Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието.

ОСМИ МАРТ, ООУ „KЛИМЕНТ OХРИДСКИ“ – ПРИЛЕПЈУЛИЈАНА TАЛЕСКА

Ученици, членови на драмската секција се воведуваат во активноста преку техниката аквариумНа средината од просторијата се поставуваат четири столици кои формираат замислен аквариум. Се повикува доброволец кој сака да дискутира на одредена тема. Темата е претходно зададена, отпечатена и поставени на видливо место. Претходно јасно дефинирана. Доброволецот ја зема темата на која сака ќе дискутира и ја поставува на средина на аквариумот на под. Тој може да повика некого со кого сака да дискутира на темата, а останатите слободно се приклучуваат на останатите слободни столчиња во „аквариумот“. Во текот на вежбата можат да говорат само оние кои во тој момент седат во „аквариумот“. Кога некој посака да зборува, се приближува до столиците и го допира по рамото оној/онаа на чие што место сака да влезе во „аквариумот“.  Ученикот/чката може да ја заврши реченицата, а потоа мора да му/ ѝ отстапи место.   

*Аквариум е многу добар за поттикнување на отворени дискусии во текот на кои се судираат различни гледишта за одредени проблеми. Ако наставникот процени дека во групата има доста спротивставени ставови кои недоволно јасно се артикулираат, аквариумот може да биде корисен за артикулација на различните позиции кои се присутни во групата. Можат да се слушнат различни погледи и искуства на учениците.  

Учениците дискутираа што значи празникот Осми март. Како се празнува. Кои размислувања ги чуле за него. Дали соодветно се прославувува, која е симболиката, како го празнуваат во светот и сл…  

Од дискусиите произлегуваат многу работи кои во помали групи ги обликуваат во драмски ликови. Секоја група има задача да изгради лик на определени жени кои би претставувале едно од мислењата како гледаат на празникот. 

Од ликовите се создава театарска претстава и таа се вежба. На празникот учениците ја играат во чест на наставничките. 

ЛИНК: HTTPS://WWW.YOUTUBE.COM/WATCH?V=ZJKZXQKOY30 

По завршувањето на настапот, се гледа видеото и се отвора дискусија во која учнениците ги анализираат размислувањата на ликовите низ нивна гледна точка. 

Така, го разбираат вистинското значење на празникот и бодри се за идна борба за своите права. 

Сензибилизацијата на учениците радијациски ќе влијае и на нивното опкружување, на домот… ќе го разберат вистинското значење на празникот и ќе бидат спремни за идни работилници за род.

Leave a Reply