Пријава за учество на конкурс Pro Social Values работилница за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието
Павлинка Вељаноска
ооу,, Гоце Делчев,, -Неготино
Опис на активноста
ВОВЕДЕН ДЕЛ:
МУЗИКА- СТОП- УЧЕНИЦИТЕ ТАНЦУВААТ НА ОДБРАНИ КОМПОЗИЦИИ ОД РАЗЛИЧНИ ЖАНРИ. НАСТАВИКОТ НЕНАДЕЈНО ЈА СОПИРА МУЗИКАТА ПОВЕЌЕ ПАТИ. ПРИ СОПИРАЊЕТО, УЧЕНИЦИТЕ ТРЕБА ДА ЗАСТАНАТ ВО ЗАТЕКНАТАТА ПОЛОЖБА И СО ТРИ ПРИДАВКИ ДА ОБЈАСНАТ КАКО ЈА ЧУВСТВУВААТ МУЗИКАТА.
ГЛАВЕН ДЕЛ:
НАСТАВНИКОТ ОБЈАСНУВА ДЕКА НЕКОИ КОМПОЗИЦИИ СЕ НАПИШАНИ ВО ДУРКИ А НЕКОИ ВО МОЛСКИ ТОНАЛИТЕТ. ТАКА, ПОСТОЈАТ ДУРСКИ И МОЛСКИ СКАЛИ. БИДЕЈЌИ НА УЧЕНИЦИТЕ ИМ Е ПОЗНАТА ДУРСКАТА СКАЛА, СЕ ПРАВИ ,,ЖИВА СКАЛА,, ОД УЧЕНИЦИТЕ СО НАЗНАЧУВАЊЕ НА ЦЕЛИ И ПОЛУСТЕПЕНИ. ПОТОА, ОД НЕА, ПО ПРАВИЛОТО ЗА ДОБИВАЊЕ НА МОЛСКА СКАЛА СЕ ЗЕМА 6 СТАПАЛО И СЕ ДОБИВА А-МОЛ СКАЛА. СЕ ЗАПИШУВА ДОБИЕНАТА СКАЛА. НАСТАВНИКОТ ИМ ЈА СВИРИ СКАЛАТА А УЧЕНИЦИТЕ ДАВААТ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ЗВУЧНОСТА. НАСТАВНИКОТ НАПОМЕНУВА ДЕКА ПОНЕКОГАШ ЗА ДУРСКАТА СКАЛА СЕ ДАВААТ КАРАКТЕРИСТИКИ ДЕКА Е СВЕЧЕНА, ХЕРОЈСКА, МАШКА, (MAJOR) МОЛСКАТА ДЕКА Е ТАЖНА, ПЛАЧЛИВА И ЖЕНСКА.(MINOR). ТУКА ИМА ДИСКУСИЈА МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ НА ТЕМА ,,ДА ГИ РАЗБИЕМЕ СТЕРЕОТИПИТЕ,,. НАСТАВНИКОТ ДАВА ПРИМЕРИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ ПЕСНИ ДЕКА ВО МОЛСКИ СКАЛИ ИМА МНОГУ ПЕСНИ СО СРЕЌНА СОДРЖИНА А ВО ДУРСКИ СКАЛИ, ПЕСНИ СО ТАЖНА СОДРЖИНА. ЗАКЛУЧОК: МУЗИКАТА НЕМА ГРАНИЦИ, МУЗИКАТА НЕ ЗНАЕ ЗА СТЕРЕОТИПИ.
ЗАВРШЕН ДЕЛ:
СЛУШАЊЕ НА КОМПОЗИЦИИ ВО ДУР И МОЛ А УЧЕНИЦИТЕ ИМААТ ЗА ЗАДАЧА, СЕКОЈА КОМПОЗИЦИЈА ДА ЈА ПРЕТСТАВАТ СО ЕДЕН СИМБОЛ. НА КРАЈОТ НА ЧАСОТ СЕ ДОНУСВА ЗАКЛУЧОК ДЕКА МУЗИКАТА СЕКОГАШ ПОЗИТИВНО ВЛИЈАЕ НА НАШЕТО РАСПОЛОЖЕНИЕ И СЕКОГАШ ТРЕБА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ Е ВО ДУРСКИ ИЛИ МОЛСКИ ТОНАЛИТЕТ.
Рефлексија од примена на активноста во пракса
УЧЕНИЦИТЕ БЕА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА СИТЕ АКТИВНОСТИ. ИМ БЕШЕ ИНТЕРЕСЕН НАЧИНОТ НА ДОБИВАЊЕ НА А-МОЛ СКАЛА, ПОСЕБНО БЕА АКТИВНИ ВО ДИСКУСИЈАТА,,МУЗИКАТА НЕМА ГРАНИЦИ,, ПЛАНИРАНАТА ВРЕМЕНСКА РАМКА БЕШЕ ДОВОЛНА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПЛАНИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ.