Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието. 

Начини на однесување , ОУ„Св.Климент Охридски“-Битола, Снежана Стојанова

Активности на наставникот (поучувачки активности) : 

–  разговор за чувствата;

–  повикување за да се  изведе  еден енергенс за чувствата;

– презентирање конфликтни ситуации од интернет преку видео  бим  и коментирање на  истите;

– повикување на учениците да симулираат соодветен начин на однесување на понудените содржини;

– продолжување со презентитање на конфликтните ситуации и коментарите;

–  завршување со енергенс;

– формирање тимови и поставување одредени барања за секој тим;

– повикување на учениците да направат евалуација;

– да ја испеат песната ,,Штом си среќен”.

Активности на ученикот(учечки активности) :

–  одговараат на прашања за чувствата ;

–  фатени во круг си пренесуваат позитивни чувства;

–  ја следат презентацијата и коментираат;

–  симулираат соодветни  начини на однесување на понудените содржини;

– следење на понудени начини на соодветно однесување;

-поделени во тимови цртаат ситуации на соодветни начини на однесување со употреба на волшебни зборови.

– фатени во круг секој секому подарува  од срце преку пантомима;

–  прават евалуација со подигнување на црвен ,,Смајли”

– ја пеат песната ,,Штом си среќен”.

– поставените цели се успешно реализирани,а тоа се потврдува и со изработениот плакат во чиј дизајн помогнаа родителите, а е произлезен од цртежите на учениците

– учениците умеат да  направат разлика меѓу соодветно и несоодветно однесување;

– учениците  сфатија  дека несоодветното однесување може да предизвика конфликт ;

–  учениците умеат соодветно да се однесуваат во конкретни ситуации ;

Од реализацијата на активноста во пракса произлезе следниот метод на  справување со нессодветно однесување:ученицит од своите другарчиња избираат другарче на кое најмногу му веруваат и тој всушност е посредник  во ситуација на несоодветно однесување.

На тој начин учениците меѓусебно ги решаваат проблемите и ги прифаќаат соодветните начини на однесување со примена на волшебните зборови:те молам,извини,благодрам,прости ми…

 

 

Leave a Reply