Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

ОЛИВЕРА ТАНЕКА 
ООУ„БЛАГОЈ КИРКОВ“-ВЕЛЕС 

ОПИС на активноста

Воведна активност

Учениците најпрво беа поделени во четири групи (во секоја група имаше по еден ученик од Бошњачка, Турска и по два ученика од Македонската нација-по две момчиња и две девојчиња). На учениците им беа презентирани целите на работилнициата. Ја повторија Питагоровата теорема и по еден ученик од трите националности ја запиша Питагоровата теорема на табла на својот мајчин јазик. Беа поделени потребните материјали за оваа работилница. Преку презентацијата учениците ги насочивме како да ја изработат Питагоровата спирала и преку апликацијата Geogebra беше објаснета постапката за нејзина конструкција. Главна активност Откако учениците ги добија работните материјали и добија насоки за работа почнаа со изработката на Питагоровата спирала во време траење од еден наставен час, а потоа на вториот час Питагоровата спирала ја искористија во креирање на разни цртежи, кои ги обоија со дрвени боици или со фломасетери. Завршна активност и рефлексија Учениците по завршувањето на изработените цртежи ги претставија пред останатите ученици во мини изложба. Нашите очекувања беа исполнети во целост. Учениците беа максимално ангажирано и успешно ја конструираа не едниот час Питагоровата спирала (до ), а на вториот ја искористија во разни краетивни цртежи на кои и самите се горди и задоволни од нивната изработка. Учениците беа задоволни од нивниот допринос во оваа работилница и побараа да бидат повторно ангажирани за следна ваква активност.

РЕФЛЕКСИЈА

 

Нашите очекувања беа исполнети во целост. Учениците беа максимално ангажирано и успешно ја конструираа не едниот час Питагоровата спирала (до ), а на вториот ја искористија во разни краетивни цртежи на кои и самите се горди и задоволни од нивната изработка. Учениците беа задоволни од нивниот допринос во оваа работилница и побараа да бидат повторно ангажирани за следна ваква работилница

 

 

Leave a Reply