Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието
Круг на комплименти, ООУ„ИЛИНДЕН“ КРИВА ПАЛАНКА, ЖИВКА СТОИЛКОВСКА
Опис на активноста:
АКТИВНОСТА ЗАПОЧНУВА СО БУРА НА ИДЕИ.
СЕКОЈ УЧЕНИК ДОБИВА СТИКЕР ВО БОЈА, НА КОЈ ТРЕБА ДА ЈА ДОВРШИ РЕЧЕНИЦАТА „УБАВО МИ Е КОГА…“
НА ТАБЛАТА Е ЗАЛЕПЕН ХАМЕР СО СМАЈЛИ НА КОЈ УЧЕНИЦИТЕ ГИ ЛЕПАТ СТИКЕРИТЕ И ГИ ИСКАЖУВААТ СВОИТЕ МИСЛИ.
ПОТОА СИТЕ УЧЕНИЦИ ЗАСТАНУВААТ ВО КРУГ, СВРТЕНИ СО ГРБОТ, ЕДЕН СО ДРУГ.
АКТИВНОСТА ЈА ЗАПОЧНУВА НАСТАВНИКОТ, КОЈ ГЛАСНО ГО ИЗГОВАРА ИМЕТО НА УЧЕНИКОТ КОЈ ГО ИЗБРАЛ И КОЈ ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖИ АКТИВНОСТА.
НАСТАВНИКОТ ГЛАСНО ГО ИЗГОВАРА ИМЕТО НА УЧЕНИКОТ, КОЈ СЕ ВРТИ СО ЛИЦЕТО КОН НЕГО И ВО ТОЈ МОМЕНТ МУ ДАВА КОМПЛИМЕНТ. ОНОЈ КОЈ ЌЕ ГО ПРИМИ КОМПЛИМЕНТОТ, СЕ ВРТИ СО ЛИЦЕТО КОН НЕГО И МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВА. НА ТОЈ НАЧИН СИТЕ ВО КРУГОТ ЌЕ ЗНААТ КОЈ ПРИМИЛ КОМЛИМЕНТИ НА КОГО УШТЕ ТРЕБА ДА МУ СЕ ДАДЕ КОМПЛИМЕНТ. СЕКОЈ УЧЕНИК ЈА ПОВТОРУВА ПОСТАПКАТА И ТОГАШ ЗАВРШУВА ИГРАТА.
ЗНАЕЈЌИ ДЕКА НА ДЕЦАТА ИМ ПРЕТСТАВУВА ПОТЕШКОТИЈА ДА ДАВААТ КОМПЛИМЕНТИ КОИ НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО ФИЗИЧКИОТ ИЗГЛЕД ИЛИ ОБЛЕКАТА, ИМ ЗАДАВАМ НЕКОЛКУ ФРАЗИ СО КОИ ЌЕ ГИ ПОТТИКНАМ ДА ИЗРЕКУВААТ КОМПЛИМЕНТИ ПОВРЗАНИ СО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ЛИЧНОСТА НА КОЈА И СЕ НАМЕНЕТИ.
ПРИМЕРИ СО ФРАЗИ:
-МИ СЕ ДОПАЃА КАКО…
-ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА…
-МИСЛАМ ДЕКА СИ…
-БЕШЕ УБАВО ОД ТЕБЕ КОГА…
-МНОГУ СЕ ТРУДИШ ОКОЛУ…
-ДОБАР СО ПРИЈАТЕЛ/КА, ЗАТОА ШТО…
Рефлексија од примена на активноста во пракса :
ОВАА АКТИВНОСТ ГИ ПОТТИКНА УЧЕНИЦИТЕ И ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ ДА ГО ЗАБЕЛЕЖУВААТ ОНА ШТО Е ДОБРО КАЈ ДРУГИТЕ ЛУЃЕ И ДА СТАНАТ ПОЉУБЕЗНИ И ТОЛЕРАНТНИ.
УЧЕНИЦИТЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ УБАВО КОГА СЛУШААТ ДОБРИ ЗБОРОВИ ЗА СЕБЕ, А И БЕА СРЕЌНИ ШТО МОЖАТ ДА ГИ ИСКАЖАТ СВОИТЕ ЧУВСТВА И КОН ДРУГИТЕ.