Како дел од соработката со нашите партнери, во рамки на Проектот Pro Social Values (Просоцијално учење или учење со емпатија) е проект поддржан и финансиран од Erazmus+ KA2 програмата на Европска Унија, во мај 2018 беше одржана работна средба во Верона, Италија. Состанокот го водеше проектниот координатор Г-дин Стефано Кобело, а претставници од „Здружението за развивање и дигитализација на образованието и културното наследство ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО”, беа Марина Танасоска и Зорица Трајаноска.
На средбата учествуваа претставници од партнерските организации, кои се воедно и национални координатори за реализацијата на проектните активности во своите земји:
- Polo Europeo Della Conoscenza (Италија)
- Uşak İl Milli Eğitim Müdürlüğü (Турција)
- Panevezio Rajono Svietimo Centras (Литванија)
- Consejeria De Education (Шпанија)
- Trakia University (Бугарија)
- Friends of Education (Македонија)