Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

АНЕТА ДИМАНОСКА 

ООУ,,СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“-БУЧИН 

ОПИС НА АКТИВНОСТА

 

ЦЕЛИ:ДА СЕ ИСТРАЖАТ ДВЕ РАЗЛИЧНИ ГЛЕДИШТА НА ЕДЕН КОНФЛИКT 

ДА СЕ ЗЕМЕ ВО ПРЕДВИД МИСЛЕЊЕТО НА ДРУГО ЛИЦЕ ВО ДАДЕН КОНФЛИКТ 

ДА СЕ СОГЛЕДА ПРОБЛЕМОТ ОД ПЕРСПЕКТИВАТА НА ДРУГАТА СТРАНА ВО КОНФЛИКТОТ 

ДА СЕ СОГЛЕДААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ВО ДАДЕНА КОНФЛИКТНА СИТУАЦИЈА 

ДА СЕ ВОСПОСТАВИ ПОЗИТИВНА КОМУНИКАЦИЈА ПРИ БАРАЊЕ НА МОЖНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОНФЛИКТОТ 

ПРЕКУ ОВАА РАБОТИЛНИЦА КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ГИ ЈАКНЕМЕ СЛЕДНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ: 

*Развивање компетенции и вештини за справување и решавање на конфликтни ситуаци 

: • Оспособување на учесниците во работилницата да препознаат и да дефинираат проблем како почетен чекор во барање на win/win решенија за проблемот; 

  • Предвидување на последиците од некоја конфликтна ситуација, 
  • Разбирање на конфликтот како предизвик и можност за решавање на проблемите и унапредување на комуникацијата и меѓусебните односи. 

Воведна активност 1: Роденденски строј (5 до 10  минути) Оваа активност се спроведува со цел учесниците да ја согледаат важноста од позитивна комуникација при разрешување на конфликтна ситуација.  

 Активности на наставникот:Ја собира  групата во центарот на просторијата и ги  замолува   да го соопштат пред останатите учесници нивниот 

датум на раѓање. Потоа  се постројуваат во редица според датумот на раѓање почнувајќи од најстариот учесник, притоа да не користат вербална комуникација. Напомена – учесниците пробуваат да се постројат, веројатно ќе се соочат со потешкотии во подредувањето и ќе се соочат со конфликтна ситуација. После неколку минути,се  прекинува  активноста и наставникот ги прашува учениците: • Што приметивте во врска активноста што требаше да ја завршите? • Со кој проблем се соочивте? • Дали се појавија некаков вид на конфликти? Кои? • Дали Ви е потребна некаква комуникација за да го надминат проблемот/конфликтот? • Побарајте да изнесат предлози за надминување на проблемот/конфликтот. • Колкумина од вас некогаш работеле на некој групен прокт или игра? (Подигнете рака.) Од оние со крената рака, колкумина се сеќаваат дека се јавил конфликт или проблем во групата? Оние што имале конфликт одат на едно место и оние кои немале конфликт да одат на друго место. Која група е поголема? Бидејќи оние што се соочиле со конфликт веројатно се поголема група, истакнете дека конфликтите се секојдневни животни ситуации. Пред да продолжат со активноста (постројување) истакнете ја главната поента на оваа активност: конфликтите се честа појава во секојдневниот живот, но тоа не значи дека неопходно се негативно искуство (во конкретниов пример проблемот со постројувањето ќе им помогне на учесниците подобро да се запознаат меѓусебе). Во таа смисла настанатиот конфликт всушност им овозможува да ги унапредат меѓусебните односи, но само во зависнот од тоа како се справуваат со тој конфликт/проблем. 

Главна активност: Читање приказна ,,Лошиот волк,, (20 ) минути) Модераторот најпрво започнува дискусија во која ги прашува учесниците дали ја знаат приказната за Црвенкапа (ако некој од учесниците не ја знае, замолува некој од групата да ја раскаже приказната), и бара од нив да ги издвојат позитивните и негативните личности, да издвојат која им е омилена личност и да образложат зошто. По дискусијата го чита текстот ,,Лошиот волк,, (дадена во прилог).  

  • Што ја прави приказната “Лошиот волк” различна од приказната за “Црвенкапа” со која претходно сте запознаени? • Дали личностите во приказната ,,Лошиот волк,, се истите личности од приказната ,, Црвенкапа?  

 По што се разликува приказната ,,Лошиот волк,, од приказната за ,,Црвенкапа,,? • Кои се позитивните и негативните личности во оваа верзија на истата приказна? • Дали се сменети нивните чувства и размислувања во однос на личностите во приказните? • Кои личности се позитивни, а кои негативни имајќи ги во предвид новостекнатите сознанија? • Дали ваквиот пристап може да се примени во секојдневниот живот? • Дали може да наведат пример/случка од сопственото животно искуство во кој што улогата на личностите е различно во зависност од околностите во кои дознале за случката?  

