Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието
ПРОМЕНА НА МАТЕРИЈАЛИТЕ, ЛИДИЈА ДИМИТРИЕВСКА МИМОЗА ЦРВЕНОВА, ООУ„КРСТЕ МИСИРКОВ“-СКОПЈЕ
Опис на активноста:
Поведувам разговор (за вовед во активноста) oд предходните часови за топењето на мразот, кога се топи чоколадото кое е е во цврста агрегатна состојба и да премине во течна состојба. Учениците одговараат на поставените прашања и се поведува дискусија. Се најавува целта на часот.
Започнувам разговор со учениците за тоа колку долго можат да држат коцка мраз во нивната рака преку техниката „ на чекање“. Потоа учениците се делат во групи и секоја група добива различен материјал во кој ќе се завитка коцка мраз (хартија, ткаенина, алуминиумска фолија, волна, листови и др…)
На учениците им давам време од 10 мин да набљудуваат што ќе се случи со коцката мраз
По истекувањето на времето секоја група ја одвиткува коцката мраз од материјалот и запишува што се случило со истата. Еден ученик од групата води белешки во табела. Следува презентирање на истражувањето. Поведуваме дискусија
Кој беше најдобар материјал и зошто?
Учениците откриваат дека коцката мраз завиткана во волнен материјал воопшто не се стопила.
Волната беше најдобар материјал затоа што ја сочува коцката нерастопена, волната ја одржува температурата, таа е најдобар природен изолатор.
Учениците преку поврзување со линк ги прошируваат знаењата за колку долго можеш да држиш коцка мраз.
Учениците во компјутерите во програм GNU PAINT цртаат коцки мраз и стопена коцка мраз.( како изгледа) Се зачувуваат нивните цртежи
Учениците разговараа за промена на материјалите, истражуваа за материјалите и нивната можност да ја одржат коцката мраз, добиените резултати ги забележуваа во табела и на крајот од часот коцката мраз и нејзиното топење го нацраа на лап топ.
Рефлексија од примена на активноста во пракса:
Учениците разговараа за промена на материјалите, истражуваа за материјалите и нивната можност да ја одржат коцката мраз, добиените резултати ги забележуваа во табела и на крајот од часот коцката мраз и нејзиното топење го нацраа на лап топ.
Како се топи мразот?
Материјал | Време на топење |
ткаенина | |
хартија | |
волна | |
памук | |
алуминиумска фолија |
Мразот најбрзо се стопи во________________________________
Мразот најдоцна се стопи во _______________________________