Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието.
Даруваме, споделуваме, традиционални вредности градиме, ООУ „ Кочо Рацин “ Прилеп, ООУ „ Климент Охридски “ Прилеп, дефектолог Светлана Миоковик Томеска, наставник Моника Дервеновска.
Опис на активноста:
Цел на програмата: Создавање на услови за спроведување на инклузивни практики и имплементација на инклузивниот процес, вклученоста и прифаќањето на лицата со посебни потреби во животот на заедницата, стварање услови за заеднички активности со свои врсници и пријатели и надминување на стигмите и предрасудите.
Начин на реализација: Изведување на заеднички активности на ученици од редовните училишта со корисниците на Дневниот центари, едукативни тематски работилници и заеднички работни активности. При оваа активност учесници се ученици од ООУ „ Кочо Рацин“ и ученици од ООУ „ Климент Охридски“ наставникот по Етика во религиите Моника Дервеновска и дефектолог Светлана М. Томеска. Спроведување на донаторска акција во вид на подароци и едукативна интерактивна активност по повод одбележување на предстоечкиот празник Св,. Никола патрон на град Прилеп и наговестување на Божичните празници.
Активност:
- Изработка на чизмички од пластични шишиња, моделирање и естетско обликување
- Создавање на тематски боенки – за Волшебната чизмичка и дарувањето на Св. Никола
- Донаторска акција – симболични подароци по повод празникот, честитки и колачи
- Интерактивна тематска работилница заедно со корисниците на дневните центри на тема: „Значењето на Св. Никола“
- Заеднички ликовни ативности
Време и место на реализација: месец декември – неколку работилници за изработка на подароците и чизмичките – училиште, активности на час
Посета на Дневниот центар од страна на учениците и одговорните наставници на ден 19.12.2018г. Прослава на Св. Никола патрон на градот Прилеп, во период од 10 – 14h на Дневниот Центар за лица со посебни потреби и заеднички активности, пригодна програма и делење на подароци.
Очекувани ефекти: Остварување на соработка и подобрување на комуникацијата помеѓу учесниците. Стекнување на нови искуства и познанства, меѓусебно запознавање, поттикнување на развој и инклузивноста.
Спознавање на вредностите на дарување и споделување. Стекнување знаења за Патронот на градот Св, Никола, значењето на хуманоста, споделувањето и спознавање на традицијата.