  • Давање примери за решавање на конфликти со учениците со користење на овој метод.  

Во текот на активноста  учениците поделени во две групи лепат слики на хамер и прават анализа на ликовите од ,,Црвенкапа“ и ,,Лошиот волк“а потоа групите ги менуваат  местата и ги изнесуваат своите чувства за ликовите од приказните.Потенцираат дали чувствата сега се сменети кон ликовите? 

 

 Пишување приказна (за домашна работа)) Модераторот започнува дискусија во која ги прашува учесниците која им била омилена приказна во детството и зошто, а потоа им дава задача да напишат друга верзија за истата приказна, со истите личности но раскажана од друг аспект (слично како во приказните за ,,Црвенкапа,). Читање на приказни Учесниците ги читаат своите верзии на приказните на наредниот час, пред другите учесници во групата. Откако ќе заврши читањето, модераторот ја истакнува повторно главната поента на активноста, односно објаснува дека оваа активност всушност служи за учење на една многу значајна вештина која ни е потребна за креативно и продуктивно справување со конфликтите, а тоа е способноста да се ставиме во положбата на другата страна од конфликтот, односно способноста да го согледаме проблемот од аспект на другиот учесник во тој конфликт. 

РАЈ НА ЧАСОТ -10 МИНУТИ 

РАЗГОВОР-ДИСКУСИЈА СО УЧЕНИЦИТЕ 

ДАЛИ СТЕ СЕ СООЧИЛЕ СО ВАКВА КОНФЛИКТНА СИТУАЦИЈА КАКО ВО ПРИКАЗНАТА? 

КОИ БЕА ТИЕ СИТУАЦИИ? 

КАКО СЕ СПРАВИВТЕ? 

КОЛКУ НАЧИНОТ И РАЗЛИЧНИОТ  

ПРИСТАП НА КОМУНИКАЦИЈА ВИ ПОМОГНА ИСТИОТ ДА ГО РАЗРЕШИТЕ? 

КОЛКУ Е ВАЖНО ДА СЕ СТАВИМЕ ВО ,,КОЖАТА НА ДРУГИОТ“ЗА ДА ГО РАЗБЕРЕМЕ СОГОВОРНИКОТ? 

КОЛКУ КОМУНИКАЦИЈАТА Е ВАЖНА ВО ПРОЦЕСОТ НА РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНА СИТУАЦИЈА? 

КОИ СЕ ПОСЛЕДИЦИТЕ ДОКОЛКУ КОНФЛИКТОТ НЕ БИДЕ РЕШЕН? 

 

                                                                             РЕФЛЕКЦИЈА

ШТО ПРАВЕВМЕ? 

КАКО СЕ ЧУВСТВУВАВТЕ? 

ШТО НАУЧИВТЕ? 

КАКО НАУЧЕНОТО ЌЕ ГО ПРИМЕНИТЕ ВО ОДРЕДЕНА КОНФЛИКТНА СИТУАЦИЈА? 

ВО ПРОЦЕСОТ НА РЕФЛЕКСИЈА УТВРДУВАМЕ КОЛКУ УЧЕНИЦИТЕ ЈА РАЗБРАЛЕ СОДРЖИНАТА,КАКО ПРАКТИЧНО КЕ ГИ ПРИМЕНАТ СОЗНАНИЈАТА ВО ПРАКСА..ВО ТЕКОТ НА РАБОТИЛНИЦАТА УЧЕНИЦИТЕ БЕА АНГАЖИРАНИ И МОТИВИРАНИ ЗА РАБОТА .СПОДЕЛИЈА РАЗЛИЧНИ ИСКУСТВА ОД НИВНОТО СЕКОЈДНЕВИЕ ,УСПЕАЈА ДА ГИ ДОЛОВАТ ЕМОЦИИТЕ И ЧУВСТВАТА НА СПРОТИВСТАВЕНАТА СТРАНА ВО КОНФЛИКТНАТА СИТУАЦИЈА И ДА СЕ СТАВАТ ВО УЛОГА НА ДРУГИОТ ПРИ ТОА УТВРДУВАЈЌИ ДЕКА ОТВОРЕНАТА КОМУНИКАЦИЈА ПРЕДСТАВУВА НАЈБИТНИОТ ЕЛЕМЕНТ ВО ПРОЦЕСОТ НА РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТОТ. 

 

 

Leave a Reply