Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието
Заедно сме посилни, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Велес, Снежана Бошевска
Опис на активноста:
Воведна активност-игра-учениците застанати во круг а еден е во средина со затворени очи пробува да препознае другарче со допирање на неговото лице , и преку препознавање на неговиот глас кој што може да ги измени
По завршувањето се прашуваат учениците- дали беше лесно да се препознае другарче?-, зошто се позаваат?, по што го препозна другарчето?, дали ако ја играш играта со друго одделение ќе ги препознаеш децата? -се заклучува дека во една група децата помеќу себе се познаваат каки физички така и апстракно бидејќи поминуваат одредено време заедно-
Главни активности-натпревар помеѓу две групи
1-игра-асоцијации-учениците се поделени во две групи
Играме три асоцијации чии што правила за бодување ги утврдуваме заедно пред почетокот на играта
-разговор по завршувањето-дали си помагавте ?дали се каравте?дали соработувавте помеѓу сее?дали беше полесно да се реши асоцијацијата со помош на сите со групта/….
Заклучок-со тимска игра, соработка , другарство , толеранција , почитување, секој проблем се решава полесно побрзо и поточно.-како што го објаснуваме значењето на групата на таба изработуваме техника бура на идеи со употребените поими
Завршна активност-игра-,,во нашата куќа,,-учениците фатени во круг не дозволуваат дете да влезе внатре
Разговор-што е важно за групата за да не влезе детето?, како се чувствувавте кога успеавте да ја сочувате вашата куќа , како се чувствува детето што не може да влезе?:::
Заклучок-заедно сите можеме да ја сочуваме куќата , со здружени сили никој не може да не поеди , оној кој е сам и не е дел од група е тажен и осамен.
Рефлексија од примена на активноста во пракса:
-мислам дека за децата активностите беа мошне интересни и забавни и учениците лесно можат сами да дојдат до целта за она што треба да се научи
-овие научени вредности засекогаш ќе останат дел од нивниот карактер и ќе продолжат како добро социјализирани личности