ПРОМЕНА НА МАТЕРИЈАЛИТЕ, ЛИДИЈА ДИМИТРИЕВСКА, МИМОЗА ЦРВЕНОВА, ООУ„КРСТЕ  МИСИРКОВ“-СКОПЈЕ 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

ПРОМЕНА НА МАТЕРИЈАЛИТЕ, ЛИДИЈА ДИМИТРИЕВСКА МИМОЗА ЦРВЕНОВА, ООУ„КРСТЕ  МИСИРКОВ“-СКОПЈЕ 

Опис на  активноста: 

Поведувам  разговор  (за вовед во активноста) oд предходните часови за топењето на мразот, кога се топи чоколадото кое е е во цврста агрегатна состојба и да премине во течна состојба. Учениците одговараат на поставените прашања и се поведува дискусија. Се најавува целта на часот. 

Започнувам разговор со учениците за тоа колку долго можат да држат коцка мраз во нивната рака преку техниката „ на чекање“. Потоа учениците се делат во групи  и секоја група добива различен материјал во кој ќе се завитка коцка мраз (хартија, ткаенина, алуминиумска фолија, волна, листови и др…) 

На учениците им давам време од 10 мин да набљудуваат што ќе се случи со коцката мраз 

По истекувањето на времето секоја група ја одвиткува коцката мраз од материјалот и запишува што се случило со истата. Еден ученик од групата води белешки во табела. Следува презентирање на истражувањето. Поведуваме дискусија 

Кој беше најдобар материјал и зошто?  

 Учениците откриваат дека коцката мраз завиткана во волнен материјал воопшто не се стопила.  

 Волната беше најдобар материјал затоа што ја сочува  коцката нерастопена, волната ја одржува температурата, таа е најдобар природен изолатор. 

Учениците преку поврзување со линк ги прошируваат знаењата за колку долго можеш да држиш коцка мраз. 

Учениците во  компјутерите во програм GNU PAINT цртаат коцки мраз и стопена коцка мраз.( како изгледа) Се зачувуваат нивните цртежи  

Учениците разговараа за промена на материјалите, истражуваа за материјалите и нивната можност да ја одржат коцката мраз, добиените резултати ги забележуваа во табела и на крајот од часот коцката мраз  и нејзиното топење го нацраа на лап топ.  

Рефлексија од примена на активноста во пракса: 

Учениците разговараа за промена на материјалите, истражуваа за материјалите и нивната можност да ја одржат коцката мраз, добиените резултати ги забележуваа во табела и на крајот од часот коцката мраз  и нејзиното топење го нацраа на лап топ.  

Како се топи мразот?                                                         

Материјал  Време на топење 
 ткаенина   
 хартија   
волна   
памук   
алуминиумска фолија   

Мразот најбрзо се стопи во________________________________ 

Мразот најдоцна се стопи во _______________________________