Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница “ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

ПРОСОЦИЈАЛНА ИГРА ,,ЗАНИШАЈ ЈА НИШАЛКАТА“

БИЛЈАНА ПЕТРУШЕВСКА 

                                                                                                             Опис на  активноста 

ВОВЕДЕН ДЕЛ:  

АКТИВНОСТ 1: УЧЕНИЦИТЕ СЕ НАРЕДЕНИ ВО КРУГ.СЕКОЈ УЧЕНИК НАЈНАПРЕД ГО ИЗГОВАРА СВОЕТО ИМА КОГА Е ЛУТ, А ПОТОА КОГА Е СРЕЌЕН. 

АКТИВНОСТ 2: УЧЕНИЦИТЕ СЛОБОДНО СЕ ДВИЖАТ НИЗ УЧИЛНИЦАТА. НАСТАВНИКОТ ГО КАЖУВА ЧУВСТВОТО, НА ПРИМЕР ,,ТАЖНО,, А УЧЕНИЦИТЕ СЕ ДВИЖАТ ИЛИ ПРАВАТ НЕШТО ПРИ ШТО ГО ИСКАЖУВААТ ТОА ЧУВСТВО. НА ТОЈ НАЧИН СЕ ИСКАЖУВААТ НЕКОЛКУ ЧУВСТВА. 

ГЛАВЕН ДЕЛ: 

АКТИВНОСТ 1: НАСТАВНИКОТ ЧИТА ИСКАЗИ, А УЧЕНИЦИТЕ КАЖУВААТ КАКО ТИЕ БИ СЕ ЧУВСТВУВАЛЕ ВО ТАКВА СИТУАЦИЈА, ОДНОСНО ЗА КОЕ ЧУВСТВО СТАНУВА ЗБОР. СЛИКИЧКИТЕ СО ЕМОЦИИ ГИ ЛЕПАТ НА ТАБЛАТА. 

АКТИВНОСТ 2: УЧЕНИЦИТЕ СЕ ВО ГРУПИ ПО ТРОЈЦА. СЕКОЈА ГРУПА ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ИГРА ИГРАТА ,,ЗАНИШАЈ ЈА НИШАЛКАТА,,. ДОДЕКА ЕДЕН ОД ГРУПАТА ИГРА, ДРУГИТЕ ДВАЈЦА ИМААТ ЗАДАЧА ДА ГО СЛЕДАТ ТОЈ ШТО ИГРА КАКВИ ЕМОЦИИ ПОКАЖУВА. ЧЛЕНОВИТЕ ВО ГРУПАТА НАЈИЗМЕНИЧНО СЕ МЕНУВААТ И СИ ПОМАГААТ, СЕ СОВЕТУВААТ, КОМУНИЦИРААТ, СОРАБОТУВААТ СО ЦЕЛ ДА ЈА ЗАВРШАТ ИГРАТА ВО ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ОД 15 МИН.  

ЗАВРШЕН ДЕЛ:  

АКТИВНОСТ 1: УЧЕНИЦИТЕ ГИ ИСКАЖУВААТ ЕМОЦИИТЕ КОИ ГИ ЗАБЕЛЕЖАЛЕ КАЈ СВОЈОТ СОУЧЕНИК. ТИЕ ГИ ИСТАКНУВААТ НАЧИНИТЕ КАКО ГО КОНТРОЛИРАЛЕ БЕСОТ КОГА НЕ МОЖЕЛЕ ДА ЈА ДОСТИГНАТ ЦЕЛТА, КАКО УСПЕАЛЕ ДА ЈА ДОСТИГНАТ ЦЕЛТА (УПОРНОСТ, ИСТРАЈНОСТ, СОРАБОТКА СО ДРУГАРИТЕ…) 

АКТИВНОСТ 2: УЧЕНИЦИТЕ РАБОТАТ ВО НАСТАВЕН ЛИСТ КАДЕ ГИ ИСКАЖУВААТ СВОИТЕ ЕМОЦИИ КОГА СЕ НА ЗАБАР, КОГА Е ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД УЧИЛИШТЕТО, КОГА НЕКОЈ ЌЕ ИМ ГИ УКРАДЕ ПАТИКИТЕ …) 

 

                                                                                        Рефлексија од примена на активноста во пракса 

 

УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ НАУЧАТ ДА ГИ ПРЕПОЗНАВААТ ЧУВСТВАТА КАЈ СЕБЕ И КАЈ ДРУГИТЕ, ЌЕ НАУЧАТ КАКО ДА СЕ САМОКОНТРОЛИРААТ КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ЧУВСТВАТА, КОИ СПОСОБНОСТИ ЌЕ ТРЕБА ДА ГИ ПРИМЕНАТ ЗА ДА ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ. 

ТИЕ ЌЕ НАУЧАТ КАКО ДА КОМУНИЦИРААТ МЕЃУ СЕБЕ И КАКО ДА  СОРАБОТУВААТ ЗА ДА ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ.

Leave a Reply