Пријава за учество на конкурс „Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието
ИЗРАБОТКА НА НОВОГОДИШНИ ЧЕСТИТКИ- ЗА ПОСЕТА НА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА, ООУ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ СКОПЈЕ, ЈАДРАНКА КЛИСАРОВА
Опис на активноста:
На одделенските часови се разговараше за престојниот празник Нова година, испраќање на честитки и нивното значење. Учениците искажаа желба и интерес цело одделение заедно да изработат Новогодишни честитки, во соработка со родителите, а потоа дел од истите да подариме на училиштето, на здруженија кои соработуваат со училишта со посебни потреби и најголем дел да ги подариме на една фирма. Со надеж дека ќе пронајдеме фирма која ќе ни обезбеди средства за посета на една Новогодишна претстава во МНТ. Целта е учениците да не бараат средства од своите родители, со нивен труд да изработат околу 150 честитки.
На самиот час направивме план:
-прва група имаше задача да направи список што ни е потребно за изработка на честитки;
-втората група да отиде во најблиска книжарница и според списокот да ги запише цените на потребниот материјал;
-трета група со помош на родителите да пронајдат фирма која ќе сака да ги земе нашите новогодишни честитки;
-четврта група со помош на наставникот да пронајдат линкови каде што ќе можат ги прошират своите идеи.
Активноста траеше една седмица. На следниот одделенски час секоја група даде извештај за спроведеното истражување. Се договоривме активноста да се изведе на часот по ликовно образование на ден 4 .12.208година.
На часот по ликовно образование се учениците се групираа по групи. Најтешкиот дел го имаа присутните родители, тие имаа активност да ги исечат и свиткаат хамерите во боја. Учениците претходно ги разгледаа понудените линкови и започнаа индивидуална работа на изработка на честитките. Во секоја група вредно се работеше, учениците разговараа меѓу себе, со цел да си помогнат со идеја или со практична работа. Родителите ги следеа своите деца како создаваат нешто корисно за себе и за пошироката заедница и локална средина. Посебно се залагаа во групата да му помогнат на детето со посебни потреби. Емпатијата на сите ученици беше на завидно ниво. Вредно се работеше околу три училишни часа. Секој ученик во просек требаше да изработи по пет новогодишни честитки. Во текот на целата активност наставникот ги координираше активностите, ги поттикнуваше со идеи или практично им помагаше. На крајот од активноста сите изработени честитки беа поставени на една заедничка клупа. Веќе не се разговараше за моја, твоја честитка, туку сите беа наши. Еден дел од изработените честитки одвоивме за раководството во нашето училиште. Друг дел од честитките беа наменети за деца со посебни потреби и ќе бидат однесени на самиот хуманитарен настан, каде нашите ученици учествуваат со ритмичка точка „Од децата за децата“ кој се реализира на 16.12.2018 год во Музејот на Револуционерната борба на Македонија. Третиот дел од новогодишните честитки беше наменет за една фирма од пошироката заедница.
Учениците беа среќни и горди на својата работа и готовите дела.
Рефлексија од примена на активноста во пракса:
Група ученици ги предадоа изработените новогодишни честитки на управата во нашето училиште. Друга група која учествуваше на хуманитарниот настан „Од децата за децата“, донеасоа училишен прибор и новогодишни честитки, кои беа наменети за деца со посебни потреби. Децата покажаа хуманост и емпатија и кон другарчињата со посебни потреби. Бидејки сите тие се деца, различни, но сепак исти.
Трета група со помош на неколку родители ги однесоа честитките во избраната фирма. Избраната фирма им вети и исполни дека ќе им плати превоз и влезница за театарска претстава. На 27.12.2018 год сите ученици ја следеа новогодишната претстава во МНТ. Учениците беа горди на својот труд, затоа што сами си обезбедија средства за превоз и за претставата.
Радоста да биде уште поголема учениците на 28.12.2018година имаа уште едно големо изненадување. Од избраната фирма се појавија двајца вработени со полна вреќа подароци. Кратко разговараа со учениците им се заблагодарија за вложениот труд и ги наградија со по уште едно новогодишно пакетче. Оваа наша активност беше нешто најубаво за моите ученици. Верувам дека ќе продолжиме со исти такви активности и во наредниот период.