА ГИ КОНКРЕТИЗИРААТ И ДА ГИ РАСПРЕДЕЛАТ КОНКРЕТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ МЕЃУ СЕБЕ. ВО КОНКРЕТИЗИРАЊЕТО МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ И НАСТАВНИКОТ.  

ПО ЗАВРШУВАЊЕТО, ПО ЕДЕН ПРЕТСТАВНИК ОД СЕКОЈА ГРУПА ГИ ПРЕЗЕНТИРА УСВОЕНИТЕ ПРЕДЛОЗИ ПРЕД ОСТАНАТИТЕ. 

 ДИСКУСИЈА 2

  1. КОЛКУ ПРЕДЛОЗИТЕ ШТО ГИ СЛУШНАВТЕ ВИ ИЗГЛЕДААТ ПРИФАТЛИВИ И ОСТВАРЛИВИ?
  2. ОД КОГО ЗАВИСИ НИВНАТА ОСТВАРЛИВОСТ?

 

 

Рефлексија од примена на активноста во пракса:

ЗАКЛУЧОК

ПЕЈАЧОТ ТОШЕ ПРОЕСКИ ОРГАНИЗИРАЛ МНОГУ КОНЦЕРТИ И ПАРИТЕ ОД СОБРАНИТЕ ВЛЕЗНИЦИ ГИПОДАРУВАЛ НА РАЗНИ УСТАНОВИ ЗА ДЕЦА ЗА ДА СЕ ПОДОБРАТ УСЛОВИТЕ ЗА ПРЕСТОЈ И ТРЕТМАН НА ДЕЦАТА. ТОЈ, ИСТО ТАКА, ПОСТОЈАНО ИМ ПОКАЖУВАЛ НА ДЕЦАТА КОЛКУ ГИ САКА И КОЛКУ УБАВО СЕ ЧУВСТВУВА ВО НИВНО ПРИСУСТВО. 

И ПОКАЖУВАЊЕТО НА ЉУБОВ ПРИДОНЕСУВА ЛУЃЕТО ДА СЕ ЧУВСТВУВААТ УБАВО, ВЕДРО И БЕЗГРИЖНО. 

СЕКОЈ ОД НАС Е ОДГОВОРЕН И МОЖЕ ДА СЕ БОРИ И ДА ПРИДОНЕСЕ СВЕТОТ ДА СТАНЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ НА ДЕЦАТА.