ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДЕТСТВО БЕЗ МАНА , ДИЈАНА СМУГРЕСКА, ООУ. ,,БЛАЖЕ КОНЕСКИ,,
Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието
Опис на активноста:
ПО ПОВОД ТРАДИЦИОНАЛНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ,,ДЕНОТ НА ЈАБОЛКОТО,, ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ, СЕ ОДРЖАА НЕКОЛКУ РАБОТИЛНИЦИ, ВО КОИ УЧЕСТВУВАА УЧЕНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ОД ПРВО 2 ОДД.
СЕ ИЗРАБОТИЈА НАЈРАЗЛИЧНИ ИЗРАБОТКИ, ПОЧНУВАЈЌИ ОД ПИТИ, СЛАТКИ, ТОРТИ, ПА СЕ ДО КРУНИ, АПЛИКАЦИИ, КОРПИЊА ЗА ЈАБОЛКА, ПРЕСТИЛКИ, РАЗНОВИДНИ ФИГУРИ ОД ЈАБОЛКО И МНОГУ ДРУГИ.
НА ДЕНОТ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО БЕШЕ ПОСТАВЕН ИЗЛОЖБЕН ШТАНД СО СИТЕ ИЗРАБОТКИ, КОИ СЕ ПРОДАВАА ПО СИМБОЛИЧНА ЦЕНА.
СОБРАНИТЕ СРЕДСТВА БЕА НАМЕНЕТИ ЗА ЕДНО НАШЕ БОЛНО ДРУГАРЧЕ.
УЧЕНИЦИТЕ САМИ ПРОДАВАА И ТАКА ВЕЖБАА МАТЕМАТИКА, НО РАДУВАШЕ ФАКТОТ ШТО ТИЕ ЗНАЕЈА ДЕКА ТРЕБА ДА ПОМОГНАТ И ТОА ГО НАПРАВИЈА СО МНОГУ ГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО.
Рефлексија:
СЕ РАЗВИВА СВЕСТА КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ЗА ВАЖНОСТА ОД ЗДРАВА ХРАНА, СО ЦЕЛ ДА ИМААТ ДЕТСТВО БЕЗ МАНА.
СЕ РАЗВИВА СОРАБОТКАТА СО РОДИТЕЛИТЕ, КАКО И КОМУНИКАЦИЈАТА НАСТАВНИК- УЧЕНИК- РОДИТЕЛ.
А НАЈВАЖНО ОД СЕ ВО ОВАА АКТИВНОСТ, БЕШЕ ХУМАНИОТ МОМЕНТ КОН ДРУГИТЕ. ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ КОН НАШЕТО ДРУГАРЧЕ.
НЕСЕБИЧНОСТА И ЕМПАТИЈАТА ИЗЛЕГОА НА ПОВРШИНА.