[:mk]Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието
Активно слушање, Билјана Георгиеска, ООУ„Гоце Делчев“ – Прилеп
Опис на активности:
Цели
– да ги знае правилата на активно слушање
– да умее да се воздржува од користење на невербалните знации вербалните изрази кои имаат негативно влијание врз односите со другите
Воведна активност
– Сите ученици беа поделени во парови и застанаа еден спроти друг. Едниот од парот замислува дека стои пред огледало во кое се гледа и се движи на сите можни начини- некогаш побрзо, некогаш побавно. Другиот ученик го претставува неговиот одраз во огледалото и се движи имитирајќи ги неговите движења. По 2-3 минути улогите во паровите се менуваа.Тој што се движи, додека го посматра својот одраз гледаше дека се движи бавно.Активноста заврши по 2-3 минути. Наставникот објасни дека невербалниот говор како во овој случај може да помогне во комуникација со луѓе кои ги запознаваме и затоа треба да се внимава како се употребува.
Главна активност
Наставникот го кажа текот на часот и ги запозна учениците со целите. Учениците кои беа поделени во парови се свртени еден кон друг. Им подели ливче со тајна инструкција од работен лист “Како активно слушам” и не требаше да ја покажат на другиот. Се означија со “А” и “Б”. Почнува “А”- опиша настан кога не му било убаво. По 1 минута ги сменија улогите. Партнерот “Б” ја следи инструкцијата од картичката. По 1 минута се менуваат. ”Б” кажува нешто убаво што му се случило, ” А” го слушаше следејќи ги инструкциите.
Следеше дискусија по поставени прашања
- Како се чувствувавте додека зборувавте? Зошто? Како влијаеше однесувањето на слушателот?
- Што ни помага подобро да се ислушаме?
- А што пречи за да се ислушаме подобро?
- Зошто е важно прво да го ислушаме соговорникот, а потоа да реагираме?
Завршна активност
Наставникот ги зеде картичките од работниот лист “Активно, неактивно слушање”, им ги покажа на учениците и притоа побара мислење за секоја картичка дали го поддржува активното или неактивното слушање со нивно образложение. Картичките се лепеа во колона активно слушање и колона неактивно слушање
Рефлексија:
Учениците во целост ги постигнаа поставените цели на часот.
Сите беа ангажирани, секој според сопствените способности и мотивирани да работат на зададената задача. Инструкциите за работа им беа јасни и целосни па учениците успешно ја завршуваа секоја зададена задача, па со тоа и успешно се заврши активноста предвидена за часот. Комуницираа мегу себе, се договараа, соработуваа, се радуваа на успшешно сработеното. Задоволна сум од дискусијата на крајот од часот. Учениците беа целосно ангажирани и мотивирани за работа преку целиот час. Активно учествуваа во наведувањето идеи за активно и неактивно слушање.
[:]