ВИЗУЕЛНИ КОМУНИКАЦИИ И ДИЗАЈН, МАЈА АТАНАСОВСКА;  ИСКРА АЛЕКСИЕВСКА, ООУ„КРСТЕ МИСИРКОВ“-СКОПЈЕ 

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

Опис на  активноста: 

ТРАДИЦИОНАЛНО КАКО И СЕКОЈА ГОДИНА И ОВАА ГОДИНА ПО ПОВОД НОВОГОДИШНИОТ ПРАЗНИК СО УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ИЗРАБОТУВАМЕ НОВОГОДИШНИ МОДЕЛИ ЗА УРЕДУВАЊЕ И УКРАСУВАЊЕ НА УЧИЛНИЦАТА.

АКТИВНОСТА ЈА ЗАПОЧНУВАМЕ СО РАЗГОВОР И ПОКАЖУВАЊЕ НА СЛИКИ ОД ELF ( НАДПРИРОДНО СУШТЕСТВО ВО НАРОДНИТЕ ПРИКАЗНИ) .

УЧЕНИЦИТЕ  ГО ПРЕПОЗНАВААТ И ИМЕНУВААТ. ПОТОА ПРЕМИНУВАМЕ НА ОПИШУВАЊЕ НА ИЗГЛЕДОТ И НЕГОВИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ. (МАЛА ФИГУРА ВО ЧОВЕЧКА ФОРМА СО ИСТАКНАТИ УШИ, МАГИЧНА СИЛА И КАПРИЦИОЗНА ПРИРОДА). СЕ СМЕТАЛО ДЕКА БЕЛЕЗИТЕ ОД РАЃАЊЕ СЕ ЛУЗНИ НАПРАВЕНИ ОД ЕЛФОВИТЕ.

ПО ОПИШУВАЊЕТО НА ЕЛФОВИТЕ ПРЕМИНУВАМЕ КОН ОБЈАСНУВАЊЕ НА НАЧИНОТ НА ИЗРАБОТКА НА ОВОЈ НОВОГОДИШЕН МОДЕЛ. ПО ДАДЕНИТЕ НАПАТСТВИЈА ЗА РАБОТА, УЧЕНИЦИТЕ  ГО ПОДГОТВУВААТ ПОТРЕБНИОТ МАТЕРИЈАЛ И САМОСТОЈНО ЗАПОЧНУВААТ СО СЕЧЕЊЕ, СОСТАВУВАЊЕ И ЛЕПЕЊЕ НА СИТЕ СОСТАВНИ ДЕЛОВИ ЗА ДА СЕ ДОБИЕ ОВАА ПРЕКРАСНА ИЗРАБОТКА.

ПОТРЕБНИОТ МАТЕРИЈАЛ СЕ СОСТОИ ОД ФОТОГРАФИЈА ОД ЛИКОТ  НА СЕКОЈ УЧЕНИК ОД ОДДЕЛЕНИЕТО, КОЈА Е ИЗРАБОТЕНА ПО ДАДЕНИ ДИМЕНЗИИ И ЛИСТ СО ОБЛЕКАТА КОЈА Е РАЗЛИЧНА ЗА МОМЧИЊАТА И ДЕВОЈЧИЊАТА КАКО И КАПИ СВОЈСТВЕНИ  ЗА ОВОЈ МОДЕЛ.

УЧЕНИЦИТЕ  ВО ОПУШТЕНА И ПРИЈАТНА АТМОСФЕРА , ДЕЛ ПО ДЕЛ  ГИ ИЗВРШУВААТ  ДАДЕНИТЕ ЗАДАЧИ ОД НАСТАВНИКОТ. НАСТАВНИКОТ ЈА СЛЕДИ НИВНАТА РАБОТА И ПО ПОТРЕБА ПОМАГА, ПОТТИКНУВА И МОТИВИРА.

НА КРАЈОТ СЕКОЈ ОД УЧЕНИЦИТЕ ЈА ПРЕЗЕНТИРА СВОЈАТА ИЗРАБОТКА  И  СЕ ПРОИЗНЕСУВА ЗА  ВПЕЧАТОЦИТЕ ВО ВРСКА СО ИСТАТА.

ПРЕКУ ТЕХНИКАТА „ПРОШЕТКА НИЗ ГАЛЕРИЈА“ ИМ СЕ ОСТАВА ПРОСТОР  НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ПРОШЕТААТ И МЕЃУСЕБНО ДА СЕ РАЗГЛЕДААТ  ЗА  ДА ГО ВООЧАТ ЛИКОТ НА ДРУГАЧЕТО ВО УЛОГА НА ЕЛФОВИ.

НАСТАВНИКОТ ГИ ЗАКАЧУВА ЕЛФОВИТЕ НА РИБАРСКИ КОНЕЦ И ГИ ПОСТАВУВА НА ВИДНО МЕСТО ВО УЧИЛНИЦАТА.

Рефлексија:

УЧЕНИЦИТЕ РАЗГЛЕДУВААТ, НАБЉУДУВААТ, ДИСКУТИРААТ,ИЗРАБОТУВААТ, СОСТАВУВААТ И ЛЕПАТ СОСТАВНИ ДЕЛОВИ ЗА ДА ДОБИЈАТ ИЗРАБОТКА ПО ПОВОД НОВОГОДИШНИОТ ПРАЗНИК. ЗНААТ И ИМААТ  СТЕКНАТО НАВИКА ДЕКА ТРЕБА ДА ГО УРЕДУВААТ И УКРАСУВААТ КАКО УЧИЛИШНИОТ ПРОСТОР ТАКА И ПРОСТОРИИТЕ ВО КОИ ЖИВЕАТ, ЗА ДА МОЖАТ ДА ЈА ДОЖИВЕАТ ПРАЗНИЧНАТА МАГИЈА. 

 

 

Leave a Reply